КАФЕ ПАУЗА

Како самите да ја подобрите вашата домашна Wi-Fi конекција?

Како самите да ја подобрите вашата домашна Wi-Fi конекција?

Written by

in

Добра и стабилна интернет конекција е неопходна во денешно време, но понекогаш знае многу да фрустрира. Таа не е секогаш таква каква што е опишана во договорите со операторите. Проблемот најчесто е во операторот, но понекогаш има ситуации во кои вие самите можете да ја подобрите. Ова се пет работи на кои треба да внимавате за да имате подобра Wi-Fi конекција дома.rn

1. Ставете го рутерот на високо место

rnМногумина преферираат да го стават рутерот на подот или на ниска масичка каде што нема да пречи. Сепак, за да извлечете максимум од сигналот кој ви е на располагање треба рутерот да го поставите на некое високо место. Тој оттаму најдобро ќе го шири сигналот.rnrnКако самите да ја подобрите вашата домашна Wi-Fi конекција?rn

2. Рутерот сака свој личен простор

rnРутерот е како личност која има свој личен простор и не сака да биде вознемируван. Тргнете ги работите кои сте ги оставиле околу него за подобар сигнал. Секогаш внимавајте покрај него да немате метални предмети и жици, ниту апарати за домаќинство како микробранова печка или фиксен телефон затоа што нивните бранови можат да му попречат на Wi-Fi сигналот.rnrnКако самите да ја подобрите вашата домашна Wi-Fi конекција?rn

3. Засилете го сигналот со лименка

rnДоколку имате време, нерви и желба за тоа, една обична лименка како на сликата може да ви помогне да го засилите сигналот. Сепак, имајте предвид дека луѓето добиваат различни резултати од овој трик, од тотален неуспех до целосен успех.rnrnКако самите да ја подобрите вашата домашна Wi-Fi конекција?rn

4. Раширете го сигналот подалеку

rnКонтактирајте со вашиот оператор дали може да добиете уред кој може да го прими Wi-Fi сигналот и да го редистрибуира на поголем простор. Ако тие не можат да ви го обезбедат, можете да си купите.rnrnКако самите да ја подобрите вашата домашна Wi-Fi конекција?rn

5. Користете два рутери одеднаш

rnНа крајот на краиштата, можете да поставите два рутери во вашиот дом и на таков начин да го засилите сигналот и да ги елиминирате вашите грижи околу интернет конекцијата. Дополнителниот рутер не би требало да биде скап.rnrnКако самите да ја подобрите вашата домашна Wi-Fi конекција?rnrnСите овие совети можете да ги видите во видеото кое следува.rnrn