Лимонот може да ви помогне не само да го изгубите вишокот килограми туку и да се ослободите од токсините и да изградите силен имунитет!rnrn
rnrnПрвото нешто што треба да знаете е дека лимонот е алкална храна. Ова е важно бидејќи повеќето луѓе со прекумерна тежина имаат кисело тело. За да се одржи посакуваното ниво на PH вредност, неопходно е во организмот да се внесе алкална храна.rnrnКога телото акумулира повеќе отпад отколку што може да отстрани, создава масни клетки кои складираат токсини. Иако е важна функција, вишокот маснотии е опасен по здравјето.rnrnЛимонот спречува: кардиоваскуларни заболувања, камења во бубрезите, анемија, го чисти црниот дроб, го спречува развојот на рак, ги чисти цревата, го ослободува телото од токсини, ги чисти цревата, го спречува гладот и го подобрува имунитетот.rn
Диета со лимон
rn
1 Ден
rnПијте вода со лимон на празен стомак. Наутро испијте чаша вода со лимон (околу 2 лажици сок од лимон). Направете го истото половина час пред оброк. Јадете што е можно поздраво.rn
2 Ден
rnСледете ги упатствата од првиот ден. Пијте вода 30 минути пред појадок, ручек и вечера. Испијте 2 до 3 литри минерална вода во која претходно сте исцедиле 6 лимони.rn
3 Ден
rnПовторете го претходниот режим, но овој ден пијте вода за време на ручекот. Продолжете да пиете вода во текот на денот.rn
4 и 5 Ден
rnВо овие денови следете ја истата диета како и третиот ден. И најважно е да не заборавите секое утро да пиете топла лимонада на празен стомак.rn
6 Ден
rnСамо 2 чаши вода со лимон. Една шолја наутро на празен стомак и една шолја со ручек или вечера. Пијте обична вода во текот на денот.rn
7 Ден
rnНека ви остане навика секое утро да пиете чаша топла лимонада. Ова не само што ќе ја намали вашата тежина, туку и ќе го зајакне вашиот имунолошки систем. Не заборавајте да пиете обична вода во текот на денот за да ги исфрлите токсините од вашето тело. Прочитајте за придобивките од лимонот во продолжение:rn
Висок крвен притисок
rnЛимоните содржат калиум, кој може да помогне да се контролира крвниот притисок и да се олесни гадењето и повраќањето.rn
Зачувување на бојата на зеленчукот
rnКарфиолот, на пример, брзо ја губи својата природна боја дури и при најмала термичка обработка. Доколку сакате карфиолот да ја задржи природната боја, исцедете врз него една кафена лажичка сок од лимон пред термичка обработка.rn
Ментално здравје
rnВодата со лимон може да го подобри вашето расположение и да ги ублажи симптомите на депресија и стрес. Лимонот брзо ќе ве освежи и ќе ви го зголеми нивото на енергија.rn
Работни површини во кујната
rnДоколку работните површини имаат непријатен мирис поради сечење кромид или подготвување риба, добро истријте ги со половина лимон.rn
Артритис и ревматизам
rnЛимонот е диуретик, што значи дека го зголемува производството на урина и на тој начин помага да се намали воспалението со исфрлање на токсините и бактериите додека ги ублажува симптомите на артритис и ревматизам.rn
Превенција на камења во бубрезите
rnСекојдневното консумирање на вода со лимон може да го стимулира производството на уринарни цитрати, хемиски соединенија кои помагаат во спречување на камења во бубрезите.rn
Миење овошје и зеленчук
rnНикогаш не знаете какви видови пестициди и нечистотии може да има на вашето омилено овошје и зеленчук. Исцедете една лажица лимон во шише со распрскувач и измешајте со вода. Испрскајте го на овошје и зеленчук. Сокот од лимон е природно средство за дезинфекција.rn
Орално здравје
rnСокот од лимон може да го запре крварењето на непцата и да ја ублажи забоболката.rn
Темни дамки на кожата
rnЗа да ги осветлите темните дамки на кожата, нанесете сок од лимон директно на тој дел од кожата. Оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете. Ова е безбеден и ефикасен начин за осветлување на темните дамки на кожата.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од лимонот, можеби ќе сакате да прочитате и дека семките од лимон се богат извор на хранливи материи.rnrnИзвор: atma.hr


rnrnЦелулитот, од друга страна, е нормален физиолошки одговор на складирање маснотии, а денешниот пазар е преполн со додатоци во исхраната, лосиони и други кожни апликации кои тврдат дека го намалуваат целулитот, но постојат минимални докази за нивната ефикасност.rnrnНаместо тоа, фокусот на здравата храна, хидратацијата и соодветната физичка активност обезбедува поголема контрола на целулитот.rnrnИако со ниту една храна не може да се елиминира целулитот, одредени намирници можат да помогнат да се подобри изгледот на кожата и да се намали целулитот.rn
rn
rnrnЦрниот дроб, најголемата жлезда во телото, е најпознат по тоа што ги отстранува штетните материи од телото. Покрај тоа, тој има функција да складира железо и одредени витамини, како и гликоза, која црниот дроб ја ослободува во крвотокот кога на телото му треба повеќе шеќер за енергија.rnrnЦрниот дроб, исто така, ослободува стари црвени крвни зрнца, инсулин и други хормони. Затоа е многу важно овој орган да е секогаш во топ форма. Во продолжение ви споделуваме рецепт за чистење на црниот дроб за кој ви се потребни само три состојки кои сигурно ги имате дома.rn
rn
rnrnСулфурот е вклучен во многу телесни процеси, вклучувајќи го метаболизмот на протеини, јаглехидрати и масти. Ги поттикнува циркулацијата, варењето и отстранувањето на штетните материи од организмот, делува силно против микробите и го потиснува воспалението, го балансира крвниот притисок, холестеролот и шеќерот.rn
rnrnИако прејадувањето навечер не е пожелна опција, експертите се согласуваат дека не треба да легнувате гладни. Доколку се чувствувате гладни, можете да консумирате храна богата со протеини. Истражувањата покажале дека консумирањето 30 грама протеини приближно 30 минути пред спиење може позитивно да влијае на метаболизмот.rnrnАко не сте љубител на сирење, пак, не грижете се, има многу други протеински опции, од тофу, до тврдо варени јајца, па дури и грст бадеми. Ова ќе ве држи сити во текот на ноќта, додека храната ќе ви ја даде потребната енергија за зајакнување на метаболизмот и за согорување на мастите.rnrnБадемите и оревите се, исто така, одлични опции бидејќи содржат многу добри масти, а се и добар извор на протеини и витамини и минерали (витамин Е, селен, магнезиум).rnrnСепак, запомнете дека најважните работи се урамнотежената исхрана и физичката активност во текот на целата година. Експертите советуваат доволен внес на посни протеини, интегрални житарки и многу зеленчук кои ќе ве заситат, а истовремено ќе помогнат во борбата против килограмите.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат да го намалите вишокот килограми, можеби ќе сакате да прочитате и 
rnrnСпоред експертите, пуканките купени во продавница имаат повеќе калории од домашните пуканки бидејќи содржат повеќе масти.rnrnОвие масти се заситени и треба да се консумираат минимално бидејќи го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања. Исто така, исхраната богата со сол е поврзана со срцеви заболувања, поради што треба да ја намалите количината на натриум во вашата исхрана.rnrnЗатоа, нутриционистите предлагаат самите да направите пуканки, користејќи сончогледово масло и додавајќи минимална количина сол. Ако не сакате обични пуканки, можете да додадете чили во прав или бибер.rnrnЕве како здравите пуканки можат да ни влијаат:rn
rn
rnrnМалите изгореници од сонце се карактеризираат со црвено и болно затегнување на кожата кое се појавува неколку часа по изложувањето на сонце. Во текот на следните 24 часа болката и црвенилото се поизразени, а по неколку дена кожата може да почне да се лупи. Во продолжение прочитајте кои домашни лекови можат да ви помогнат да се справите со изгорениците од сонце!rn