КАФЕ ПАУЗА

Зошто јогуртот е еден од најефикасните третмани на изгорениците од сонце?

Зошто јогуртот е еден од најефикасните третмани на изгорениците од сонце?

Јогуртот е познат како еден од најефикасните препарати за третман на изгореници од сонце. Иако нема научни докази дека всушност го забрзува заздравувањето на изгорениците, секој човек кој доживеал изгореници во животот веднаш ќе каже дека јогуртот му помогнал да се справи со нив. На што се должи ова?rnrnЗошто јогуртот е еден од најефикасните третмани на изгорениците од сонце?rnrnЈогуртот е намирница која е позната со векови, а во Америка се здобил со популарност во педесеттите години на минатиот век кога бил прогласен за здрава храна и почнал во изобилство да се произведува и консумира.rnrnСе произведува како резултат на дејствувањето на бактериите во млекото кога во млекото со загревање се додаваат млечно киселински бактерии – Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus. Освен вода, јогуртот содржи и 0,7 проценти млечна киселина, цинк, калциум, витамини Б5 и Б12, поради што е исклучително лековит доколку се консумира редовно бидејќи го подобрува имунитетот и размножувањето на добрите бактерии во цревата.rnrnВо случај на оштетување на кожата, јогуртот делува на површината и не навлегува во телото. Со својата ладна и течна конзистентност, ја лади површината на кожата, што благотворно делува на црвената и топлата кожа.rnrnСепак, ефектот на ладење не трае долго, па на секои 15 минути, кога ефектот на ладење веќе не постои, мора да се отстрани од кожата и повторно да се нанесе.rnrnПробиотиците, како и витамините и минералите од јогуртот помагаат за заздравување на кожата, благодарение на нивното благотворно дејство. Освен тоа, млечната киселина поволно влијае врз многу чувствителната кожа. Таа е една од киселините кои не продираат длабоко во кожата туку делуваат на површината. Во козметиката оваа киселина се користи за нега на многу чувствителна и оштетена кожа на лицето.rnrnЈогуртот се применува за нега на кожата на лицето, па луѓето кои сакаат природна козметика и природни производи често посегнуваат по маски од јогурт или пилинг за лице кој содржи јогурт. Овие производи се достапни за секого и бидејќи не предизвикуваат иритација или алергии на кожата, тие се добредојдени за сите типови кожа.rnrnЈогуртот нанесен на изгореници ќе делува само на површината и ќе го забрза заздравувањето на кожата, но штетата предизвикана во длабочината на кожата може да трае долго.rnrnСонцето како извор на ултравиолетовите зраци делува површно и длабоко на кожата, а овој површен ефект е причина за изгореници. Тие се манифестираат како ненадејно црвенило на кожата, кое може да биде придружено со плускавци и лупење. Можат да зафатат помала или поголема површина на кожата, а особено треба да бидете внимателни доколку изгорениците се појавиле на поголема површина од кожата.rnrnОткако прочитавте зошто јогуртот е еден од најдобрите третмани за смирување на изгорената кожа, можеби ќе сакате да прочитате и кои домашни лекови можат да ви помогнат полесно да се справите со изгорениците од сонце.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs