Наутот се одгледува и консумира во земјите од Блискиот Исток околу илјадници години. Како богат извор на витамини, минерали и влакна, наутот има безброј здравствени придобивки, како регулирање на тежината, подобрување на варењето и намалување на ризикот од болести. Освен тоа, наутот е богат со протеини и е одлична замена за месото во многу вегетаријански и вегански јадења. Прочитајте ги неговите здравствени придобивки во продолжение:rnrn
rn
1. Преполн со хранливи материи
rnНаутот содржи умерено количество калории и неколку витамини како, на пример, витамин Б и минерали како манган. Тој е и добар извор на влакна и протеини.rn
2. Лесно може да ве засити
rnПротеините и влакната во наутот може да ви помогнат да го држите апетитот под контрола. Тоа може да ви помогне да се чувствувате сити бидејќи придонесува за намалување на внесот на калории за време на оброците.rn
3. Богат со растителни протеини
rnНаутот е одличен извор на протеини од растително потекло и претставува одличен избор за оние кои не јадат месо или производи од животинско потекло. Порција од 1 чаша (164 грама) обезбедува околу 14,5 грама протеини. Протеинот во наутот може да ви помогне не само да го држите под контрола вашиот апетит, туку и да го зацврстите здравјето на коските.rn
4. Ја регулира телесната тежина
rnВлакната и протеините кои се содржат во наутот, како и нивната релативно ниска калорична вредност, може да ви помогнат да одржувате здрава тежина.rn
5. Го регулира шеќерот во крвта
rnНаутот може да помогне во управувањето со нивото на шеќер во крвта на неколку начини. Прво, наутот се карактеризира со прилично низок гликемиски индекс (ГИ), што е маркер за тоа колку брзо се зголемува шеќерот во крвта после јадењето. Многубројни студии покажале дека исхраната која вклучува намирници со низок ГИ може да го нормализира нивото на шеќерот во крвта. Влакната и протеините во наутот, пак, можат дополнително да помогнат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта.rn
6. Го нормализира варењето на исхраната
rnНаутот е полн со влакна, кои нудат неколку придобивки за здравјето на дигестивниот систем. Влакната во наутот по природа се растворливи и можат да помогнат да се зголеми бројот на здрави бактерии во цревата, но и да го спречат прекумерниот раст на нездрави бактерии. Ова, пак, може да доведе до намален ризик од некои дигестивни состојби, како што се синдром на нервозно дебело црево (IBS) и рак на дебелото црево.rn
7. Може да заштити од одредени хронични болести
rnНаутот може да го намали ризикот од некои хронични болести, вклучувајќи срцеви заболувања, рак и дијабетес тип 2.rn
8. Може да го подобри здравјето на мозокот
rnНаутот може значително да го подобри здравјето на мозокот бидејќи претставува одличен извор на холин, кој игра важна улога во функцијата на мозокот. Оваа суштинска хранлива материја е потребна за производство на специфични невротрансмитери, кои делуваат како хемиски гласници за нервните клетки на вашето тело. Освен тоа, наутот содржи и голема доза на магнезиум, клучен минерал кога станува збор за нервната функција. Покрај магнезиум, наутот содржи и селен и цинк, минерали кои можат да ги намалат симптомите на анксиозност и депресија.rn
9. Го спречува недостатокот од железо
rnНаутот е одличен извор на железо, а како што ви е добро познато, железото е вклучено во производството на црвени крвни зрнца, како и во физичкиот раст, развојот на мозокот, метаболизмот на мускулите и други аспекти на здравјето. Ако не внесувате доволно од овој клучен микронутриент, способноста на вашето тело да произведува здрави црвени крвни зрнца може да биде нарушена. Тоа може да доведе до недостаток на железо, состојба која се карактеризира со симптоми како слабост, замор и отежнато дишење. Затоа, наутот е одлична опција за луѓе кои се изложени на висок ризик од недостаток на железо, како што се веганите и вегетаријанците. Тој содржи и витамин Ц, кој може да ја зголеми апсорпцијата на железо во вашето тело.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од секојдневното консумирање наут, можеби ќе сакате да прочитате и да го прочитате рецептот за вегански бургери од наут и тиква.rnrnИзвор: healthline.com


rn
rnrnПостојаните мигрени и главоболки бараат лекарски преглед и консултација со експерти. Но, ако вашето општо здравје е добро, а понекогаш чувствувате главоболка, ви споделуваме едноставен и сосема природен третман кој може да ја олесни вашата болка.rnrnПотребни ви се есенцијални масла и малку вода. Бројните истражувања покажале дека маслата од нане и лаванда се најкорисни за ублажување на главоболката – имаат релаксирачки својства што може да помогнат во ублажување на болката. Само внимавајте да не го нанесете маслото во близина на вашите очи.rnrnАроматерапијата со лаванда може, исто така, да биде и ефикасен и безбеден начин за ублажување на главоболката. Нанесете мала количина од маслото на дланките, протријте ги рацете, а потоа вдишете го мирисот.rnrnОсвен етерични масла, доколку се соочувате со главоболка, можете да користите ладна облога, но неопходно е и да внесувате доволно количество вода секој ден, бидејќи дехидратацијата е една од најчестите причини за главоболка.rnrnОткако го прочитавте нашиот совет за справување со главоболката, можеби ќе сакате да прочитате и за овие 
rnrnСпоред едно истражување, еден месен производ негативно влијае врз здравјето и постојат индиции дека дури може и да го скрати животот. Станува збор за виршли.rnrnКако што откриле научниците, секој изеден хот-дог го скратува животот на поединецот за повеќе од половина час. Студијата, која го истражувале нутритивното влијание на речиси 6.000 намирници, покажала дека секој хот-дог што го јаде човекот може да го скрати неговиот животен век за точно 36 минути.rnrnВо текот на истражувањето, експертите од Универзитетот во Мичиген ги зеле предвид сите аспекти од животниот циклус на храната, вклучувајќи го и начинот на кој таа е произведена, преработена, консумирана и складирана, како и колку е хранлив производот.rnrnСпротивно на тоа, научниците откриле дека путерот од кикирики може да го зголеми животниот век за 33 минути. Лососот, исто така, го продолжува животниот век за 16 минути.rnrnКако што е забележано во бројни студии, преработеното месо често се состои од непознати и тешко препознатливи состојки, вклучувајќи хемикалии, бои, засладувачи и конзерванси.rnrnСпоред Светската здравствена организација, водечките причини за смрт во светот се три состојби кои можат да се спречат. Тоа се срцеви заболувања, деменција и рак.rnrnОткако прочитавте која е една од најштетните намирници за човековото здравје, можеби ќе сакате да прочитате и 
rnrnОва истражување се обидело да утврди дали консумирањето авокадо може да помогне во намалувањето на телесната тежина, индексот на телесна маса и обемот на половината.rnrnОд 1.000 учесници со прекумерна тежина, на половина им било дадено по едно авокадо дневно, додека другата половина биле охрабрени да продолжат со вообичаената исхрана. Иако испитувањето не покажало дека редовното консумирање на авокадо има ефект врз стомачните масти, мастите на црниот дроб и обемот на половината, сепак разликите биле очигледни во поглед на пониските нивоа на т.н. лош холестерол.rnrnПознато е дека телото произведува два вида холестерол – липопротеини со висока густина (HDL) и липопротеини со мала густина (LDL). ХДЛ е познат како „добар“ холестерол и може да ви помогне да се ослободите од „лошиот“ ЛДЛ холестерол во крвта, кој може да се акумулира во вашите артерии.rnrnСпоред Американското здружение за срце, исхраната богата со заситени масти може да го зголеми ЛДЛ холестеролот, што го зголемува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести.rnrnОд друга страна, авокадото е полно со мононезаситени масти кои помагаат да се намали нивото на ЛДЛ холестерол, што, пак, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.rnrnДруга студија објавена во списанието на Американското здружение за срце покажала дека честото консумирање авокадо е поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни и коронарни срцеви заболувања – особено кога се заменува со друга храна која содржи масти.rnrnИако едно авокадо има 322 калории, тоа е и богато со влакна за кои е познато дека го апсорбираат холестеролот од крвотокот и го исфрлаат надвор.rnrnСпоред нутриционистот Кристина Петерсон, внесувањето најмалку 30 грама влакна дневно во организмот може да помогне и во контрола на тежината, намалување на крвниот притисок и подобрување на нивото на инсулин во телото. Истражувачите, исто така, заклучиле дека за оние кои јаделе по едно авокадо дневно, квалитетот на нивната исхрана значително се подобрил. Ова е важно со оглед на тоа дека поквалитетната исхрана е поврзана со помал ризик од неколку болести, вклучително и срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и некои видови на рак.rnrnОткако прочитавте за влијанието на авокадото во намалувањето на лошиот холестерол, можеби ќе сакате да прочитате и 
rnrnНово истражување покажало дека 30 минутната дремка може да ги подобри расположението, меморијата и концентрацијата до четири часа откако ќе се разбудите. Со други зборови, можете само да си натетите доколку намерно ги пропуштате можностите за дремнување со оглед на тоа дека нуди бројни придобивки.rnrnСпоред студијата спроведена од страна на Националниот универзитет во Сингапур, дури и кратките дремки можат да ја намалат поспаноста и да го подобрат расположението.rnrnНо, само половина час има моќ да ја подобри меморијата, а со тоа и процесот на примање нови информации и нивна обработка.rnИстражувањето било спроведено врз 32 лица кои морале да дремнуваат секој втор ден по 10, 30 и 60 минути.rnrnРасположението, субјективната поспаност и когнитивното влијание биле мерени во интервали од 5, 30, 60 и 240 минути по будењето за да се споредат долгорочните придобивки од различното времетраење на дремката.rnrnСпоред д-р Рут Лонг, научен соработник на Медицинскиот факултет Јонг Лу Лин, иако многумина ги знаат придобивките од дремнувањето, сепак секојдневниот стрес и притисокот за навремено да се завршат работните обврски значи откажување од дремката во текот на работниот ден. Сепак, дремката од 30 минути покажала најдобар резултат во однос на брзото обновување на енергијата.rnrnОткако прочитавте за придобивките од полчасовната дремка во текот на денот, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин 
rnrn
rnrnЕгипќаните добро ги знаеле лековитите својства на камилицата, особено во случај на болест која ја нарекувале ага, за која денешните истражувачи веруваат дека е форма на маларија.rnrnОсвен во Египет, камилицата ја користеле за здравје, но и за козметички цели луѓето во античка Индија, но и Старите Грци, Римјаните, Викинзите…rnrnКамилицата денес ја користиме како одличен лек против грчеви и болки, а може да се дава и на мали деца, особено кога станува збор за грчеви кај бебињата, при што концентрацијата треба да биде помала и да се користи само четвртина лажичка кафе на два децилитри зовриена вода.rnrnКамилицата помага и при менструални грчеви, а ова време е идеално за берење камилица. Цветовите на камилицата мора да се берат внимателно.rnrnСе берат само цветовите, а потоа тие се сушат на сенка. Сушени, се чуваат во тегла или хартиени кеси.rnrnМаслото од камилица е особено лековито. Серумот од масло од камилица е направен од есенцијално масло од камилица. Додадете две капки есенцијално масло од камилица на 15 милилитри бадемово масло и ќе добиете ефикасен серум за нега на кожата околу очите.rnrnОвој серум е одлично средство против темни кругови и брчки, првите знаци на стареење. Покрај тоа, препаратите на база на камилица се особено препорачливи за лицата со чувствителна и проблематична кожа бидејќи делува благотворно. Освен за кожа, камилицата се користи и во препарати за нега на заби, непца и коса со оглед на тоа дека е богата со витамини Б2, Б3, калциум, железо, селен и цинк.rnrnКога станува збор за чајот од камилица, важно е да се спомене дека не треба да се вари, туку да се направи со преливање зовриена вода и доволно е да отстои 15 до 20 минути, не повеќе.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од камилицата, можеби ќе сакате да прочитате и 
rnrnПостојат мерливи биолошки маркери кои се засноваат на промените во функцијата на клетките поврзани со стареењето, а овие маркери може да се појават за време на стрес, но потоа да исчезнат за време на закрепнувањето. Научниците откриле дека врската помеѓу биолошката возраст и хронолошката возраст е донекаде флексибилна.rnrnМеѓународен тим истражувачи од универзитетите Харвард и Калифорнија идентификувале маркери на биолошко стареење кои се зголемуваат по стресни настани како што се сериозни инфекции, операции и бременост.rnrnЕпигенетските промени може да ги рефлектираат начинот на живот на пациентот и факторите на животната средина како што се недоволна неисхранетост, инфекција или стрес/траума во детството или подоцна во животот.rnrnПримероците на крв од постари пациенти со траума кои биле подложени на итна операција укажуваат на зголемување на биолошките маркери за возраст, но интересно е што тие се вратиле на основните вредности една недела по операцијата.rnrnОткако прочитавте за резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате и да 
rnrnЖивотниот стил, вклучувајќи ја исхраната, вежбањето, спиењето и стресот, во голема мера влијаат на ризикот од деменција. Намирниците како виршли, помфрит, чипс, газирани пијалаци, колачи и сладолед можат значително да придонесат до пад на когнитивните способности. Една нова студија, пак, ни посочува кои намирници го намалуваат ризикот од деменција.rnrnСтанува збор за студија во која учествувале над 8.000 постари мажи и жени. Во текот на истражувањето било откриено дека исхраната која опфаќа храна од растително потекло и многу мал процент на преработена храна, црвено месо и заситени масти, може значително да го намали ризикот од деменција. Научниците составиле и неделно мени кое изгледа вака:rn