Телото на различни начини предупредува за недостатокот на важен минерал за бројни функции во телото, но сепак, еден необичен симптом е клучен знак дека ви недостасува цинк.rnrn
rnrnЦинкот е важен минерал неопходен за многу функции во телото, вклучувајќи го и имунолошкиот систем, згрутчувањето на крвта и правилното функционирање на тироидната жлезда.rnrnПокрај тоа, цинкот промовира нормален раст и развој за време на бременоста, детството и адолесценцијата. Меѓутоа, често се јавува недостаток на овој минерал, што го ослабува извршувањето на основните функции во телото.rnrnНеколку различни симптоми може да укажуваат на недостаток на цинк во телото, но еден од нив не треба да се игнорира.rnrnСпоред лекарите, станува збор за бавното зараснување на раните.rnВо случај на гребаница, крвта ни се згрутчува на најбрз можен начин. Згрутчувањето на крвта е функција во телото која спречува инфекции при помали повреди и го намалува ризикот од крварење при поголеми повреди.rnrnКога имаме проблем со недостаток на цинк, ослабениот имунолошки систем може да доведе до побавно зараснување на отворените рани бидејќи цинкот е токму она што му треба на нашето тело за обновување на кожата.rnrnДруги симптоми кои може да укажуваат на недостаток на цинк се акни, проблеми со спиењето, болки во стомакот и дијареа, проблеми со слухот или видот и губење на косата.rnrnОткако прочитавте за симптомите на недостаток на цинк во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и колку милиграми цинк треба да се внесуваат секој ден за здрав имунитет.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
Не смеете да го занемарувате: Главен симптом на недостаток на цинк во организмот
