Кога семејството Стјуарт засадило дрворед со вкупно 150 буки во 18 век за да го означи патот што водел до имотот на семејството, не можело ниту да претпостави дека со текот на времето гранките на дрвјата ќе се свиткаат, испреплетат и ќе се претворат во тунел што посетителите го нарекуваат „магичен“, „мистичен“ или „фантастичен“.rnrn
rnrnDark Hedges се наоѓа во селото Stranocum во Северна Ирска, а можете да го видите и во филмот „Игра на тронови“. Денес, овој природен феномен е едно од најфотографираните места во Северна Ирска, како и популарна атракција за туристите од целиот свет.rnrnСо мистичната игра на светлина и сенка, Dark Hedges ги инспирира фотографите и уметниците, но и музичарите, како, на пример, композиторката Елејн Ању.rnrnСпоред локалните легенди, ова место е опседнато со духови. Наводно, на ова место талка духот на слугинката од блиската куќа која умрела под мистериозни околности пред неколку векови.rnrnДенес, куќата на семејството Стјуарт е во приватна сопственост. Дел од имотот е претворен во терен за голф, а тука се наоѓа и хотелот The Hedges.rnrnОткако прочитавте за оваа атракција во Северна Ирска, можеби ќе сакате да прочитате и за мистериозната шума со дрвја во облик на буквата „Ј“.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Магичен дрворед во Северна Ирска кој сосема случајно се претворил во туристичка атракција
