КАФЕ ПАУЗА

Category: Храна и пијалаци

  • Вкусни и сочни: Рецепт за мафини со кајсии

    Вкусни и сочни: Рецепт за мафини со кајсии

    Доколку обожавате кајсии, зошто не го пробате нашиот денешен рецепт за вкусни и сочни мафини со кајсии? Прочитајте го во продолжение!rnrnВкусни и сочни: Рецепт за мафини со кајсииrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • 100 грама шеќер
    • rn 011

    • 80 милилитри масло
    • rn 011

    • 210 милилитри јогурт
    • rn 011

    • 300 грама брашно
    • rn 011

    • 1 кесичка прашок за пециво
    • rn 011

    • 300 грама кајсии
    • rn 011

    • шеќер во прав
    • rn 011

    • бадеми
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Во сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво. Измијте ги, исчистете ги и исечете ги на помали парчиња кајсиите. Најдобро е кајсиите да се средно меки, а не тврди и кисели. Оставете ги настрана.rnrn2. Во друг сад изматете ги јајцата со виљушка, додадете шеќер и убаво измешајте. Додадете масло, измешајте, па додадете јогурт и убаво измешајте. Во таа смеса додадете брашно измешано со прашок за пециво, па сè убаво промешајте.rnНа крај додадете ги сечканите кајсии.rnrn3. Во секоја дупка од калапот за мафини ставете хартиени корпи и во нив прелијте ја подготвената смеса и наросете сечкани бадеми. Печете во рерна загреана на 180 степени целзиусови сè додека не добијат убава кафена боја одозгора. Печените мафини оставете ги во калапот околу 5-10 минути, а потоа извадете ги. Пред сервирање посипете ги со шеќер во прав. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог за рецепт за мафини со кајсии, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за колач од кајсии.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Едноставен, но превкусен: Француски колач со јогурт

    Едноставен, но превкусен: Француски колач со јогурт

    Денес ви споделуваме француски рецепт за колач со јогурт кој е толку едноставен што е идеален избор за сите оние кои не сакаат да губат многу време во кујната, а за него ви се потребни само неколку состојки.rnrnЕдноставен, но превкусен: Француски колач со јогуртrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 125 милилитри полномасен јогурт
    • rn 011

    • 3 големи јајца
    • rn 011

    • 200 грама шеќер
    • rn 011

    • 180 грама брашно
    • rn 011

    • 2 лажички прашок за пециво
    • rn 011

    • 108 милилитри масло
    • rn 011

    • путер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Загрејте ја рерната на 175 степени целзиусови, а калапот за печење премачкајте го со путер.rnrn2. Измешајте го јогуртот, додадете ги јајцата и изматете ги состојките.rnrn3. Додадете шеќер и измешајте. Додадете брашно, прашок за пециво, масло и одново измешајте.rnrn4. Истурете ја смесата во подготвениот калап и печете 35-45 минути. Посипете со шеќер во прав. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за колач со пудинг и банани.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Рецепт за највкусниот домашен сладолед со чоколадо!

    Рецепт за највкусниот домашен сладолед со чоколадо!

    Сладоледот е идеалното освежување во текот на летото, а денес ви споделуваме домашен рецепт за сладолед со чоколадо за кој сме сигурни дека ќе му се допадне на целото семејство!rnrnРецепт за највкусниот домашен сладолед со чоколадо!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 150 грама шеќер
    • rn 011

    • 250 милилитри млеко
    • rn 011

    • 14 лажички сол
    • rn 011

    • 2 лажици какао во прав
    • rn 011

    • 3 жолчки
    • rn 011

    • 50 грама сечкана чоколада
    • rn 011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Измешајте ги шеќерот, млекото, солта и какаото и загрејте ја смесата во длабок сад на умерена температура со постојано мешање додека смесата не стане течна.rnrn2. Во сад ставете ги жолчките и изматете. Во жолчките ставете околу 125 милилитри од топлата смеса и изматете.rnrn3. Повторно загрејте ја смесата, додека не се згусне, но не ја оставајте да зоврие. Се трга од шпорет, се додава исечканата чоколада и се меша додека не се растопи чоколадото. Истурете ја смесата во сад и ставете ја во фрижидер додека не се излади. Потоа, префрлете го садот во замрзнувач. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и овој лесен рецепт за сладолед со вкус на ванила.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Нов тренд во исхраната: Зошто лененото семе станува сè популарно?

    Нов тренд во исхраната: Зошто лененото семе станува сè популарно?

    Додека семките од чиа се попопуларни за употреба во рецепти како овесна каша или дури и пудинг, ленените семиња се состојка на која треба да почнете да обрнувате внимание.rnrnНов тренд во исхраната: Зошто лененото семе станува сè популарно?rnrnБез разлика дали го купувате цело или го мелете, доволно е да додавате само една лажица ленено семе во вашето секојдневно мени за да ги почувствувате неговите придобивки.rnrnОд подобрување на варењето и намалување на ризикот од болести до подобрување на когнитивната функција, постојат многу начини на кои додавањето ленено семе во вашите рецепти може да помогне во подобрувањето на вашето целокупно здравје.rnrnСпоред експертите, овие семиња се користат уште од почетокот на цивилизацијата и оттогаш еволуирале во заедничка функционална прехранбена состојка – што значи дека тие можат да обезбедат придобивки за одредени функции или целокупното здравје на вашето тело.rn

    Тие се богати со омега-3 масни киселини

    rnЛененото семе е исклучително богато со алфа-линолеинска киселина, форма на омега-3 масни киселини кои се неопходни за здравјето на срцето, мозокот и зглобовите. Тие помагаат во намалување на воспалението, одржуваат здрав крвен притисок и може да го намалат ризикот од срцеви заболувања.rn

    Висока содржина на влакна

    rnЛененото семе е исклучително богато со диетални влакна. Влакната се важни за варењето бидејќи помагаат во одржување на редовните дигестивни функции и ја поддржуваат здравата цревна флора. Тие, исто, така можат да помогнат во регулирање на нивото на гликоза во крвта, намалување на холестеролот и одржувањето на здрава тежина.rn

    Природен извор на антиоксиданси

    rnЛененото семе е богато со антиоксиданси кои помагаат во заштитата на клетките од оксидативен стрес, кој е поврзан со развојот на многу болести, вклучувајќи срцеви заболувања, одредени видови на рак и невродегенеративни нарушувања.rn

    Тие можат да го намалат ризикот од одредени видови на рак

    rnИстражувањата покажале дека консумирањето ленено семе може да го намали ризикот од одредени видови на рак, како што се ракот на дојката, простатата и дебелото црево.rn

    Тие помагаат да се одржи здрава кожа и коса

    rnЛененото семе е богато со есенцијални масни киселини, витамин Е и други хранливи материи кои се корисни за здравјето на кожата и косата. Редовното консумирање ленено семе може да ја подобри хидратацијата на кожата, да го намали воспалението и да промовира здрав раст на косата.rnrnИстражувањата покажале дека консумирањето ленено семе може да помогне и во намалувањето на нивото на холестерол во крвта. Друга придобивка за срцето на лененото семе е тоа што може ефикасно да го намали крвниот притисок, што е важно за спречување на срцеви и мозочни удари.rn

    Како да користите ленено семе?

    rn

      rn 011

    • Додадете го во смуди
    • rn 011

    • Додадете го во овесната каша
    • rn 011

    • Посипете врз тост од авокадо
    • rn 011

    • Измешајте го со тесто за палачинки или вафли
    • rn 011

    • Користете го со прелив од јогурт
    • rn

    rnОткако прочитавте за придобивките од лененото семе, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за лековит напиток од ленено семе: Ги исфрла токсините, го топи целулитот, помага за чир и гастритис.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Рецепт за највкусното смуди со лубеница!

    Рецепт за највкусното смуди со лубеница!

    Слаткиот вкус на летото, доаѓа во форма на совршено смуди од лубеница со минимални калории. Прочитајте го нашиот рецепт во продолжение!rnrnРецепт за највкусното смуди со лубеница!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 4 или 5 парчиња лубеници исечени на коцки
    • rn 011

    • ½ чаша вода
    • rn 011

    • 2 лажици јаворов сируп
    • rn 011

    • исцеден лимон
    • rn 011

    • банана
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСите состојки ставете ги во блендер со ¼ шолја вода и измешајте, по потреба разредете со уште малку вода додека мешате. Истурете го сокот во чаша и украсете со замрзнати коцки лубеница или парчиња лимон.rnrnОткако го прочитавте денешниот рецепт за смуди со лубеница, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 3 рецепти за смуди за убава линија.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Рецепт за највкусната пита со вишни и пудинг од ванила

    Рецепт за највкусната пита со вишни и пудинг од ванила

    Денес ви споделуваме рецепт за кремаста пита со ванила и вишни, за која сме сигурни дека ќе му се допадне на целото семејство. Нејзиниот слатко-киселкаст вкус е вистинскиот погодок за летно уживање!rnrnРецепт за највкусната пита со вишни и пудинг од ванилаrn

    Потребни сoстојки:

    rn

      rn 011

    • 500 грама кори за пита
    • rn

    rn

    За прв фил:

    rn

      rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • 6 лажици шеќер
    • rn 011

    • 150 милилитри сончогледово масло
    • rn 011

    • 100-120 грама пченичен гриз
    • rn 011

    • 200 милилитри јогурт
    • rn 011

    • 1 кесичка прашок за пециво
    • rn

    rn

    За втор фил:

    rn

      rn 011

    • 1 литар млеко
    • rn 011

    • 9 лажици шеќер
    • rn 011

    • 3 кесички пудинг со вкус на ванила (или една од 120 грама)
    • rn 011

    • вишни (300 – 400 грама)
    • rn 011

    • шеќер во прав, за посипување
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Исчистете ги вишните, исцедете ја течноста што ја пуштаат и посипете со една лажица пченичен гриз. Сварете три пудинзи со вкус на ванила со млеко, според упатството на кесичката.rnrn2. Оставете го пудингот малку да се излади (не целосно), мешајќи повремено. Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките, додадете шеќер и матете уште неколку минути. Потоа, без да престанете со матењето, додадете ги жолчките една по една, постепено додавајте го маслото, па јогуртот и на крајот пченичниот гриз и прашокот за пециво. Добро измешајте ги сите состојки. Ова ќе биде филот за премачкување на кората.rnrn3. Пребројте ги корите и поделете ги. На работната површина ставете ја првата кора, врз неа нанесете 2-3 лажици од подготвениот фил, убаво премачкајте ја со помош на кујнска четка, а истата постапка повторете ја и со преостанатите кори, ставајќи ги една врз друга.rnrn4. На половина од последната кора нанесете четвртина од подготвениот пудинг, убаво премачкајте го, а потоа четвртина од црешите намачкајте ги рамномерно по пудингот врз кората, во една линија, со простор од околу 2 центиметри од работ на кората до вишните. Така вишните ќе бидат во средината на ролатот. Завиткајте го ролатот и ставете го во сад за печење намачкан со сончогледово масло. Постапката повторете ја со преостанатите ролати.rnrn5. Покријте ги ролатите со остатокот од филот и печете ги во рерна загреана на 175 степени целзиусови додека не поруменат. Исечкајте ја на парчиња испечената и изладена пита и посипете ја со шеќер во прав. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за домашен сок од вишни.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Вкусни и здрави: Рецепт за посни коцки од кокос

    Вкусни и здрави: Рецепт за посни коцки од кокос

    Можете ли да го замислите летото без кокос? Ако ви се допаѓа вкусот и мирисот на кокосот во комбинација со чоколадо, пробајте го овој рецепт за вегански и без глутен коцки од кокос.rnrnВкусни и здрави: Рецепт за посни коцки од кокосrn

    Потребни состојки:

    rn

    За темна кора:

    rn

      rn 011

    • 80 грама мелени ореви
    • rn 011

    • 80 грама мелена овесна каша
    • rn 011

    • 10 свежи урми
    • rn 011

    • 7-10 лажици вода
    • rn 011

    • 1 полна лажица какао
    • rn

    rn

    За светла кора:

    rn

      rn 011

    • 50 грама мелена овесна каша
    • rn 011

    • 25-30 грама кокосово брашно/рендан кокос
    • rn 011

    • 1 зрела банана
    • rn 011

    • малку вода
    • rn

    rn

    За глазура:

    rn

      rn 011

    • 30-40 грама чоколадо
    • rn 011

    • малку масло
    • rn 011

    • кокос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Оставете ги урмите да отстојат во топла вода околу 20 минути. Потоа исчистете ги, додадете 7 лажици вода и добро сомелете ги. Додадете ги јаткастите плодови, овесната каша и какаото, па соединете. По потреба додадете уште малку вода за да добиете компактна, но цврста смеса. Добиената смеса префрлете ја во сад со хартија за печење.rnrn2. За посветлата кора, измешајте ги овесната каша, бананата и кокосот во процесор за храна, додадете една лажичка вода (само додека не се соединат сите состојки) за да добиете кремаста текстура. Нанесете ја смесата врз темната кора. За глазурата растопете го чоколадото на пареа, со додавање на неколку капки масло. Прелијте го колачот со чоколадо, посипете со кокос и ставете го во фрижидер да отстои неколку часа. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и овој домашен рецепт за кокосово млеко.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Едноставен, но толку вкусен: Рецепт за џем од кајсии

    Едноставен, но толку вкусен: Рецепт за џем од кајсии

    Џемот од кајсија е идеален за правење колачи, а и најдобрите кифлички се прават со него. Ние пронајдовме рецепт за џем кој ќе ве врати во детството.rnrnЕдноставен, но толку вкусен: Рецепт за џем од кајсииrnrnБез разлика дали ќе одлучите да направите џем или мармалад, важно е да изберете здрави и зрели плодови. Колку е позрело овошјето, толку е поголема содржината на овошни шеќери, па затоа ќе има помала потреба од додавање шеќер.rnrnРазликата помеѓу мармаладот и џемот е во тоа што во џемот се додава помала количина шеќер, овошјето се сечка и се готви подолго на ниска температура.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 килограм исчистени кајсии
    • rn 011

    • 300-400 грама шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Исечкајте ги кајсиите – исечете ги на помали парчиња, додадете шеќер и нежно изгмечете ги со раце. Гответе на пониска температура околу еден час.rnrn2. Времето за готвење е приближно бидејќи не се сите кајсии исти, некои се посочни, а некои не.rnrn3. Ако готвите голема количина одеднаш, користете поголем тенџере. Во овој случај, вашиот џем од кајсии ќе се готви подолго отколку кога готвите помала количина.rnrn4. Доколку одлучите да подготвите вистински џем, исчистените кајсии посипете ги со шеќер (можете да ставите повеќе од 300-400 грама), измешајте ги и оставете ги да отстојат неколку часа.rnrn5. Потоа варете ги на вообичаен начин.rnrn6. И мармаладот и џемот од кајсии треба да се чуваат на ист начин – истурете го во стерилизирани тегли, добро затворете ги, а потоа пастеризирајте ги.rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за џем од кајсии, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за највкусниот летен десерт: колач од кајсии.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Рецепт за полнети пиперки какви што никогаш не сте пробале досега!

    Рецепт за полнети пиперки какви што никогаш не сте пробале досега!

    Денес ви споделуваме вистински летен хит кој лесно и брзо се подготвува! Убавината на овој рецепт се состои во богатството од вкусови, лесната подготовка и фактот дека можете да бидете подалеку од кујната додека не се испече овој вкусен летен ручек. Во продолжение прочитајте го нашиот рецепт за полнети пиперки како што никогаш досега не сте ги пробале!rnrnРецепт за полнети пиперки какви што никогаш не сте пробале досега!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 4 супени лажици маслиново масло
    • rn 011

    • 1 голем кромид, ситно исечкан
    • rn 011

    • 3 чешниња лук, исечкани
    • rn 011

    • сол
    • rn 011

    • свежо мелен црн пипер
    • rn 011

    • 2 големи лименки наут (2 x 400 грама), исцедени
    • rn 011

    • 20 грама гауда кашкавал
    • rn 011

    • 2 лажички мелен ким
    • rn 011

    • 1 лажичка мелен коријандер
    • rn 011

    • 1 грст сечкан магдонос
    • rn 011

    • 4 пиперки преполовени по должина и исчистени
    • rn 011

    • 1 домат, ситно исечкан
    • rn 011

    • 1 краставица ситно исечкана
    • rn 011

    • ½ лимон
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови.rnrn2. Загрејте 2 лажици маслиново масло во голема тава на средна температура. Додадете кромид, лук, сол и црн пипер. Пржете со постојано мешање околу 5 минути, па префрлете ги во друг сад.rnrn3. Во истиот сад додадете наут, ким, коријандер, магдонос и една лажица маслиново масло. Додадете сол, црн пипер и добро измешајте.rnrn4. Ставете ги пиперките во сад за печење и наполнете ги со смесата од наут. Одозгора ставете кашкавал и печете околу 30 минути.rnrn5. За тоа време исечкајте ги доматите и краставиците, прелијте ги со сок од лимон, додадете ги преостанатите 2 лажици магдонос и една лажица маслиново масло.rnrn6. Послужете ги печените пиперки со салата од домати и краставици. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за полнети домати со моцарела.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Рецепт за салата со пилешко, ориз и печурки

    Рецепт за салата со пилешко, ориз и печурки

    Станува збор за салата која е лесна за подготовка, а највкусна кога е ладна. Во продолжение прочитајте го рецептот.rnrnРецепт за салата со пилешко, ориз и печуркиrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 500 грама печурки
    • rn 011

    • 250 грама ориз
    • rn 011

    • 250 грама пилешко бело месо
    • rn 011

    • 200 грама слатка пченка
    • rn 011

    • 5-6 кисели краставички
    • rn 011

    • 300 грама мајонез
    • rn 011

    • павлака
    • rn 011

    • оригано
    • rn 011

    • сол и црн пипер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСварете го пилешкото бело месо, испржете ги печурките и сварете го оризот со слатката пченка. Кога пилешкото ќе се олади, исечкајте го на ситни парчиња, а печурките исечкајте ги на поголеми коцки. Оризот и слатката пченка добро исцедете ги. Измешајте ги сите три состојки, додадете ситно сечкани кисели краставички, мајонез, павлака и оригано. Додадете сол и црн пипер по вкус. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за летна салата за слабеење што ќе ве држи сити подолго време.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs