КАФЕ ПАУЗА

Станете гуру за лозинки: Како да имате максимална заштита на вашите профили?

Како да создадете безбедна лозинка?

Written by

in

Колку е побезбедна лозинката, толку се помали шансите некој да ви ги пробие разните кориснички сметки на интернет. Таа е последниот ѕид кој натрапникот треба да го помине за да влезе онаму каде што не му е местото, а во тоа ќе го спречите доколку ги следите овие совети за создавање на безбедни лозинки.rnrnКако да создадете безбедна лозинка?rn

1. Смислувајте „силни“ лозинки

rnПовеќето сајтови ќе ви кажат дали лозинката ви е доволно добра уште во моментот кога ќе ја одбирате. Генерално, за силна лозинка се смета онаа која содржи големи и мали букви, броеви и други знаци. На пример, вашето име и презиме или телефонскиот број не се доволно силна лозинка, но акроним од првите букви на вашата омилена песна веќе е друга приказна.rn

2. Не користете неуниктани лозинки

rnМногу профили биле хакнати затоа што корисниците го олесниле тоа избирајќи некоја од најлошите лозинки на светот. За некои луѓе безбедносен ѕид претставува „password”, за други телефонскиот број или своето име додавајќи „123“. Ваквите лозинки пречесто се користат и не мора некој да е искусен хакер за да ја открие и да се послужи со вашиот профил.rn

3. Погледнете ја листата на 20-те најлоши лозинки

rnЛозинката Password е навистина лесно да се запамети, но ова не е најважната работа при креирањето на лозинките. Најважна е сигурноста. Според „CM Security“ лозинка од 8 карактери го зголемува времето на пробивање на 8 години, наспроти 41 ден колку што е потребно за пробивање на лозинка со 4 знаци.rn

4. Тестирајте ја вашата лозинка

rnСо помош на оваа алатка можете да проверите дали вашата лозинка е доволно силна. Силна е кога ќе се обојат сите 6 ѕвездички.rn

5. Менувајте ги лозинките

rnОдвреме-навреме сменете ги лозинките кои ги користите. Тоа е една дополнителна мерка за безбедност. Исто така користете различни лозинки за различни кориснички сметки.rn

6. Користете LastPass

rnLastPass е екстензија за прелистувачи за која треба да запаметите само една лозинка, а потоа таа ги памети сите други ваши лозинки за вас. Притоа, прави и други безбедносни проверки и ви кажува кои лозинки треба да бидат посилни, кои сајтови биле хакирани и дали ви треба промена на лозинката. Тоа ви овозможува да користите различни лозинки за различни кориснички сметки и да не се мачите да ги памтите сите.rn

7. Како да создадете добра безбедна лозинка која лесно ќе ја паметите?

rnНајдобри се лозинките кои се составени од големи и мали букви, броеви и симболи. Кога овој принцип ќе го примените на вашите омилени работи, спомени, филмови, песни итн. силната лозинка е неизбежна. Така, на пример, ако ја сакате сината боја и сте фан на „Господар на прстените“, вашата лозинка може да ја склопите така што ќе кажете дека сакате сина боја, потоа ќе ставите некој симбол, па акронимот од името на филмот кој ќе почнува со голема буква. Тоа би изгледало вака:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn

sakam sina boja & Lord of the Rings → ssb&LotR

rn[/message_box]rn

rnТака изгледа вашата силна лозинка која тешко се пробива.rn

8. Смислете една добра лозинка и потоа само правете варијации од неа

rnДоколку не сакате да користите менаџер за чување лозинки, можете да примените друга тактика за креирање и помнење на различните лозинки за различните кориснички профили. Најпрвин смислете нешто уникатно и потоа само прилагодувајте го секогаш на истиот начин. На пр.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn

radio1#facebook; radio1#twitter; radio1#youtube

rn[/message_box]rn

rn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.