КАФЕ ПАУЗА

Category: Технологија

  • Еден татко создал апликација со која вашето дете не може да ви го игнорира повикот

    Еден татко создал апликација со која вашето дете не може да ви го игнорира повикот

    Ник Херберт мислел дека го решил проблемот со комуникацијата со неговиот син кога му купил мобилен телефон. Но наскоро открил дека тој бил премногу млад.rnrnHands of three messaging teenagersrn

    „Она што мислев дека е решение, се претвори во друг проблем. Бидејќи телефонот е „паметен“, тој можеше да игра игри и да гледа видеа на него. Па тој си го чуваше телефонот на нечујно и кога се обидував да му се јавам, не ми одговараше. Некогаш бидејќи не го слушал телефонот, а некогаш сигурно и затоа што му било срам да разговара со татко му пред пријателите.“

    rn

    Ова го натерало Ник да смисли нешто неверојатно

    rnНик направил апликација наречена ReplyASAP, која му покажува дали син му ја добил пораката но и го тера да му одговори пред да продолжи со играта или игнорирањето. Апликацијата функционира така што кога ќе пратите порака со неа, дури и ако телефонот на примачот е на нечујно тој сепак ќе заѕвони бидејќи повикот е итен. Телефонот ќе продолжи да ѕвони додека не притиснете „snooze for 3 minutes“ или „cancel“. Ако примачот одбере која било од опциите, јавувачот ќе добие нотификација. Тогаш пораката му кажува на испраќачот (или јавувачот) дали повикот е добиен или пораката прочитана.rn

    „Разговарав со Бен и му кажав за идејата, и му се допадна. Тој ќе знае дека кога ќе добие порака од апликацијата станува збор за нешто важно и треба да ми се јави. Исто така, и тој ќе може да ми испраќа вакви пораки, па имаме разбирање дека апликацијата ќе се користи само за важни работи.“

    rnИако апликацијата била наменета за неговиот син, Ник вели дека е одлична и за возрасни кои не се родители.rn

    „Кога разговарав со пријателите за апликацијата, тие најдоа и друга употреба за неа, бидејќи мнозинството од нив го чуваат телефонот на нечујно. Апликацијата можете да ја користете да го пронајдете телефонот, или пак кога итно морате да добиете некој колега од работа.“

    rnАпликацијата е достапна за Андроид и можете да ја најдете тука.rnrnПогледнете ги и овие апликации кои се одлични за сите новопечени родители.

  • 10 случајни несакани последици од новите технологии

    10 случајни несакани последици од новите технологии

    Технологијата се развива многу брзо, а повеќето од нас се возбудени за сите нови работи кои произлегуваат од тој напредок. Научниците сакаат да ни дадат беспилотни возила, виртуелна реалност, многу брзо патување, комерцијални вселенски летови и уште многу други работи. Но додека секој со нетрпение ги чека новите пронајдоци, малкумина се прашуваат зошто. Вистината е дека многу од овие технологии се бескорисни, а некои од нив дури и опасни. Ова се некои од несаканите ефекти на најновите технолошки пронајдоци.rn

    1. Беспилотните автомобили немаат етички код

    rn(1)10-slucajni-nesakani-efekti-od-novite-tehnologii-kafepauza.mkrnrnОвие автомобили се можеби најпосакуваното нешто досега. Можеби сè уште немаме автомобили кои летаат, но барем добивме возила кои нема потреба да ги управуваме. Но, постојат проблеми кои треба да се решат пред овие автомобили да станат достапни за широката јавност. Најважното нешто за кое многумина се прашуваат е што ќе избере автомобилот помеѓу животот на невини пешаци и животот на луѓето во автомобилот. Во списанието „Science Magazine“ била спроведена анкета во која учествувале околу 2.000 испитаници. Поголемиот дел од нив сметале дека автомобилот треба да се грижи за безбедноста на пешаците, но тие исто така не би купиле автомобил кој на прво место ја става безбедноста на некој друг. Сепак, експертите кои работат на овие автомобили сметаат дека поголема закана претставуваат хакерите кои можат да го преземат возилото отколку оваа одлука.rn

    2. Виртуелната реалност може да предизвика психолошки нарушувања

    rn(2)10-slucajni-nesakani-efekti-od-novite-tehnologii-kafepauza.mkrnrnКомпаниите како „Oculus Rift“ прават голем напредок во светот на видео игрите. Оваа технологија им овозможува и на новите лекари и медицински сестри да се обучуваат без да загрозат нечиј живот. Значи, виртуелната реалност е корисна и во други полиња освен кај видео игрите. Сепак, кога станува збор за видео игри, може да настанат многу психолошки нарушувања и проблеми. Дури и без виртуелната реалност, многу луѓе умреле поради долгото играње без престан. Други пак, развиле вистинска зависност од игри како „World of Warcraft“. Кога луѓето ќе можат да ги играат омилените игри во виртуелна реалност, на многумина ќе им биде тешко да престанат и може сериозно да си го запостават здравјето. Исто така постои опасност од губење допир со реалноста, па тие нема да можат да разликуваат помеѓу игрите и реалноста.rn

    3. Дроновите ги полудуваат луѓето

    rn(3)10-slucajni-nesakani-efekti-od-novite-tehnologii-kafepauza.mkrnrnДроновите стануваат сè почести, па наскоро ќе треба да го прифатиме фактот дека тие се дел од градскиот живот. На почетокот дроновите биле големи летала кои минувале над воени зони, а понекогаш се користеле и за фрлање бомби. Денес тие се многу помали и може да си ги купи секој. Ако имате забележано, малите дронови зујат тивко, а колку е поголем дронот толку е погласно зуењето. Во селата во Јемен каде што постојано има дронови, жителите најмногу се жалат дека постојаното зуење ги полудува. За жал, ако дроновите почнат да се користат како поштари и слично, ова зуење ќе биде неизбежно во градовите.rn

    4. Ветерниците и соларните колектори го убиваат животинскиот свет

    rn(4)10-slucajni-nesakani-efekti-od-novite-tehnologii-kafepauza.mkrnrnВетерниците и соларните колектори се сметаат како најдобриот извор на енергија. Тие се многу почисти за околина и се траен извор. Но, иако можеби не загадуваат, тие си имаат свои недостатоци. Некои истражувања покажале дека ветерниците сепак убиваат многу животни, особено птици. Соларните колектори им изгледаат како вода на птиците, па кога тие ќе сакаат да слетаат над нив, буквално се спржуваат. Сè уште не е пронајден ефективен начин за спречување на ова.rn

    5. Комерцијалните вселенски летови имаат последици врз здравјето

    rn(5)10-slucajni-nesakani-efekti-od-novite-tehnologii-kafepauza.mkrnrnВселенските патувања им беа дозволени само на неколку моќни држави, но денес сè повеќе и повеќе држави лансираат свои сателити. Компаниите како „Virgin Galactic“ и „SpaceX“ работат на тоа да им ги овозможат овие летови и на обичните граѓани. Но, проблемот овде е што ова патување не е најдобро за нашето здравје. Дури и НАСА ги одбира физички најспремните луѓе за своите мисии во вселената, и им дозволува да останат најмногу 6 месеци. Времето поминато во вселената може да ја намали густината на коските, да го влоши видот и да предизвика уште многу други здравствени проблеми. НАСА, но и други експерти, се загрижени дека ранливите и постари „вселенски туристи“ може да искусат сериозни компликации за време на едно вакво патување.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 8-те најдобри апликации кои ќе ви помогнат да медитирате

    8-те најдобри апликации кои ќе ви помогнат да медитирате

    Дали се чувствувате уморно и под стрес? Не сте единствени. Живееме во свет каде што темпото на живот е многу брзо и постојано сме преплавени со информации. Постојано сакаме да сме во тек со настаните и страв ни е да не испуштиме нешто. Трошиме премногу време и енергија обидувајќи се да бидеме во чекор со сè и со сите, па забораваме да се грижиме за себе.rnrn(9)8-te-najdobri-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-da-meditirate-kafepauza.mkrnrnИако концептот за смиреност звучи лесно и едноставно, понекогаш е навистина тешко да се примени. Кога не можете да го смирите вашиот ум, медитацијата е добар избор. За среќа, постојат многу апликации кои може да ви помогнат во тоа, а ние ги издвоиме 8-те најдобри.rn

    1. 10% Happier

    rn(1)8-te-najdobri-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-da-meditirate-kafepauza.mk.jpg8-te-najdobri-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-da-meditirate-kafepauza.mkrnrnОваа апликација е совршена за луѓето кои допрва почнуваат да учат за медитацијата. Таа содржи едноставни објаснувања за разните аспекти на медитацијата, како и видеа и интервјуа. На апликацијата ќе најдете и информации од значајни учители и практиканти на медитацијата. 10% Happier е достапна на iTunes и можете да ја симнете овде.rn

    2. Headspace: Guided Meditation

    rn(2)8-te-najdobri-aplikacii-koi-kje-vi-pomognat-da-meditirate-kafepauza.mkrnrnОваа апликација ќе ви каже кои се најосновните работи за да имате среќен живот. Нејзината цел е да ви помогне да останете фокусирани. Апликацијата ќе ви помогне да имате посреќен живот, како и поздрава врска со другите луѓе. Headspace е достапна за корисниците на iTunes и Android.rn

    3. Stop, Breathe % Think

    rnrnrnНа оваа апликација многу лесно ќе ја пронајдете сесијата која сметате дека ви е потребна во тој момент. Можете да одбирате според вашата локација, или пак според вашето расположение. Главната цел на апликацијата е да ги поврзе корисниците со нивното опкружување. Таа е достапна за корисниците на iTunes и Android.rn

    4. Room to Breathe Meditation

    rnrnrnRoom to Breathe ќе ви помогне да ги регулирате вашите мисли и да останете фокусирани. Исто така, на апликацијата има неколку вежби кои ќе ви помогнат да ги намалите стресот и напнатоста. Таа е одлична за почетници кои сакаат да почнат со медитирање. Цената на апликацијата е 0.99 долари и е достапна за корисниците на iTunes и Android.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • 30 eдноставни совети за онлајн безбедност

    30 eдноставни совети за онлајн безбедност

    Онлајн приватноста е комплексна и понекогаш збунувачка работа. Многу луѓе веруваат дека се безбедни, па користат јавни интернет мрежи за трансфер на пари или пак ја проверуваат состојбата на своите сметки. Дури и законите кои важат за онлајн приватноста не нудат целосна заштита. За да го намалите ризикот од каков било онлајн напад, погледнете ги овие совети.rnrn30-ednostavni-soveti-za-onlajn-bezbednost-kafepaza.mkrn

    1. Чувајте ги личните информации за вас

    rnНемојте да споделувате лични податоци за вас онлајн или преку телефон ако не сте сигурни кој ги бара. Вашата банка можеби ќе има потреба од некои лични податоци, но немојте да споделувате премногу. Кога некоја интернет страница ќе побара матичен број или слично за да ве идентификува, немојте да кажувате ништо освен ако не сте сигурни дека страницата е веродостојна.rn

    2. Инсталирајте анти-вирусна програма

    rnОвие програми ќе го заштитат вашиот компјутер од потенцијални напади. Истражувајте која програма е најдобра за вас пред да ја купите. Доколку немате пари за тоа, постојат бројни програми кои нудат бесплатна заштита како AVG, AVAST, AVIRA и слично.rn

    3. Редовно надградувајте го софтверот

    rnНемојте да ги игнорирате нотификациите за надградба на софтверот. Тие се навистина важни и ја подобруваат безбедноста на вашиот уред.rn

    4. Не користете иста лозинка два пати

    rnНавистина е полесно да имате една лозинка за сите онлајн профили, но ова е многу ризично. Ако некој хакер успее да допре до вашите податоци за најавување, тогаш тој ќе има пристап до сите ваши профили со таа лозинка.rn

    5. Симнете апликација за лозинки

    rnНа овој начин ќе го избегнете крадењето на вашиот идентитет и со апликацијата ќе можете да создавате и да ги чувате вашите лозинки. Ако некој допре до лозинка од еден ваш профил, другите профили ќе ви бидат безбедни.rn

    6. Избегнувајте ги лажните онлајн награди

    rnСигурно ви се има случено да отворите некоја страница и да добиете порака дека сте добиле нешто. Речиси секогаш овие „награди“ се лажни и се користат за крадење лични податоци.rn

    7. Лагата „работење од дома“

    rnСо растењето на популарноста на фриленс работните места, понудата за работа од дома изгледа навистина примамливо. Но, не се сите понуди онака како што изгледаат. Ако се сомневате, добро истражете ја компанијата која го нуди работното место. Најдете некој кој ќе може да ви каже повеќе за работното место за да откриете дали станува збор за измама.rn

    8. Надгледувајте ги вашите финансии

    rnНаправете да добивате нотификација на вашиот смартфон или имејл кога правите трансакција со кредитната или дебитната картичка. На овој начин ќе знаете ако некој друг ја употребувал.rn

    9. Наместете Гугл аларм за вашето име

    rnНа овој начин ќе знаете што се прикачува на Интернет што може да се поврзе со вашето име. Можете да го наместите Гугл алармот за вас или за што било.rn

    10. Зачувајте ја приватноста на социјалните мрежи

    rnВашата активност на социјалните мрежи нека биде приватна. Проверете ги вашите Инстаграм, Фејсбук и Твитер профили и осигурете се дека само вашите пријатели можат да гледаат што споделувате. Многу често се злоупотребуваат фотографиите од социјалните мрежи, па бидете внимателни.rn

    11. Бидете креативни со безбедносните прашања

    rnОвие прашања не се толку безбедни. Тие често го вклучуваат името на миленичето, градот во кој сте родени, името на вашата мајка… А овие информации често се наоѓаат на Интернет. Па наместо обичните прашања, бидете малку креативни, и се разбира, дајте одговор на кој ќе се сеќавате.rn

    12. Одделно чувајте ги работата и личните податоци

    rnАко имате имејл на работното место, тогаш користете го само за тоа. Направете друга имејл адреса за семејството и пријателите.rn

    13. Заштитете го вашиот хардвер

    rnЗа да го заштитите вашиот компјутер ставете лозинка. Секој пат кога некој ќе сака да го користи, ќе мора да ја внесе лозинката. Се разбира, можете да им верувате на семејството и на пријателите, но што ако некој ви го украде лаптопот?rn

    14. Исклучете ја опцијата за локација

    rnИсклучете ги опциите за локација и вклучувајте ги само кога ви се потребни. ГПС уредот на вашиот телефон им дозволува на вашиот мобилен оператор и на производителите на апликациите да ја гледаат вашата точна локација.rn

    15. Внимавајте на безжичните мрежи

    rnВажно е да се заштитете кога се поврзувате со Интернет. Немојте да ја кажувате лозинката за вашиот Интернет никому, освен на оние кои им верувате. Ако користите јавна безжична мрежа, внимавајте на податоците кои ги споделувате бидејќи многу често овие мрежи не се безбедни.rn

    16. Вклучете го приватното пребарување

    rnПриватното пребарување е достапно на речиси секој пребарувач и ги брише колачињата, историјата и некои непотребни податоци кога ја затворате апликацијата. Исто така, приватното пребарување ги спречува веб-сајтовите да ги собираат вашите податоци. Ако сакате уште поголема безбедност, можете да користите Виртуелна приватна мрежа (VPN).rn

    17. Користете идентификација во два чекора

    rnОвој вид на заштита од вас ќе бара лозинка, но и друг податок за да можете да се најавите на некој од вашите профили. Вториот чекор обично е код кој ќе го добиете на вашиот телефон или имејл.rn

    18. Користете енкрипција

    rnРазличните онлајн сервиси како Фејсбук користат енкрипција. Користете енкрипција за вашиот имејл така што личноста со која што комуницирате ќе мора да добие код или лозинка за да може да ве контактира.rn

    19. Не објавувајте лични информации

    rnДали мора сегде да ја внесувате датата на раѓање, или пак бројот на вашиот телефон? Овие информации ве прават лесна мета на луѓето кои сакаат да ги украдат вашите профили.rn

    20. Игнорирајте ги прозорците со реклами

    rnОвие прозорчиња кои сами се вклучуваат се многу повеќе од досадни. Тие можат да содржат вируси кои ќе ве натераат да одобрите нешто и да почнат да се симнуваат на вашиот компјутер. Затоа најдобро е да ги игнорирате прозорците кои ви нудат да играте некоја игра, да одговорите некоја порака и слично. Можете да користите и софтвер кој ги блокира овие пораки.rn

    21. Проверувајте го URL кодот

    rnМногу хакери користат лажни Интернет страници кои се речиси идентични со други со цел да соберат лични податоци. Затоа секогаш е добро да ја проверите Интернет страницата пред да ја отворите. Страните кои се безбедни секогаш имаат https на почетокот од URL кодот.rn

    22. Не отворајте линкови од непознати испраќачи

    rnХакерите често прават имејл адреси кои изгледаат како да се од банка или од популарна Интернет страница. Ако не ви е познат испраќачот на пораката, немојте да ги отворате линковите во неа.rn

    23. Избришете ги вашите податоци

    rnПред да почнете да користите нов електронски уред, избришете ги сите податоци од стариот. Ако не се одјавите од вашите профили, некој друг многу лесно може да ги злоупотреби, особено ако решите да се ослободите од стариот уред. Избришете ги сите фотографии, контакти, видеа и слично.rn

    24. Внимавајте кога инсталирате апликации

    rnМногу апликации собираат лични податоци кои потоа ги користат за рекламирање. Пред да инсталирате некоја апликација, секогаш проверете до кои ваши податоци ќе има пристап. Ако бара пристап до вашите фотографии, контакти и слично, можеби е најдобро да не ја инсталирате.rn

    25. Купувајте само од безбедни веб-сајтови

    rnЛуѓето сакаат да купуваат онлајн, и многу често се жртви на измама. За да го избегнете ова никогаш не купувајте од непознати страници. Исто така ако некоја понуда ви звучи премногу добра за да биде вистинита, голема е веројатноста да сте во право.rn

    26. Ако се сомневате во нешто, блокирајте го

    rnАко некој постојано ви праќа пораки со чудни линкови или коментари, едноставно блокирајте го. Исто така игнорирајте ги понудите за пријателство од луѓе кои не ги познавате.rn

    27. Избегнете ги потенцијално несаканите програми (PUP)

    rnБесплатниот софтвер многу често доаѓа со несакани последици. Обично тие се во форма на реклами, екстензии или податоци кои не ви се потребни. Секогаш внимателно прочитајте што ќе инсталирате со софтверот и немојте да ги штиклирате квадратчињата со работи кои не ви се потребни кога ја инсталирате програмата.rn

    28. Избегнувајте ги онлајн квизовите

    rnИако изгледаат примамливо, овие квизови може да ги украдат вашите лични податоци кои подоцна може да се најдат во погрешни раце.rn

    29. Направете копија од вашите информации

    rnНаправете копија или back up на сите ваши податоци. На овој начин ќе можете да ги повратите доколку случајно ги избришете или ви се расипе уредот.rn

    30. Кажете им на децата за онлајн измамите

    rnЗа да ги заштитите вашите деца од измами објаснете им за онлајн безбедноста. Колку повеќе ќе бидат информирани, толку полесно ќе ги спречите онлајн нападите.rnrnПогледнете и како да имате максимална заштита на вашите онлајн профили.

  • 11 корисни опции на вашиот ајфон што сигурно не сте знаеле дека постојат

    11 корисни опции на вашиот ајфон што сигурно не сте знаеле дека постојат

    До неодамна мобилните телефони служеа само за јавување. Но, веќе живееме во иднината и телефоните се многу повеќе од тоа. Постојат многу трикови кои веројатно не сте ги знаеле, а речиси секој ден се појавуваат и нови. Па, доколку имате ајфон, погледнете неколку од триковите за коишто можеби не сте слушнале, а кои со сигурност ќе ви помогнат во секојдневниот живот.rnrn11-raboti-koi-mozhete-da-gi-pravite-so-vashiot-ajfon-kafepauza.mrn

    1. Можете да ја видите секоја фотографија што сте ја испратиле или добиле

    rnВсушност, можете да ги видите сите фотографии, видеа и линкови со тоа што ќе притиснете на Details на разговорот.rn

    2. Можете да одговарате на пораките без да го отклучите телефонот

    rnКога ќе добиете порака, само спуштете го надолу прозорецот за нотификации и повлечете ја пораката кон лево. Потоа изберете ја опцијата Reply.rn

    3. Праќајте аудио и видео пораки кои сами се бришат

    rnОдете во Settings, па во Messages и одберете ја опцијата Expire, а потоа селектирајте After 2 Minutes.rn

    4. Погледнете кои апликации најмногу ја трошат батеријата

    rnОдете во Settings, па во General, од каде што треба да изберете Usage, па Battery Usage и ќе добиете листа со апликации кои најмногу ја трошат вашата батерија.rn

    5. Продолжете го траењето на батеријата

    rnАко вашата батерија брзо се празни, а не сте во можност да ја наполните, продолжете ѝ го „животот“ користејќи помалку моќ. Во менито Settings одберете Battery, a потоа вклучете го Low Power Mode.rn

    6. Отворете апликација за музика со вашите слушалки

    rnАко често слушате музика во ист период од денот, вашиот ајфон автоматски ќе ја вклучува апликацијата за музика штом ќе ги приклучите слушалките.rn

    7. Променете го изговарањето на одредени зборови на Сири

    rnКога Сири погрешно ќе изговори некое име, само кажете ѝ „That’s not how you say that“. Тогаш таа ќе ви понуди неколку опции за изговарање, а вие можете да одберете една.rn

    8. Откријте каде сте биле

    rnАјфоните одлично го следат секој ваш чекор. Одете во Settings, одберете Privacy, па Location Services и на крај System Services. На дното на листата одберете ја опцијата Frequent Locations и разгледајте ја вашата историја.rn

    9. Откријте го непознатиот јавувач

    rnВашиот ајфон ќе се обиде да ги идентификува непознатите јавувачи. Ако сте му пратиле имејл на некого, но го немате неговиот број во телефонот, ајфонот ќе генерира претпоставка според тој имејл. Се разбира, не може да претпостави кога ќе ви ѕвони некој целосен странец, но оваа опција е корисна за колеги, семејство или бизнис контакти.rn

    10. Пребарувајте ги старите фотографии со датум или локација

    rnНема потреба да барате низ големиот број фотографии за да пронајдете некоја од минатата година. Едноставно кажете ѝ на Сири да го направи тоа за вас со фраза како „Show me photos from 2013 taken in Italy“.rn

    11. Засилете го звукот на песните

    rnАко сметате дека вашиот ајфон не е доволно гласен, одете во Settings, па Music, па ЕQ и на крај одберете ја опцијата Late Night. Нема да звучи како да сте на концерт, но телефонот сигурно ќе биде погласен.rnrnПогледнете и неколку совети за продолжување на траењето на вашата батерија.

  • Најреалистичните закани од вештачката интелигенција

    Најреалистичните закани од вештачката интелигенција

    Денес постојат многу теории за потенцијалната закана од вештачката интелигенција. Филмовите во кои главни негативци се роботите стануваат сè побројни. Но што всушност мислат научниците и експертите за способноста на вештачката интелигенција? На оваа листа се наоѓаат најпознатите теории и мислењето на научниците за нив.rn

    1. Трка за вооружување

    rn(1)najrealistichnite-zakani-od-veshtachkata-inteligencija-kafepauza.mkrnrnНа 28-ми јули 2015 година, група од технолошки гиганти, вклучувајќи ги Елон Маск, Стивен Хокинг и Ноам Чомски, напиша отворено писмо за најголемата закана од вештачката интелигенција – трка за вооружување. Овие луѓе ја опишуваат можноста за трета револуција во војувањето, после барутот и нуклеарното оружје. Од една страна, автономното оружје ќе го намали бројот на загинати војници. Но, од друга страна воените сили може да почнат глобална трка за вооружување и ќе создадат автономни оружја кои се способни за сè – од атентати до геноцид.rn

    2. Вештачка интелигенција програмирана за уништување

    rnrnrnПоврзано со претходната теорија, научниците се плашат дека вештачката интелигенција со способност за убивање може да се најде во погрешни раце. Истата група луѓе од претходната теорија смета дека ако се создадат вакви оружја, тие ќе бидат покомплицирани и нема да може едноставно да ги исклучите.rn

    3. Невработеност поради вештачката интелигенција

    rn(3)najrealistichnite-zakani-od-veshtachkata-inteligencija-kafepauza.mkrnrnЕкспертите предвидуваат дека невработеноста ќе се зголемува бидејќи уште сега сме сведоци на работници кои се заменуваат со роботи. Но, и многу од индустриите кои бараат „знаење“ ќе страдаат од ова. Секојдневно гледаме како вештачката интелигенција полека навлегува во медицината, законот и архитектурата.rn

    4. Вештачка интелигенција како професионалец

    rn(4)najrealistichnite-zakani-od-veshtachkata-inteligencija-kafepauza.mkrnrnПостои еден филозоф, Ник Бостром, кој користи сценарио со спојници за хартија за да ја објасни теоријата. Замислете си робот кој е многу добар во својата работа: да претвора разни работи во спојници. Но, бидејќи нема никакви способности за донесување одлуки, роботот почнува сè што ќе види да претвора во спојници, вклучувајќи ги и луѓето. Целта на овој смешен пример е да се демонстрира стравот кој го имаат некои експерти за ненамерните последици од вештачката интелигенција. Теоретски, ова е возможно. Вештачката интелигенција да стане толку добра во својата работа, па нејзината програма да ја натера да отстрани сè што ѝ пречи во исполнување на задачата.rn

    5. Случајно деструктивна вештачка интелигенција

    rn(5)najrealistichnite-zakani-od-veshtachkata-inteligencija-kafepauza.mkrnrnЕкспертите сметаат дека вештачката интелигенција е создадена да прави добри работи, но понекогаш и лоши за да ја постигне својата цел. Замислете си дека вештачката интелигенција добива наредба да направи луѓето да не бидат повредувани. За да ја постигне целта, вештачката интелигенција ги спречува луѓето воопшто да се родат. Сепак, само си ја работи работата, нели?rn

    6. Сингуларност

    rn(6)najrealistichnite-zakani-od-veshtachkata-inteligencija-kafepauza.mkrnrnБогатата историја на научната фантастика ја направила оваа теорија една од најпознатите. За оние што не знаат, сингуларност е кога вештачката интелигенција официјално ќе го надмине човекот. Ова е моментот кога машините го преземаат светот. Иако не е баш реалистична, Стивен Хокинг и Елон Маск имаат изјавено дека се плашат од ова. Сепак, Хокинг е оптимист и смета дека додека да дојде време за сингуларност, човештвото ќе живее надвор од Земјата.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

    Футурист открива како ќе изгледа животот во 2040 година

    Како ја замислувате иднината? Дали мислите дека драстично ќе ни се смени животот или пак нема да доживееме толкави промени? Најпознатиот футурист во Европа, Реј Хемонд, има неколку интересни идеи околу тоа како ќе изгледа светот во 2040 година. Прочитајте ги неговите замисли и видете дали се совпаѓаат со вашите…rn

    Здравје

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnСите ќе носиме разновидни сензори кои постојано ќе ни ги надгледуваат крвниот притисок, шеќерот во крвта и нивото на кислород во крвта. Животниот век ќе се продолжи и многумина ќе живеат повеќе од 100 години. Децата родени во 2040 година на некој начин ќе имаат бесконечен живот. Со помош на генетските терапии, матичните клетки и наномедицината, ако ги исклучиме несреќите и смртоносните болести, ќе можеме да живееме засекогаш и да изгледаме многу помлади. Благодарение на егзоскелетите, односно надворешните вештачки цврсти структури, постарите луѓе ќе можат да останат подвижни многу подолго. Сега тие се тврди и крути, но тогаш ќе бидат меки и удобни.rn

    Секс

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnЛуѓето ќе се вљубуваат во роботи, а тоа ќе влијае на човечките односи. Како што е познато, имаме навика да наоѓаме човечки карактеристики кај неживите предмети, а со тоа што роботите стануваат сѐ понапредни, неизбежно е некои луѓе да започнат врска со нив. Свадбите ќе станат поретки, а промискуитетот ќе порасне, бидејќи моралните норми ќе бидат многу поопуштени. Во просек, жените денес имаат 9 сексуални партнери во текот на нивниот живот, а мажите 11. Очекувајте бројките да пораснат на 100 за жените и 200 за мажите.rn

    Транспорт

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnПовеќето возила ќе се возат самите, а автопатите и патиштата ќе имаат ленти за самовозење. Сообраќајот без возачи ќе се одвива во конвои, односно во групи, така што возилата ќе се наоѓаат многу блиску едни до други и ќе ослободат простор на автопатите. Единственото место каде што ќе можете да го возите вашиот автомобил ќе биде лиценцираното тркалиште. Продажбата на автомобили што возат на бензин или дизел ќе биде забранета во 2040 година. Улиците ќе изгледаат и звучат многу поинаку.rnrnШто се однесува до воздушниот сообраќај, нема да има големи промени. Ќе дојде ерата на електрични и самолетачки авиони, но сепак ќе постои мала контрола. Ќе има и хипер дупки, туби за транспорт со патнички ленти што ќе патуваат со брзина од 1100 километри на час.rn

    Храна

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnСо оглед на тоа што светската популација ќе порасне од сегашните 7 билиони на повеќе од 9 билиони, нема да можеме да одгледуваме месо на истиот начин како досега. Нема да има доволно место за сите животни што ќе бидат потребни, а метанот што се ослободува од нив значително ќе ѝ наштети на животната средина. Наместо тоа, ќе има вештачко ткиво, односно месо, што ќе се одгледува во фабрики и нема да има потреба од вистински животни.rnrnВеќе биле произведени и изедени таквите бургери во лабораториите, а до 2040 година, 40% од месото ќе биде вештачко или направено од растенија. Ќе биде направено на таков начин што ќе изгледа, ќе мириса и ќе има ист вкус како вистинското месо. Исто така, ќе се користат и инсекти како замена за месо, бидејќи се богати со протеини, поевтини се и еколошки поздрави. Очекувајте да јадете бургери и колбаси од инсекти! Освен тоа, повеќето луѓе ќе живеат во градови, па житните култури ќе се одгледуваат на вертикални фарми од страните на зградите.rn

    Комуникација

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnСмартфоните ќе исчезнат и ќе бидат заменети со контролни центри што ќе ги носиме во низа уреди поставени околу нашето тело. На пример, ќе носиме паметни контактни леќи каде што текстовите ќе лебдат пред нашите очи и обетки кои ќе испраќаат пораки преку виртуелните асистенти во нашите уши. Нема да се забележува дека носиме нешто дополнително, но ние ќе се чувствуваме како да го гледаме реалниот свет преку смартфон. Исто така, социјалните мрежи ќе се соединат со реалноста. Ќе може да видиме непознат човек на улица и со помош на софтверот за препознавање лица кој ќе биде поврзан со нашите контролни центри, веднаш ќе го знаеме неговото име и ќе можеме да му го најдеме профилот. Како последица на сето тоа, приватноста речиси ќе исчезне.rn

    Вештачка интелигенција

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnЌе мора да си го поставиме прашањето дали машините ќе бидат наши робови или господари. Компјутерите ќе можат да решаваат проблеми исто толку добро колку и луѓето, а ќе имаат потенцијал и да нѐ надминат за кратко време. Потоа ќе се запрашаме дали да им дозволиме да ја преземат контролата или да се обидеме да ја регулираме и да ја измениме вештачката интелигенција. Ќе се појави и идејата за генетска модификација на луѓето за да можат да се натпреваруваат со машините. Нашите одлуки ќе имаат значително влијание на редот во светот. Ако Западот одлучи да ги регулира машините, ќе забележи уназадување во споредба со земјите што им дозволуваат на компјутерите неконтролирано да се развиваат.rn

    Забава

    rnФутурист открива како ќе изгледа животот во 2040 годинаrnrnДенес, луѓето се „залепени“ за нивните телефони, но замислете си го животот во 2040 година. Помножете ја таа зависност со 100! Поголемиот дел од нашето време ќе го поминуваме во виртуелни светови, без разлика дали станува збор за работа или уживање. Луѓето многу поретко ќе го напуштаат виртуелниот свет за да запознаат луѓе во реалниот живот.rnrnПогледнете ги и овие 6 навидум научно фантастични откритија кои се иднината на технологијата.

  • Нуклеарна физичарка ја измислила првата контрацептивна апликација која е исто толку ефикасна колку пилулите

    Нуклеарна физичарка ја измислила првата контрацептивна апликација која е исто толку ефикасна колку пилулите

    Повеќе од една година, нуклеарната физичарка Елина Бергланд се борела со властите и злобните наслови во весниците. Сега, нејзината апликација ќе биде првата во светот што ќе биде прифатена како контрацепционо средство.rnrnНуклеарна физичарка ја измислила првата контрацептивна апликација која е исто толку ефикасна колку пилулитеrn

    „Многу е возбудливо тоа што сега постои одобрена алтернатива за конвенционалната заштита против несакана бременост, како и тоа што е возможно да се заменат лековите со технологија“, изјавила задоволната Елина Бергланд која заедно со нејзиниот сопруг ја развиле идејата по име „Природни циклуси“ (Natural Cycles).

    rnОдобрувањето било дадено од страна на германската инспекција и сертифицираната организација Tüv Süd кои ја сместиле апликацијата во медицинската категорија IIб. Тоа значи дека Природни циклуси официјално нуди нова, клинички тестирана алтернатива за вообичаените контрацептивни средства како што се контрацепционите пилули, инплантите и кондомите.rnrn2015-та била тешка година за брачниот пар. Потешкотиите го достигнале врвот на 25 ноември кога овластените лица од Шведската агенција за медицински производи стапиле во контакт со нив. Тие барале работата на апликацијата да биде прекината за 10 дена, додека агенцијата продолжи со истрагите на оваа тема. Корисниците на апликацијата биле информирани 2 дена пред Божиќ.rn

    „Во тој момент беше тешко. Многу тешко. И покрај сѐ, апликацијата беше создадена со цел да овозможи заштита од несакана бременост“, изјавила Бергланд во едно интервју.

    rnОсвен тоа, информацијата дека Агенцијата за медицински производи ја истражува Природни циклуси излегла во јавност и по нивниот огромен приход од 280.000 долари во октомври 2015 година, тие доживеале драматичен пад.rn

    „До декември нашата заработка изнесуваше 120.000 долари“, открила Бергланд.

    rnБурата продолжила и понатаму. Се појавиле застрашувачки наслови во весниците дека Природни циклуси се обидуваат да ги прелажат младите жени кои не внимаваат на заштитата од несакана бременост, а строгото надгледување од страна на Агенцијата за медицински производи сѐ уште не завршило.rnrnНуклеарна физичарка ја измислила првата контрацепциона апликација која е исто толку ефикасна колку пилулитеrnrnПо повеќе од една година подоцна, Елина Бергланд и нејзиниот сопруг конечно ја добиле нивната долго очекувана победа. Предвидената двојна заработка за 2016 година паднала во вода поради тоа што изгубиле време на чекање одобрување, но сега е време повторно да се стремат кон нови успеси.rnrnПлановите за проширување на пазарот во САД ќе мора да почекаат додека не добијат одобрување од Американската регулаторна агенција. Но, затоа оваа апликација без проблем ќе се прошири во Велика Британија која веќе претставува еден од најголемите пазари за компанијата.rnrnПа, како функционира оваа апликација? Природни циклуси ја пресметува дневната плодност со помош на алгоритам. За да ја користат апликацијата, жените треба да ја мерат температурата под нивните јазици секое утро и да ги внесат резултатите во апликацијата. Потоа, алгоритамот, кој е создаден специјално за оваа апликација, одредува дали сте плодни тој ден за да знаете дали ќе ризикувате да забремените доколку имате незаштитен сексуален однос.rnrnПриродни циклуси има повеќе од 150.000 корисници во 161 земја, а клиничките истражувања докажале дека користењето на апликацијата е исто толку ефикасно колку и пиењето контрацептивни пилули.rnrnВо продолжение прочитајте кои се најбизарните методи на контрацепција што ги користеле жените во минатото.

  • 10 начини на кои вонземјаните би можеле да стапат во контакт со нас

    10 начини на кои вонземјаните би можеле да стапат во контакт со нас

    Ако ги игнорираме теориите на заговор, човештвото нема добиено никаква порака од цивилизација од друга планета. Ако го земеме предвид технолошкиот напредок во последните 100 години, постои голема веројатност дека вонземјаните кои би стапиле во контакт со нас се далеку понапредни. Имаме измислено многу начини за комуницирање низ космосот. Па, ако некоја напредна вонземна цивилизација сака да комуницира со нас, можеби би го направила тоа на некој од следниве начини.rn

    1. Радио бранови

    rn(1)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mkrnrnРадио брановите се првото нешто што ни паѓа на ум кога зборуваме за комуникација со вонземјани. Овој начин на комуникација е претставен во многу книги и филмови. Сепак радио брановите ни се познати веќе цел век. Многу научници и организации, како SETI, одвојуваат време за да бараат обид за контакт преку радио бранови. Дури има е една можен контакт од 1970-тите, односно познатиот „WOW!“ сигнал. До денес нема објаснување за овој радио сигнал од јато ѕвезди кои се во наша близина. Но, има проблем со овој метод. Радио брановите ослабуваат со нивното оддалечување од изворот. Па, пораките кои сме ги испраќале изминатиот век, веројатно ќе бидат неразбирливи после неколку светлосни години.rn

    2. Ласери

    rn(2)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mkrnrnЛасерите се можеби подобар начин за комуницирање. Интензитетот на сигналот е зачуван на поголемо растојание за разлика од радио брановите. Со ласерите може да нишаните на индивидуални небесни тела, па процесот на праќање пораки е добар и ефикасен. Прашањето е: На која фреквенција треба да биде светлината кога го испраќаме ласерскиот сигнал? Ако цивилизацијата е доволно напредна, тие може да испратат гама зраци. Овие зраци траат најдолго и се разликуваат од другите. Сепак, за ова е потребно огромно количество енергија.rn

    3. Ѕвездена светлината

    rn(3)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mkrnrnСигурно имате слушнато за вселенскиот телескоп Кеплер. Овој телескоп на НАСА бара планети меѓу ѕвездите со тоа што ја набљудува светлината на една ѕвезда кога пред неа поминува планета. Но што ако доволно напредна цивилизација може да постави огромен триаголник или правоаголник во орбитата на ѕвездата? За да ја откриеме оваа порака треба само да знаеме која форма ја бараме. Всушност, цивилизацијата не мора ни да биде толку напредна. За неколку стотици години и ние ќе можеме да го правиме тоа. Овие „нешта“ би биле доволно големи за да покријат поголем дел од планетата кој ќе биде видлив оддалеку.rn

    4. Дисонова сфера

    rn(4)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mkrnrnОва е слично со претходниот метод, но овде целта не е контакт, туку собирање на целата енергија на ѕвездата. Идејата е да се постават милијарди огромни сончеви колектори кои ќе ја собираат енергијата од ѕвездата. Иако звучи лудо, брзината со која се движи технолошкиот напредок може да го направи ова возможно и за нас за неколку стотици години.rn

    5. Играње со космосот

    rn(5)10-nachini-na-koi-vonzemanite-bi-kontaktirale-so-nas-kafepauza.mkrnrnЦивилизација која е милиони години пред нас би можела да го контролира движењето на небесните тела, нели? Па, тие би можеле да го сменат движењето на телата во нашиот систем за да ни го привлечат вниманието. Забрзувањето близу до брзината на светлината или забавувањето, евентуално некој ќе го забележи. Енергијата и технологијата која би била потребна за ова можеме само да ја замислиме во научно фантастичните филмови. Има астрономи кои секоја вечер бараат некоја аномалија која би можела да биде обид за контакт. Очигледно овие способности нам би ни изгледале божествени.rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Мал робот го поминува денот пишувајќи оригинални поеми во песокот

    Мал робот го поминува денот пишувајќи оригинални поеми во песокот

    Иако вештачката интелигенција е развиена за да го подобри животот и технолошките изуми, некои дизајнери создаваат роботи со вештачка интелигенција за забава. Во оваа категорија спаѓа и малиот робот чија цел е да пишува поеми во песокот.rnrn(1)mal-robot-pishuva-poemi-vo-pesokot-kafepauza.mkrnrnОвој робот е дизајниран од Јукси Лиу за нејзината дипломска работа на Универзитетот во Единбург. Малото роботче се движи на 4 тркала и има сензор кој му го олеснува движењето низ песокот. Користејќи анемометар (направа која ја мери брзината на ветерот) како антена, роботот ги забележува разните природни фактори и потоа ги внесува во својот систем.rnrn(2)mal-robot-pishuva-poemi-vo-pesokot-kafepauza.mkrnrnКористејќи вештачка интелигенција, роботот ги користи овие записи за да создаде поеми кои ги пишува во песокот. Вокабуларот на роботот е програмиран и се користат основните граматички правила. Сепак, прозата е на роботот и тој има слобода да ја користи како сака. „Поетот на брегот“ е дел од серијата која ја создала Лиу и е наречена „Јас, машина“. Таа го истражува чувството, социјалноста и моралот на машините.rnrn(3)mal-robot-pishuva-poemi-vo-pesokot-kafepauza.mkrnrnСпоред Лиу, роботот сака да го гледа морето, да го слуша звукот на брановите, шумот на ветрот, детскиот џагор и пеењето на птиците. Поголемиот дел од времето го поминува сам за да слуша и да чувствува. Понекогаш пишува стихови на песокот и гледа како брановите ги бришат.rnrn[vimeo height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://vimeo.com/219846787[/vimeo]rnrnПогледнете го и овој неодолив робот кој ќе ви помогне да стекнете позитивни навики.