Верувале или не, медицинската употреба на магарешкото млеко е забележана уште од античко време во некои делови на Индија и Африка, а се користело и во Стара Грција. По својата структура најмногу наликува на човечкото, односно мајчиното млеко, па затоа се користело во првите денови од животот на доенчињата, но и во подоцнежниот период како замена за мајчиното млеко.rnrn
rnrnИнаку, ова млеко може да се користи свежо и важно е да се знае дека не треба да се обработува термички, односно да се готви на температури повисоки од 40 степени.rnrnНаправени се и многу истражувања кои тврдат за благотворното дејство на магарешкото млеко врз кожата.rnrnОва млеко е погодно и се препорачува за сите групи на потрошувачи бидејќи содржи многу мал дел од млечни масти (0,3-0,8 проценти). Заситените масни киселини се присутни со околу 67,5 проценти, а незаситените со 32,5 проценти. Овој распоред на масни киселини има одличен ефект врз нашиот имунолошки, кардиоваскуларен и нервен систем.rnrnМагарешкото млеко содржи повеќе железо од мајчиното млеко, како и фосфор и калциум. Помага при бронхитис и го штити дигестивниот тракт од инфекции како и ги штити цревата од воспалителни болести. Освен тоа, поради ниската содржина на маснотии, магарешкото млеко дава добри резултати во превенцијата и контролата на зголемувањето на холестеролот и лекувањето на артериосклероза.rnrnИстражувањата потврдиле дека децата кои се алергични на протеини од кравјо млеко можат да консумираат магарешко млеко. Се разбира, никогаш не експериментирајте без стручни совети и претходна проверка. Освен тоа, истражувањата покажале дека консумирањето на магарешко млеко благотворно делува не само на децата туку и на сите преостанати, од тинејџери до стари лица.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од магарешкото млеко, можеби ќе сакате да прочитате и за мрачната тајна за бадемовото млеко – добро размислете пред да го пиете.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Category: Здравје и фитнес
-

Овој вид млеко може значително да го намали ризикот од покачен холестерол!
-

Кој вид исхрана поволно влијае врз здравјето на срцето?
Истражувачи од Данска покажале дека вегетаријанската и веганската исхрана го намалуваат нивото на холестерол и маснотии во крвта кои го зголемуваат ризикот од срцев удар.rnrn
rnrnНо, експертите велат дека месото и млечните производи имаат свои здравствени придобивки – и дека не сите диети без месо се здрави.rnrnИстражувањето вклучило 30 испитувања од 1982 година во кои волонтерите следеле одреден начин на исхрана, а биле вклучени речиси 2.400 луѓе од целиот свет. Високото ниво на лош холестерол доведува до таложење на масни наслаги во крвните садови, што на крајот може да предизвика срцев или мозочен удар.rnrnРезултатите покажале дека вегетаријанската и веганската исхрана може:rn- rn 011
- Да го намали лошиот холестерол за 10%
- Да го намали вкупниот холестерол за 7%
- Да го намали аполипопротеинот Б (главниот протеин во лошиот холестерол) за 14%
rn 011
rn 011
rn
rnМедитеранската исхрана, која вклучува месо, исто така дала позитивна резултати. Освен тоа, експертите препорачуваат и поголема застапеност на зеленчукот, овошјето, јаткастите плодови, мешунките и интегралните житарки во секојдневната исхрана.rnrnНамалувањето на потрошувачката на месо како и разновидната исхрана се клучни за здравјето, а овие фактори треба да се земат предвид при изборот на она што го јадете.rnrnОткако прочитавте кој вид исхрана е најдобра за здравјето на срцето, можеби ќе сакате да прочитате и зошто компирот треба почесто да биде дел од вашата исхрана.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr
-

Зошто треба често да консумирате лубеница?
Лубениците се преполни со антиоксиданси, витамини А и Ц и многу други хранливи материи, а она што ги прави особено уникатни е тоа што тие содржат многу помалку шеќер во споредба со другите тропски овошја.rnrn
rnrnСо оглед на тоа дека лубеницата содржи речиси 92 проценти вода, таа е вистинскиот избор во текот на летото. Правилната хидратација е од суштинско значење за одржување на здраво тело бидејќи помага во варењето, ја регулира телесната температура и е неопходна за виталните функции. Во продолжение прочитајте кои се нејзините здравствени придобивки.rnГо зајакнува имунолошкиот систем
rnЛубеницата го зајакнува вашиот имунолошки систем и дополнително ја зголемува хидратацијата на организмот. Тоа е клучно за здравата функционалност на сите ваши телесни функции; го спречува заморот и ја одржува вашата енергија, ја ублажува главоболката, помага да се исфрлат токсините од телото и ја подобрува еластичноста на кожата со цел да се одржи младешкиот добар изглед.rn
Помага во одржување на тежината
rnАко сакате да ја одржите вашата тежина или да изгубите тежина, лубеницата може да биде одличен додаток во вашата исхрана со оглед на тоа дека има висока содржина на вода и влакна и мала количина на калории и масти.rn
Го штити видот
rnЛубеницата е богата со ликопен и витамин Ц, уште еден моќен антиоксиданс. Во текот на едно истражување во кое учествувале 5.000 луѓе на возраст од 55 до 89 години, истражувачите откриле дека дневни додатоци кои содржат бета-каротин, витамин Ц, витамин Е и цинк можат значително да го намалат развојот на макуларна дегенерација.rn
Го намалува крвниот притисок
rnЛубеницата влијае на правилната функција на нервниот систем и со тоа придонесува за намалување на крвниот притисок.rnrnЛубеницата не е само летно уживање – тоа е хранливо овошје со бројни придобивки, а како што започнува сезоната, вклучете го во вашето дневно мени и погрижете се правилно да го консумирате!rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки на лубеницата, можеби ќе сакате да прочитате и зошто треба да јадете семки од лубеница.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr
-

Пијте го ова секое утро за здрав и чист црн дроб!
Црниот дроб има улога на фабрика за крв во нашето тело. Учествува во процесот на обновување на крвта при што ја чисти и ги отстранува сите токсини и нечистотии од неа. Помага и во зајакнување и стимулирање на процесот на варење.rnrn
rnrnЧистиот црн дроб е еден од клучните елементи за здравје, виталност, енергија, убав изглед и добро расположение.rnrnНајдобар начин да се грижите за здравјето на црниот дроб е секојдневно да го чистите – секое утро на празен стомак пијте по една лажица маслиново масло измешано со лажица сок од лимон. После тоа, можете да уживате во појадокот.rnrnОва можете да го пиете цел живот без да се плашите од некакви последици со оглед на тоа дека и двете состојки се вообичаена секојдневна храна.rnrnПо еден месец, пак, ќе ги почувствувате промените. Вашиот изглед ќе се подобри, темните кругови под очите ќе исчезнат, тенот ќе стане свеж, изгледот ќе се подмлади, а дигестивните проблеми ќе станат минато.rnrnМаслиновото масло, како ниеден друг производ, помага да се отворат каналите на црниот дроб и жолчното кесе. Жолчката е активен учесник во процесот на варење и ја забрзува работата на вашите црева.rnrnОд друга страна, корисните својства на лимонот им се добро познати на сите. Лимонот е одличен извор на витамин Ц. Меѓу другото, тој ефикасно ги чисти крвните садови од наслагите на холестерол и го помага чистењето и на црниот дроб.rnrnОткако прочитавте на кој начин можете да го одржувате здравјето на црниот дроб, можеби ќе сакате да прочитате и за најдобрата и најлошата храна за црниот дроб.rnrnИзвор: atma.hr -

Дали алуминиумската фолија е штетна по здравјето?
Дома често користиме алуминиумска фолија, но дали таа е опасна по здравјето?rnrn
rnrnАлуминиумот е насекаде околу нас – тој се појавува и во природата и е трет најзастапен елемент во земјината кора. Во својата природна состојба, обично се врзува за други елементи како што се фосфати и сулфати, така што покрај амбалажата за пакување храна, садови за печење, па дури и козметика, се наоѓа и во почвата, во нашата вода за пиење и во нашата храна – овошје, зеленчук, месо, риба, житарки и млечни производи.rnrnАдитивите за храна како конзерванси, бои и вештачки згуснувачи исто така содржат алуминиум.rnrnСпоред научниците, покаченото ниво на алуминиумот во организмот може да биде штетно за здравјето на луѓето. Некои истражувања откриле дека овој метал може да биде поврзан со Алцхајмерова болест, бидејќи кај луѓето со ова заболување биле забележани зголемени нивоа на алуминиум. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за да се потврди оваа поврзаност.rnrnОд друга страна, во однос на алуминиумската фолија, според Светската здравствена организација и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации дозволени се ниски нивоа на алуминиум во телото, околу два милиграми на килограм телесна тежина неделно. Освен тоа, истражувањата покажале дека алуминиумот кој се наоѓа во садовите и фолијата може да навлезе во храната, но тоа зависи и од температурата на која готвите, киселоста на храната и присуството на други состојки.rnrnЗасега нема цврсти докази кои покажуваат дека внесот на алуминиум од алуминиумската фолија може да биде поврзан со зголемен ризик по здравјето. Но, во секој случај, добро би било да ги избегнувате колку што можете алуминиумската фолија и садовите обложени со алуминиум.rnrnОткако прочитавте за алуминиумската фолија и нејзиното влијание врз организмот, можеби ќе сакате да прочитате и за 9-те начини за искористување на алуминиумската фолија за кои досега сигурно не сте знаеле.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs -

Кои се здравствените придобивки на маслото од оригано?
Ориганото не само што е вкусен туку е и хранлив зачин, а тоа се должи на бројните хранливи материи како витамин К, манган, железо, калциум, витамин Е, бакар, ниацин и бета каротен.rnrn
rnrnПо потекло е од Медитеранот и е незаменлив зачин во гастрономијата на Италија, Шпанија, Турција, но и кај нас. Самото име оригано доаѓа од грчкиот јазик (орос=рид, ганос=накит), и значи планински накит. Според народното верување, штити од зло и го подобрува расположението.rnrnЗа медицински цели се користел уште од античко време, а го користеле и Грците и Римјаните. Покрај листовите од оригано, неговото масло се користи преку триење на кожата или со вдишување, додека екстрактот од оригано може да се користи како течност или во капсули.rnrnКако хербален додаток, маслото од оригано е познато по своите антивирусни, антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Содржи неколку потенцијално лековити соединенија, како што се: карвакрол, тимол и терпинен.rnrnЛуѓето традиционално го користат маслото од оригано за лекување на симптоми на настинка и грип, но може да се консумира во различни форми во зависност од вашите преференции. Може да се купи како хербален додаток, тинктура или есенцијално масло.rnrnМаслото од оригано е безбедно за употреба, но може да предизвика некои несакани ефекти. Избегнувајте да го користите ако сте алергични на нане, жалфија, босилек или лаванда. Ако сте алергични на некој од овие зачини, веројатно сте алергични на оригано. Не користете масло од оригано ако сте бремени и разговарајте со вашиот педијатар пред да му го дадете на вашето дете.rnrnПостојат неколку начини на употреба на маслото од оригано. Можете да купите масло од тинктура од оригано, кое е мешавина од екстракт и есенцијално масло и е наменето за орална употреба. Следете ги упатствата за дозирање на шишето. Маслото од оригано се продава и во форма на капсули. Внимателно прочитајте ги упатствата за дозирање.rnrnБез оглед на тоа зошто земате масло од оригано, задолжително правете пауза од најмалку една недела на секои три недели од употребата.rnrnМаслото од оригано е моќна супстанција, па затоа најдобро е да започнете со најмала можна доза за да видите како реагира вашето тело.rnrnМожете полека да ја зголемите количината што ја земате доколку не сте имале непријатни несакани ефекти. Само бидете внимателни да не консумирате повеќе од препорачаната количина наведена на пакувањето. Исто така, имајте предвид дека препорачаните дози може да варираат од производител до производител.rnrnОткако прочитавте за здрвствените придобивки на маслото од оригано, можеби ќе сакате да прочитате и во кои 4 ситуации маслото од оригано ќе ви биде од голема помош.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs -

Рецепт за маст која може да се користи како лек, но и за козметички цели
Маста од невен може да се користи како лек, но и за козметички цели со оглед на тоа дека се карактеризира со антисептички, антибактериски и регенеративни својства.rnrn
rnrnОваа маст се користи против осип, секакви кожни иритации и дерматитис. Се користи и за лекување на испуканите брадавици кај доилките, а помага при исекотини, изгореници, убоди од инсекти, габични заболувања. Ефикасна е и за оние кои имаат мрсна кожа на лицето и акни бидејќи го намалува лачењето на себум, ги чисти и стеснува порите.rnrnПостојат различни рецепти за подготовка на маст од невен, а денес ви го предлагаме овој рецепт кој се подготвува навистина брзо и лесно, со само две состојки.rnПотребни состојки:
rn
- rn 011
- 10 грама пчелин восок
- 120 милилитри масло од невен
rn 011
rn
rnПрепорачливо е да купите пчелин восок од пчелари, а масло од невен од билни аптеки или продавници за здрава храна.rn
Начин на подготовка:
rnСтавете ги маслото и восокот во тенџере, на тивок оган. Смесата мора постојано да се меша додека восокот целосно не се растопи. Кога смесата ќе стане хомогена и кога ќе се згусне доволно, тргнете го тенџерето настрана. Ако маста е премногу густа, додадете повеќе масло, а ако не е доволно густа, додадете восок. Префрлете ја во стаклена тегла и оставете ја да се излади. Потоа затворете со капак и чувајте ја во фрижидер. Рок на траење е една година.rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за маст од невен, можеби ќе сакате да го прочитате и овој едноставен домашен рецепт против стрии со магично дејство.rnrnИзвор: atma.hr
-

Кои се здравствените придобивки на сокот од коприва?
Дали знаевте дека копривата нуди бројни придобивки кога здравјето е во прашање? Најдобар начин да ги искористите сите нејзини лековити својства е преку сокот од коприви.rnrn
rnЗа што е добра копривата?
rnПокрај тоа што е заштитена од животни и штетници благодарение на киселината која предизвикува изгореници, копривата е исклучително лековита од листовите, стеблата, до цветовите и корените.rnrnНајважното нешто што треба да се има предвид е дека копривата содржи екстремно големи количини на железо, што ја прави совршен сојузник против анемија.rnrnОсвен со железо, копривата е богата со минерали како калциум, магнезиум, фосфор и силициум. Богата е и со витамин Ц, но витаминот Ц најмногу се губи при преработката, а копривата во свежа форма е речиси невозможна за консумирање.rnrnИма антибактериски, антивирусни, антиинфламаторни, диуретични својства, ја намалува болката и го запира крварењето. Витамините А, Б2, Б5 и К, во комбинација со каротин, лецитин и бројни амино киселини, протеини и јаглехидрати ја прават копривата одличен лек за многу болести.rnrnКопривата влијае и на регулација на крвниот притисок, ја стимулира работата на црниот дроб и панкреасот, помага при орални инфекции, како и болести како егзема, акни и опаѓање на косата.rn
Сок од коприва
rnКако што веќе спомнавме, копривата е пријател на организмот, без разлика дали се работи за артритис, астма, жолчка, уринарни или респираторни проблеми, проблеми со кожата или грчеви во стомакот.rnrnСокот од коприва има позитивен ефект во поглед на:rn
- rn 011
- стимулација на лимфниот систем
- подобрување на имунитетот
- зајакнување на фетусот кај бремени жени
- олеснување на менструалните грчеви
- помош при респираторни заболувања
- намалување на чувството на гадење
- настинки
- воспалување
- дијареја
- анемија
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Рецепт за традиционален сок од коприва:
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 30-40 млади врвови од коприва
- 3 литри ладна вода
- 5-6 лимони/портокали
- 1 килограм шеќер
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnНаберете ја копривата во поле или во близина на шума, покрај поток или во вашата градина. Ставете ја копривата во вода и исечкајте 6 лимони или портокали по избор. Покријте ја смесата и оставете ја така да отстои 24 часа. По овој период изгмечете ги состојките со раце, па исцедете ги и додадете шеќер. Важно е сирупот да се меша додека не се раствори шеќерот, доволно е повремено да се меша во следните 24 часа за се да се соедини. Откако шеќерот добро ќе се раствори, истурете го сирупот во стаклени шишиња и чувајте го на суво и ладно место.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од копривата, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за леб со коприва.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
-

Дали комбухата може да ги ублажи симптомите на менопаузата?
Експертите откриле дека комбухата може значително да им помогне на жените да се справат со непријатните симптоми на менопаузата. Но, првин да откриеме што претставува комбухата и на кој начин таа може да влијае врз здравјето.rnrn
rnrnОвој пијалак стана вистински хит во последните неколку години благодарение на неговото благотворно влијание врз цревната флора и имунитетот. Станува збор за ферментиран чај кој потекнува од античка Кина, каде со векови се користел како еликсир.rnrnСодржи пробиотици и затоа има големо влијание врз варењето и виталноста на организмот. Се карактеризира со кисел вкус кој потсетува на оцет и како резултат на ферментацијата има и одреден процент на алкохол, иако комерцијално произведената комбуха нема доволно количество алкохол за да се класифицира како алкохолен пијалак, важно е да бидете свесни за овој факт.rnКомбуха и менопауза
rnНе се направени доволно истражувања за да се документира ефектот на комбуха врз симптомите на менопауза, но нејзините докажани придобивки кореспондираат со некои вообичаени симптоми на менопауза, па затоа може да помогне во нивно ублажување.rn
Дигестивни проблеми
rnЗа време на менопаузата, доаѓа до намалено производство на одредени хормони кои влијаат на брзината и ефикасноста на варењето на храната, што може да доведе до надуеност, гасови, гадење, дијареја или запек. Според нутриционистот Лиза Ричардс, комбухата изобилува со бактерии кои се добри за цревната флора, го поддржуваат процесот на варење, но претставуваат и дополнителен извор на енергија. Д-р Су Нуи Ескобар, диететичар и експерт за менопауза, вели дека пробиотиците во комбухата можат да бидат корисни и за жените кои имаат проблеми со надуеност и запек бидејќи го поттикнуваат движењето на дебелото црево и исфрлањето на гасовите.rn
Менување на расположението
rnЗа време на менопаузата се менува работата и излачувањето на хормоните, а тоа особено важи за естрогенот. Влијаат и сите флуктуации на хормоните, а тоа се забележува преку производството на серотонин што многу влијае на расположението. Промената на расположението во комбинација со несоница може да доведе до анксиозност и депресија. Лиза Ричардс објаснува дека постои врска помеѓу мозокот и цревата – што значи дека здравјето на нашиот микробиом влијае врз нашиот нервен систем. Комбухата, од друга страна, е богата со пробиотици и придонесува за здравјето на цревата, а со тоа и индиректно на мозокот.rn
Топли бранови и ноќно потење
rnИ овие два симптоми се заеднички за многу жени кои минуваат низ менопауза и се предизвикани од флуктуациите на хормоните што му отежнуваат на телото да ја регулира температурата. Д-р Ескобар наведува дека комбухата може да ја намали зачестеноста на топли бранови и ноќно потење како и нивниот интензитет.rnСепак, пред да ја воведете комбухата во вашата рутина, имајте на ум дека е важно да ја користите умерено бидејќи прекумерното консумирање може да доведе до болки во стомакот и гасови, а подобро е да ја одбегнувате доколку сте чувствителни на алкохол и кофеин.rnrnОткако прочитавте за ублажувачкото дејство на комбухата, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин пробиотиците ви помагаат да го намалите вишокот килограми.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

Кои видови зеленчук содржат најмногу протеини?
Протеинот е клучниот елемент на здравата исхрана и иако протеините можете да ги добиете од месо, сирење и друга храна, сепак најдобар извор на протеини е зеленчукот.rnrn
rnrnПротеините се клучен дел од здравата, урамнотежена исхрана. Тие се неопходни за одржувањето на здрави клетки во телото, но и за создавање ензими и хормони, одржување на правилен баланс на течности и рамнотежа во телото.rnrnАко не внесувате доволно протеини, ќе имате проблем со одржување на мускулната маса и често ќе бидете гладни. Затоа, важно е да знаете кој зеленчук содржи високи количини на протеини за да можете да го вклучите во вашата рутина и да го комбинирате со вашите дневни оброци. Покрај тоа што ќе бидете сити, ќе внесете екстремно голема количина на протеини и на тој начин ќе ја замените потребата од некоја друга храна.rnБрокула
rnБрокулата има исклучително богата хранлива и енергетска вредност. Една брокула (приближно 437 грама) содржи повеќе од една третина од препорачаната дневна количина на протеини. Покрај тоа, таа е и извор на витамини и минерали – витамин Ц, провитамин А, витамин Б6, пантотенска киселина, рибофлавин, калциум, магнезиум, железо, фосфор и калиум.rn
Спанаќ
rnСпанаќот е преполн со хранливи материи и нуди моќна антиоксидантна заштита. Содржи фитонутриенти и е одличен извор на антиоксидантски хранливи материи, вклучувајќи витамин Ц, витамин Е, бета-каротин, манган, цинк и селен. Корисен е за зајакнување на здравјето на коските благодарение на присуството на витамин К, магнезиум, манган и калциум, а исто така е одличен извор на влакна.rn
Аспарагус
rnСамо половина чаша варен аспарагус обезбедува 57 проценти од препорачаната дневна доза на витамин К, клучна хранлива материја за здравјето на коските која често се занемарува. Аспарагусот има богата хранлива вредност и содржи витамини А, К, Б, Ц и Е, фолна киселина, железо, бакар, влакна, манган, калиум, холин, цинк, магнезиум и селен. Аспарагусот е и моќен диуретик кој помага да се ослободи телото од мочната киселина и ги разградува камењата во бубрезите.rn
Сладок компир
rnСлаткиот компир е една од најдобрите намирници за подобрување на расположението бидејќи произведува ендорфини како серотонин кој го зголемува расположението. Тој има и растителни влакна, така што енергијата од јаглехидратите постепено влегува во вашиот крвоток, одржувајќи го стабилно нивото на енергија. Слаткиот компир е богат извор и на витамин Б6, кој го намалува ризикот од срцеви заболувања, а покрај тоа, бета-каротенот од слатките компири е моќен антиоксиданс. Затоа не заборавајте да го вклучите во вашите оброци.rn
Шитаке печурки
rnШитаке печурките содржат 90 проценти вода и се добар извор на влакна, витамини од групата Б и некои минерали. Тие се преполни со антиинфламаторни соединенија кои во голема мера го зајакнуваат имунолошкиот систем. Се карактеризираат со бројни нутритивни придобивки и можат да се додадат во широк спектар на јадења. Имаат и антибактериски, антивирусни и антигабични својства, го ублажуваат воспалението, а бидејќи се природен извор на витамин Д, ги зајакнуваат коските.rnrnОткако прочитавте кој вид зеленчук содржи најмногу протеини, можеби ќе сакате да прочитате и кое овошје содржи висок процент на протеини.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr