КАФЕ ПАУЗА

7 трикови кои ќе ви го олеснат животот на Фејсбук

7 трикови кои ќе ви го олеснат животот на Фејсбук

Written by

in

Сигурно има нешто на Фејсбук кое многу ве нервира, но не мора да се откажувате од социјалната мрежа само заради тоа. Следете ги овие трикови и животот на Фејсбук ќе ви стане полесен.rnrn7 трикови кои ќе ви го олеснат животот на Фејсбукrn

1. Средете ја листата на пријатели

rnСите Фејсбук пријатели не ви се пријатели. Некои се блиски пријатели, некои само пријатели, и други се познаници. За да ја уредите вашата листа на пријатели на ваков начин, одете на профилот на пријателот, кликнете на копчето Friends, па оттаму префрлете гo во листата на познаници или блиски пријатели. Потоа можете да одлучувате кој тип пријатели каков тип од вашите содржини ќе можат да видат. Можете да си креирате и свои персонализирани листи.rn

2. Ако ве означуваат на секакви слики

rnСпречете го означувањето на ужасни слики преку опцијата Timeline and Tagging во менито Settigns, а потоа во Review posts that friends tag you in before they appear on your Timeline? (Кој да управува со означувањата кои ги додаваат луѓето и со предлозите за означување?). Преку оваа опција можете да определите никој да не ве означува, да ги прегледувате и да ги одобрувате означувањата, кој да ги гледа објавите во кои сте означени, итн.rn

3. Исклучете го автоматското пуштање на видеата

rnФејсбук автоматски ги пушта видеата штом ќе поминете со стрелката врз нив. Исклучете ја оваа опција така што ќе одите Settings, оттаму одете во Video, па во Auto-play videos селектирајте Off.rnrn7 трикови кои ќе ви го олеснат животот на Фејсбукrn

4. Додајте прекар или моминско презиме

rnНа Фејсбук можете да го додадете вашиот прекар по кој многумина ве знаат или пак вашето моминско презиме кое веќе не го користите. Во делот About кликнете на Details About You, потоа на Add a nickname, a birth name…, внесете го името и зачувајте.rn

5. Блокирајте ги поканите за игри

rnПодетално за тоа како да ги блокирате поканите за игри прочитајте на овој линк. Но, на тој начин можете да блокирате некого да ви праќа покани само за одредена игра. Ако сакате да блокирате одредена личност да ви праќа покани за која било игра, тогаш пронајдете го делот за блокирање во Settings и потоа во Block invites from впишете го името на таа личност.rn

6. Не ги следете луѓето кои ве нервираат

rnАко имате пријатели кои ве нервираат со своето онлајн однесување, но поради некоја причина не сакате да ги отстраните од листата на пријатели, можете да престанете да ги следите. Така никогаш нема на почетната страница да видите ништо од нив. Одете на која било нивна објава, притиснете на копчето кое личи на V во горниот десен агол и изберете ја опцијата за отследување.rn

7. Ако не сакате другите да видат кои страници ви се допаѓаат

rnАко не сакате другите да видат кои страници ви се допаѓаат, можете да ги скриете. Во делот About, покрај секој дел има едно мало моливче на кое треба да кликнете за да можете да менаџирате што ќе се гледа, а што не. Оттаму можете да определите да не се гледаат одредени работи, како филмови, книги, музички страници итн. Тргнете го знакот за штиклирање, кликнете на Save, и готово.