Иако е познат позитивниот ефект на кафето врз нашиот организам, прекумерното консумирање кофеин може да има негативни последици.rnrn
rnrnПокрај бројните студии кои укажуваат на бројни придобивки од кафето за нашето здравје, количеството кафе кое го надминува нормалното може да предизвика негативни реакции на телото. Сепак, иако е тешко да се препознаат знаците кои ни кажуваат дека пиеме прекумерни количини од овој омилен пијалак, еве неколку симптоми:rn
Чувство на вознемиреност
rnКако што објаснуваат диететичарите, ако често чувствуваме анксиозност и вознемиреност без посебна причина, тоа најверојатно се должи на кафето. Истражувањето спроведено на оваа тема покажало дека луѓето кои пијат премногу кафе се чувствуваат вознемирени во текот на денот бидејќи кофеинот ја зголемува енергијата, а со тоа и хормонот на стресот.rn
Болки во стомакот
rnИако кафето може да биде сигурен пријател на варењето, со консумирање прекумерни количини се зголемува ризикот од појава на дигестивни нарушувања како болка, гасови или непријатни грчеви во стомакот. Научниците неодамна откриле дека одредени соединенија во кафето го стимулираат производството на стомачна киселина во клетките на желудникот, што може негативно да влијае врз процесот на варење.rn
Проблеми со спиењето
rnЛошиот сон и несоницата може да се поврзат со бројни здравствени проблеми, но причината може да биде и претераното консумирање кафе. Познат факт е дека кофеинот останува во нашето тело дури пет часа по консумирањето кафе, а тоа може значително да влијае врз квалитетот на сонот.rnrnОткако прочитавте кои знаци укажуваат на прекумерното консумирање кафе, можеби ќе сакате да прочитате и како консумирањето кафе може да му влијае на организмот за време на летните горештини.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs
