Вкусна и освежителна: Рецепт за посна торта со ореви

Сподели

Ви споделуваме рецепт за торта која не само што е вкусна и освежителна туку е и идеална за оние кои постат.

Реклама

Потребни состојки:

    • 680 грама мелени ореви,
    • 680 грама шеќер,
    • 230 грама мед,
    • 6 штангли посно чоколадо,
    • 6 кесички ванилин шеќер,
    • чаша и пол кисела вода,
    • чаша и пол масло,
    • 18 лажици брашно,
    • 200 грама маргарин,
    • прашок за пециво

Начин на подготовка:

За кора: Измешајте 230 грама мелени ореви, 230 грама мед, 230 грама шеќер, кисела вода, 3 штангли чоколадо, 3 кесички ванилин шеќер, масло, 18 лажици брашно и една кафена лажичка прашок за пециво.rnИстурете ја смесата во подмачкана тепсија и печете. Кога ќе биде готова кората, извадете ја од рерна и исечете ја на три дела.

За фил: Измешајте 450 грама шеќер со малку вода на температура за да се стопи шеќерот, додадете 450 грама мелени ореви и 3 штангли исечкано чоколадо. Оставете го филот да се излади, а потоа додадете 200 грама маргарин и три кесички ванилин шеќер и измешајте со миксер. Премачкајте го колачот со филот, а одозгора декорирајте со глазура од чоколадо и ореви.

Доколку ви се допадна нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за вкусна пита со ореви и чоколадо.

Содржина /затвори

Популарно

Може ќе ве интересира