Некои денови се премногу топли за да пиете топло кафе. Особено е тешко, кога не можете да отидете во најблиското кафуле за да се освежите со ладно кафе или фрапучино направено како што треба. Верувале или не, можете да ги победите топлите денови и да ја добиете дневната доза кофеин дома. Тоа не значи растворање на инстант кафе во ладна вода!rnrnОвие освежувачки пијалаци ќе ве вратат во живот и ќе ви помогнат да ги победите горештините.rn
Ладно кафе со лимон
rnИзлупете барем половина лимон и исечете го на тенки ленти. За да не ви биде горчлив пијалокот, избегнете го белиот дел од кората. Измешајте ги насечените ленти со 3 до 4 лажици јаворов сируп и оставете да се олади преку ноќ. Следниот ден, ставете го сирупот во чаша и додадете свежо исцеден сок од лимон и коцки мраз. Прелијте со сирупот, а пред да служите додајте кафе. Украсете со кора од лимон или додајте парче лимон во пијалокот. Ако сакате можете да користите портокал наместо лимон.rnrn
rn
Кори Кохи
rnЗа да го направите овој пијалак, треба прво да подготвите кафе и да го замрзнете преку ноќ. Следниот ден искршете го замрзнатото кафе (или замрзнете го во форми за коцки мраз) и додадете го во врело млеко. Кога замрзнатото кафе ќе се стопи, ќе имате вкусно лате. Додајте шеќер или мед и уживајте.rnrn
rn
Ладно кафе со газиран сок од ѓумбир
rnОвој рецепт вклучува 1 дел кафе и 2 дела газиран сок од ѓумбир. Ако не можете да најдете газиран сок од ѓумбир, можете да го замените со сок од лимон или спрајт.rnrnЗа да го направите овој пијалак, ставете кафе во чаша полна со избраниот сок и мраз. Украсете со нане или парче лимон.rnrn
rnrnМожеби ќе сакате да го пробате и овој енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе.