КАФЕ ПАУЗА

Зошто треба почесто да консумирате мед?

Зошто треба почесто да консумирате мед?

Медот има многу придобивки за организмот, особено кога се користи како алтернатива на шеќерот.rnrnЗошто треба почесто да консумирате мед?rnrnТој може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта и да го намали нивото на холестерол според неодамнешните истражувања.rn

„Овие резултати се изненадувачки бидејќи медот содржи околу 80% шеќер. Не велиме дека треба да почнете да јадете мед ако избегнувате шеќер туку повеќе се работи за замена. Ако користите шеќер, сируп или друг засладувач, заменувањето на тие шеќери со мед може значително да го подобри здравјето“, објаснува Таусиф Кан, истражувач и вонреден професор по нутриционистички науки на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Торонто.

rnИстражувачите откриле и дека консумирањето мед може значително да го намали нивото на гликоза во крвта, холестеролот и триглицеридите.rnrnИсто така, тие истакнуваат дека постои разлика помеѓу преработен и суров мед кога станува збор за здравствените придобивки. Конвенционалната обработка на мед вклучува процедување и филтрирање, а потоа загревање за краток временски период, што го оштетува медот и уништува дел од неговите биоактивни соединенија.rnrnКан им препорачува на луѓето да додадат мед во нивната исхрана ако уживаат во вкусот и сакаат да додадат разновидност во нивната исхрана. Тој исто така истакна дека луѓето можат да експериментираат со замена на шеќер со мед, но треба да имаат на ум дека медот има посладок вкус, па затоа се потребни помали количини.rnrnОткако прочитавте за ова резултатите од ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и како да проверите дали медот е природен.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs