Во филмовите писателите пишуваат на маса во кафуле или во природа слушајќи ги птиците и шумолењето на дрвјата. Постои причина зошто е тоа така. Иако бараме тишина за да бидеме сконцентрирани, вистината е дека мала галама помага за поголема продуктивност.rnrnМодерната технологија без проблем ви ги носи омилените звуци дома, од гужва во кафуле (како апликацијата Coffitivity, за која веќе сме пишувале), до звуци на капки дожд. Ова се уште 4 апликации кои ќе ви помогнат да ја разбудите креативноста, да работите во опуштена атмосфера и да бидете попродуктивни. Овие апликации се совршени за оние кои работат од дома, но и за оние во канцеларија. Одберете ја онаа која најмногу ви се допаѓа и впуштете се во работа.rnrn
rn
1. Raining FM
rnДождот е најсмирувачкиот звук, па зошто да не го слушате и кога не врне надвор? Апликацијата Raining FM ви носи звуци на дожд и грмотевици по ваш избор, а може да го прилагодите и нивото на звукот. Исто така, од десната страна ви стојат два потсетници, кога треба да се напиете кафе и да направите пауза, а кога е време да си легнете. Потсетниците треба само да ги тајмирате, така што може слободно да се изгубите во вашата работа, за некое време апликацијата ќе ве потсети да земете здив. Ако сте љубители на дождот ова е совршена апликација за вас.rnrn
rn
2. 99U Music
rnДоколку сакате да слушате музика додека работите, а ви е смачено од едни исти песни и познати хитови кои се вртат по радио станиците, оваа апликација ќе ви понуди различни плејлисти кои ќе ве опуштат. Треба само да кликнете и да одберете која плејлиста сакате да ја слушате.rnrn
rn
3. Ambient-Mixer
rnЗвук на дожд или звукот што го прават дрвата дури горат – Ambient-Mixer ќе ви понуди разни амбиенти, треба само да го одберете оној кој најмногу ви се допаѓа.rnrn
rn
4. Noisli
rnА кога сме веќе кај одбирањето на вашите омилени звуци, Noisli ќе ви помогне да се опуштите со микс од звуци кои сами ќе си ги одберете. Може да направите апликацијата сама да меша звуци или пак вие сами да направите комбинација.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.