КАФЕ ПАУЗА

9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфон

Written by

in

Играчките не се само за деца. Затоа овие девет прекрасни и откачени играчки можат да се контролираат со смартфон, една од вашите омилени играчки.rn

1. Оли

rnОли е мала играчка која прави сè што ќе посакате преку вашиот смартфон или таблет. Може да се врти, превртува и да прави слични други нешта со брзина до 22 км/ч. Може да се контролира и на оддалеченост од 30 метри.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

2. Смарт авион

rnСмарт авионот е бавен авион кој може да го летате внатре и надвор, а го управувате преку посебна апликација која ви овозможува преку екранот на смартфонот да влезете во пилотска кабина. Не мора да сте искусен пилот, затоа што има помош за летање, исто како и кај видео игрите.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

3. Тенкбот

rnТенкботот може да го пуштите сам да ги совладува пречките на својот пат, а може и да го контролирате преку смартфонот. Многу лесно се движи. Можете самите да си играте со него или да се натпреварувате и тркате со други сопственици на оваа играчка.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

4. Безжичен шпионски тенк

rnОва е малку опасна играчка. Може да ја пратите каде сакате, а таа директно ќе ви пренесува преку видео врска за она што се случува таму. Шпионскиот тенк може да отпатува 60 метри далеку од вас. Одлично снима и во ноќни услови, а освен тоа што ќе слушате сè што тој „слуша“, ќе можете преку него и да се обратите на оние кои ги шпионирате преку неговите звучници.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

5. Ромо

rnРомо е робот кој ги учи децата, па и возрасните, за роботика и програмирање. Тој знае да детектира лица, да „брка“ нешто кое се движи и да служи како платформа за видео повици. Можете да му дадете да изврши некоја мисија со помош на вашиот смартфон.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

6. МОТО ТЦ Рели

rnСмартфонот сега можете да го користите како далечински управувач за количка со која ќе се тркате со некој друг. Количките на далечинско управување не се ништо ново, но денешната технологија овозможува преку екранот да седнете на возачкото седиште и да се тркате со некој друг, а апликацијата да „додава“ оштетувања на вашиот автомобил секогаш кога ќе се судрите со нешто.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

7. Петкјуб

rnПеткјуб се поврзува со смартфонот и од тој момент можете да го оставите вашето домашно милениче само дома и преку него да му зборувате, да го гледате и да си играте со него ако најдете начин за тоа.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

8. Хартиен авион

rnПауерап е компанија која го произведува овој пакет со којшто вашиот хартиен авион ќе го претворите во вистинска машина која може долго да остане во воздух. Така ќе си го остварите детскиот сон со помош на еден смартфон.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrn

9. Бубачка

rnОваа бубачка не е многу забавна сама по себе, но доколку сакате да ги преплашите пријателите тогаш ќе заврши работа. Може да се управува до далечина од 6 метри.rnrn9 откачени играчки за деца и возрасни кои можете да ги управувате со вашиот смартфонrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.