Газираните пијалаци, слатките и грицките се само дел од нездравите намирници кои можат да влијаат на развојот на ракот, а се дел од нашата секојдневна исхрана:rnrn
rn
Пиво и вино
rnНапитоците кои секако се прв избор по напорниот ден можат да бидат непријател на здравјето. Пиењето три до четири пива, вино и други алкохолни пијалаци е поврзано со зголемен ризик од повторување на ракот на дојката кај жени на кои им е дијагностициран рак во рана фаза. Според едно истражување од 2012 година, 5,5% од сите видови на рак му се припишуваат на алкохолот.rn
Мармалад
rnМармаладите кои содржат вештачки засладувачи богати со натриум кој се користи во производството се штетни за здравјето. Вештачките засладувачи се многу пати послатки од сахарозата. Високиот внес на натриум го зголемува ризикот од рак на желудникот, па затоа е препорачливо да избегнувате храна богата со натриум и конзерванси.rn
Јајца
rnПокрај сите видови живина, ризична храна се и јајцата кога станува збор за појава на рак. Мажите кои консумираат три или повеќе јајца неделно имаат 81% поголеми шанси да развијат рак на простата.rn
Кафе
rnОмилениот пијалак на многумина може да влијае и на развојот на ракот. Многу истражувања го докажале заштитниот ефект на кафето кога станува збор за рак на дебелото црево, усната шуплина, црниот дроб, градите, кожата, ендометриумот, простатата и јајниците. Меѓутоа, од друга страна, постојат докази за штетното дејство на кафето кога станува збор за ракот на мочниот меур, панкреасот и желудникот. Затоа, најважно е да бидете умерени при консумирањето.rn
Кечап
rnНашиот омилен додаток на многу јадења е богат со натриум. Имено, кечапот може да содржи и до 150 милиграми натриум. Иако можеби не изгледа алармантно, консумирањето кечап може лесно да ја надмине препорачаната граница на внес на натриум во текот на денот. Затоа, следниот пат пробајте нов сос со помфритот.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да го зголемат ризикот од појава на рак, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 намирници се вистински „сојузници“ за долговечност.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
