На кој начин можете да го подобрите здравјето на вашите очи? Прочитајте ги во продолжение нашите совети.rnrn
rn
1. Редовен преглед
rnДури и ако немате специфичен проблем препорачливо е да правите редовен очен преглед. Доколку сте на возраст од 18 до 64 години, а немате никаков проблем, се препорачува да отидете на преглед барем еднаш на секои две години и еднаш годишно доколку имате проблем со видот. Оние, пак, кои се постари од 64 години треба да направат очен преглед барем еднаш годишно.rn
2. Здрава исхрана
rnОдредени хранливи материи и растителни состојки се клучни за одржувањето на видот:rn
Витамин А
rnВитаминот А ја поддржува функцијата на рожницата и конјуктивата. Слатки компири, тиква, моркови, црвени пиперки и манго се добри извори на витамин А.rn
Омега-3 масни киселини
rnОмега-3 масните киселини се корисни за целокупното здравје на мрежницата и визуелната острина. Лососот, скушата, харингата, сардините како и јаткастите плодови се богати со овие масни киселини.rn
Витамин Ц
rnСо оглед на тоа дека очите користат многу енергија, потребна им е дополнителна антиоксидантна заштита. Витаминот Ц не само што е силен антиоксиданс туку помага и во регенерација на други антиоксиданси како витаминот Е. Цитрусното овошје, јагодите и пиперките се исклучително богати со овој витамин.rn
Витамин Е
rnВитаминот Е е антиоксиданс кој го штити окото од оксидативен стрес. Освен тоа, го подобрува протокот на крв во окото. Најдобрите извори на витамин Е се семките од сончоглед, бадемите, кикириките, тиквата и спанаќот.rn
Цинк
rnЦинкот помага во производството на меланин – пигмент кој ја дава бојата на ирисот и помага во заштитата на видот. Остригите и црвеното месо се најдобри извори на цинк.rn
3. Редовно вежбање
rnВежбањето не само што ве одржува во топ форма туку може да го подобри и здравјето на вашите очи. Освен тоа, физичките вежби го подобруваат протокот на крв преку кој очите се снабдуваат со потребната количина на кислород и хранливи материи.rn
4. Правило 20-6-20
rnПравилото вели дека по секои 20 минути поминати пред екран треба да го фокусирате погледот на предмет оддалечен околу 6 метри од вас во времетраење од 20 секунди.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за очното здравје, можеби ќе сакате да ги прочитате и 12-те работи кои вашите очи ви ги кажуваат за здравјето.rnrnИзвор: mindbodygreen.com