Младиот македонски диџеј Анастас во трка за настап на еден од најголемите музички фестивали во Европа

Сподели

Македонската електронска сцена има нова причина за гордост. Младиот диџеј и продуцент Анастас од Скопје е избран да биде дел од престижната интернационална програма „Untold Creators by Visa“, организирана од светски познатиот фестивал UNTOLD, кој секоја година се одржува во Клуж-Напока, во срцето на Трансилванија, Романија.

Реклама

Во конкуренција од дури 11.366 апликации од целиот свет, Анастас е еден од само 25-те избрани диџеи кои добија можност да учествуваат во оваа програма. Оваа година е особено значајна бидејќи првпат UNTOLD отвора простор и за интернационални артисти надвор од Романија, што го прави успехот на македонскиот артист уште поголем.

Во рамки на програмата, избраните учесници имаа можност да работат, да учат и да се усовршуваат со светски познати продуценти и ментори од електронската музичка сцена. Како финален дел од програмата, секој од нив сними авторски DJ сет, а во моментов е отворено официјалното гласање за најдобар сет.

Реклама

За Анастас може да се гласа на следниот линк:
http://bit.ly/4u0w9bD

Поддршката од публиката е особено важна, бидејќи четворица од учесниците ќе добијат можност да настапат на фестивалските стејџови на UNTOLD, додека еден од нив ќе настапи на главната сцена – пред десетици илјади посетители. На истата сцена годинава се очекуваат и големи светски имиња како Sting, Martin Garrix, Kygo, Afrojack, Lost Frequencies и многу други.

 

Реклама

Анастас е 26-годишен DJ и продуцент од Скопје, чие име сè почесто се појавува на домашната и регионалната електронска сцена. Во изминатиот период настапувал заедно со имиња како Argy, Hugel и Andrew Meller, а бил и резидент DJ во „Станица 26“, заедно со Галоски.

Неговиот музички стил комбинира melodic house, органски елементи и современа електронска продукција, создавајќи звук кој е истовремено емотивен, модерен и препознатлив. Неговата музика веќе е издадена за познати електронски лејбли како Cafe De Anatolia и Garden of Dreams, што е уште еден доказ дека неговиот талент полека, но сигурно го наоѓа својот пат и надвор од границите на Македонија.

UNTOLD Festival важи за еден од најголемите и највлијателни музички фестивали во Европа. Секоја година привлекува стотици илјади посетители од повеќе од 100 земји и носи настапи од најголемите светски диџеи, музички ѕвезди и live артисти. Фестивалот е препознатлив по спектакуларната продукција, магичната сценографија и уникатната атмосфера која го претвора Клуж-Напока во вистински музички центар.

Ова е ретка и значајна можност млад македонски артист да ја претставува земјата на една од најголемите музички сцени во светот. Токму затоа, секој глас може да направи огромна разлика.

Да му помогнеме на Анастас да стигне до сцената на UNTOLD и да ја претстави Македонија пред светската публика.

 

Најново

Може ќе ве интересира