КАФЕ ПАУЗА

Category: Кафе на денот

  • 5 необични работи што луѓето ги додаваат во кафето

    5 необични работи што луѓето ги додаваат во кафето

    Кафето на многумина им е задоволство што не би го замениле за ништо, па затоа не е изненадувачки што многумина од нас не можат да замислат ден без обожаваниот ароматичен пијалак. Но, тука е и таа група на луѓе кои постојано копнеат по нови вкусни авантури. Исто како класиците, тие ги збогатуваат своите утра со кафе, но додаваат необични работи на кои многумина не би се ни сетиле. Погледнете кои состојки ќе му дадат нов вкус на вашето кафе.rnrn5 необични работи што луѓето ги додаваат во кафетоrn

    Масло од кокос

    rnИако изгледа како необична комбинација, всушност е одлична за будење, а исто така мириса прекрасно. Освен што на многумина им дава непроценлив вкус, љубителите на тропската храна сигурно уживаат во оваа варијанта. Иако 100 грама кокосово масло има исклучително висока калорична содржина, можеме да го пиеме ова кафе без страв дека нема да можеме да влеземе во омилените фармерки, бидејќи го забрзува метаболизмот.rn

    Путер

    rnАко сакате да ги следите трендовите, тогаш веројатно веќе сте ја пробале оваа релативно нова верзија на кафе. Ако не сте, не грижете се затоа што сè уште имате време. Најчесто се подготвува во комбинација со кокосово масло и богато е со масти и витамини А, што има корисен ефект врз вашиот изглед и имунитет. Истражувањата покажуваат дека поради количината на маснотии во него, тој го намалува апетитот, а која жена не сонува за тоа?rn

    Белка од јајце

    rnКафето и јајцата наутро се класична комбинација за појадок, но ќе ве изненади фактот што поединци ставаат јајца во кафето. Добро, не целото јајце, само белката. Иако оваа информација е доволна за нашиот стомак да започне да се врти како да е воден од центрифугална сила, многумина се колнат во оваа комбинација. Интернетот го опишува како виетнамски специјалитет или течно тирамису, но оваа форма не нè привлекува ни најмалку. Благодарам, но не благодарам!rn

    Зрна сол

    rnАко некогаш сте пробале чоколадо со зрна сол и сте биле воодушевени, големи се шансите да станете љубител и за оваа комбинација. Оваа варијанта не е очигледен избор, но му дава на кафето сосема нов вкус. Солта се става во кафето, а потоа се додава топла вода или млеко за да се раствори солта. Авантуристите ќе бидат воодушевени, додека остатокот ќе остане верен на класичните засладувачи.rn

    Овесни снегулки

    rnКафето и овесот се синоним за вашиот појадок, но дали сте размислувале да се препуштите на едно уникатно искуство со појадок што ќе го направите претходната ноќ со мешање на овие две состојки? Со овој појадок ќе се почестите со кофеинско патување кое сигурно нема да го заборавите.rnrnМожеби ќе сакате да го пробате овој рецепт за ледено кафе со путер.

  • Рецепт за ледено кафе со путер

    Рецепт за ледено кафе со путер

    Започнете го викендот со ова вкусно кафе со путер кое можете да го споделите со најблиските и да уживате заедно во прекрасниот вкус!rnrnРецепт за ледено кафе со путерrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 лажици инстант кафе или еспресо
    • rn 011

    • 180 милилитри вода
    • rn 011

    • 1 лажица путер
    • rn 011

    • 1 до 2 лажички ги путер (по избор)
    • rn 011

    • половина лажичка екстракт од ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Сварете го кафето, а потоа во кафето додадете го путерот, ги путерот, екстрактот од ванила и мешајте со рачен блендер додека не стане пенливо.
    2. rn 011

    3. Додадете коцки мраз по избор.
    4. rn

    rnМожеби ќе сакате да го пробате и ова лате со тиква и урми.

  • Време е за кафе: Рецепт за мароканско зачинето кафе

    Време е за кафе: Рецепт за мароканско зачинето кафе

    Секогаш е добра идеја да ја завршите работната недела со вкусно кафе. Ова мароканско зачинето кафе додава уникатен и зачинет удар во вашата дневна шолја кафе, па затоа пробајте го веднаш!rnrnВреме е за кафе: Рецепт за мароканско зачинето кафеrn

    Потребни состојки:

    rnЗа кафето:rn

      rn 011

    • 6 лажици инстант/мелено кафе
    • rn 011

    • 1/2 лажичка цимет во прав
    • rn 011

    • 1/4 лажиќка ѓумбир во прав
    • rn 011

    • 1/8 кардамон во прав
    • rn 011

    • 1/8 индиско оревче во прав
    • rn

    rnЗа кремот:rn

      rn 011

    • 120 милилитри млеко од кокос
    • rn 011

    • 120 милилитри млеко од бадем
    • rn 011

    • 1/2 лажичка цимет во прав
    • rn 011

    • 3 лажици шеќер по избор
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnКомбинирајте ги сите состојки за кафето во една тегла и оставете ги една ноќ. Ова им овозможува на зачините да се измешаат подобро со кафето.rnrnСледното утро сварете го кафето како што го правите секој ден. Ќе имате кафе за околу 6 до 8 шолји.rnrnЗа кремот, додадете кокосово млеко, бадемово млеко и цимет во мало тенџере на средна топлина и оставете да зоврие. Оставете го да врие 10 минути. Тргнете го и додадете шеќер. Да се чува во херметички затворен сад во фрижидер преку ноќ.rnrnНаправете здраво кафе според рецептот на еден гастроентеролог.

  • Кафе на денот: Лате со тиква и урми

    Кафе на денот: Лате со тиква и урми

    Официјално е сезона на тиквите насекаде. Ако ја комбинирате сварената тиква со умри, дали знаевте дека можете да го направите највкусното лате?rnrnКафе на денот: Лате со тиква и урмиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 250 милилитри кафе (еспресо или инстант кафе)
    • rn 011

    • 1 ½ лажица пире од тиква
    • rn 011

    • 1 лажица путер од кашу или 125 милилитри млеко
    • rn 011

    • 3-4 урми (1-2 лажици мед, јаворов сируп или кокосов шеќер)
    • rn 011

    • цимет, ѓумбир на прав, каранфилче, морско оревче по вкус
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Додадете ги сите сосотојки во блендер или рачен миксер.
    2. rn 011

    3. Украсете со шлаг и цимет.
    4. rn

    rnПогледнете го овој рецепт за неодолив пудинг со кафе крем.

  • Појадок што ќе ве разбуди и засити: Рецепт за неодолив пудинг со кафе крем

    Појадок што ќе ве разбуди и засити: Рецепт за неодолив пудинг со кафе крем

    Далгона, кремаста сензација од само три состојки: инстант кафе, шеќер и вода, беше еден од најголемите хитови за време на карантинот, а готвачите ширум светот започнаа да го комбинираат „новото откритие“ со најразлични задоволства. Една од нив е овој здрав и кремаст пудинг од чиа што може да ве одржи сити до пладне.rnrnПојадок што ќе ве разбуди и засити: Рецепт за неодолив пудинг со кафе кремrnrnЕдна од тајните на кремастиот пудинг е замрзната банана. Ден пред подготовката, исечете ја бананата на парчиња и замрзне. Следниот ден користете добар блендер или процесор за храна и ќе добиете кремасто совршенство – многу покремасто отколку со користење свежи банани.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 3 лажици подготвен кафе крем (далгона)
    • rn 011

    • 2 лажици семе од чиа
    • rn 011

    • 60 милилитри топла вода
    • rn 011

    • 60 милилитри млеко
    • rn 011

    • 1 лажица рендано црно чоколадо
    • rn 011

    • 1/2 лажичка цимет
    • rn 011

    • 1 голема зрела банана
    • rn 011

    • 1 лажица овесна каша
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Исечете ја бананата ден претходно и замрзнете ја. Следниот ден, истурете ги семето чиа во топла вода и повремено мешајте, а потоа прелијте го со млекото и оставете го настрана.
    2. rn 011

    3. Со блендер измешајте ја смесата од семето чиа со бананата и овесната каша. Можете исто така да додадете мед, сируп од агаве или кафеав шеќер по желба.
    4. rn 011

    5. На дното на садот за сервирање ставете го ренданото чоколадо, а потоа прелијте го со пудингот и украсете со кафе крем. Добар апетит!
    6. rn

    rnПогледнете го и рецептот за далгона кафе.

  • Што се случува во организмот по 10, 20, 30 и 360 минути откако ќе се напиете кафе?

    Што се случува во организмот по 10, 20, 30 и 360 минути откако ќе се напиете кафе?

    За кафето има толку многу спротивставени мислења што е невозможно да се избројат. Некои тврдат дека е многу корисно, други дека е штетно. Она што е факт е дека кафето го зголемува нивото на адреналин, што доведува до побрз проток на крв низ телото и зголемување на бројот на отчукувања на срцето. Но, тоа е само почеток…rnrnШто се случува во организмот по 10, 20, 30 и 360 минути откако ќе се напиете кафе?rnrnИсто така, кафето спречува допаминот повторно да се апсорбира во вашиот систем, поради што останува подолго во мозокот, а тоа доведува да се чувствувате позитивно и да бидете посреќни подолго време. А, задржувањето на допаминот е она што го тера мозокот да бара повеќе кофеин.rnrnПогледнете какви промени се случуваат во вашето тело во првите 6 часа по пиењето кафе:rn

    Во првите 10 минути

    rnКофеинот влегува во крвотокот и се шири низ целото тело, предизвикувајќи зголемување на крвниот притисок и на отчукувањата на срцето.rn

    До 20 минути

    rnКофеинот се врзува за рецепторите на аденозин и го неутрализира заморот. Нивото на допамин се зголемува, што создава чувство на будност и фокусираност.rn

    До 30 минути

    rnНадбубрежните жлезди почнуваат да лачат повеќе хормони, а во овој период се шират зениците и видот може да стане поостар.rn

    До 40 минути

    rnТелото почнува да произведува повеќе серотонин, што ја подобрува работата на нервите во внатрешноста на ‘рбетниот мозок, а тоа доведува до подобрена координација и зголемена мускулна сила.rn

    По 4 часа

    rnСе забрзува метаболизмот и затоа согорувате енергија побрзо. Во овој период, телото почнува да ги разградува маснотиите.rn

    По 6 часа

    rnТечното кафе поминало низ вашиот организам и најверојатно ќе треба да уринирате. А дотогаш, околу половина од кофеинот што сте го консумирале ќе излезе од вашето тело.rnrnПрочитајте што се случува кога ќе испиете кафе на празен стомак.

  • Откријте кои се најдобрите домашни миленичиња за вашето дете

    Откријте кои се најдобрите домашни миленичиња за вашето дете

    Да се биде сопственик на домашно милениче може да биде наградувачко искуство за дете, а добро избрано домашно милениче може да донесе и години радост. Може да биде идеална можност децата да научат важни животни лекции додека се грижат за живо суштество. Домашните миленици ќе ги научат децата на одговорност.rn

    Хрчаци и заморчиња

    rnХрчаци и заморчињата лесно се чуваат. Повеќето можат да живеат во релативно мал простор, и тоа е прилично едноставно. Бидете внимателн да не го гризнат вашето дете, бидејќи тие обично се многу исплашени кога првпат ќе дојдат во вашиот дом, особено хрчаците.rnrnОткријте кои се најдобрите домашни миленичиња за вашето детеrn

    Риби

    rnРибите можат да бидат совршено милениче за вашето дете. Купете риба во специјализирана продавница за да можат вработените да ви објаснат во каков аквариум треба да ја чувате рибата, на која температура и колку често треба да ја храните.rn

    Желки

    rnРуските желки, тревојади можат да живеат повеќе од 50 години. Но, треба да се има предвид дека Американската академија за педијатрија предупредува дека желките лесно можат да пренесат салмонела. Затоа, пред да купите желка, мора да ги истражите условите за грижа за вашето домашно милениче.rn

    Птици

    rnПтиците можат да бидат одлични миленичиња. Иако да се поседува птица е повеќе барано отколку желките или рибите, на сите птици им е потребно секојдневно внимание.rn

    Мачки

    rnМачките се омилените миленичиња. На мачките им треба малку помалку грижа и внимание од кучињата, но тие исто така бараат редовни ветеринарни прегледи и имунизации.rn

    Кучиња

    rnКучињата се најкласичниот избор на домашно милениче. Но, некои кучиња може да бидат несоодветни за децата. Пред да го донесете вашето куче дома, проверете дали вашето куче е добро социјализирано.rnrnПрочитајте зошто не треба да ги учите децата да споделуваат додека сè уште се мали?

  • Есенско кафе со тиква: Новиот пијалак што ќе сакате да го пиете цела сезона

    Есенско кафе со тиква: Новиот пијалак што ќе сакате да го пиете цела сезона

    Далгона кафето беше многу популарно претходните месеци, а можевте да го пробате и со различни вкусови. Како што доаѓа есента, така стануваат популарни и некои други рецепти кои љубителите на кафе и есен ги обожаваат. Денес решивме да ви споделиме еден рецепт за кафе со вкус на тиква кој е новиот пијалак што ќе сакате да го пиете цела сезона.rnrnЕсенско кафе со тиква: Новиот пијалак што ќе сакате да го пиете цела сезонаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 лажици инстант кафе или еспресо
    • rn 011

    • 2 лажици шеќер
    • rn 011

    • 1/4 лажичка измешани зачини: цимет, ѓумбир, морско оревче, каранфилче, бибер.
    • rn 011

    • 1 лажица варена тиква
    • rn 011

    • 2 лажици топла вода
    • rn 011

    • млеко по избор и вкус
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Во еден сад додајте ја топлата вода, кафето, шеќерот и зачините и со рачен миксер, миксирајте ја смесата 3 до 4 минути. Треба да има пенеста текстура.
    2. rn 011

    3. Потоа додајте ја тиквата и миксирајте додека не се соедини.
    4. rn 011

    5. Наполнете една чаша со мраз и млеко по избор и вкус. Додајте ја смесата со тиква и уживајте во есенскиот вкус на вашето кафе.
    6. rn

    rnМожеби ќе сакате да го пробате и овој леден десерт со кафе за секој дел од денот.

  • Направете здраво кафе според рецептот на еден гастроентеролог

    Направете здраво кафе според рецептот на еден гастроентеролог

    Кафето може да биде исклучително здраво за вашето тело. Неодамнешни истражувања покажале дека кафето кое содржи антиоксиданти го забрзува метаболизмот и го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Ver esta publicación en Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    Una publicación compartida de Will Bulsiewicz MD MSCI (Dr B) (@theguthealthmd) el

    rnrn

    rnrnrnИ покрај тоа, знаеме дека кафето може да има и лоши ефекти, но еден гастроентеролог решил да сподели еден рецепт за здраво кафе кое има корисен ефект врз човечкото здравје. Тој вели дека покрај антиоксидантите, кафето содржи полифеноли кои се исклучително добри за цревата. Во своето кафе тој додава три зачини кои дополнително го зајакнуваат неговиот утрински пијалак – куркума, цимет и ѓумбир, а можете да додадете и млеко.rnrnЃумбирот е полн со минерали и витамини и е одличен за варењето на храната. Некои истражувања покажале дека консумирањето ѓумбир може да го подобри согорувањето на калории и да го намали чувството на глад.rnrnЦиметот содржи антиоксиданти кои се одлични во борбата против дијабетес. Циметот е одлична замена за шеќерот затоа што му дава на кафето сладок вкус.rnrnКуркумата е исклучително добра за здравјето на луѓето. Лековитите својства кои ги има можат да ја обноват мукозната мембрана на дебелото црево и е многу добар природен лек против гастритис, чиреви, депресија, деменција и многу други заболувања.rnrnМожеби ќе сакате да го пробате и овој енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе.

  • Рецепт со кафе: Леден десерт за секој дел од денот

    Рецепт со кафе: Леден десерт за секој дел од денот

    Ако барате брз и вкусен леден десерт, има многу десерти кои можат да се направат со малку состојки. Таков е и овој леден рецепт со кафе!rnrnНајдобриот дел од овој рецепт е што е многу лесен за подготовка, а потребни ви се само 10 минути. Погледнете го рецептот во продолжение.rnrnРецепт со кафе: Леден десерт за секој дел од денотrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 250 милилитри топло кафе (инстант или еспресо)
    • rn 011

    • 40 милилитри топло чоколадо
    • rn 011

    • Шлаг
    • rn 011

    • Прелив од чоколадо
    • rn 011

    • Сладолед
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn

      rn 011

    1. Во една чаша или сад измешајте ги топлото кафе и топлото чоколадо.
    2. rn 011

    3. Во друга чаша ставете сладолед колку што сакате, а потоа истурете ја топлата мешавина од кафе и чоколадо.
    4. rn 011

    5. Украсете со шлаг и прелив од чоколадо.
    6. rn

    rnМожеби ќе сакате да го пробате и овој енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе.