Јотафон е мобилен уред кој се разликува од сите други по тоа што има два екрани. Креиран е од страна на компанијата Јота која сака со овој уред да им го реши проблемот на сите сопственици на смартфони кои сакаат да читаат е-книги на своите телефони.rnrn
rnrnЧитањето книги брзо ја исцрпува батеријата и затоа многумина мораат да купат и Киндл е-читач, чија батерија трае и до 30 часа. Јотафонот ги поседува особините и на смартфон и на Киндл во еден уред. На едната страна има ЛЦД екран на смартфон, ист како и кај сите други смартфони. Од другата страна има Е-Инк екран, погоден за читање книги затоа што не ги заморува очите како ЛЦД екранот и овозможува добра читливост на дневна светлина. Најдобро од сè, промената од ЛЦД на Е-Инк екран ја штеди батеријата. Ова е само првиот ваков уред кој се појавил на светскиот пазар и засега се продава по цена од околу 700 долари.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
