Нов модел на авион би можел да ја промени иднината на летањето. Станува збор за нов тип на американски авион JetZero од Калифорнија кој се тестира за комерцијални патнички цели, за транспорт на карго, но и за воени цели.rnrn
rnrnПосебниот облик на авионот не само што би обезбедил дополнителен простор за патниците и товарот што може да се превезе на еден лет туку би требало да ја намали и потрошувачката на гориво за 50 проценти.rnrnРамниот труп на леталото JetZero, кој бил развиен во соработка со американската вселенска агенција НАСА, се одликува со стабилен аеродинамички дизајн.rnrnОвие промени во дизајнот придонесуваат за намалување на отпорот и тежината на самиот авион, а со тоа употреба на помали мотори и значителни финансиски заштеди.rnrnПроизводителите на авиони Ербас и Боинг го изградија својот прототип на авион каде што трупот на авионот се спојува со крилата, но овој тип на авион сè уште не е во редовна употреба. Од компанијата JetZero сметаат дека нивните авиони ќе бидат во официјална употреба најдоцна до 2030 година.rnrnОткако прочитавте за најновиот дизајн на авиони, можеби ќе сакате да прочитате и патувањето со авион од Пекинг до Њујорк за само еден час.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Нов модел на авиони кои би можеле да ја променат иднината на летањето!
