Сигурно досега сте слушнале многупати дека на вашето тело му треба доволна количина на витамин Б12 за да функционира правилно. Овој витамин игра суштинска улога во формирањето на црвените крвни зрнца и во исто време го одржува вашето тело здраво. Постојат неколку показатели за недостаток на овој витамин, а ова се некои од нив.rnrn
rn
1. Вртоглавица при станување
rnАко се борите да останете будни, можеби ви недостасува витамин Б12. Осигурајте се дека добивате доволно часови квалитетен сон во текот на ноќта, а ако сè уште се чувствувате уморни, можеби ќе сакате да размислите за зголемување на внесот на витамин Б12. Недостатокот на овој витамин доведува до чувство на замор и вртоглавица.rn
2. Слабост во мускулите
rnЗа силните мускули потребно е доволно количество црвени крвни зрнца, а како што веќе рековме – недостатокот на витамин Б12 влијае на нивното формирање, додека другите клетки не добиваат доволно кислород, што, исто така, влијае на слабоста на вашите мускули.rn
3. Лоша меморија
rnИ на вашиот мозок му треба кислород. Недоволната количина на кислород резултира со проблеми со меморијата. Не треба да ги мешате симптомите на недостаток на витамин Б12 со Алцхајмерова болест – едноставно не внесувате доволно од овој витамин, тоа е сè.rn
4. Губење на чувството за вкус
rnНедостатокот на овој витамин доведува до мало губење на чувството за вкус, па дури и до болка во задниот дел на јазикот.rn
5. Проблеми со видот
rnНедостатокот на витамин Б12 доведува до оштетување на оптичкиот нерв во очите, што доведува до заматен вид или дури и губење на видот. Сепак, консултирајте се со стручно лице за да одредите точно во што е проблемот и не обидувајте се самите себеси да си поставите дијагноза.rnrnОткако прочитавте кои симптоми укажуваат на недостаток на витамин Б12, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно секојдневно да консумираме витамин Б12.rnrnИзвор: atma.hrrnrn
