КАФЕ ПАУЗА

Премин на гигантите: Вистинско чудо на природата кое се наоѓа во Европа!

Премин на гигантите: Вистинско чудо на природата кое се наоѓа во Европа!

Грофовијата Антрим во Северна Ирска е едно од најбајковитите места во цел свет, а тоа се должи на т.н. Премин на гигантите.rnrnПремин на гигантите: Вистинско чудо на природата кое се наоѓа во Европа!rnrnСтанува збор за 40 илјади базалтни столбови кои настанале пред 50 до 60 милиони години за време на вулканска ерупција. Преминот се наоѓа на околу 3 километри северно од градот Бушмилс и претставува пример за тоа како ладењето на базалтната лава може да создаде исклучителен пејзаж. Од 1986 година, ова место е и дел од листата на светско наследство на УНЕСКО.rnrnЛокалитетот изобилува и со бројни легенди, а најпозната е легендата според која ирскиот воин Фин Маккул ги изградил овие столбови во борбата против шкотскиот ривал, Бенандонер.rnrnИако ова место му било познато на локалното население, локалитетот се стекнал со национална слава благодарение на епископот Вилијам Кинг кој во 1692 година ја посетил оваа област.rnrnПокрај легендите, Преминот на великаните е познат и по трагедијата од 16 век, кога овде потонала галијата на шпанската војска при што загинале околу илјада луѓе.rnrnНајвисоките столбови се високи околу 12 метри, а некои од нив добиле имиња како „џиновска чизма“, „џиновски оргули“ и „џиновска порта“.rnrnОткако прочитавте за овој локалитет во Ирска, можеби ќе сакате да прочитате и за магичниот дрворед во Северна Ирска кој сосема случајно се претворил во туристичка атракција.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr