КАФЕ ПАУЗА

Category: Здравје и фитнес

  • Кое овошје е најдобро да се консумира за време на појадокот?

    Кое овошје е најдобро да се консумира за време на појадокот?

    На сите нам ни е добро познато дека појадокот е најважниот оброк во денот. Сепак, важно е и што ќе избереме за првиот оброк бидејќи добро урамнотежениот појадок овозможува правилно функционирање на целото тело во текот на денот.rnrnКое овошје е најдобро да се консумира за време на појадокот? rn

    Овошје за појадок – да или не?

    rnПолно со влакна и важни хранливи материи, овошјето е одличен додаток за време на појадокот. Без разлика дали ќе ги комбинирате со смуди или со овесна каша, одредени овошја ќе ви ја зголемат продуктивноста во остатокот од денот.rn

    Агруми

    rnПортокалите, лимоните, грејпфрутите и лиметите се одличен извор на витамин Ц, калиум и фитонутриенти кои имаат антиинфламаторно дејство.rn

    Јаболко

    rnОва овошје е богато со влакна, витамин Ц и антиоксиданси. Јаболката имаат антивирусно и антибактериско дејство и го зајакнуваат имунолошкиот систем. Покрај тоа, тие им помагаат и на луѓето со сезонски алергии.rn

    Малини

    rnМалините се идеален додаток на смуди, каши и јогурт. Тие содржат фитонутриенти, антиоксиданси и антиинфламаторни состојки, а полни се со влакна и витамин Ц.rn

    Калинка

    rnОва овошје е одличен извор на антиоксиданси кои ги штитат клетките од слободните радикали. Покрај тоа, содржи витамини Ц и К, како и калиум, влакна и фолна киселина.rn

    Боровинки

    rnОсвен влакна, боровинките содржат витамин Ц, манган, фитонутриенти, антиоксиданси и антиинфламаторни состојки кои го штитат срцето и го намалуваат ризикот од хронични заболувања.rn

    Диња

    rnДињите се богати со витамини А и Ц, калиум и влакна, а бидејќи содржат многу вода, тие се одличен начин за хидратација веднаш по будењето. Покрај тоа, тие содржат многу малку калории.rn

    Банана

    rnМногу популарно овошје за појадок, бананите содржат влакна, витамини од Б-комплексот и минерали како што се калиум и магнезиум. Покрај тоа, бананата заситува и може да ви обезбеди енергија со часови.rn

    Авокадо

    rnОва овошје е добар избор за појадок, пред сè поради влакната кои го поддржуваат варењето и ве одржуваат сити долго време. Можете да го намачкате на тост или да го додадете во вашиот омилен рецепт за смуди.rnrnОткако прочитавте кое овошје е најдобро за консумирање за време на појадокот, можеби ќе сакате да прочитате и кое овошје содржи висок процент на протеини.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Дали знаевте дека листовите од цвекло имаат многубројни лековити својства?

    Дали знаевте дека листовите од цвекло имаат многубројни лековити својства?

    Дали знаевте дека во листовите од цвекло има повеќе антиоксиданси отколку во другите видови зеленчук? Меѓу другото, тие содржат и киселини кои имаат антиканцерогено дејство, а можат да се пофалат и со здрави омега-3 масни киселини.rnrnДали знаевте дека листовите од цвекло имаат многубројни лековити својства?rnrnЛистовите на овој исклучително здрав зеленчук содржат и беталаин, кој исто така игра важна улога во превенцијата од рак. Содржат и витамини А, Ц и К и минерали железо, цинк, манган, калиум и магнезиум, а содржат и диетални влакна, па се одлични за дигестивниот систем.rnrnБлагодарение на изобилството на хранливи материи и антиоксиданси, листовите од цвекло го зајакнуваат имунитетот, го подобруваат менталното здравје, го намалуваат крвниот притисок и ги зајакнуваат коските. Прочитајте за нивните лековити својства во продолжение:rn

    1. Помагаат при лошо варење

    rnАко имате некакви дигестивни проблеми, листовите од цвекло се совршени за вас! Тие се богати со влакна, па совршено го стимулираат дигестивниот систем. Освен тоа, дејствуваат како пробиотици, ги хранат добрите бактерии во цревата, што поволно влијае не само врз здравјето на дигестивниот систем, туку и врз целокупното здравје.rn

    2. Го подобруваат менталното здравје

    rnСо консумирање на овие листови кои содржат витамин Б6, ќе го подобрите расположението и ќе ги ублажите симптомите на анксиозност или депресија. Тие го спречуваат и оштетувањето на мозочните неврони благодарение на витаминот К, а многубројни истражувања покажале дека токму овој витамин може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест.rn

    3. Го намалуваат крвниот притисок и спречуваат срцеви заболувања

    rnЛисјата од цвекло содржат нитрати кои се претвораат во азотен оксид во човечкото тело. Ова соединение делува така што ги шири крвните садови и ја стимулира циркулацијата, со што се постигнува и ефект на намалување на крвниот притисок. На тој начин, тие го подобруваат кардиоваскуларното здравје и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.rn

    4. Ја спречуваат остеопорозата и расипувањето на забите

    rnКалциумот, магнезиумот и витаминот К, особено во комбинација со витаминот Д, се неопходни за здравјето на коските. Листовите од цвекло ги содржат токму овие состојки. Згора на тоа, тие придонесуваат и за заштита на забите.rn

    5. Помагаат во превенција и третман на анемија

    rnДали знаевте дека листовите од цвекло содржат повеќе железо од спанаќот? Тоа значи дека со нивното консумирање не само што можете да ја спречите туку и да ја излечите анемијата. Витаминот Б6 кој се содржи во листовите од цвекло помага во формирањето на црвените крвни зрнца.rn

    6. Го чистат телото од токсини, а кожата од нечистотии

    rnБлагодарение на богатството на витамин Ц, еден од најсилните антиоксиданси кој исто така помага во создавањето на колаген, листовите од цвекло влијаат благотворно врз убавината и здравјето на кожата. Тие го стимулираат и чистењето на црниот дроб од насобраните токсини, што е од суштинско значење за здрава и чиста кожа.rn

    Како можете да ги консумирате?

    rnСекогаш користете свежи и добро сочувани листови цвекло, по можност органски (ако немате цвекло во вашата градина). Најдобро е да се јадат сирови, но можете да ги приготвувате и на пареа. Сепак, не гответе ги долго, бидејќи во тој случај ги уништувате повеќето од нивните хранливи материи. Можете да ги измиете и исечете и да ги додадете во смуди, салати и песто.rnrnОткако прочитавте за лековитите својства на листовите од цвекло, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно антиоксидансите да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.rnrnИзвор: atma.hr

  • Рецепт за магичен тоник: Одличен за справување со изгореници, пигментација, акни и исушена кожа!

    Рецепт за магичен тоник: Одличен за справување со изгореници, пигментација, акни и исушена кожа!

    Во лето, се обидуваме да ја сведеме козметиката на минимум, особено кога престојуваме на море. Прекумерното изложување на вода, сол, хлор и сонце може да ја исуши кожата и да заврши со силна пигментација и изгореници. Сите овие проблеми можете да ги избегнете со овој рецепт за природен тоник кој можете да ја користите за лице, тело и коса. Доколку се случи да изгорите, овој тоник е одлична прва помош за изгореници.rnrnРецепт за магичен тоник: Одличен за справување со изгореници, пигментација, акни и исушена кожа!rn

    Карактеристики на тоникот:

    rn

      rn 011

    • Богат е со антиоксиданси
    • rn 011

    • Го забавува стареењето
    • rn 011

    • Обезбедува богата хидратација на косата и кожата
    • rn 011

    • Погоден е за сите типови кожа и коса
    • rn 011

    • Исклучително освежува
    • rn 011

    • Може да се користи по депилација
    • rn 011

    • Заштитува од УВ зрачење
    • rn 011

    • Спречува пигментација
    • rn 011

    • Ја смирува кожата после сончање и изгореници (без заштитен фактор)
    • rn 011

    • Го спречува создавањето на акни од пот
    • rn

    rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • Половина чаша дестилирана вода
    • rn 011

    • ¼ шолја зелен чај
    • rn 011

    • ¼ чаша кокосово масло
    • rn 011

    • Неколку капки масло од семки од краставица
    • rn 011

    • Пулпа од неколку листови алое вера или 2 капки масло од алое вера
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnОтстранете ја пулпата од листовите од алое вера, измешајте ги сите состојки во блендер и истурете во шише со распрскувач. Протресете пред употреба.rn

    Лековити својства на тоникот:

    rnЗелениот чај е моќен антиоксиданс кој спречува оштетување на кожата и го забавува стареењето. Поради своите заштитни својства, тој е одлична состојка во производите за сончање. Делува против темни кругови, брчки на лицето (особено околу очите), темни дамки на лицето, акни, ја подобрува природната отпорност на телото на УВ зраците, има антиинфламаторни својства, помага во смирување и ладење на чувствителната кожа, заштитувајќи ја од понатамошна иритација.rnrnКокосовото масло е исклучително хидратантно, помага при побрзо обновување на испуканата кожа и е погоден за нега на изгорена кожа. Докажано е дека кокосовото масло содржи фитостероли, кои придонесуваат за неговите антивоспалителни и регенеративни својства.rnrnМаслото од семки од краставица брзо се апсорбира и е одлично за навлажнување на кожата и косата. Содржи витамин Е и фитостероли кои ја штитат кожата од надворешни оштетувања. Погоден е за секојдневна употреба во случај на акни, псоријаза, егзема, иритација од сонце, во третмани против стрии, сува и оштетена коса и нокти. Претставува одличен избор за луѓе кои имаат сува кожа со акни.rnrnГелот од алое вера е едно од најдобрите природни средства за нега, хидратација и третман на кожата, спречува иритација и ги ублажува изгорениците. Погоден е за употреба од сите типови кожа, ги ублажува симптомите на повеќето кожни болести и штити од УВ зрачење и ја намалува пигментацијата.rnrnМаслото од алое вера ги ублажува воспалителните процеси на кожата. Со секојдневно нанесување кожата добива сјај, а се препорачува и за сува и оштетена коса.rnrnОткако го прочитавте рецептот за овој природен тоник, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 совети за здрава и блескава кожа во 2023 година.rnrnИзвор: atma.hr

  • Додадете ги овие две состојки во вашето смуди за да останете во топ форма!

    Додадете ги овие две состојки во вашето смуди за да останете во топ форма!

    Смудито е едноставно незаменливо кога станува збор за здрава исхрана бидејќи е практично, лесно се прави и содржи многу хранливи материи кои ни се потребни. Доколку, пак, сакате да го искористите и за одржување на телото во топ форма, можете да додадете во него ѓумбир и зелен чај.rnrnДодадете ги овие две состојки во вашето смуди за да останете во топ форма!rn

    Ѓумбир

    rnЃумбирот го стимулира метаболизмот и ги согорува калориите. Го контролира апетитот и го намалува чувството на глад и може значително да ги намалите мастите во вашето тело. Можете да го комбинирате со овошје како банани, ананас и јагоди. Додадете течност, како јогурт или сок од портокал и измешајте додека смесата не стане хомогена.rn

    Зелен чај

    rnЗелениот чај содржи антиоксиданси кои го забрзуваат метаболизмот и ги топат мастите. Со текот на времето, согорувањето маснотии и поголемата потрошувачка на калории може да го намалат салото во пределот околу стомакот.rnАко не сте сигурни како да го вклучите зелениот чај во вашите рецепти за смуди, можете да започнете со мача во прав. Можете да употребите бадемово млеко, зрели банани, малку мед како засладувач и секако квалитетна мача во прав. Можете исто така да користите сварен зелен чај како течност наместо мача во прав и да вклучите состојки како авокадо и спанаќ за супер здрав пијалак од зелен чај.rnrnИако зелениот чај и ѓумбирот можат да бидат корисни, сепак овие две намирници не се магични состојки кои ќе ви го отстранат вишокот килограми преку ноќ, но се одличен додаток во вашата исхрана.rnrnОткако прочитавте кои состојки треба да ги додадете во вашето смуди ова лето, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 5 совети за здраво слабеење и фит изглед.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Чувството на подуеност може да укажува на недостатокот на овој минерал!

    Чувството на подуеност може да укажува на недостатокот на овој минерал!

    Ако се чувствувате подуени дури и кога не сте јаделе, можно е вашиот организам да се соочува со недостаток на важен минерал… Често се случува надуеноста да се појави после оброк. Тоа обично значи дека сте консумирале одредени намирници кои не се најдобри за вашето тело.rnrnЧувството на подуеност може да укажува на недостатокот на овој минерал!rnrnПонекогаш надуеноста може да укаже на одредени медицински состојби. Така, дури и ако сте подуени и кога не сте јаделе, најверојатно вашиот организам се соочува со недостаток на калиум.rnrnБидејќи калиумот е многу важен минерал, добро е да се внимава на знаците за неговиот недостаток во организмот:rn

      rn 011

    • Необјаснив замор и покрај доволно спиење
    • rn 011

    • Мускулни грчеви после движење, по ден поминат на нозе, па дури и кога не сте активни
    • rn 011

    • Чувство на слабост или вртоглавица
    • rn 011

    • Висок крвен притисок
    • rn 011

    • Надуеност дури и кога не јадете никаква храна
    • rn

    rnНајпрвин, неопходно е да направите анализа за да откриете дали станува збор за недостаток на калиум или не. Разговарајте со вашиот лекар кој ќе ви ги даде потребните насоки. Ако откриете дека не внесувате доволно калиум, вклучете ја следната храна во вашите оброци:rn

      rn 011

    • Авокадо
    • rn 011

    • Банана
    • rn 011

    • Калинка
    • rn 011

    • Лубеница
    • rn 011

    • Спанаќ
    • rn 011

    • Блитва
    • rn 011

    • Сладок компир
    • rn 011

    • Грав
    • rn

    rnКалиумот можете да го внесете и од одредени додатоци во исхраната, но пред употреба консултирајте се со експерт.rnrnОткако прочитавте за поврзаноста меѓу калиумот и подуеноста, можеби ќе сакате да прочитате и рецептот за овој напиток кој ќе ви ја реши подуеноста на стомакот.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Дали знаевте дека недостатокот на витамин Д може да доведе до зголемен ризик од срцев удар?

    Дали знаевте дека недостатокот на витамин Д може да доведе до зголемен ризик од срцев удар?

    Витаминот Д е особено важен за правилното функционирање на нервниот, мускулно-скелетниот и имунолошкиот систем и може лесно да се добие од храна и сончева светлина, но и покрај бројните додатоци, неговиот недостаток е сè уште чест проблем.rnrnДали знаевте дека недостатокот на витамин Д може да доведе до зголемен ризик од срцев удар?rnrnВитаминот Д е еден од многуте витамини што му се потребни на нашето тело за да остане здраво. Има клучна улога во одржувањето на рамнотежата на калциумот во крвта и коските и во градењето и одржувањето на коските.rnrnХроничниот недостаток на витаминот Д води до намалувањето на апсорпцијата на калциум и фосфор во цревата, а тоа пак, резултира во ниски нивоа на калциум во крвта. Оваа состојба може да предизвика симптоми како мускулна слабост, грчеви, замор и депресија.rnrnНедостатокот на витамин Д може да доведе и до зголемен ризик од фрактури на коските, а некои студии дури покажале дека луѓето со недостаток на витамин Д имаат поголем ризик од срцев удар.rnrnИако секој може да има недостаток на витамин Д во телото, оваа состојба најмногу се манифестира кај доенчињата, децата и возрасните над 60 години. Освен тоа, луѓето со зголемена содржина на меланин во кожата, исто така, се соочуваат со недостатокот на овој важен витамин.rnrnОткако прочитавте за значењето на витаминот Д и неговата улога во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и дали сончевите зраци се доволни за да ја надоместат потребната количина на витамин Д.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Како да ја контролирате потребата за шеќер?

    Како да ја контролирате потребата за шеќер?

    Добро ни е познат фактот дека шеќерот предизвикува неверојатна зависност за што се одговорни одредени хормонски, емоционални и физиолошки причини. Еве дел од факторите кои предизвикуваат желба за шеќер и што можете да направите за да ги спречите.rnrnКако да ја контролирате потребата за шеќер?rn

    1. Исцрпеност

    rnСпоред експертите, кога се чувствувате исцрпени, првото нешто по кое копнеете е шеќерот. Тоа е затоа што шеќерот брзо се метаболизира и затоа телото го претпочита како брз извор на енергија. Проблемот е што почетното енергетско засилување е краткотрајно и ве тера да консумирате уште повеќе.rn

    2. Стрес

    rnИстражувањата покажале дека кога приматите се под стрес, тие бараат јаглехидрати првенствено во форма на овошје. Според научниците, тоа се должи на фактот дека овие соединенија произведуваат серотонин. Луѓето под стрес реагираат на ист начин – посегнуваат по нешто слатко за да почувствуваат олеснување (иако накратко). Проблемот е што честото консумирање шеќер може да прерасне во навика. Затоа, доколку сте под стрес, најдобриот начин да воспоставите рамнотежа во организмот би било консумирањето сложени јаглехидрати. Тоа е затоа што им треба подолго време за да се сварат, но, од друга страна, на тој начин го одржуваат стабилно нивото на шеќер во крвта.rn

    3. Цревна флора

    rnЕдна од теориите за тоа зошто луѓето се гладни повеќе отколку што треба е онаа која се фокусира на цревната флора. Според оваа теорија, нашата глад е контролирана од тоа колку добро нашите цревни бактерии се хранат со храната што им е потребна. Така, ако цревните бактерии го добиваат вистинскиот вид гориво, тие испраќаат пораки до мозокот дека не треба да бараме дополнителна храна. Меѓутоа, кога бактериите во цревата не ја добиваат вистинската исхрана, мозокот испраќа SOS сигнал, велејќи дека брзо му треба енергија. Честопати брзото решение е шеќерот. Во овој случај, пожелно е да вклучите во вашето мени храна богата со пробиотици која вклучува јаткасти плодови, банани, овес и јаболка.rnrnОткако прочитавте за факторите кои придонесуваат за зголемена потреба за шеќер, можеби ќе сакате да прочитате и овие 5 совети за намалување на количината на шеќери во организмот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Како хлорот во базенот може да влијае врз вашето тело?

    Како хлорот во базенот може да влијае врз вашето тело?

    Иако е една од омилените активности во лето, сепак пливањето во базен може да има последици по вашето тело.rnrnНа кој начин хлорот во базенот може да влијае врз вашето тело? rnrnПознато е дека хлорираната вода ги убива микробите во базенот, обезбедува подобра хигиена и штити од можни инфекции, но сепак хемиското средство за дезинфекција кое се употребува во хлорираната вода може да предизвика одредени несакани ефекти..rn

    Сува и иритирана кожа

    rnСувата кожа често може да биде предизвикана од присуството на хлор и други хемикалии во водата. Засега не се познати случаи на алергија на хлор, но сепак кожата може да биде исклучително чувствителна, што доведува до реакции како што се:rn

      rn 011

    • сува кожа
    • rn 011

    • чешање
    • rn 011

    • акни
    • rn 011

    • осип
    • rn

    rnАко вашата кожа е чувствителна и проблематична, важно е навреме да го напуштите базенот и да внимавате доколку забележите некакви промени.rn

    Сува коса

    rnОсвен што е штетен за кожата, хлорот не е погоден ниту за косата. Хлорираната вода ги отстранува маслата кои го штитат скалпот, што може да ја направи вашата коса сува и склона кон кршење. Хлорот ги разградува и протеините во косата, поради што косата полесно се крши. Покрај тоа, хлорот може да ја осветли косата.rn

    Проблем со дишењето

    rnХлорот што се ослободува во воздухот може да биде штетен за респираторниот систем. Високата концентрација на хлор во базените и непроветрените затворени простории може да доведе до проблеми како што се:rn

      rn 011

    • кашлица
    • rn 011

    • напад на астма
    • rn 011

    • течење на носот
    • rn 011

    • иритација на очите
    • rn

    rnХлорот во комбинација со други хемикалии може да предизвика чешање, насолзени очи и проблеми со видот.rnrnПроблемите најчесто се јавуваат кај луѓето кои редовно се капат во базен со хлорирана вода. Затоа, важно е да обратите внимание на несаканите ефекти и навреме да реагирате на промените.rnrnОткако прочитавте за несаканите ефекти на хлорот од базенот врз вашето тело, можеби ќе сакате да прочитате и зошто ве печат очите откако ќе излезете од базен.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Зошто треба почесто да консумирате грејпфрут?

    Зошто треба почесто да консумирате грејпфрут?

    Грејпфрутот е тропско цитрусно овошје богато со хранливи материи, антиоксиданси и влакна. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од секојдневното консумирање грејпфрут.rnrnЗошто треба почесто да консумирате грејпфрут?rn

    1. Нискокалорично овошје, но богато со хранливи материи

    rnГрејпфрутот е одлична намирница што треба да ја вклучите во вашето секојдневно мени. Тоа е затоа што има многу хранливи материи, но има малку калории. Содржи значителна количина на влакна, витамини, минерали и антиоксиданси.rn

    2. Го подобрува вашиот имунолошки систем

    rnРедовното консумирање на грејпфрут може да биде корисно за вашиот имунолошки систем. Тоа се должи пред сè на големата количина на витаминот Ц кој се содржи во ова овошје. Витаминот Ц, од друга страна, има антиоксидантски својства кои ги штитат вашите клетки од штетни бактерии и вируси.rn

    3. Може да помогне при намалување на телесната тежина

    rnГрејпфрутот содржи влакна, соединенија кои ви помагаат да се чувствувате сити и на тој начин ви помага да го намалите внесот на калории во организмот. Освен тоа, тој содржи и многу вода, поволна карактеристика кога станува збор за намалувањето на телесната тежина. Затоа, обидете се да го вметнете во вашето секојдневно мени.rn

    4. Може да го подобри здравјето на срцето

    rnСе смета дека редовното консумирање грејпфрут го подобрува здравјето на срцето преку намалување на факторите на ризик за срцеви болести, како што се високиот крвен притисок и холестеролот. Со други зборови, грејпфрутот содржи хранливи материи и антиоксиданси кои помагаат во заштитата на срцето со регулирање на крвниот притисок и нивото на холестерол.rn

    5. Содржи моќни антиоксиданси

    rnГрејпфрут содржи неколку различни типови антиоксиданси кои обезбедуваат различни здравствени придобивки, вклучително и намален ризик од неколку болести. Антиоксидансите ги штитат вашите клетки од оштетување предизвикано од слободните радикали, нестабилни молекули кои можат да предизвикаат штетни реакции во вашето тело.rn

    6. Може да го намали ризикот од камења во бубрезите

    rnКонсумирањето грејпфрут може да го намали ризикот од појава на камења во бубрезите, кои произлегуваат од таложење на отпадни материи во бубрезите. Овие отпадни материи се продукти на метаболизмот кои обично се филтрираат низ бубрезите и се отстрануваат од телото со урина. Меѓутоа, кога ќе се кристализираат во бубрезите, тие стануваат камења. Поголемите бубрежни камења може да предизвикаат блокада на уринарниот систем, што може да биде неверојатно болно. Од друга страна, лимонската киселина во грејпфрутот може да помогне да се намали формирањето на бубрежни камења.rn

    7. Поволно влијае врз кожата

    rnВитаминот Ц кој се содржи во грејпфрутот ја штити кожата од сончевите зраци, стареење и воспаление. Витаминот Ц често се користи во серумите за заздравување на кожата, за осветлување на темните дамки и за измазнување на кожата. Грејпфрутот содржи лимонска, јаболкова киселина и винска киселина. Сите тие често се користат во производите за нега на кожата поради нивните различни придобивки, вклучувајќи подобрена текстура и еластичност на кожата.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од грејпфрутот, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е важно антиоксидансите да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.rnrnИзвор: healthline.com

  • Намалете го консумирањето на овие намирници доколку сакате да го намалите прекумерното потење!

    Намалете го консумирањето на овие намирници доколку сакате да го намалите прекумерното потење!

    Мирисот што го испушта телото за време на потењето може да биде крајно непријатен, особено ако на облеката што ја носите се видливи дамки, кои најчесто се наоѓаат под пазувите, но можат да се појават и на други места.rnrnНамалете го консумирањето на овие намирници доколку сакате да го намалите прекумерното потење!rnrnИако на многумина им е непријатно, тоа е сосема нормално и всушност е начин на кој вашето тело ја регулира температурата.rnrnОсвен тоа, потта нема свој мирис како што многумина мислат. Само кога ќе дојде во контакт со бактерии на телото, таа добива остар и непријатен мирис.rnrnСпоред експертите, потењето игра важна улога во одржувањето на нормалното здравје и му помага на телото да ја регулира телесната температура и да ги отстрани токсините. Сепак, постојат некои намирници кои го зголемуваат потењето, па доколку сакате да ја намалите оваа појава, намалете со консумирањето на овие состојки.rnrnХраната што треба да ја избегнувате се силните зачини како што се кари и чили. Нашето тело реагира на зачинетата храна на ист начин како што реагира на високи температури. Овие намирници ве тераат да се потите повеќе за да го разладите телото. Затоа, обидете се да ги избегнувате овие зачини особено во текот на летниот период, одржувајте лична хигиена и носете полесна облека.rnrnОткако прочитавте за поврзаноста меѓу одредени намирници и потењето, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 7 причини за ноќно потење што не треба да ги игнорирате.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs