КАФЕ ПАУЗА

Category: Технологија

  • „Паметен кондом“ следи колку е мажот добар во кревет и дали има полово преносливи болести

    „Паметен кондом“ следи колку е мажот добар во кревет и дали има полово преносливи болести

    Дами, сте се прашале ли некогаш дали постои парче технологија што може да ви каже дали личноста со која планирате да спиете има полово преносливи болести? Момци, дали некогаш сте посакале да ги следите вашите сексуални перформанси, како еден вид видео игра? Не мора веќе да се прашувате и да барате, технологијата ги слушна вашите молби!rnrnrnrnБритански кондоми, најголемата продавница за презервативи во Велика Британија, го создала првиот „паметен кондом“ наречен i.Con што ја следи вашата сексуална издржливост – времетраење, брзина, цврстина и согорени калории – за време на еден сексуален однос и може дури и да детектира дали мажот има кламидија или сифилис.rnrnСо други зборови, вие го носите кондомот на нормалниот начин, но додавате и еден прстен што се мести на основата на кондомот (тој може повеќепати да се употреби) каде што се запишуваат сите информации, анонимно, користејќи нано-чип и Блутут технологија. Корисниците дури имаат можност и да ги споделат овие податоци со нивните пријатели, како и со сите останати.rnrn(2) „Паметен кондом“ следи колку е мажот добар во кревет и дали има полово преносливи болестиrnrnДосега имало над 90.000 нарачки за i.Con по цена од 59,99 фунти, што ни кажува дека постои голем интерес за производот дури и покрај тоа што сè уште не е излезен официјално во продажба. Водечкиот инженер, Адам Леверсон, вели дека тој е хит токму поради способноста да детектира одредени полово преносливи болести.rnrnВо моментов i.Con е во финалните фази на тестирање. Што мислите, дали кога тој ќе биде достапен за пошироката јавност би сакале да го тестирате и самите?

  • Првиот паметен часовник кој им овозможува на слепите лица да читаат од екранот

    Првиот паметен часовник кој им овозможува на слепите лица да читаат од екранот

    Денес во светот постојат милиони луѓе со оштетен вид, но со овој нов пронајдок нивните животи може да бидат подобрени. Имено, Дот, компанија во Јужна Кореја, го направила првиот Брајов паметен часовник, а неговите карактеристики се токму такви какви што би очекувале од еден уред во 21-ви век.rnrnПрвиот паметен часовник кој им овозможува на слепите лица да читаат од екранотrnrnУредот прикажува информации користејќи 4 активни динамични Брајови келии и неговите корисници може да ја избираат брзината со која се ажурираат карактерите.rnrnПрвиот паметен часовник кој им овозможува на слепите лица да читаат од екранотrnrnОвој уред се поврзува со паметен телефон преку блутут (како и секој друг паметен часовник) и може да прима каква било порака од која било апликација.rnrnПрвиот паметен часовник кој им овозможува на слепите лица да читаат од екранотrnrnИсто така корисниците може да испраќаат едноставни пораки користејќи ги копчињата кои се наоѓаат на страната.rnrnПрвиот паметен часовник кој им овозможува на слепите лица да читаат од екранотrnrnУредот меѓу другото овозможува и секој да развива и да адаптира апликации за него.rnrnПрвиот паметен часовник кој им овозможува на слепите лица да читаат од екранотrnrnИако досега биле создавани повеќе уреди за слепи лица, сепак, повеќето од нив се базирале на користење звуци.rnrnПрвиот паметен часовник кој им овозможува на слепите лица да читаат од екранотrnrnОва претставува проблем затоа што слепите лица би требало да ставаат слушалки, а на тој начин би се изолирале од останатите звуци од околината, кои пак се од витално значење за нив.rnrnПрвиот паметен часовник кој им овозможува на слепите лица да читаат од екранотrnrnОвие паметни часовници биле во процес на развој 3 години, а компанијата конечно ќе почне со нивна испорака. Така, во 2017 година се планира да се испорачаат 100.000 часовници, почнувајќи од март, а 40.000 наредната година.rn

  • Необичен часовник кој го „гравира“ времето

    Необичен часовник кој го „гравира“ времето

    Постојат многу начини за да покажете колку точно е часот, а дизајнерите од швајцарската компанија „42foundry“ создале еден необичен и креативен часовник, наречен „ETCH“.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnНа мазна површина како камен, врамен во алуминиумска рамка, овој часовник на прв поглед не изгледа ништо поразлично од другите декоративни елементи во ентериерот. Но, она што изгледа како неподвижна површина, повремено формира дигитални знаци кои го покажуваат точното време.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnТајната е во еластичната мембрана која ја сочинува површината на часовникот и овозможува да се создаде елегантен 3Д ефект. Откако ќе го прикаже времето, мембраната полека се враќа во првобитната состојба.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnДимензиите на часовникот се 40 x 40 сантиметри, тежок е околу 6 килограми, а може да се чува на маса или пак да биде закачен на ѕид.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnСо помош на соодветна апликација од мобилниот телефон, можно е да го усогласите времето кое се прикажува на часовникот со моменталното. Апликацијата овозможува и избирање помеѓу два начина за прикажување на времето.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времетоrnrnРежимот „Syng & Go“ го покажува времето на секои 30 секунди, а „Sync & Sensor“ го активира прикажувањето на времето на секоја половина минута само доколку регистрира звук во просторијата. Часовникот „ETCH“ е добар и ефикасен детаљ во ентериерот, но неговата цена е 1.450 долари.rnrnНеобичен часовник кој го „гравира“ времето

  • Марк Закерберг откри како изгледа неговиот дом и како функционира системот Џарвис

    Марк Закерберг откри како изгледа неговиот дом и како функционира системот Џарвис

    Марк Закерберг, програмер и основач на Фејсбук, е еден од најбогатите луѓе во светот. Сигурно си мислите дека неговиот дом изгледа луксузно и скапо, но тој е неверојатен поради сосема други причини.rnrnМарк Закерберг откри како изгледа неговиот дом и како функционира системот ЏарвисrnrnИмено, Закерберг неодамна објави видео во кое ја претстави неговата последна иновација: Систем со вештачка интелигенција (AI) по име Џарвис, со чија помош ги контролира електричните уреди во домот и кој му помага во секојдневната работа. Инаку, Џарвис е името и на вештачката интелигенција што го користи Тони Старк, односно Ајрон Мен.rnrnМарк Закерберг откри како изгледа неговиот дом и како функционира системот ЏарвисrnrnСистемот му помага нему и на сопругата со тоа што ги вклучува и исклучува светлата и електричните апарати, покажува каде се наоѓа моментално нивното куче и ги известува доколку ќерка им плаче. Закерберг комуницира со системот преку пораки, а не преку говор, бидејќи гласот одзема внимание, а пораките даваат многу повеќе контрола во однос на тоа кога може да се прочитаат.rnrnМарк Закерберг откри како изгледа неговиот дом и како функционира системот ЏарвисrnrnНишто не е претерано во домот на Закерберг. Сите соби се скромно и минималистички уредени.rnrnМарк Закерберг откри како изгледа неговиот дом и како функционира системот ЏарвисrnrnПокрај тоа што Закерберг и жена му живеат скромно, тие се познати и по нивната хуманост. Не трошат пари на златни тоалетни шолји, туку ги донираат во добротворни цели. Марк планира да донира 99% од неговите акции кои вредат околу 45 билиони долари. Мора да признаеме дека ова е навистина дарежливо!rnrnМарк Закерберг откри како изгледа неговиот дом и како функционира системот ЏарвисrnrnЗакерберг навистина треба да им послужи како пример на сите богати луѓе во светот. И покрај тоа што е најмладиот милијардер во светот, Марк успеал да остане добродушен, праведен и хуман човек, кој не им дозволил на парите да завладеат со него.rnrnМарк Закерберг откри како изгледа неговиот дом и како функционира системот ЏарвисrnrnПогледнете го и видеото во кое Марк Закерберг открива како изгледа неговиот дом и како функционира системот Џарвис.rnrnrnrnА ова е и мислењето на неговата сопруга Присила за системот Џарвис…rnrn

  • 7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборови

    7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборови

    Дали во вашето секојдневие сте се соочиле со ситуација каде што ви бил потребен некој генијален пронајдок за да ви ја олесни работата? Па, добрата вест е што веќе постојат многу такви уреди кои ќе ве изненадат со нивната функционалност, а во продолжение погледнете некои од тие пронајдоци кои ќе ве остават без зборови.rn

    1. Линијар во вид на прст

    rn7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборовиrnrnПовеќето луѓе ги користат нивните раце кога се обидуваат да објаснат одредена големина на нешто. Сега, своето мерење можете да го изразите прецизно со помош на овој линијар.rn

    2. Испраќајте пораки дури и кога немате мрежа

    rn7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборовиrnrnУредот goTenna ви овозможува да испраќате пораки на слични уреди, дури и кога немате Интернет, а може да биде корисен и на места каде што нема мрежа.rn

    3. Пенкало кое ја скенира бојата

    rn7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборовиrnrnОва пенкало кое може да користи која било боја, најверојатно е сон на секој уметник или дизајнер. Овој уред го скенира објектот, а потоа ја имитира бојата што е користена. Генијално!rn

    4. Уред за комуницирање помеѓу кучињата и луѓето

    rn7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборовиrnrnNo More Woof е уред кој ви овозможува директно да комуницирате со вашето куче. Кучињата што зборуваат повеќе не се дел само од цртаните филмови. Со помош на овој уред, вашиот крзнен пријател ќе биде во можност да ви каже кога е гладен или кога сака да го прошетате.rn

    5. Растение кое расте во темнина

    rn7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборовиrnrnНеодамна било создадено растение кое свети во мракот. Со користење гени од светлосни бактерии, научниците развиле тутун кој произведува своја сопствена светлина, без да користи батерија или соларни плочи.rn

    6. Преносен мини-печатач

    rn7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборовиrnrnИзраелската компанија ZUtA има развиено едноставен џебен печатач, кој може да печати дури и кога сте надвор од вашата канцеларија или вашиот дом. Сѐ што ви треба е паметен телефон за да го контролирате овој уред.rn

    7. Прстен кој го скенира текстот и го чита на глас

    rn7 генијални пронајдоци кои ќе ве остават без зборовиrnrnFingerReader е прстен кој го скенира текстот и го чита на глас, а исто така може и да го преведува. Уредот е дизајниран специјално за слепите лица и лицата со оштетен вид. Кога личноста сака да чита нешто, таа ќе треба само да го стави прстот на површината со текст и уредот ќе ги чита зборовите гласно. Кога читателот ќе отстапи од линијата на текстот, прстенот почнува да вибрира.

  • Уникатни пронајдоци што може да бидат одличен подарок за вас и вашите сакани

    Уникатни пронајдоци што може да бидат одличен подарок за вас и вашите сакани

    Како што се развива технологијата, така сме сведоци на сѐ поголем број уникатни работи за кои не сме ни замислувале дека може да постојат. Но, тие се целосно достапни, иако нашиот буџет не одговара секогаш за да си ги дозволиме да ги имаме во нашето секојдневие. Но, ако навистина сте во потрага по уникатен и редок подарок, вашата желба може да биде остварена со овие неверојатни производи.rn

    1. Врата кон небото

    rnУникатни технолошки пронајдоци кои може да бидат одличен подарок за вашите саканиrnrnБидете со главата во небото, буквално. Овој уред е огледало што додава 3Д облаци на врвот на секоја рефлексија, а почетната цена му е 500 долари.rn

    2. 30-годишнина од автентичната игра Пакман

    rnУникатни технолошки пронајдоци кои може да бидат одличен подарок за вашите саканиrnrnОживејте го детството со овој уред кој ќе ви овозможи да ја играте играта во живо, а може да биде ваш за 3.500 долари.rn

    3. Егзотично, виртуелно и авантуристичко трчање

    rnУникатни технолошки пронајдоци кои може да бидат одличен подарок за вашите саканиrnrnДали некогаш сте посакале наутро да трчате на некое повозбудливо место? Вашата желба ќе биде остварена со овој уред кој можете да го купите за 8.000 долари.rn

    4. Шанкер-робот

    rnУникатни технолошки пронајдоци кои може да бидат одличен подарок за вашите саканиrnrnОвој шанкер-робот ќе ви биде од голема помош, но за него ќе треба да одвоите неверојатни 25.000 долари!rn

    5. Електронско куче-чувар

    rn(1) unikatni-tehnoloshki-pronajdoci-koi-mozhe-da-bidat-odlichen-podarok-za-vashite-sakani-kafepauzarnrnRex Plus II Electronic Watchdog ги прави сите оние работи што би ги правело и кучето-чувар, па дури и лае, а сето тоа доаѓа склопено во роботска кутија. Овој уред можете да го добиете за 100 долари.rn

    6. Машина што автоматски свири музика

    rnУникатни технолошки пронајдоци кои може да бидат одличен подарок за вашите саканиrnrnCrosley Rocket Jukebox е сонот на секој љубител на музиката. Овој уред свири секаков вид музика, а може да биде ваш за 8.995 долари.rn

    7. Робот кој го надгледува вашиот дом и вашите миленици

    rnУникатни технолошки пронајдоци кои може да бидат одличен подарок за вашите саканиrnrnКој вели дека не можете да бидете на две места одеднаш? Овој робот може да биде ваши очи и уши, а достапен е за 1.000 долари.rn

    8. Скутер кој сам одржува рамнотежа

    rnУникатни технолошки пронајдоци кои може да бидат одличен подарок за вашите саканиrnrnОвој скутер ви ветува удобно возење, а може да биде ваш за 1.600 долари.rnrnПогледнете уште уникатни уреди на наредната страница…rn

  • Симнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, што ќе ви ја направат 2017-та уште подобра

    Симнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, што ќе ви ја направат 2017-та уште подобра

    Годишната листа за најдобрите апликации е веќе готова, па доколку сѐ уште ги немате овие на вашиот телефон, тогаш со сигурност треба да направите место за нив. Некои од нив ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, додека пак другите ќе ви ветат подобри фотографии за Инстаграм. Погледнете кој избор на апликации треба да го направите, со цел да ја направите 2017 година подобра.rnrnСимнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, кои ќе ви ја направат наредната уште подобраrn

    1. Prisma

    rnОваа апликација (ајфон, андроид) е бесплатна и ќе ви помогне вашите фотографии да ги претворите во вистинска уметност, при што секој на Инстаграм ќе ви завидува.rnrnСимнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, кои ќе ви ја направат наредната уште подобраrn

    2. MSQRD

    rnАко сакате да си играте со филтри, не барајте ништо повеќе, затоа што тука е MSQRD (ајфон, андроид). Оваа апликација е бесплатна и ви овозможува да фотографирате со многу забавни маски и ефекти.rnrnСимнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, кои ќе ви ја направат наредната уште подобраrn

    3. Quartz

    rnСо оваа бесплатна апликација (ајфон, андроид) ќе можете да имате кратки извори за најновите вести, надополнети со емотикони и други паметни и интересни нешта.rnrnСимнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, кои ќе ви ја направат наредната уште подобраrn

    4. Vogue

    rnАко сакате да бидете во тек со најновите модни вести и трендови, тогаш оваа апликација (ајфон, андроид) е вистинската за вас. Таа е бесплатна и ќе ви овозможи да следите осум статии секој ден, кои се наменети за вас и се базираат на вашите интереси.rnrnСимнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, кои ќе ви ја направат наредната уште подобраrn

    5. Meditation studio

    rnСакате да ја започнете добро новата година? Тогаш симнете ја оваа апликација (ајфон, андроид) која чини 4 долари и ве учи како да станете повнимателни.rnrnСимнете ги најдобрите апликации од 2016-та година, кои ќе ви ја направат наредната уште подобраrnrnПогледнете уште четири корисни апликации на наредната страница…rn

  • Научниците во пресрет на револуционерно откритие: Батерија за телефон која се полни само неколку секунди?

    Научниците во пресрет на револуционерно откритие: Батерија за телефон која се полни само неколку секунди?

    Повеќето корисници на паметни телефони по неколку месеци употреба се соочуваат со ист проблем – сѐ почесто и почесто посегнување кон полначот. Сепак, научниците од универзитетот во централна Флорида се сѐ поблиску до неверојатно откритие. Тимот научници развил нов процес за изработка на флексибилни суперкондензатори кои чуваат повеќе енергија и може да се полнат повеќе од 30.000 пати без некое позначајно оштетување.rnrnНаучниците во пресрет на револуционерно откритие: Батерија за телефон која се полни само неколку секунди?rnrnНовиот метод на универзитетскиот центар за технологија и нанонаука би можел да биде револуционерен во технолошка смисла и за мобилни телефони и за електрични возила. Научниците велат дека доколку батериите би се замениле со овие суперкондензатори, би можеле да наполните мобилен телефон за неколку секунди и не би ви бил потребен полнач повеќе од една недела. Сите кои имаат паметни телефони ќе го препознаат овој проблем: По отприлика 18 месеци, функцијата на батеријата почнува да опаѓа и ќе морате сѐ почесто и почесто да ја полните. Научниците ја анализирале употребата на наноматеријалите со цел да ги подобрат суперкондензаторите кои од друга страна би можеле да ги подобрат, па дури и да ги заменат батериите во електричните уреди. Тоа е малку незгодно, затоа што суперкондензаторот кој би задржувал онолку енергија колку и литиум-јонската батерија, би требало да биде многу, многу поголем.rn

    „Постои проблем во начинот на кој луѓето ги вметнуваат овие дводимензионални материјали во постоечките системи – тоа е тесно грло во оваа област. Имаме развиено едноставен пристап на хемиска синтеза, за да можеме убаво да ги интегрираме постоечките материјали, со дводимензионалните“, вели професорот Јеонвунг Јунг.

    rnНаучниците во пресрет на револуционерно откритие: Батерија за телефон која се полни само неколку секунди?rnrnНеговиот тим има развиено суперкондензатори составени од милион жици со нанометарска дебелина кои се обложени со двонимензионален материјал. Високо проводното јадро овозможува брз пренос на електроните за брзо полнење и празнење, а рамномерно обложените обвивки со дводимензионални материјали се висок пренос на енергија и моќност на густина. Научниците веќе знаеле дека дводимензионалните материјали имаат голем потенцијал во примената за складирање енергија, но сѐ додека не бил развиен процесот за интегрирање на овие материјали, не постоел начин тој потенцијал да се реализира.rn

    „За малите електронски уреди, нашите материјали ги надминуваат оние конвенционалните во поглед на густината на енергија, моќта и цикличната стабилност“, вели Нитин Чаудхери.

    rnЦикличната стабилност дефинира колку пати батеријата може да се наполни и испразни пред да почне да ја губи нејзината функција. На пример, литиум-јонската батерија може да се полни помалку од 1.500 пати, пред да биде значително оштетена. Последните создадени суперкондензатори со дводимензионални материјали може да се полнат неколку илјадници пати. Суперкондензаторите кои користат нови материјали би можеле да бидат употребени на телефоните и другите електронски уреди, како и кај електричните возила, што би можеле да донесат придобивки во поглед на брзината и силата. Затоа што се флексибилни, тие би можеле да придонесат и за значаен напредок во технологијата.

  • Паметна шаховска табла: Одлична вест за љубителите на оваа игра

    Паметна шаховска табла: Одлична вест за љубителите на оваа игра

    Технологијата е уште еден чекор понапред, а овој пат станува збор за паметна шаховска табла. Со нејзина помош можете да играте против секој, без разлика на која страна од светот се наоѓате. Користете ја апликацијата на вашиот паметен телефон и фигурите ќе се поместуваат на реалната шаховска табла.rnrnПаметна шаховска табла: Одлична вест за љубителите на оваа играrnrnТаа е направена на таков начин што кога се поместуваат фигурите, тие не се удираат една со друга. Повисокото ниво ви дава можност да играте со добри и искусни шахисти, при што исто така можете да ги обновувате и вашите вештини. Но, најневеројатното нешто околу оваа шаховска табла е преносот во живо на натпреварите, така што ќе можете да го гледате секој потег на натпреварувачите.rnrnПаметна шаховска табла: Одлична вест за љубителите на оваа играrnrnБиле потребни неколку години за да се создаде оваа паметна шаховска табла. Најпрво биле направени неколку прототипи, па поминал период во кој се тестирале и добивале повратни информации и сугестии, за на крај да биде создаден конечниот производ. Со ажурирање на апликацијата и одржување на таблата, вие ќе можете да ја играте која игра и да посакате.rnrnПаметна шаховска табла: Одлична вест за љубителите на оваа играrnrnИдните игри изгледаат забавно, зар не?rnrn

  • Часовник на иднината: Се полни од топлината на вашето тело, па не мора никогаш да го тргнете од рака

    Часовник на иднината: Се полни од топлината на вашето тело, па не мора никогаш да го тргнете од рака

    До сега, сигурно сите сте навикнати на полнење на вашиот телефон. Покрај апликациите кои постојано ја трошат батеријата, вие секојдневно сте зависни од вашиот полнач. Од друга страна пак, паметните часовници се малку поразлични.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnЗа разлика од мобилните телефони, паметниот часовник е погоден за носење, не бара многу напор, но сепак некои луѓе може да заборават да го наполнат целосно. Решението за овој проблем го нуди индустријата Матрикс која го создала „PowerWatch“, уред кој добива енергија од топлината на телото. Тие објаснуваат:rn

    „За разлика од денешните паметни часовници кои треба да ги полните на секој ден или два, ‘PowerWatch’ не треба никогаш да го отстраните од вашиот зглоб за да го полните.“

    rnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnТој служи за голем број цели, како што е следењето на согорените калории, нивото на активност, како и спиењето. Може да биде безжично синхронизиран со вашиот телефон преку апликации. Тој е водоотпорен и исклучително издржлив.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnТимот го создал овој часовник како начин за да ја тестира технологијата за термоелектричен извор на енергија. Со неколку зборови, термоелектричниот генератор е уред кој ја претвора топлината во енергија.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnСо цел да го стори тоа, генераторот мора да одржува две температури: Висока топлина и ниска топлина. Поради оваа причина, овој часовник е одличен: Страната којашто е во допир со вашата кожа останува топла, додека неговата површина останува поладна.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnОваа навидум едноставна разлика во температурата е онаа што му дава сила на часовникот. Кога не е на вашиот зглоб и со тоа не создава енергија, часовникот е привремено исклучен. Поради внатрешната батерија, датумот и времето нема да бидат погодени и сѐ ќе биде онака како што сте го оставиле.rnrnЧасовник на иднината: Добива енергија од топлината на вашето тело и никогаш не морате да го полнитеrnrnНесомнено е дека ова е часовникот на иднината, а компанијата очекува тој да биде достапен за испорачување во јули наредната година.