Музика

Тамара Тодевска пред концертот „25 години љубов“: „Презадоволна сум како звучиме со бендот, а најдоброто допрва доаѓа“

Подготовките за концертот „25 години љубов“ на 7 декември во Т-Арена влегуваат во завршна фаза. На сцената ќе бидат повеќе од 40 музичари и хор, а публиката ќе ги слушне најголемите хитови и песни од „Кукла жива“.

„Сребрена ноќ“ го освои и Штип: Андријана Арлен приреди музичко-сценски спектакл, големото финале е на 7 декември во Филхармонијата

По Велес и Битола, пијанистката Андријана Арлен ја донесе „Сребрена ноќ“ во Штип. Турнејата завршува на 7 декември со големо финале во Македонската филхармонија во Скопје.

„Го сакам Скопје, од тука секогаш ме прати среќата“: Весна Змијанац по три децении со голем концерт во Арена „Борис Трајковски“

Легендарната Весна Змијанац на 28 ноември ќе ја одржи јубилејната „GOLDEN TOUR – 50 години кариера“ во Скопје, а концертот поради големиот интерес е преместен во поголема арена.