КАФЕ ПАУЗА

7 здрави и слатки намирници за сите оние кои го одбегнуваат рафинираниот шеќер

7 здрави и слатки намирници за сите оние кои го одбегнуваат рафинираниот шеќер

Дали едноставно не можете да го замислите денот без нешто слатко, но го одбегнувате рафинираниот шеќер поради здравиот начин на исхрана? Нутриционистите ви даваат очигледно и често занемарено решение – овошје!rnrn7 здрави и слатки намирници за сите оние кои го одбегнуваат рафинираниот шеќерrnrnМногумина ќе речат дека дури и овошниот шеќер е сепак шеќер и затоа треба да се избегнува доколку сакате да изгубите тежина. Сепак, нутриционистите објаснуваат дека тоа е далеку од вистината и дека можете да се почестите со слатко овошје.rnrnНо, тоа не значи дека треба да претерате со овошјето, бидејќи поголемите количини шеќер, дури и природен, сепак може да предизвикаат проблеми. Ова особено се однесува на луѓето со дијабетес.rnrnОд друга страна, луѓето без дијабетес не треба да се грижат за консумирање премногу шеќер преку овошјето, особено ако одлучат да го користат како замена за слатки и сите други облици на рафиниран шеќер.rn

Јаболка

rnНајголем дел од шеќерот во јаболкото е фруктоза, т.н. овошен шеќер, кој за разлика од другите засладувачи, како што се гликозата или сахарозата, не го зголемува нивото на шеќер во крвта. Друга предност на ова овошје е присуството на влакна кои помагаат во разградување на гликозата и со тоа и го намалуваат нивото на шеќер во крвта. Зелените јаболка имаат значително помалку шеќер од црвените!rn

Манго и ананас

rnТропското овошје е особено слатко, а мангото е лидер со дури 46 грама шеќер во едно овошје! Ананасот е само малку помалку сладок и важно е да се внимава во колкави количини се консумира. Комбинирањето на тропско овошје со протеини како грчкиот јогурт може да помогне бидејќи го забавува ослободувањето на шеќер во крвта.rn

Лубеница

rnЛубеницата е одличен начин да ги засладите топлите летни денови, бидејќи има малку јаглехидрати, па едно или две парчиња нема значително да го подигнат шеќерот во крвта.rn

Банана

rnБананата можеби не е најслаткото овошје, но има висока содржина на шеќер што се зголемува за време на зреењето.rn

Цреши и грозје

rnКога станува збор за црешите, експертите советуваат да бидете умерени бидејќи се богати со шеќер. Вистина е дека се работи за многу поздрав шеќер кој нема да ви наштети како оној што го има во слатките, но сепак важно е да не претерувате.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да ја задоволат вашата потреба за благо, можеби ќе сакате да прочитате и како да ја контролирате потребата за шеќер.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs