Деневиве се рашири веста дека е пронајдена уште една монументална статуа на Велигденскиот Остров. Имено, на дното на исушеното езеро кое се наоѓа во кратерот на вулканот Рано Рараку пронајден е уште еден моаи – монолитни статуи кои се најпознатото културно и историско обележје на островот.rnrn
rnrnСкулптурата била откриена на 21 февруари од научници од три чилеански универзитети кои работеле на проект за обнова на областа по пожарот во октомври 2022 година.rn
„Овој моаи има голем потенцијал за научни студии – станува збор за уникатно откритие бидејќи за првпат моаи скулптура е откриена во езеро во кратерот Рано Рараку“, се вели во соопштението.
rnВелигденскиот остров или Рапа Нуи, полинезиски остров во југоисточниот Тихи Океан, се наоѓа на околу 3.600 километри од Чиле и е заштитен национален парк и светско наследство на УНЕСКО. Холандскиот истражувач Јакоб Рогевен пристигнал на островот на Велигден во 1722 година, но првите жители на островот дошле од Источна Полинезија пред можеби илјада години, а моаите биле создадени во периодот од околу пет века, помеѓу 13 и 18 век. Тие ги претставуваат предците на островјаните и се дел од полинезиската традиција на обожување на предците. Денес на островот живеат околу осум илјади луѓе и илјада (откриени) монолитни статуи.rnrn„Новиот“ моаи допрва треба да помине низ разни анализи, а засега е познато дека е помал од скоро сите други статуи на островот – висок е само малку повеќе од метар и половина. Најголемиот, наречен Моаи Паро, е висок 10 метри и тежи повеќе од 80 тони.rnrnАрхеолозите се надеваат дека новата статуа е увертира за други откритија бидејќи сега конечно ќе се открие што со векови се наоѓало на дното на езерото.rnrnОткако прочитавте за најновата статуа откриена на Велигденскиот Остров, можеби ќе сакате да откриете и повеќе факти за племенитиот Велигденски остров.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr


rnrnПо изградбата на првиот национален автопат во Бутан во 1962 година патеката повеќе не се користела како главна сообраќајна рута. Сепак, за да не биде заборавена и целосно уништена, Бутан започна со проектот за оживување на античката патека по 60 години запоставување.rnrnСтанува збор за музеј под отворено небо полн со приказни, митови и легенди. Ја користат локалното население, како и туристите за пешачење, планински велосипедизам, трчање и што е најважно, како средство за поврзување со руралната култура и историја на Бутан.rnrn
rnrnВо моментов во тек е изградбата на селски куќи кои им нудат на туристите увид во руралниот живот на Бутан, примајќи гости кои можат да се одморат таму, да имаат добар оброк и да научат нешто повеќе за историјата на овие предели.rnrnПреку програмата Passport Ambassador локалните фармери и луѓето кои живеат во руралните области ги отвораат своите домови за да им служат традиционални јадења на посетителите и да им откријат повеќе за културата, гастрономијата и историјата на Бутан. Оние кои сакаат да го посетат Бутан можат да се обратат во непрофитната организација Trans Bhutan Trail, која ќе обезбеди водич, возач, сместување, оброци и посета на фарми. Целиот профит од патувањето се враќа во одржувањето на патеката и заедниците што живеат овде.rnrnОткако прочитавте за Бутан и проектот за оживување на руралните предели, можеби ќе сакате да прочитате и 
rnrnПатувањето во Хонгконг беше комплицирано и скапо за време на пандемијата. Мерките за карантин што кулминираа со 21 ден изолација како и PCR тестовите ги спречија повеќето патници да дојдат во Хонгконг.rn
rn
rn
rnrnОткако прочитавте за овогодинешните европски престолни на културата, можеби ќе сакате да прочитате и за 
rnrnЗа Хиндусите, Кедарнат е суштинска точка на неколку хинду места за аџилак затоа што го претставува еден од дванаесетте храмови на богот Шива, свето место во кое Шива се манифестирал.rnrnНо Кедарнат, изграден во осмиот век, е и чудо од градба со оглед на тоа што успеал да опстане низ вековите и да не им подлегне на природните катастрофи.rn
rnrnГрадот се наоѓа на брегот на Финскиот Залив, а од 13 век до 1918 година бил познат како Ревал. Иако денешниот град бил формиран во 13 век, сепак на неговата територија биле пронајдени остатоци од човечки населби кои датирале од пред 5.000 години. Благодарение на овој факт, Талин е познат и како еден од најстарите главни градови во Северна Европа.rnrnУште една добра вест за љубителите на историјата: стариот град е еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа. Особено впечатливи се градските ѕидини со 26 стражарници. Шетајќи низ тесните камени улички ќе се почувствувате како да сте во бајка и како да се сте се вратиле назад во времето.rnrn
rnrnДруга туристичка атракција која не смеете да ја пропуштите е црквата Свети Олаф, највисокиот верски објект во Северна Европа, висок околу 120 метри. Вреди да се посети и старото градско собрание, особено во текот на декември, кога на соседниот плоштад се одржува божиќниот пазар.rnrn
rnrnНе пропуштајте го и естонскиот парламент и кулата Пик Херман, која е симбол на независноста на земјата, сместени на ридот Томпеја. Оваа локација на туристите им нуди и прекрасна панорама на поголемиот дел од средновековниот стар град.rnrn
rnrnОткако прочитавте за историските занимливости за Талин, можеби ќе сакате да прочитате и за 
rnrnЗа сопствениците, бучниот и шарен свет на флиперите е повеќе од игра, тие се вистинска временска машина кои можат за миг да ве однесат назад во минатото. Музејот на флипери во Будимпешта располага со повеќе од 160 автомати, што го прави ова место една од најголемите колекции на флипери во Европа.rnrnНајпопуларните флипери се оние од осумдесеттите години кои се сметаат за златната доба на флиперите. Некои од постарите флипери кои можете да ги видите овде се вистински антиквитети бидејќи потекнуваат од 1947 година. За околу десет и пол евра, колку што е цената на билетот, можете да поминете цел ден во музејот играјќи игри.rnrnОткако прочитавте за овој музеј на флипери, можеби ќе сакате да прочитате и за 
rn
rn
rn
rn
rnrnОткако прочитавте за нашиот избор на евтини дестинации за патување во 2023 година, можеби ќе сакате да прочитате и за 
rnrnПред пет години овој регион станал дел од светското природно наследство на УНЕСКО.rnrnОвде се наоѓа најголемото езеро во Англија, Виндермирското Езеро како и највисоката англиска планина, Скафел Пајк.rnrnСелото Грасмер е одлична почетна точка за истражување на оваа област. Грасмер е уникатно село со прекрасни плоштатчиња и улички со традиционални куќи од 18 и 19 век, како и дом на одлични пабови, преубава книжарница каде доаѓаат љубителите на мапите и планинската литература, како и дом на поетот Вилијам Вордсворт, чија куќа и денес е таму, сместена на работ на селото, опкружена со ритчиња и шума.rnrnПоетот со светска слава го нарекувал ова место „најубавото место кое човекот некогаш го пронашол“.rnrnВо 1891 година, околу 40 години по неговата смрт, неговата куќа за прв пат била отворена за јавноста, а со текот на времето почнала да привлекува сè поголем број посетители. Денес, десетици илјади луѓе ја посетуваат секоја година.rnrnОва место не само што се одликува со историја туку и со одлична кујна која се состои од превкусни колачи со мармалад и крем, пита со лимон, чаден лосос и пржени јајца, па сè до rarebit – еден вид тост со сирење.rnrnОткако прочитавте за ова магично европско село, можеби ќе сакате да прочитате и за 
rnrnМоже да се каже дека навистина се храбри оние кои се осмелуваат да шетаат овде навечер. Штом сонцето ќе зајде, само мачките можат да го најдат својот пат во темнината бидејќи нема улични светла.rnrnЕдна од омилените активности на туристите е качувањето на покривите и уживањето во глетката или фотографирањето на прекрасниот пејзаж. Ако одлучите да патувате во Ал Хамра, можете да побарате сместување во Баит Алџабал каде можете да преспиете во типични куќи од кал.rnrnИако сместувањето е скромно – со душеци на подот, посетителите ја фалат услугата. Појадокот е вклучен во цената, а се вели дека е исклучително вкусен и добра можност за истражување на егзотичните кујни.rnrnАл Хамра е познат и како Хамра Ал Абриин, а името се однесува на племето Ал Абри, кое живеело таму. Блиското село Мисфат Ал Абријен се смета за едно од најубавите во земјата. Куќите на врвот на планината се наоѓаат на надморска височина од околу 1000 метри и се задолжителна станица за патниците кои уживаат во планинарењето во природа.rnrnОткако прочитавте за ова необично место, можеби ќе сакате да прочитате и за