КАФЕ ПАУЗА

Мартинијан Кириловски ја запроси Лара во Рим: „Од денес официјално моја“ (ВИДЕО)

Македонскиот пејач Мартинијан Кириловски има прекрасен повод за славење – тој ја запроси својата девојка Лара Денковиќ за време на романтично патување во Рим.rnrnВечниот град, кој важи за една од најромантичните дестинации во светот, овојпат стана место каде што нивната љубовна приказна доби ново поглавје.rnrnrnrnМартинијан ја сподели убавата вест на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од запросувањето и вереничкиот прстен, а во описот напиша:rnrn„Од денес официјално моја!“rnrnНеговата објава веднаш предизвика бројни реакции и честитки од пријатели, колеги и обожаватели, кои им посакаа многу љубов, среќа и заеднички убави моменти.rnrnПо запросувањето, Мартинијан и Лара продолжија да уживаат во убавините на италијанската престолнина, прошетувајќи низ историските улици и знаменитости на Рим.rnrnrnrnrnrnЧеститки за идните младенци oд редакцијата на кафе пауза!