КАФЕ ПАУЗА

Category: Патувања

  • Зошто вреди да ја посетите Шри Ланка барем еднаш во животот?

    Зошто вреди да ја посетите Шри Ланка барем еднаш во животот?

    Ако барате дестинација каде ќе можете да уживате во најдобрите зајдисонца, бескрајните плажи и гостопримливи локални жители, Шри Ланка е вистинскиот избор за вас!rnrnЗошто вреди да ја посетите Шри Ланка барем еднаш во животот? rn

    1. Долга историја

    rnМожеби една од најдобрите причини да ја посетите Шри Ланка е нејзината долга историја. Ви се верува или не, првите знаци на човечка цивилизација на островот датираат од пред 34.000 години! Со островот владееле девет дестинации пред да биде колонизиран од страна на Португалците, Холанѓаните и Британците. Својата независност ја стекнал во 1948 година, а статусот на република го добил во 1972 година.rnrnЗошто вреди да ја посетите Шри Ланка барем еднаш во животот? rn

    2. Богато културно наследство

    rnШри Ланка е спој на различни култури, вкусови и архитектонски стилови. Овде можете да видите остатоци од португалска и холандска архитектура, како и палати и будистички храмови. Не е за чудење фактот дека во секој дел на островот има барем по еден локалитет кој е дел од списокот на светското наследство на УНЕСКО. Тука се вбројуваат и античкиот град Канди (древен будистички храм), стариот град Гале (потекнува од 16 век), Сигирија (древна палата), Анурадапура (првиот антички главен град на Шри Ланка), пештерскиот храм Дамбула и шумскиот резерват Синхараја.rnrnЗошто вреди да ја посетите Шри Ланка барем еднаш во животот? rn

    3. Изобилува со азиски слонови

    rnШри Ланка е дом на повеќе од 5.000 азиски слонови. Ова ја прави малата островска држава место со најголема концентрација на слонови во Азија. Освен тоа, секоја година во периодот од мај до септември, во резервоарот во националниот парк Минерија можете да видите околу 350-400 слонови.rnrnЗошто вреди да ја посетите Шри Ланка барем еднаш во животот? rn

    4. Да не заборавиме дека изобилува и со леопарди!

    rnПовеќето од нив живеат во Националниот парк Јала, а туристите можат да ги посетат за време на тридневното сафари во паркот кое се организира во периодот помеѓу март и октомври.rnrnЗошто вреди да ја посетите Шри Ланка барем еднаш во животот? rn

    5. Преубави плантажи на чај

    rnДоколку не сте знаеле, Шри Ланка е четвртиот најголем производител на чај во светот. Се карактеризира со повеќе од 2.000 квадратни километри насади со чај кои произведуваат околу 300 милиони килограм чај годишно. Бескрајните зелени полиња се совршени за оние кои сакаат да избегаат од топлината и влажноста, а притоа имаат можност да го вкусат оригиналниот цејлонски чај.rnrnЗошто вреди да ја посетите Шри Ланка барем еднаш во животот? rnrnОткако прочитавте зошто вреди да ја посетите Шри Ланка, можеби ќе сакате да прочитате и за најлудите (и најубавите) храмови низ Азија.rnrnИзвор: passportsymphony.com

  • Волшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштите

    Волшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштите

    Шкотска е навистина магична земја, иако нејзините природни убавини не се доволно нагласени. Затоа, доколку сакате да ја запознаете подобро оваа земја, покрај Единбург и Глазгов, би требало да ги посетите и овие дестинации.rn

    Базенот на самовилите на островот Скај

    rnСкај е романтичен остров кој изобилува со преубави пејзажи. Базенот, всушност, се состои од водопади со кристално чиста вода кои се сметаат како место за духовно исцелување. Постојат легенди дека тука се капеле самовили.rnrnВолшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштитеrn

    Капелата Рослин

    rnБројни теории на заговор се врзани за оваа капела која датира од 15 век и се наоѓа во близина на Единбург. Местото зрачи со мистична енергија што го прави посебно привлечно за филмските режисери. Внатрешноста на капелата е покриена со симболи и знаци поврзани со масони, темплари и раните христијани и е предмет на историски контроверзии.rnrnВолшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштитеrn

    Финич Глен

    rnСтанува збор за клисура каде се наоѓа карпа со морничаво име – „Ѓаволска проповедница“. Местото изобилува со легенди за пагански ритуали и приказни за келтските друиди. Освен тоа, овде била снимана и серијата Outlander во 2014-та година.rnrnВолшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштитеrn

    Гленко

    rnПланината Гленко е место со морничаво минато – тука се одвивала егзекуцијата на кланот Мекдоналд во име на новоизбраниот крал во 1691 година. Легендите велат дека нивните духови сè уште кружат, а нивните фантомски гајди се слушаат одвреме-навреме.rnrnВолшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштитеrn

    Престолот на кралот Артур

    rnИзгаснатиот вулкан кој се наоѓа во близина на Единбург според некои легенди се смета за местото каде се наоѓал Камелот, кралството на кралот Артур и витезите на тркалезната маса. Друга легенда вели дека карпата била змеј кој толку многу се прејал што заспал и се претворил во камен.rnrnВолшебната Шкотска: 5 локации кои не смеете да ги пропуштитеrnrnОткако прочитавте кои места морате да ги посетите доколку патот ве одведе накај Шкотска, можеби ќе сакате да прочитате  и за градините на космичка шпекулација во Шкотска.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Од Хималаите до морето: Земјата каде луѓето живеат во хармонија со природата

    Од Хималаите до морето: Земјата каде луѓето живеат во хармонија со природата

    Бенгал се наоѓа во јужниот дел на Азија, во регионот околу делтата Ганг-Брамапутра и по должината на Бенгалскиот залив. Станува збор за еден од најгусто населените региони во светот, со густина на популацијата од 900/км2. Источниот дел му припаѓа на Бангладеш, а западниот дел на Индија (Западен Бенгал).rnrnОд Хималаите до морето: Земјата каде луѓето живеат во хармонија со природатаrnrnРегионот претставува плодна рамнина која е испресечена со бројни речни текови (Ганг, Брамапутра, Мегна, Дамодар, Рупнараин, Тиста) како и канали за наводнување.rnrnЕдинствен и оригинален меѓу индиските држави по тоа што се протега од Хималаите до морето, Западен Бенгал привлекува сè повеќе туристи кои се во потрага по необични дестинации. Главен град е Калкута чии жители и покрај огромната стапка на сиромаштија сè уште ја одржуваат сликата на софистициран, гостопримлив град кој некогаш бил престолнина на Британска Индија.rnrnОстатокот од Западен Бенгал, пак, се карактеризира со прекрасна палета на пејзажи и култури почнувајќи од Дарџилинг (место прогласено за светско наследство на УНЕСКО) па сè до мочуриштата Сундарбан каде талкаат кралските бенгалски тигри.rnrnРегионот изобилува со необични пејзажи и глетки како на пример мажи и деца кои сортираат рибарски мрежи во Канинг, гратче населено на западниот брег на реката Матла.rnrnОд Хималаите до морето: Земјата каде луѓето живеат во хармонија со природатаrnrnТие треба да се исушат и проверат дали се оштетени пред да се користат повторно. Големината на мрежите варира од 4 до 8 метри во дијаметар. Работниците по сортирањето ги бараат оштетените места и ги шијат дупките со најлонски конец. За еден работен ден, односно околу 10 работни часа добиваат надомест од 12 долари.rnrnОткако прочитавте нешто повеќе за Бенгал, можеби ќе ве интересира да прочитате и кои 5 волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Тажната приказна на „највисокиот“ град во светот

    Тажната приказна на „највисокиот“ град во светот

    Дали некогаш сте се запрашале кој е највисокиот град на светот? Се работи за Ла Ринконада, град кој се наоѓа на Андите во Перу. Овој мал планинско-рударски град се наоѓа на 5.100 метри надморска височина. И покрај тешките услови за живот, градот и до ден денес постои и го носи епитетот на „највисоката населена заедница“ на Земјата.rnrnТажната приказна на „највисокиот“ град во светотrnrnГрадот е опкружен со високи планини и огромни глечери што го прават да биде еден од најизолираните градови во светот. Перуанците честопати го нарекуваат како град над облаците. Единственото нешто што го поврзува градот со остатокот од светот се малите, тесни планински патишта кои се затворени во поголемиот дел од годината.rnrnТажната приказна на „највисокиот“ град во светотrnrnПред градот да биде населен, се верувало дека човечкиот организам не може да преживее на надморска височина од 5.000 метри пред сè поради значајните промени што треба да ги направи во начинот на функционирање. Сепак, Ла Ринконада покажува дека исклучоците се секогаш можни.rnrnНо, што е тоа што ги натерало луѓето да останат да живеат во такви услови?rnrnАндите отсекогаш биле дом на градови и заедници сместени на надморска височина од околу 3.500 до 4.000 метри. Сепак, тие не можат да се споредат со надморската височина на Ла Ринконада. Градот, всушност, бил населен како резултат на перуанската златна треска во периодот од 1990 до 2000-та година. Во тоа време бил откриен рудник за злато и многу луѓе продале сè што имаат за да се преселат на ова место и да се збогатат со ископување злато.rnrnТажната приказна на „највисокиот“ град во светотrnrnГрадот го забележал најголемиот раст на населението во периодот од 2001 и 2009 година кога бројот на жители изнесувал околу 30.000. Главна причина за тоа било покачувањето на цената на златото за 235%. Денес, златната треска е во опаѓање, па така бројот на жители е намален на 17.000.rnrnТажната приказна на „највисокиот“ град во светотrnrnГрадот е прилично сиромашен, а поголемиот дел од економијата зависи од нелегалните локални рудници за злато. Повеќето луѓе кои престојуваат овде, не работат за фиксна плата, но можат да го задржат целото злато што ќе го најдат во еден одреден ден секој месец.rnrnГрадот нема никакво урбанистичко планирање или инфраструктура. Покрај тоа, нема канализација, ниту пак механизми за отстранување на отпадот. Жителите го палат ѓубрето или го закопуваат надвор од градот.rnrnСето ова во комбинација со нелегалните рударски активности придонесува за сериозно загадување на градот со жива со чија помош рударите го вадат златото. Всушност, труењето со жива е една од најчестите причини за смрт во Ла Ринконада.rnrnОткако прочитавте за највисокиот град во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за најстариот град на светот.rnrnИзвор: passportsymphony.com

  • 5 необични земји со уште понеобична традиција

    5 необични земји со уште понеобична традиција

    Земјите ширум светот се разликуваат на многу начини. Културата, обичаите и традициите не само што влијаат врз нашиот секојдневен начин на живеење туку и ја прават нашата држава различна од другите. Историјата, начинот на владеење, па дури и спортот – се елементите кои можат да придонесат за една земја да ни биде „необична“. Во продолжение прочитајте го нашиот список на земји за кои сметаме дека се карактеризираат со необична култура.rnrn5 необични земји со уште понеобична традицијаrn

    1. Казахстан

    rnСите оние кои го гледале Борат знаат зошто оваа земја во Средна Азија е дел од нашиот список на необични земји. Националниот пијалак на оваа земја се прави од ферментирано коњско млеко, а најпопуларното јадење е „кази“, колбас од чадено коњско месо. „Бузкаши“ е традиционален спорт, а називот во буквален превод значи „фаќање мртва коза“. Главната цел на играта е одржување контрола над топката што, всушност, е тело на коза без глава. После играта, секогаш следува забава. Казахстан е деветта по големина земја во светот, со над 130 различни националности. Сиромашните области се навистина мрачни и тажни, а големите градови, пак, како Астана, можат да се пофалат со футуристичка архитектура, одлични пабови, музеи и разни атракции.rn

    2. Романија

    rnРоманија е модерна земја, добро интегрирана во посткомунистичка Европа и се карактеризира со интересна и необична историја. Приказните и легендите за вампирите потекнуваат токму од Трансилванија кое се смета за родно место на грофот Дракула. Овде ниту еден оброк не може да се замисли без „палинка“, овошен пијалак, сличен на руската вотка. Треба да бидете внимателни доколку го дегустирате заедно со традиционалните деликатеси. Во Романија постои изрека дека оној кој ќе направи најсилна палинка (каква што всушност и е невозможно да се пие) тој е најдобар домаќин. Романците обожаваат месо, па затоа оваа земја и не е популарна дестинација за вегетаријанците. Ако ви треба такси во Романија, заборавете на тоа. Најпопуларен начин за транспорт е автостоп.rn

    3. Ерменија

    rnВо оваа земја шахот е задолжителен предмет на училиште и вистинска, национална опсесија. Шахот е дел од наставната програма за основно училиште и подеднакво важен како историја или математика. Без излез на море, оваа земја се одликува со богата историја и култура. На север се граничи со Грузија, на југ со Иран, на исток со Азербејџан, а на запад со Турција. Главниот град на државата, Ереван, е познат како „розовиот град“ поради античките градби изградени од розова вулканска карпа. Ерменија има богата христијанска историја, а многу Ерменци се сè уште убедени дека арката на Ное била изградена на врвот на планината Арарат.rn

    4. Бутан

    rn„Ние не веруваме во бруто националниот производ туку во бруто националната среќа“. Ова се зборовите на кралот на Бутан за концептот кој почнал да се развива во 1972 година. Од тој момент, бруто националната среќа станала еден вид бутанска филозофија на животот, но и правило впишано во државниот устав. Бутанците имаат многу прични да бидат среќни. Околу 70% од хималајското кралство е составено од шуми, а високите планини ги чуваат недопрени реките. Посетителите ја нарекуваат оваа изолирана нација последната „Шангри-Ла“ во светот, мистична долина во која луѓето и природата ја пронашле својата хармонија. Во Бутан можете да видите огромни фалусни симболи кои ги красат куќите, храмовите, па дури и владините згради. Овде чилито се смета за главно јадење, а оризот се служи црвен.rn

    5. Северна Кореја

    rnСигурно ви е сосема јасно зошто токму оваа земја се најде на нашиот список. Во оваа држава може да се влезе само преку Пекинг, а оние малку туристи кои успеваат да ја посетат, остануваат шокирани. Овде сите ги почитуваат владините правила, а туристичките водачи на посетителите им покажуваат необично сомнителна слика за з земјата. За време на престојот во Северна Кореја, туристите се постојано под надзор и можат да ги посетат само оние места што ќе им ги одреди Владата. Тие можат да добијат виза само во Пекинг и можат да патуваат единствено преку туристичките агенции Koryo Tours и Young Pioneer Tours.rnrnОткако го прочитавте нашиот список со необични земји, можеби ќе сакате да прочитате и 10 документарни филмови поради кои ќе го гледате светот поинаку.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Градот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!

    Градот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!

    Езерото Анси се смета за едно од најчистите и најубавите езера во Европа, а се наоѓа во истоимениот град кој уште е познат и како алпска Венеција поради многуте канали, но и прекрасната архитектура. Градот е вистински бисер на француските Алпи, пред сè поради живописниот пејзаж кои го сочинуваат прекрасните планински врвови и магичното глацијално езеро.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnГратчето се наоѓа во Југоисточна Франција, 35 километри јужно од Женева и 150 километри од Лион. Тоа е идеална дестинација доколку сакате да избегате од гужвите на големите градови. Сигурно нема да ве остават рамнодушни малите мостови, уличките, продавниците и пазарите.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!Градот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnНајпознатата туристичка атракција во градот е замокот Анси, кој денес служи како музеј и е прогласен за историски споменик од страна на Министерството за култура.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnВо замокот се изложени многубројни скулптури и слики од локалните уметници, а од посебно значење е колекцијата од 15 век па наваму на мебел, фотографии и макети на алпски планински куќи. Замокот бил изграден меѓу 12 и 16 век и служел како резиденција на женевските грофови и војводи. Во текот на историјата, замокот бил уништен во пожар неколку пати и напуштен во 17 век. Потоа, служел и за потребите на војската сè до 1947 година. Денес во замокот се наоѓа и опсерваторија.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnВреди да се посети и Palais de l’Isle (Островска палата) од 12 век, која некогаш служела и како затвор. Помеѓу езерото и стариот град пак, се наоѓа Мостот на љубовта кој нуди преубав поглед кон езерото, а во близина се наоѓа и паркот Jardins de l’Europe (Европски градини) каде можете да уживате во природата.rnrnГрадот Анси: Бисер на француските Алпи со едно од најубавите езера во цела Европа!rnrnОсвен тоа, токму овде секоја година во текот на јуни се одржува најстариот фестивал за анимирани фестивали во светот (основан е во 1960 година).rnrnВо секој случај, нема да погрешите со изборот на ова гратче доколку сте во потрага по мало, идилично место кое ќе ви ја долови магијата на Франција.rnrnОткако прочитавте за малото француско гратче Анси, можеби ќе сакате да прочитате и за градот на лимоните во Франција за кој многу туристи никогаш немаaт слушнато.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Која е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?

    Која е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?

    Изградена со цел да се прикрие военото и финансиското слабеење на Отоманската империја, палатата Долмабахче е раскошен, монументален дворец полн со злато. Палатата била изградена за време на владеењето на султанот Абдул Меџит I во периодот помеѓу 1842 и 1853 година. Дворецот се наоѓа во европскиот дел на Истанбул во реонот Бешикташ.rnrnКоја е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?rnrnОбласта каде што денес се наоѓа палатата некогаш бил мал босфорски залив, а во 18 век полека почнал да се претвора во царска градина покрај Босфорот. Луѓето го нарекувале Долмабахче, dolma значи „исполнета, затворена“, а bahçe „градина“.rnrnКоја е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?rnrnСултаните обожавале да престојуваат на ова место, па затоа во текот на 18 и 19 век тука биле изградени голем број вили и павилјони. Постепено, овој дел од градот прераснал во комплекс наречен Градина на Бешикташ. Но, сè било срушено по наредбата на султанот Абдул Меџит овде да се изгради нова султанска палата.rnrnДотогаш резиденцијата на султаните бил Топкапи-сарај, дворец изграден во средновековен стил, но Абдул Меџит верувал дека новата палата во европски стил ќе биде помодерна и полуксузна.rnrnСепак, хроничарите и историчарите сметаат дека вистинската причина за изградбата на палатата било слабеењето на Отоманската империја. Новата палата морала да биде раскошно украсена за да го импресионира светот. За да се доближи до Европа пак, морала да покаже на некој начин дека раскинува со долговековната османлиска традиција.rnrnКоја е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?rnrnЛуксузната палата е на два ката, со големина од 45.000 м2, со 285 соби, 44 сали и 6 амами. Декорирана е со елементи од различни стилови како барок, рококо, неокласицизам, како и детали од традиционалната отоманска уметност и култура. За позлата на таванот биле употребени 14 тони злато. Покрај тоа, палатата ја поседува и најголемата колекција на кристални лустери Bohemian и Baccarat во светот.rnrnКоја е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?rnrnОд моментот кога палатата станала новиот административен центар на Османлиското Царство во 1856 година сè до укинување на Калифатот, во палатата Долмабахче живееле 6 султани. Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, ја користел палатата како летна резиденција. Тука ги поминал и последните денови. Така, кога починал на 10 ноември 1938 година во 9 часот и 5 минути, во негова чест биле запрени сите часовници во палатата.rnrnКоја е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?rnrnОткако прочитавте за историјата на палатата Долмабахче, можеби ќе сакате да прочитате и за 5 објекти кои се сведоштво за раскошот на византиската архитектура.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Дали знаете која е најтешката зграда во светот?

    Дали знаете која е најтешката зграда во светот?

    Можеби претпоставувавте дека најтешката зграда во светот се наоѓа некаде на Блискиот Исток, или можеби во Јапонија или во САД, но тоа не е така. Ви се верува или не, палатата на парламентот во Букурешт, позната и како Дом на републиката, е официјално најтешката зграда во светот.rnrnДали знаете која е најтешката зграда во светот?rnrnДоколку размислувате да патувате во Романија, дефинитивно треба да го посетите парламентот. Како што можете да претпоставите, изградбата на таков вид објект чини многу, а Романија не е една од најбогатите земји во светот. Токму затоа оваа зграда е еден од најконтроверзните градежни проекти што некогаш биле реализирани во Романија.rn

    Историја

    rnПознато ни е дека во текот на историјата, луѓето преку големи градежни проекти ја покажувале својата моќ. Тоа воедно служело и како приказ за тоа колку државата е богата и просперитетна за да си дозволи еден таков проект и дека ги има потребните материјали и ресурси. Сепак, во случајот на Романија воопшто не било така. За време на владеењето на Чаушеску, Романија била една од најсиромашните земји во Источниот блок. Тоа не било пречка да се изгради една од најскапите згради во историјата на човештвото.rn

    Инспирација од Северна Кореја

    rnИзненадувачки, приказната за најтешката зграда започнала во Пјонгјанг, Северна Кореја. Романскиот комунистички водич Николае Чаушеску ја посетил Северна Кореја во 1971 година и според одредени извори, бил инспириран од локалната архитектура толку многу што решил да ја пренесе во својата татковина.rnrnДали знаете која е најтешката зграда во светот?rnrnВо 1977 година, Букурешт доживеал силен земјотрес кој оштетил голем дел од зградите. Според Чаушеску, ова било одлична можност да почне да имитира дел од тоталитарниот архитектонски стил на Северна Кореја. Целиот градежен проект бил именуван како „Проект Букурешт“, а најважниот објект бил токму новиот Дом на Републиката кој имал за цел да направи луѓето да се чувствуваат уште помали во однос на романскатаrnКомунистичка партија.rn

    Изградба

    rnНа властите им биле потребни седум години по земјотресот за да ја започнат изградбата. За таа цел, биле срушени зградите во околината, а на повеќе од 40.000 луѓе им било наредено да се преселат пред да се започне со изградбата. Објектот бил дизајниран од романската архитектка Анка Петреску која работела на проектот со тим од 700 архитекти. Изградбата започнала на 25 јуни 1984 година, а финалниот производ била импресивна, необична зграда со елементи од неколку различни архитектонски стилови.rnrnДали знаете која е најтешката зграда во светот?rnrnСпоред проценките, повеќе од 30.000 работници работеле на изградбата на палатата. Романската влада, пак, го зголемила својот долг поради финансирањето на градежните трошоци, а тоа претставувало дополнителен финансиски товар на сиромашната држава.rn

    Од што е изграден парламентот?

    rnВо текот на изградбата биле употребени приближно 2 милиони тони песок, 700.000 тони челик и бронза, 500.000 тони цемент и 4.000 тони кристал. За ентериерот биле искористени 220.000 квадратни метри тепих и 4.000 квадратни метри кожа за украсување. Вкупниот трошок за изградба на најтешката зграда во светот во денешни пари е околу 4 милијарди евра.rnrnДали знаете која е најтешката зграда во светот?rnrnОткако прочитавте за најтешката зграда во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за „најзелената“ зграда во светот.rnrnИзвор: passportsymphony.com

  • Од рибарско село до метропола на иднината: Добре дојдовте во најбезбедниот град на светот

    Од рибарско село до метропола на иднината: Добре дојдовте во најбезбедниот град на светот

    Замислете ја глетката од неверојатни, футуристички згради кои се толку иновативни што попрво наликуваат на уметнички дела, како и пејзажот кој го спојува традиционалното со модерното. Добре дојдовте во Доха, еден од најмодерните и највозбудливите градови не само на Блискиот Исток туку и во целиот свет воопшто. Покрај тоа, оваа година Доха ќе биде и домаќин на Светското првенство во фудбал.rnrnОд рибарско село до метропола на иднината: Добре дојдовте во најбезбедниот град на светотrnrnЌе се согласите дека Доха е величествен град. Се издигна од пустината со помош на иновации и страста за технологија и напредок. Резултатот е брза трансформација од рибарско село во една од најважните и најдинамичните дестинации на Блискиот Исток. Главниот град на Катар е седиште на многубројни компании вредни милијарди долари, но и гламурозни трговски центри каде наместо да пешачите, можете да уживате во пазарувањето со приватен возач и автомобил. Една од препознатливите особености на овој необичен град е и неговиот космополитски дух.rn

    Историја на Доха

    rnСо векови Доха било рибарско село познато по трговијата со бисери. Неговите нуркачи се карактеризирале со посебни вештини да ги пронајдат најголемите и најсовршено обликуваните бисери, а селото (познато под името Ал Бида) било познато и како рибарско пристаниште, меѓу другото. Со богатството стекнато од трговијата со нафта во 20 век, Доха за кратко време се претворил во еден од клучните трговски центри за целиот регион. Денес, градот е економски центар на Катар и средиште на финансиите на Блискиот Исток.rn

    Од каде потекнува името „Доха“?

    rnЗборот „Доха“ или „Ад-Давха“ на арапски буквално се преведува како прекрасно, магично дрво. Меѓутоа во одредени дијалекти, терминот потекнува од зборот „Давх“ кој се користи за означување тркалезни форми вклучувајќи го и заливот кој го опкружува градот.rn

    Кога да ја посетите Доха?

    rnКатар има пустинска клима и поради тоа сите згради во Катар се климатизирани. Јануари, февруари и март се одликуваат со пријатна температура од околу 22 до 27 степени целзиусови, а во ноември и декември температурата е исто така поволна и изнесува околу 20 степени. Во текот на летните месеци, температурата достигнува и до 40 степени целзиусови, а живата може да се искачи и до 50 степени, особено во јули и август. Доколку претпочитате пониски температури, можете да го посетите градот за време на зимата. Немојте да се изненадите ако почувствувате студен воздух на отворено бидејќи во Доха на многу места има климатизација на отворен простор. Самите жители на Доха пак, не ја исклучуваат климата во автомобилите дури и кога одат на пазарување.rnrnОткако ги прочитавте занимливостите за Доха, можеби ќе сакате да прочитате и за инспирацијата за Националниот музеј на Катар.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Најромантичните острови во светот: Идеални за патување со партнерот!

    Најромантичните острови во светот: Идеални за патување со партнерот!

    Што е тоа што ги прави островите толку романтични? Плажите меки како кашмир, кристалната вода, прекрасните зајдисонца и магичните ѕвездени ноќи? Во продолжение прочитајте ја листата со нашите омилени острови!rn

    1. Бора Бора

    rnСтанува збор за група острови кои се дел од Француска Полинезија. Познат по луксузните одморалишта, Бора Бора се одликува со кристално чисти сини води и преубави лагуни. Една од најпопуларните активности на островот е кајакарството.rnrnНајромантичните острови во светот: Идеални за патување со партнерот!rn

    2. Санторини

    rnСместен во јужниот дел на Егејското Море, славниот грчки остров кој е познат и под името Тера, го произведува едно од најдобрите грчки вина. Островот е она што останало од една голема вулканска експлозија. Неговата неприкосновена убавина и плажите во бела и црвена боја се она што го прават една од најпривлечните туристички дестинации во Европа.rnrnНајромантичните острови во светот: Идеални за патување со партнерот!rn

    3. Бали

    rnСтанува збор за индонезиски остров, кој е под силно влијание на Кина и Индија. Доколку сте ја читале книгата „Јади, моли се, уживај“ (и сте го гледале филмот) ќе се сетите дека делот „Љубов“ се одвиваше токму во ова мистично место. Овој преубав остров со вкусната храна, културата и традицијата сигурно и вам ќе ве воодушеви исто како што ја воодушеви и Џулија Робертс.rnrnНајромантичните острови во светот: Идеални за патување со партнерот!rn

    4. Малдиви

    rnОваа островска земја е најмалата и најмалубројната земја во Азија. Малдивите се состојат од 1.192 островчиња, од кои 280 се населени. Волшебните подводни корални пејзажи се главната причина поради која Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачи во светот.rnrnНајромантичните острови во светот: Идеални за патување со партнерот!rn

    5. Капри

    rnСместен на јужната страна на Неаполскиот Залив, Капри бил една од омилените туристички дестинации уште од времето на Римската Република. Покрај тоа, островот и до ден-денес е инспирација за уметниците и писателите. Покрај природните убавини, историјата и преубавиот пејзаж, не заборавајте дека во Капри ќе ги најдете и највкусните равиоли!rnrnНајромантичните острови во светот: Идеални за патување со партнерот!rn

    6. Сејшели

    rnСејшелите се островска држава која се состои од 115 острови сместени во Индискиот Океан. Дефинитивно ќе ве освојат на прв поглед пејзажите, дивиот свет, природната убавина, тропската клима и одморалиштата!rnrnНајромантичните острови во светот: Идеални за патување со партнерот!rn

    7. Фиџи

    rnФиџи е држава во Тихиот Океан која се состои од околу 300 острови, но само една третина од нив е населена, а еден од нив е особено познат. Се работи за островот Таваруа кој е во облик на срце! Лесно можете да претпоставите дека одморалиштата на овој како и на останатите острови кои се делови од Фиџи се синоним за идеалната дестинација за меден месец!rnrnНајромантичните острови во светот: Идеални за патување со партнерот!rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со најромантичните острови во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најубавите скриени острови во Европа.rnrnИзвор: travel.allwomenstalk.com