КАФЕ ПАУЗА

Category: Патувања

  • Кој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?

    Кој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?

    Хотелот W сместен во Вербие (село на Швајцарските Алпи) се смета за најдобар хотел за скијачи не само во национални туку и во светски рамки. Седум пати по ред е прогласен за најдобар ски-хотел во светот од World Ski Awards – глобална иницијатива за доделување признанија во скијачкиот туризам.rnrnКој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?rnrnХотелот се наоѓа во швајцарскиот кантон Вале на надморска височина од 1.531 метри, а има директен пристап до ски-лифтовите кои ви нудат повеќе од 400 километри терен за скијање и планинарење. Кога, пак, снегот ќе го покрие Вербие, можете да скијате директно до хотелот.rnrnКој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?rnrnОткако ќе уживате во снежните падини, опуштете се во една од 123-те соби и апартмани во хотелот, кои се опремени со простран кревет и камин. Секоја соба има големи прозорци со неверојатен поглед кон прекрасните снежни планини.rnrnКој хотел го поседува најдобриот ски-центар во светот?rnrnМожете да јадете во бистрото W Kitchen во хотелот и во барот Eat-Hola, и да пиете топол коктел во W Living Room. Хотелот располага и со т.н. алпска оаза од 1.300 квадратни метри која вклучува девет соби со третмани за убавина, два базени и теретана опремена со најсовремена опрема.rnrnОткако прочитавте за најдобриот хотел за скијање во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за скијачкиот центар кој се гради во пустина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Катедрала на солта: Импресивно архитектонско чудо кое се наоѓа 200 метри под земја!

    Катедрала на солта: Импресивно архитектонско чудо кое се наоѓа 200 метри под земја!

    Колумбиската катедрала на солта или Catedral de Sal, е неверојатно архитектонско ремек-дело и место кое не треба да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Колумбија.rnrnКатедрала на солта: Импресивно архитектонско чудо кое се наоѓа 200 метри под земја!rnrnОваа необична катедрала се наоѓа на 200 метри под земја во темни пештери и тунели. Тунелите биле изградени кога на ова место рударите ископувале сол, а оттука и ова архитектонско чудо го добило своето име.rnrnПрвично, рударите изградиле мало светилиште каде што ќе можат да се молат за безбедност и просперитет бидејќи ископувањето сол било опасно, а сегашната катедрала била изградена во 1995 година бидејќи првобитната била прогласена за небезбедна.rnrnНа влезот во тунелот се наоѓа статуата на Вирген де Гуаса (Богородица од Гуаса) која се смета за заштитничка на рударите. Ќе ја препознаете по малиот рудар кој стои пред нејзините нозе.rnrnТунелот е темен и е проследен со специфичен мирис, а кратка прошетка води до „станиците на крстот“ кои се состојат од 14 мали капели. „Станиците на крстот“ ги означува чекорите на Исус Христос кон неговото распнување.rnrnНа крајот од Станиците на Крстот, доаѓате до три кораби кои го прикажуваат раѓањето, животот и смртта на Исус. Секој кораб има прекрасни рачно изработени скулптури кои упатуваат на куполата на базиликата каде се наоѓа огромен крст осветлен со виолетови светла.rnrnИако е римокатоличка црква, оваа катедрала нема епископ и не е призната од црквата. Сепак, овде се одржува миса секоја недела, а понекогаш се користи како црква за свадби.rnrnОткако прочитавте за катедралата на солта во Колумбија, можеби ќе сакате да прочитате и дали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Дали Сицилија набргу ќе биде поврзана со мост со континентална Италија?

    Дали Сицилија набргу ќе биде поврзана со мост со континентална Италија?

    Изградбата на мост меѓу Сицилија и италијанското копно е планирана илјадници години, а сега конечно би можела да се реализира.rnrnДали Сицилија набргу ќе биде поврзана со мост со континентална Италија?rnrnИдејата за мост што ќе ја поврзува Сицилија со копното на Италија најверојатно први ја предложиле Римјаните. Дури и по времето на Римјаните, мостот меѓу Италија и Сицилија бил предложен уште многу пати. Мостот требаше да биде изграден во 2009 година, но тоа не се случи.rnrnКонтинентална Италија и Сицилија се одделени со Месинскиот теснец, кој го поврзува Јонското Море на југ со Тиренското Море на север. Во својата најтесна точка, теснецот е широк околу 3 километри, со пристанишниот град Месина на сицилијанската страна и калабрискиот град Вила Сан Џовани на копното.rnrnИзградбата на мостот беше најавена од новата италијанска премиерка Џорџа Мелони, која најави дека ќе побара помош од ЕУ за финансирање на проектот. Доколку се реализира, се очекува мостот да чини неколку милијарди евра, а кога ќе биде завршен ќе се протега во должина од 3,5 километри.rnrnПлановите сè уште се непотврдени, но ако мостот се изгради, тој ќе придонесе за поголема поврзаност на Сицилија со континентална Италија, вклучувајќи ја и можноста да се патува со воз. Во меѓувреме, можете да го посетите островот со авион или траект.rnrnОткако прочитавте за плановите за иградба на мост меѓу Сицилија и континентална Италија, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најубавите острови во Европа.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Камен град во Саудиска Арабија кој го споредуваат со Петра

    Камен град во Саудиска Арабија кој го споредуваат со Петра

    Мадаин Салих или градот на Салих е археолошки локалитет во северозападниот дел на Саудиска Арабија, „само“ четири часа оддалечен од Медина. Тоа е едно од најголемите богатства на Саудиска Арабија кое допрва ќе ја види светската слава.rnrnКамен град во Саудиска Арабија кој го споредуваат со ПетраrnrnНекои го нарекуваат Хегро, или „камено место“, а некои, пак, го нарекуваат втора Петра. Тука се зачувани монументални гробници врежани во карпите, а вкупниот број на гробници изнесува дури 2.000. Најголемите мавзолеи се ископани во карпи на четири ката. Меѓутоа, додека во Петра гробниците се ископани во масивни карпи, овде изгледаат како да изникнале сами по себе. Најголемата гробница е висока 16 метри и всушност никогаш не била завршена.rnrnЛокалитет е значаен и затоа што содржи најмногу остатоци од набатејската култура по, можете да погодите, Петра во Јордан. Набатејците владееле со оваа област околу 300 години додека не биле поразени од Римјаните.rnrnИако овој археолошки комплекс се наоѓа во пустинска област без знаци на живот, сепак тоа и не е баш така. Во областа има околу 130 бунари бидејќи всушност има одржливи извори на вода и почва погодни за земјоделство. Во првиот век п.н.е., местото било обраснато со зеленило и растенија, а Набатејците овде одгледувале добиток.rnrnБидејќи градот се наоѓал на раскрсницата на трговските патишта, каде што се среќавале различни култури, тоа се одразувало и во мотивите со кои биле украсени ѕидовите. Малку подобри познавачи ќе ги препознаат типичните стилски мотиви што ги користеле Асирците, Феникијците, Египќаните, Персијците, Римјаните и Грците. Ако ги погледнете врежаните цртежи и симболи на гробниците, лесно може да препознаете колку личноста која е погребана на тоа место била важна за тогашното општество, односно кој бил нејзиниот статус.rnrnДолго време луѓето се плашеле од овој град бидејќи во религиозните текстови бил опишан како место каде што Бог ги казнува луѓето за идолопоклонство. Поради ова некои го сметале за проколнат.rnrnМеѓутоа, со текот на времето, биле преземени мерки за негово отворање кон светот и туристичка промоција. Државата го заштитила со закон уште во 1972 година, а во 2008 година градот станал дел листата на светско наследство на УНЕСКО.rnrnДенес е веќе познат во светот, но ако се најдете тука, нема да видите други туристи. Има многу причини: од фактот дека не е многу лесно да се влезе во Саудиска Арабија како турист до веќе споменатото верување за озогласената природа на местото.rnrnОткако прочитавте за овој археолошки локалитет, можеби ќе сакате да прочитате и за ресорт во Саудиска Арабија кој им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небо.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • 3 атракции поради кои ќе сакате да ја посетите Норвешка!

    3 атракции поради кои ќе сакате да ја посетите Норвешка!

    Денес ве водиме на кратко патување во Норвешка, земјата на поларната светлина и фјордовите преку следните 3 атракции.rnrn3 атракции поради кои ќе сакате да ја посетите Норвешкаrn

    Фотогеничен камен кој е тешко достапен

    rnВо јужна Норвешка, во близина на селото Лисеботн , помеѓу две карпи, на надморска височина од речиси 1000 метри, се наоѓа каменот Кјерагболтен. Се претпоставува дека каменот се заглавил помеѓу овие две карпи уште од ледената доба, а денес е туристичка атракција која привлекува луѓе од целиот свет. Планината Кјераг, пак, каде се наоѓа овој камен, достигнува 1080 метри. Искачувањето трае од 3 до 5 часа, а не се препорачува искачување на дождливо време бидејќи камењата се лизгави.rnrn3 атракции поради кои ќе сакате да ја посетите Норвешкаrn

    Ловци на поларната светлина

    rnЛовците на екстремни поларни светлина ќе се упатат кон Свалбард, група острови во Баренцовото Море. Архипелагот Свалбард е најсеверниот дел на Кралството Норвешка и не нуди туристички атракции, но затоа се гордее со фактот дека е место со најубавите глетки на поларната светлина.rnrn3 атракции поради кои ќе сакате да ја посетите Норвешкаrn

    Градот во кој е забрането да се чува мачка и да се умре

    rnСимпатичниот град Лонгјарбиен се наоѓа на норвешкиот архипелааг Свалбард во Арктичкиот Океан. Иако звучи чудно, мачките се забранети во Свалбард, а тоа е од еколошки причини… Имено, за да се заштити локалната фауна, односно животот на локалните птици кои живеат во изолиран екосистем и кои и онака се малку, забрането е чување на овие миленици. Освен тоа, од 1950 година во ова гратче „не смее да се умре“, односно да се закопаат мртвите. Станува збор за закон кој бил донесен откако било откриено дека телата кои се закопани овде не се распаѓаат. Во арктички услови и екстремен студ, телата остануваат зачувани, па во телата на починатите е пронајден и вирусот на шпански грип. Телото во кое „живеел“ споменатиот вирус е закопано во 1918 година, а научниците го откриле случајот во 1998 година. Така, оние кои се многу болни се транспортираат во други градови за таму да ги поминат последните денови.rnrnОткако ги прочитавте овие занимливости за Норвешка, можеби ќе сакате да прочитате и за Лофотските Острови кои се убавината на Норвешка.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Мон Сен Мишел: Магичен остров до кој можете да стигнете пеш само за време на осеката!

    Мон Сен Мишел: Магичен остров до кој можете да стигнете пеш само за време на осеката!

    Едно од местата што е додадено на списокот на светско наследство на УНЕСКО уште во 1979 година е Мон Сен Мишел во Франција. Освен по својата убавина, местото е специфично и по нешто друго. Имено, овде можете да ги забележите најголемите разлики во нивото на морето за време на плимата и осеката кои достигнуваат и до 15 метри.rnrnМон Сен Мишел: Магичен остров до кој можете да стигнете пеш само за време на осеката!rnrnИако ова е интересен феномен, сепак може да биде опасен. Доколку се најдете на пат кон островот за време на осеката, песокот е влажен и можете да потонете во него како во жива кал, а со плимата, која брзо навлегува, дури и да се удавите.rnrnОсвен тоа, морето може да се повлече и до 15 километри во пролетните месеци, така што се чини дека ова место е дел од копното, додека за време на плимата се претвора во остров опкружен со море.rnrnВисоко на островот се наоѓа манастир и средновековен замок изграден околу него до кои водат 900 скалила. Овде живеат помалку од 50 жители, а замокот го посетуваат три милиони туристи годишно.rnrnВиктор Иго еднаш изјавил дека Мон Сен Мишел за Франција е исто што и пирамидите се за Египет.rnrnОткако прочитавте за оваа туристичка дестинација во Франција, можеби ќе сакате да прочитате и за прекрасниот град на југот на Франција што ги збунува туристите.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Жителите на овој либиски град на генијален начин се справуваат со суровата пустинска клима!

    Жителите на овој либиски град на генијален начин се справуваат со суровата пустинска клима!

    По часови и часови возење низ пустинскиот пејзаж, високите бели ѕидини на градот Гадамес или Гадамис, опкружени со палми, може да изгледаат како халуцинација. „Пустинскиот бисер“, како што се нарекува градот во оазата на западот на Либија, се наоѓа на околу 550 километри југозападно од Триполи, на самата граница со Алжир и Тунис. Тука живеат околу седум илјади жители, главно Бербери. Во 1986 година, УНЕСКО го внесе Гадамес на листата на светско наследство во Африка како еден од најстарите градови во Сахара, а во 2016 година како одличен пример за населба со традиционална архитектура.rnrnЖителите на овој либиски град на генијален начин се справуваат со суровата пустинска клима!rnrnГадамес е вклучен во листата на загрозени места на светско наследство поради граѓанската војна во Либија, присуството на вооружени групи, како и штетата што ја претрпе градот за време на војната.rnrnИмето Гадамес е познато најмалку 2000 години, но структурата што ја има градот денес ја развиле Арапите во 7 век. Совршено дизајниран за борба против пустинските ветрови и суровата клима на северна Сахара, Гадамес е одличен пример за самоодржливост.rnrnСо температури кои достигнуваат 55 степени целзиусови во летото и кои се симнуваат под нулата во зима, условите за живеење не се идеални, но жителите сфатиле како да го направат животот поудобен. Лавиринтите од покриени премини направени од специјално дизајнирани ѕидови ја спуштаат температурата на 20 целзиусови степени. Заоблените премини помагаат и против напливот на пустински песок кога дуваат силни ветрови.rnrnЖителите на овој либиски град на генијален начин се справуваат со суровата пустинска клима!rnrnВо минатото, ѕидовите биле градени од мешавина од глина, песок и слама и заштитени со варовник. Во текот на денот, ѕидовите штитат од сончевите зраци, а ноќе ја ослободуваат топлината назад. До наредното утро тие се доволно ладни за повторно да ги заштитат жителите од горештините. Со вешто користење на достапните градежни материјали, жителите сфатиле како да се чувствуваат што е можно поудобно со што помалку ресурси, а во пустината тоа значи удобна температура без клима или греење кога температурите паѓаат.rnrnДенеска нема постојани жители во стариот дел на Гадамес, но во текот на летото ги привлекува жителите од бетонските станбени блокови на новиот дел на градот, како и другите посетители кои доаѓаат да ги видат џамиите и чајџилниците и да уживаат во пријатната температура.rnrnОткако прочитавте за овој град, можеби ќе сакате да прочитате и за пештерата Џара: Едно од најмагичните места во египетската пустина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Син бисер: Езеро кое зазема дури една шестина од територијата на државата во која се наоѓа!

    Син бисер: Езеро кое зазема дури една шестина од територијата на државата во која се наоѓа!

    Дали некогаш сте слушнале за „синиот бисер на Ерменија“? Станува збор за езерото Севан кое е едно од најголемите езера во Евроазија, со површина од 5.000 квадратни километри или една шестина од територијата на Ерменија. Се „храни“ со дури 28 реки и извори, а самото езеро ја снабдува целата земја со 90 проценти од вкупниот рибен улов.rnrnСин бисер: Езеро кое зазема дури една шестина од територијата на државата во која се наоѓа!rnrnПоради својата големина, самото езеро е прогласено за национално богатство на земјата, скапоцен камен и едно од трите големи „мориња“ на историска Ерменија.rnrnЕдна од најубавите и секако најфотографираните атракции е средновековниот манастир Севанаванк од 9 век кој се наоѓа во близина на езерото. Сместен на врвот на мал рид, манастирот нуди прекрасна глетка кон езерото, но и кон околните планини. Овде се наоѓа уште еден познат манастир, Хајраванк.rnrnСин бисер: Езеро кое зазема дури една шестина од територијата на државата во која се наоѓа!rnrnБидејќи овие места се преполни со туристи, особено во средината на сезоната, доколку сакате да ги избегнете гужвите, ве советуваме да отидете на помирната страна на Севанското Езеро. На пример, на Wishup Shote, каде што има ресторан и кафуле, но атмосферата е многу порелаксирана, а овде можете да изнајмите и колиби за ноќевање.rnrnСекако, најпопуларните активности на Севанското Езеро се активностите на вода: пливање, сурфање, сончање, пловење… И на крајот од сето тоа, опуштете се со добар ручек и локална пастрмка која можете да ја пробате во безброј варијанти: пржена, на скара, варена…rnrnНајдобро време за посета на езерото е летото. Бидејќи ова место се наоѓа на голема надморска височина, летата овде се пријатни и свежи.rnrnОткако прочитавте за езерото Севан во Ерменија, можеби ќе сакате да прочитате и за најстарото езеро во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Планинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!

    Планинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!

    Ширакава е традиционално село сместено на јапонските Алпи кое е популарно ширум светот поради идиличната атмосфера што ја создаваат куќите со нивната специфична архитектура. Скриено меѓу високите планини и густите шуми во централна Јапонија, освен по прекрасната природа, селото се карактеризира и со традиционални куќи. Ги нарекуваат gassho-zukuri и за нив се карактеристични сламените покриви кои наликуваат на раце склопени во молитва.rnrnПланинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!rnrnКуќите создаваат романтична атмосфера во зима кога се покриени со снег, но исто така и во пролет кога цутат црешовите дрвја.rnrnВо раните 1990-ти, ова бајковито село кое е сместено во префектурата Гифу било вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО, што довело до зголемување на бројот на туристи. Малата рурална заедница со 1.600 жители годишно броела околу 2,15 милиони туристи од целиот свет.rnrnПланинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!rnrnМеѓутоа, во 2019 година, властите одлучија да ги ограничат посетите со воведување листа на чекање за туристи, а следната година Ширакава повторно го разбуди интересот кога се најде на холандската листа на најодржливи дестинации во светот.rnrnОсвен што живеат во хармонија со природата и избегнуваат масовен туризам, овдешните жители строго се придржуваат до мерките за заштита од пожар. Меѓу другото, овде е забрането пушењето со цел да се спречат пожари. Од почетокот на 2021 година, општинските власти, вклучително и префектурата на Гифу, преземаат строги мерки за заштита на локалното население и од пандемијата, па на туристите им се препорачува да се запознаат со забраните и правилата пред да го посетат селото.rnrnОткако прочитавте за ова преубаво јапонско село, можеби ќе сакате да прочитате и за најголемото село на вода, познато уште како и Венеција на истокот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Бисер на Ориентот: Замок кој не смеете да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Турција!

    Бисер на Ориентот: Замок кој не смеете да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Турција!

    Аланија е еден од најубавите градови на јужниот брег на Турција. Јужно од градот се наоѓа истоимениот замок кој е изграден во 13 век и е едно од најпознатите туристички места во градот.rnrnБисер на Ориентот: Замок кој не смеете да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Турција!rnrnЗамокот бил изграден во 1221 година од страна на султанот Аладин Кејкубат, кој го освоил градот и повторно го изградил. Замокот се карактеризира со 83 кули и 140 бастиони. Речиси 400 цистерни за вода биле изградени за да се задоволат потребите за вода на градот, кој во средновековниот период бил опкружен со ѕидините на замокот. Некои од цистерните се во употреба и денес.rnrnЗамокот бил изграден на остатоци од антички утврдувања од византискиот и римскиот период. Се издига на 250 метри над морето, на врвот на карпест полуостров и е опколен од три страни со Средоземното Море.rnrnБисер на Ориентот: Замок кој не смеете да го пропуштите доколку сакате да ја посетите Турција!rnrnİçkale (внатрешен замок) е музеј на отворено на врвот на полуостровот. Во внатрешниот замок се наоѓаат византиски, селџучки и отомански артефакти. Селџучкиот султан Алаедин Кејкубад ја изградил својата палата овде. Откако областа под Отоманската империја станала целосно мирна, замокот ја изгубил својата одбранбена функција и во 19 век овде биле изградени многубројни куќи. Денеска во замокот има населба.rnrnВизантиската црква е едно од најдобро сочуваните дела во комплексот до денес. Таа се користела како мала џамија во периодот на Селџуците. Зад црквата се протега преубава панорама на градот па затоа на туристите им се препорачува да го посетат замокот на зајдисонце и на ова место да уживаат во неверојатната глетка.rnrnОткако прочитавте за овој турски замок, можеби ќе сакате да прочитате и за првата палата во Турција која била изградена во европски стил.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr