КАФЕ ПАУЗА

Category: Технологија

  • 10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

    10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојат

    Секоја година се појавуваат сѐ покорисни и поневеројатни уреди што ни го олеснуваат животот и ни го заштедуваат времето. Доколку не сте чуле за следниве 10 извонредни откритија, време е да дознаете нешто повеќе за нив…rn

    1. Ремен со ултразвук за бремени жени

    rn10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојатrnrnОвој електронски уред по име PreVue има флексибилен екран што се закачува на бременото стомаче со помош на мек ремен и ви овозможува да го гледате бебето. Идните родители ќе можат да набљудуваат како нивното бебе расте, спие, се движи и реагира на различни звуци дури и пред неговото раѓање.rn

    2. Белезица со прожектор

    rn10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојатrnrnКомпанијата Cicret ви нуди белезица што ќе го претвори вашиот живот во таблет. Таа има мини прожектор и сензори со чија помош екранот на смартфонот се проектира директно на вашата рака. На овој начин ќе можете да користите најразлични опции на вашата кожа.rn

    3. Пегла што ја осветлува косата

    rn10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојатrnrnСега е уште полесно да станете русокоси. Американскиот бренд Pravana измислил пегла што може да ви ја осветли косата за неколку минути. Најважно е тоа што пеглата е побезбедна од обичните фарби за коса.rn

    4. Речник што работи на допир

    rn10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојатrnrnНаучниците од националниот универзитет во Сингапур го создале речникот за препознавање текстови по име Touch-Hear. Тој се состои од два дела: Мал сензор што се закачува за вашите прсти и звучник што се закачува на вашето уво. Веднаш штом допрете испечатен збор на книга со скенерот, ќе го чуете неговото значење. Освен тоа, овој уред воопшто нема да им пречи на другите луѓе, бидејќи само вие ќе можете да го слушнете.rn

    5. Стимулатор на мозочна активност

    rn10 корисни уреди кои најверојатно не сте знаеле дека постојатrnrnThync е генијален уред што користи електрични импулси за да ви помогне да се ослободите од стресот, да се опуштите по напорниот ден или пак да се расположите. Уредот има различни опции: „Мотивација“, „Релаксација“, „Длабок сон“, па дури и „Блаженство“, чувство што личи на благо пијанство.rnrnПродолжете на следната страница за останатите генијални уреди…rnrn

  • 14 помалку познати факти за Андроид

    14 помалку познати факти за Андроид

    Денес повеќе од милијарда мобилни телефони го користат оперативниот систем Андроид, па ова го прави еден од најпознатите. Погледнете неколку интересни и помалку познати факти за овој оперативен систем.rnrn14-pomalku-poznati-fakti-za-android-kafepauza.mkrnrn1. Оперативниот систем Андроид е направен од Android Inc. во 2004 година. Подоцна, во 2005, Гугл го купил за 50 милиони долари.rnrn2. Оперативниот систем Андроид бил развиен како платформа за дигитални камери. Но, подоцна се сменил фокусот кон смартфоните кога се видел нивниот потенцијал.rnrn3. Гугл го лансирал оперативниот систем Андроид на 5-ти ноември, 2007 година. Тој е софтверски систем базиран на Линукс.rnrn4. HTC Dream или T_Mobile G1 е првиот смартфон кој користел Андроид. Телефонот е пуштен во продажба во 2008 година.rnrn5. Оперативниот систем Андроид има повеќе од милијарда активирања на направи како смартфони и таблети.rnrn6. Освен Андроид 1.0 и 1.1, сите останати Андроид верзии се крстени по некои слатки како Jelly Bean (гумени бонбони), Ice Cream Sandwich (сендвич од сладолед), Honeycomb (саке) и слично.rnrn7. Оперативниот систем Андроид има повеќе верзии, а името на секоја верзија следи азбучен ред. Имињата на верзиите се: Astro, Bender, Cupcake, Donut, Eclair, Froyo, Gingerbread, Honeycomb, Ice Cream Sandwich, Jelly Bean, KitKat, Lollypop, Marshamllow и Nougat.rnrn8. Дали знаете дека Андроид е отворен оперативен систем? Тој им овозможува на корисниците да го менуваат изворниот код. Ова им овозможува на производителите да додаваат свои функции на оперативниот систем.rnrn9. Значењето на зборот Андроид е робот со човечки изглед. Ова се однесува на машки робот. Зборот за женски робот е Гиноид.rnrn10. Енди Рубин, креаторот на овој оперативен систем, бил нарекуван Андроид. Името го добил додека работел во Епл поради неговата љубов кон роботите.rnrn11. Во вселената постои направа која работи со Андроид. НАСА ги опремила вселенските роботи со Nexus S направите што го содржат овој оперативен систем.rnrn12. Повеќето луѓе мислат дека логото исто така е Андроид, но ова не е точно. Името на маскотата на Андроид е Багдроид, иако ова не е официјално.rnrn13. Едно од најдобрите нешта кои ги нуди Андроид се апликациите. Продавницата за апликации Google Play има повеќе од 48 милијарди апликации, од кои повеќето се бесплатни.rnrn14. Денес Андроид се користи и за направи како Google Glass, паметни часовници и слично.rnrnПогледнете и зошто да изберете Андроид смартфон.

  • 10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досега

    10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досега

    Смартфоните влегоа во нашите животи со брзина на светлината, па немавме време да ги откриеме сите можности што ги нудат. Освен тоа, нивниот прогрес не стои во место и постојано се надградуваат со што стануваат сѐ помоќни и помоќни. Дали знаете дека многу од секојдневните активности ќе ви станат полесни доколку научите како правилно да го користите вашиот Андроид уред? Во продолжение, дознајте за некои од нивните одлични скриени карактеристики…rn

    1. Клонирање апликации

    rn10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досегаrnrnВо поновите верзии на Андроид постои опција од менито што се вика „App Cloner“ со чија помош можете да дуплицирате некоја апликација со едно единствено кликање. Ова може да биде корисно за луѓето кои често се вклучуваат на социјалните мрежи преку различни профили. Доколку вашиот Андроид не ја поддржува оваа опција, можете да симнете посебен програм за клонирање апликации.rn

    2. Симнување видеа и аудио клипови од Јутјуб

    rn10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досегаrnrnГугл ги крие апликациите што ви овозможуваат да симнувате Јутјуб видеа од неговата официјална продавница. Но, постојат многу други достапни апликации што се бесплатни и ќе ви го понудат истото. Некои веќе имаат стекнато добра репутација, а други се понови на пазарот. Сите работат на истиот принцип: Го копирате линкот од видеото или го наоѓате фајлот преку апликацијата.rn

    3. Претворете го вашиот смартфон во дигитална вага

    rn10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досегаrnrnДали сте знаеле дека можете да мерите мали предмети со помош на вашиот телефон? Тоа е така благодарение на една специјална апликација што го претвора вашиот уред во дигитална вага. Само инсталирајте ја апликацијата, калибрирајте ја со мало воздушно перниче или кој било друг предмет чија тежина веќе ја знаете (како на пример, монета) и можете да почнете со мерење!rn

    4. Отворете две прозорчиња со помош на еден допир

    rn10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досегаrnrnСакате да читате е-книга и да користите речник истовремено без да ги менувате прозорчињата? Лесна работа! Само вклучете го модалитетот за повеќе прозорчиња. За да го направите ова, отворете ја апликацијата и држете на копчето за листа на задачи (десно од копчето „Home“). За жал, не можат сите смартфони да работат на ваков начин.rn

    5. Преминете во „safe mode“

    rn10 карактеристики на смартфоните за коишто сигурно не сте чуле досегаrnrnОва е корисно за да ги дебагирате и да ги отстраните апликациите што ја попречуваат правилната функција на телефонот. За да преминете во „safe mode“, вклучете го вашиот телефон или таблет, потоа повторно притиснете го копчето за вклучување и задржете го. Кога ќе се појави менито, притиснете го и задржете го копчето за исклучување означено со „Off“ или „Power Off“. Кога ќе се појави опцијата за „safe mode“, притиснете „ОК“.rnrnПреминете на следната страница за да ги дознаете останатите корисни карактеристики на смартфоните…rnrn

  • Топ 15 бесплатни игри за Андроид

    Топ 15 бесплатни игри за Андроид

    Нема причина да не ги сакате игрите наменети за Андроид. Тие најчесто се бесплатни и можете да ги играте секаде и во секое време. Па, без разлика дали сте нов корисник на Андроид, или едноставно барате нешто забавно за правење, погледнете ги 15-те најдобри бесплатни игри со кои можете да си го исполните слободното време.rn

    1. Plague, Inc.

    rn(1)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mkrnrnОва е можеби една од најмрачните игри. Целта на играта е да ја убиете целата популација на земјата со вирус кој вие ќе го креирате. Од нејзиното пуштање во 2012 година, оваа игра има добивано само позитивни критики.rn

    2. Asphalt

    rn(2)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mkrnrnОваа игра си ја заслужила титулата за најдобра апликација за тркање. Во најновата верзија можете да одбирате помеѓу 130 автомобили, вклучувајќи Ферари, Ламборгини и Шевролет и можете да ги средувате по ваш вкус.rn

    3. Fallout Shelter

    rn(3)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mkrnrnОваа игра е бесплатна само затоа што била некој вид реклама за добро познатата видео игра Fallout 4. Но, луѓето ја прифатија играта многу добро, па таа стана хит кај корисниците на Андроид.rn

    4. Pac-Man 256

    rn(4)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mkrnrnОваа модерна верзија на познатата игра ги содржи сите класични елементи кои ги сакаме кај оригиналот, но со повеќе забава, потешки нивоа и подобра графика.rn

    5. Hearthstone: Heroes of Warcraft

    rn(5)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mkrnrnАко сте обожавател на познатата World of Warcraft, тогаш ќе уживате и во оваа игра. Играта е стратегија со карти и е достапна и за компјутер.rn

    6. Clash Royale

    rn(6)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mkrnrnСпин-оф на популарната Clash of Clans, оваа игра е дуел кој комбинира елементи на одбрана, стратегија и собирање карти.rn

    7. Plants vs. Zombies

    rn(7)top-15-besplatni-igri-za-android-kafepauza.mkrnrnВеќе модерна класика, играта која прв пат беше објавена во 2009 година се прослави заедно со смартфоните. И да не го заборавиме фактот дека го следи зомби трендот уште од почетокот.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Ова лето ви се потребни само овие 5 апликации за вашиот смартфон

    Ова лето ви се потребни само овие 5 апликации за вашиот смартфон

    Мантра која треба да си ја повторувате во текот на летото: Помалку апликации, повеќе фотографии. Погледнете кои апликации ќе ви бидат доволни за да имате најдобро лето досега!rn

    1. Smartyplants

    rn(1)ova-leto-vi-se-potrebni-samo-ovie-5-aplikacii-za-vashiot-smartfont-kafepauza.mkrnrnАко грижата за растенијата не е ваша јака страна, искористете ја оваа апликација. Доволно е само да го фотографирате растението и апликацијата ќе ви даде инструкции за негово одгледување. Исто така апликацијата има и потсетник за кога да го наводнувате, кога да ставате ѓубриво и слично.rnrnПреземете ја апликацијата овде.rn

    2. A Color Story

    rn(2)ova-leto-vi-se-potrebni-samo-ovie-5-aplikacii-za-vashiot-smartfont-kafepauza.mkrnrnЛетото е сезона на шарени сладоледи и живи бои. Оваа апликација за уредување фотографии има филтри кои ќе ги нагласат живите бои на вашите летни фотографии.rnrnПреземете ја апликацијата овде.rn

    3. Serial Box

    rn(3)ova-leto-vi-se-potrebni-samo-ovie-5-aplikacii-za-vashiot-smartfont-kafepauza.mkrnrnСигурно имате листа на книги кои планирате да ги читате на плажа, но оваа апликација ви нуди нешто подобро – аудио книги. Книгите можете да ги слушате на делови кои траат по 40 минути.rnrnПреземете ја апликацијата овде.rn

    4. Dark Sky

    rn(4)ova-leto-vi-se-potrebni-samo-ovie-5-aplikacii-za-vashiot-smartfont-kafepauza.mkrnrnОдлична апликација која точно ги кажува временските услови. Нејзините предвидувања можат да бидат точни до минута.rnrnПреземете ја апликацијата овде.rn

    5. Ice Cream Please

    rn(5)ova-leto-vi-se-potrebni-samo-ovie-5-aplikacii-za-vashiot-smartfont-kafepauza.mkrnrnСледниот пат кога ќе ви се пријаде сладолед, само отворете ја оваа апликација и таа ќе ви го каже најблиското место каде што можете да го купите. Доколку се наоѓате на место каде што има комбе за сладолед, апликацијата ќе ви прати нотификација кога комбето ќе биде во ваша близина.rnrnПреземете ја апликацијата овде.rnrnПогледнете и неколку апликации кои се неопходни за секое патување.

  • Престанете да ги „гуглате“ вашите здравствени симптоми и пробајте ја оваа неверојатна апликација!

    Престанете да ги „гуглате“ вашите здравствени симптоми и пробајте ја оваа неверојатна апликација!

    Сите ние понекогаш се претвораме во хипохондрици. Признајте дека ви се случило во 3 часот наутро да пребарувате симптоми на Гугл за да откриете какво значење има необјаснивиот осип што ненадејно ви се појавил! Сепак, иако сите сме го направиле ова, не смее да се занемари фактот дека Интернетот претставува црна дупка од погрешни информации кои воопшто не се медицински потковани. Тоа значи дека „болеста“ што сами сте си ја дијагностицирале е далеку од реалноста и само непотребно ќе ве испаничи и исплаши.rnrnПрестанете да ги „гуглате“ вашите здравствени симптоми и пробајте ја оваа неверојатна апликација!rnrnДоколку секогаш го одбегнувате лекарскиот преглед за симптомите што ве загрижуваат и претпочитате сами да си поставувате дијагноза, сигурни сме дека многу ќе ви се допадне најновата апликација за здравје. Станува збор за апликацијата Buoy создадена од страна на доктори од медицинскиот факултет на Харвард. Со помош на вештачка интелигенција, апликацијата поставува дваесетина прашања за да ви помогне самите да ја дијагностицирате вашата болест за помалку од неколку минути.rnrnСѐ што треба да направите е бесплатно да ја симнете апликацијата и да отворите акаунт со вашата имејл адреса. Веднаш потоа ќе можете да почнете со размена на пораки поврзани со вашите симптоми. На пример, медицинскиот робот по име AI ќе ве праша: „Кој симптом најмногу ви пречи?“. Ако одговорите со „Кашлањето“, ќе следува прашањето „Дали чувствувате шлајм во вашето грло?“ и така натаму. Прашањата ќе стануваат сѐ подетални како што ќе ги опишувате вашите симптоми.rnrnНа крајот, апликацијата која користи податоци извлечени од медицинска литература и вистински доктори, ќе ја постави вашата дијагноза. Вреди да се спомене дека апликацијата ја давала истата дијагноза што ја поставувале и вистинските доктори во 90% од случаите.rnrnСекако дека ова не е замена за вистински доктор, но дефинитивно подобро е да ја користите оваа апликација отколку да пребарувате по Гугл. Доколку сакате да ја испробате и симнете апликацијата, кликнете тука.rnrnПогледнете ги и овие 7 корисни апликации кои не сте знаеле дека ви требаат.

  • 5 причини поради кои вашиот компјутер е иритирачко бавен

    5 причини поради кои вашиот компјутер е иритирачко бавен

    Ако постои една работа што најмногу ја мразиме, тогаш тоа дефинитивно е бавниот компјутер. Со оглед на тоа што тој ви е потребен за работа, но и за слободните часови, сѐ што посакувате е „нормална“ брзина за вашето „милениче“. Понекогаш, тој не сака да ги слуша вашите молби, а вие не знаете како да пронајдете соодветно решение за овој проблем. Доколку се мачите со бавната машина, еве неколку причини поради кои тој можеби се однесува така.rnrn1-5-prichini-poradi-koi-vashiot-kompjuter-e-iritirachko-baven-www.kafepauza.mk_rn

    1. Го немате надградено софтверот

    rnКога треба да го надградите вашиот компјутер, тоа обично бара и рестарт, а со самото тоа и затворање на сите други активности. А вие за тоа едноставно немате време. Затоа кликате на копчето „игнорирај“ и ноќната мора започнува. Не можете нормално да работите на компјутерот кој повеќе не е „во тек“. Обично ажурирањето нуди многу подобри опции, а кога компјутерот сака, а не може да го направи тоа автоматски, во неговиот софтвер се создава вистинска мала забуна. Затоа, одвојте 10 минути и освежете ја вашата алатка за работа.rn

    2. Имате премногу отворени прозорчиња

    rnЗнаете дека мултитаскингот всушност претставува начин на кој уништувате повеќе работи одеднаш? Секако, мултитаскингот е нешто што е задолжително за денешните професии, па така е сосема логично да имате премногу отворени прозорчиња одеднаш. Но, доколку не сакате вашиот компјутер да умре со мачна смрт, ограничете се на 9 прозорчиња, бидејќи толку може еден сосема нормален компјутер да издржи без кочење.rn

    3. Не се сеќавате кога последен пат сте го исклучиле?

    rnНа лаптопот обично не го користите копчето за исклучување. Едноставно само го преклопувате и одите понатаму. Меѓутоа, барем еднаш неделно морате да го рестартирате или да го исклучите за да му дадете можност да се ажурира, да се стартува антивирусот и да се затворат сите оние позадински апликации кои всушност ја забавуваат неговата работа.rnrn3-5-prichini-poradi-koi-vashiot-kompjuter-e-iritirachko-baven-www.kafepauza.mk_rn

    4. Вашиот десктоп е… Катастрофа!

    rnВашиот компјутер се чувствува навистина лошо кога работната површина му е пренатрупана со сешто. Тоа го забавува, а ве забавува и вас кога се обидувате да пронајдете нешто. Сепак, решението за овој проблем е навистина едноставно, само направете нова папка и ставете сѐ во неа. Брзо и лесно, а навистина помага.rn

    5. Користите многу програми истовремено

    rnГугл Хром со милион отворени прозорчиња + Ексел = бавен компјутер. Затворете го сето она што не го користите или што моментално не ви е потребно само додека не го завршите она што моментално го работите. Подобро е да отворите нова програма отколку да чекате да оживее целиот компјутер. Сепак, проблемот со брзината во овој случај на мултитаскинг би требало да биде решен со ажурирање на оперативниот систем.rnrn2-5-prichini-poradi-koi-vashiot-kompjuter-e-iritirachko-baven-www.kafepauza.mk_

  • 4 генијални начини да ги поправите најздодевните проблеми со технологијата

    4 генијални начини да ги поправите најздодевните проблеми со технологијата

    Технологијата ни го олеснува животот, но понекогаш може и да ни создаде многу непланирани проблеми. Токму затоа и решивме да споделиме со вас неколку совети што ќе ви помогнат на алтернативен начин да се справите со недостатоците на технологијата и да го искористите нејзиниот потенцијал во целост.rn

    Проблем #1 – Голем број лозинки на парче хартија

    rn(1) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mkrnrnСе случува и секојдневно да создаваме нови лозинки, па ако се надевате дека ќе ги помните сите или ги запишувате на лист хартија, тогаш ќе си го отежнете животот повеќе одошто можете да замислите.rn

    Решение: Менаџер за лозинки

    rn(2) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mkrnrnМожеби ќе ви звучи чудно, но потребна ви е уште една лозинка за да можете да ги менаџирате останатите. Во моментов најдобриот менаџер за лозинки што постои е Last Pass. Тој е брз, безбеден, бесплатен и работи подеднакво добро и на смартфон и на лаптоп.rnrnАпликацијата ги помни вашите податоци и автоматски ги додава лозинки кога треба да се најавите на некој акаунт. Како дополнителна заштита, вие можете да активирате известување така што ќе добивате пораки секој пат кога ќе се вклучите.rnrnПостојат уште 2 добри опции: 1password и Dashlane.rn

    Проблем #2 – Бавен интернет

    rn(3) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mkrnrnКолку е стар вашиот рутер? Доколку ви се потребни повеќе од 30 секунди да одговорите на ова прашање, тогаш веќе е надминато времето за негова промена. Технологијата постојано емитува големи количини податоци, па ако вашиот рутер е застарен, тогаш тоа е причината зошто целата работа ви забавува.rn

    Решение: Променет го рутерот

    rn(4) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mkrnrnРутерот не е скап, но е одлична инвестиција доколку сакате брз интернет. Исто така кога бирате, имајте на ум некој од подобрите брендови, како на пример, TP-Link. Внимавајте и на фреквенцијата со која се емитува безжичната мрежа – постојат рутери со двојна фреквенција, обичната од 2,4 GHz и онаа од 5 GHz, па најдобар избор ви е токму оваа комбинација.rn

    Проблем #3 – Брзо трошење на батеријата на мобилниот телефон

    rn(5) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mkrnrnСекоја година произведувачите на смартфони ветуваат зголемување на животот на батеријата. Но по 6 месеци од купувањето нов смартфон, батеријата почнува сè помалку да трае. Доколку сакате да го избегнете овој проблем, треба да внимавате уште од самиот почеток.rn

    Решение: Правилно полнење

    rn(6) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mkrnrnСкоро секој смартфон има батерија Li-ion. Таа е дизајнирана за отприлика 400-600 циклуси, но ако ја полните правилно, бројот на циклуси може да биде зголемен и до 1.000-1.100. Трикот е да не чекате вашиот мобилен да се исклучи пред да го ставите на полнач. Всушност, правете го тоа кога батеријата ќе достигне до 20%. Исто така, не го оставајте мобилниот на полнач откако ќе се наполни батеријата бидејќи и ова го намалува нејзиното траење.rn

    Проблем #4 – Повеќе плаќате ако ја чувате историјата на прелистувања

    rn(7) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mkrnrnВашиот прелистувач од почеток ви ја чува целата историја за да ви го олесни пребарувањето и да не мора да внесете лозинка секој пат кога ќе се вклучите на некој акаунт. Но проблемот се јавува кога овие информации се користат за маркетиншки трикови.rnrnНа пример, вие наоѓате атрактивна цена за лет или хотел и потоа проверувате на други веб-сајтови дали ќе најдете подобра понуда. Ако не успеете, се враќате на првата локација и забележувате дека цената се зголемила. Со оглед на тоа што вашата историја на прелистување им покажала дека сте заинтересирани, зошто да не ве натераат да платите малку повеќе?rn

    Решение: Редовно чистење кеш на прелистувач

    rn(8) 4-genijalni-nachini-da-gi-popravite-najzdodevnite-problemi-so-tehnologijata-www.kafepauza.mkrnrnКупувајте само во инкогнито и редовно чистете го кешот на вашиот прелистувач. Не мора целосно да ја бришете историјата, бидејќи многу од колачињата се корисни – тие ги помнат вашите информации и ги вклучуваат кога сакате да се вратите назад на тој веб-сајт. Можат да ви ја запомнат и локацијата и во однос на неа да ви ги дадат најсоодветните информации, како на пример, временската прогноза за вашиот град.rnrnДоколку сакате да ги зачувате овие податоци, но сакате да заштедите при купување, постојат начини на кој можете да го сторите тоа во зависност од прелистувачот што го користите:rn

  • Најнова апликација која брои колку пати мажите ги прекинуваат жените во текот на разговорите

    Најнова апликација која брои колку пати мажите ги прекинуваат жените во текот на разговорите

    Станува збор за проблем кој се случува насекаде. На работното место, во баровите, во училниците… Прекинувањата од страна на мажите се толку чести, што жените дури и не ги забележуваат. Но, сега постои една нова алатка која може да смени сѐ! Станува збор за апликацијата Woman Interrupted која брои колку пати мажите ги прекинуваат жените во текот на секојдневните разговори.rnrnНајнова апликација која брои колку пати мажите ги прекинуваат жените во текот на разговоритеrnrnАпликацијата стана достапна за симнување на iOS и Android уредите, вечерта на 8-ми март кога жените низ целиот свет протестираа за да се чуе нивниот глас. Главната цел на апликацијата е да го потенцира фактот дека честопати жените мораат да се борат за да го искажат нивното мислење во секојдневниот живот.rnrnАпликацијата е креација на маркетинг агенцијата BETC која се надева дека ќе ја разбуди свеста за машките прекинувања на жените и притоа ќе ја промовира идејата за полова еднаквост.rn

    „На прв поглед, ова делува како мал проблем, но тој е голем показател на половата нееднаквост на работните места и во општеството. Апликацијата ќе покаже дека прекинувањето е вистинско и алармантно“, изјавила Гал Барадас, основач на BETC.

    rnПа, како функционира ова најново откритие? Апликацијата го користи микрофонот од телефонот за да ги слуша секојдневните разговори и притоа ги анализира гласовите за да одреди колку пати мажите ги прекинале жените. Вистина е дека овој принцип на работа малку ја загризува приватноста на паметните уреди, така што нормално е ако не сакате да ѝ овозможите на апликацијата да ве набљудува преку микрофонот на телефонот. Меѓутоа, BETC потенцира дека апликацијата нема да ги задржи добиените информации по извршената анализа.rn

    „Ниту еден разговор нема да биде снимен и зачуван, сите информации автоматски преминуваат од глас во податоци“, гарантира апликацијата.

    rnЗа да можете да ја користите, симнете ја апликацијата на вашиот мобилен телефон и пријавете се преку Фејсбук, Твитер или имејл. Апликацијата ќе побара информации поврзани со вашиот пол, земја на потекло и име. Потоа ќе треба да поминете низ тест за препознавање на гласот за да може микрофонот да ги распознава машките од женските гласовни фреквенции. BETC изјавил дека сите податоци што ќе бидат собрани од корисниците на апликацијата ќе бидат објавени онлајн со цел да се информираат луѓето за оваа негативна појава.rnrnМора да се признае дека припадниците на двата пола ги прекинуваат жените, но оваа апликација брои колку пати жените биле прекинати и колку пати биле прекинати од страна на мажи. Луѓето што ќе ја користат оваа апликација може да дојдат до шокантни откритија кои несомнено ќе ги поттикнат на размислување.rnrnПогледнете го следново видео за да дознаете повеќе за апликацијата Woman Interrupted…rnrn

  • Кујна која „оживува“ со само еден допир или движење

    Кујна која „оживува“ со само еден допир или движење

    Иновативниот кујнски систем „V-Motion“ го претвора секој дом во интерактивно опкружување. Благодарение на паметниот механизам, конвенционалната кујна се претвора во кујна на иднината која „оживува“ со само еден допир или движење, па го олеснува секојдневното работење во оваа просторија.rnrnКујна која „оживува“ со само еден допир или движење rnrnКујнските фиоки имаат интелигентен систем за отворање и затворање, кој се активира со едноставен допир од раката или ногата. Така, доколку сакате да ја отворите долната фиока, а рацете ви се зафатени, доволно е да ја допрете со ногата и кујната ќе одговори на вашето барање.rnrnКујна која „оживува“ со само еден допир или движење rnrnКористењето на кујната дополнително е олеснето со систем кој на движењето на раката го активира и го подига задниот панел на кујната, а истовремено ја врти чешмата и го вклучува светлото. На тој начин системот обезбедува повеќе простор во кујната и воедно ја прави поуредна.rnrnКујна која „оживува“ со само еден допир или движење rnrnОсветлувањето може да се избира на ист начин, со едноставни движења, а исто така овозможено е и внесување повеќе бои: Црвена, жолта, плава и зелена. Системот „V-Motion“ е креиран од еден водечки италијански производител на кујни, познат по елегантниот дизајн и врвната технологија.rnrnКујна која „оживува“ со само еден допир или движење rnrnСистемот е вграден во најновата линија кујни „Genius Loci“, но може да се прилагодува и на други.rnrn