Во Јапонија постои традиционален фестивал наречен Ханами што ја обележува сезоната на цветање на црешовите дрвја. Една од активностите за време на фестивалот е и набљудувањето на нежните црешови цветови. Овде црешовите дрвја се ценат повеќе поради цветот отколку плодот. Впрочем, дали има нешто поубаво од тоа да сте сведок на цутењето на пролетта и животот воопшто? Ова се само дел од безбројните живописни улички во светот кои пленат со својата убавина во пролет.rnrnТокио, ЈапонијаrnrnСтокхолм, ШведскаrnrnГрафтон, АвстралијаrnrnТајванrnrnХерес, ШпанијаrnrnБризбејн, АвстралијаrnrnБон, ГерманијаrnrnВаленсија, ШпанијаrnrnКавачи, ЈапонијаrnrnСпело, ИталијаrnrnПелопонез, ГрцијаrnrnПозитано, ИталијаrnrnПорто Алегре, БразилrnrnОткако видовте дел од најубавите улички во пролет од цел свет, можеби ќе сакате да прочитате и за 6 прекрасни места каде што можете да отпатувате оваа пролет.rnrnИзвор: brightside.me
Тивка, мистична, украсена со сталактити и сталагмити, египетската пештера Џара (на некои места е позната под името Гара) е едно од скриените богатства во земјата на фараоните.rnrnrnrnПештерата која е широка околу 30 метри и висока околу 8 метри, е лесно достапна за посетителите (само внимавајте да не ја удрите главата кога влегувате). Од таванот на пештерата висат прекрасни примероци на сталактити и сталагмити, но она што посебно го привлекува вниманието се цртежите кои датираат од неолитот. Токму тие цртежи служат како потсетник на една друга епоха кога Сахара била зелен дом, населена со диви животни и ловци. Еден од најчестите мотиви се токму газелите, па затоа главната просторија го носи името „Ходникот на газелите“.rnrnrnrnПештерата била откриена во 1873 година од страна на германскиот истражувач Герхард Ролфс кој поминал три месеци во пустина, а своите впечатоци од патувањето ги опишал во неговата книга „Три месеци во либиската пустина“. Еве што запишал за пештерата: „Одеднаш камената пештера се појави пред нас. Нејзината убавина и грандиозност ги надминаа сите наши очекувања. Сталактити со големина од еден метар висеа од таваните формирајќи елегантна завеса, создадени од водата која некогаш течела низ ова место, а која веќе ја нема.“rnrnrnrnПо овој настан, пештерата паднала во заборав сè до 1989 година кога повторно ја „открил“ истражувачот Карло Бергман. На ова место ги истражувал карванските рути во друштво на својата камила.rnrnЏара е дел од западната пустина, египетскиот дел на Сахара кој е именуван по неговата позиција во однос на реката Нил, а кој се протега сè до границата со Либија. Тука е и последната станица на т.н. карванска рута Дарб Асиут која ги поврзувала градовите Фарафра и Асиут.rnrnrnrnСе работи за една од ретките пештери во Египет, затоа ако патот ве однесе натаму не пропуштајте да ја посетите. Доколку сакате уште повеќе да уживате во пустинскиот пејзаж, посетете ја црно-белата пустина позната по необични карпести формации и мали црни ридови, како и оазата Сива, древен град познат како „земјата на палмите“. Верувале или не, ова пустинско чудо било напуштено поради обилните дождови.rnrnОткако прочитавте за пештерата Џара, можеби ќе сакате да прочитате и за преубавиот модерен хотел сместен во стара италијанска пештера.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Старите мостови кои го издржале забот на времето можат да ве пренесат за миг стотици и стотици години назад во минатото за да го почувствувате духот на едно друго време. Чекорејќи по нив ќе ја осетите магијата на старовековните традиции и тоа на сосема непосреден и природен начин. Многубројните мостови кои ги граделе Римјаните и Османлиите на територијата на Европа и ден-денес гордо ја раскажуваат својата приказна и претставуваат дел од најзначајните културно-историски споменици. Во продолжение прочитајте за дел од нив.rn
Понте Векио, Фиренца
rnПонте Векио (во буквален превод значи „стар мост“) е една од најпознатите туристички атракции во Фиренца и најстариот мост во градот. Се смета дека првиот мост бил изграден на истата оваа локација уште во римско време, додека сегашниот мост датира од 1345 година. Понте Векио отсекогаш бил домаќин на трговци и продавници, особено продавници за накит. Дури и денес мостот го красат многубројни блескави излози.rnrnrn
Карлов мост, Прага
rnКарловиот мост е една од култните историски знаменитости во Прага изграден на реката В’лтава. Неговата изградба започнала во 1357 година како замена за стариот Јудитин мост кој бил оштетен во поплава во 1342 година. По изградбата на мостот на почетокот на 15 век, Карловиот мост, тогаш познат како „Камен мост“, бил единствениот начин да се премине реката. Изграден во готски стил, мостот е долг 516 метри и е украсен со 16 лакови и 3 кули. Неговата локација нуди и преубав поглед кон градот кој сигурно ќе ве маѓепса.rnrnrn
Римски мост, Кордоба
rnРимскиот мост во Кордоба. Шпанија, е изграден од страна на Римјаните во 1 век п.н.е., а според арапскиот географ Мухамед ал-Идриси, „ги надминува сите други мостови по убавина и сила“. Долг околу 247 метри, а широк 9 метри, се наоѓа на реката Гвадалкивир која е втората најдолга река во Шпанија. Доколку сте фан на „Игра на тронови“, тогаш сигурно ви е познат.rnrnrn
Стар мост, Мостар
rnСтариот мост кој е изграден од страна на Османлиите и потекнува од 16 век, се наоѓа во Мостар, Босна и Херцеговина. Мостот бил срушен за време на војната во 1993 година, но повторно бил изграден неколку години подоцна. Денес е под заштита на УНЕСКО и е популарна туристичка атракција на реката Неретва.rnrnrn
Пон Неф, Париз
rnПон Неф во Париз е најстариот мост во градот, кој датира од 16 век. Во 1577 година, кралот Хенри III со декрет ја објавил изградбата на нов мост на Сена и назначил комитет кој ќе го следи проектот. Следната година бил поставен камен-темелникот од страна на самиот крал, во присуство на неговата мајка, Катерина де Медичи, и неговата сопруга, Луиз де Лорен. Денес, мостот е еден од симболите на градот.rnrnrnrnОткако ја прочитавте нашата листа со најубавите европски мостови, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 градови ја зачувале својата средновековна архитектура.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Иако патувањето може понекогаш значително да влијае врз вашиот буџет, реалноста е дека ако одите на евтина дестинација и се задржите таму подолго време, всушност ќе заштедите. Веројатно токму поради тоа и терминот „дигитален номад“ стана познат во последните години, а се однесува на оние кои можат да работат од каде било во светот. Во продолжение ви предлагаме неколку такви евтини дестинации.rnrnrn
1. Камбоџа
rnВо Камбоџа можете да најдете сместување за само 10 евра и тоа во туристичките градови како Сием Реап. Единствено што ќе ве чини повеќе е посетата на Ангкор Ват. Храната се состои од тестенини и пржени специјалитети кои се продаваат на улица како и свежо овошје, а нивната цена е повеќе од прифатлива.rnrnrn
2. Индија
rnХотелот Хари Пиорко во Делхи е еден од најпознатите хотели во цела Индија, а овде преноќевањето чини околу 3 евра. Покрај тоа, уличната храна е евтина и вкусна, така што единственото нешто што навистина ќе ве чини би била авионската карта.rnrnrn
3. Мароко
rnДоколку сте љубител на зачини и производи од текстил, кожа и керамика, морате да посетите марокански пазар. Градовите како Маракеш и Есаоиура се познати не само по нивните феноменални пазари, туку и по евтиното сместување.rnrnrn
4. Непал
rnВо главниот град на Непал, Катманду, цените за сместување почнуваат од 4 евра за ноќевање, а патувањето со автобус од еден до друг град ќе ве чини околу 8 евра. Доколку патот ве однесе накај Непал, морате да ги пробате традиционалните пелмени кои се нарекуваат „момо“. Една порција ќе ве чини околу 1 евро.rnrnrn
5. Лаос
rnДоколку погледнете на мапа, ќе видите дека територијата на Лаос наликува на палма. Овде дефинитивно ќе уживате при посетата на будистичките манастири и водопадот Куанг Си. Секако, додека сте во Лаос не пропуштајте ја и традиционалната масажа која ќе ве чини околу 5 евра.rnrnrn
6. Либан
rnЗа жал, Либан се соочува со голема економска криза и инфлација, па може да се каже дека е една од поевтините дестинации за оние кои носат долари и евра со себе. Тука можете да најдете фалафел сендвич (улична храна, типична за Средниот Исток) за само половина евро, а максималната цена што може да ја платите за такси е 4 евра.rnrnrnrnОткако прочитавте за овие неверојатни дестинации, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 10-те најевтини европски градови за викенд патување.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Иако се протега на површина од само половина квадратен километар, Ватикан е дефинитивно една од најзанимливите земји во светот, но и една од најрелигиозните. Преубавите градби и фактот дека ова место е и седиштето на римокатоличката црква се доволни причини за посета. Сепак, и покрај верскиот аспект, за многумина Ватикан е „кул“ дестинација, особено доколку сте вљубени во историјата и уметноста. Доколку патот ве однесе натаму, не пропуштајте ги овие знаменитости.rnrnrn
Ватикански музеи
rnДоколку Ватикан се најде на вашата мапа, задолжително посетете ги Музеите на Ватикан. Музејската установа е сместена во ватиканската палата и со своите 1400 соби претставува исклучително важен музејски комплекс. Тоа се должи не само на бројот на артефакти туку и самата вредност на ремек- делата кои со векови биле собирани од страна на папите. Друг фасцинантен детаљ е и самата големина на музејот. Еден од поинтересните оддели е Галерија на картите каде се изложени стари карти, а во музејот Кијарамонти можете да видите над 800 примероци од антички ремек-дела. Покрај уметничките, археолошките и етноантрополошките артефакти како египетски мумии, артефакти од етрурска бронза, во музеите на Ватикан се наоѓаат и дел од просториите каде сликале Рафаело и Микеланџело. Музејот располага со колекција од дури 70.000 слики и скулптури, изложени во повеќе од 54 галерии. Тука ќе ги најдете и делата на ренесансните и барокните сликари како Леонардо да Винчи, Бернини и Караваџо. Освен тоа, ќе најдете и колекција на модерна уметност со делата на Гоген, Пикасо, Дали и Ван Гог.rnrnrn
Сикстинска капела
rnСекако, доколку сте во посета на Ватикан, ви препорачуваме да ја посетите една од најубавите капели во светот – Сикстинската капела. Капелата е изградена од архитектот Џовани де Долчи помеѓу 1475 и 1483 година, по наредба на папата Сикст IV. Како што е познато, фреските на Микеланџело го красат таванот на капелата.rnrnrn
Базилика Свети Петар
rnЦрквата е изградена во ренесансен-барокен стил, а се верува дека овде се наоѓа и гробот на Свети Петар, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и првиот епископ. Не пропуштајте го олтарот на Свети Петар како и познатата скулптура на Микеланџело, Пиета (Pietà – милост) која претставува и неговото прво потпишано дело.rnrnrn
Една од најстарите војски во светот
rnИнтересен факт за Ватикан е тоа дека ја поседува најмалата, но една од најстарите војски во светот – швајцарската гарда основана од папата Јулиј II во 1506 година која денес брои 110 членови.rnrnrn
Банкомати на латински јазик
rnОфицијална валута во земјата била ватиканската лира сè до 2002 година кога била заменета со еврото. Она што е занимливо е тоа дека банкоматите имаат и мени на латински јазик.rnrnrn
Плоштад Свети Петар
rnОва е најголемиот плоштад во Ватикан, изграден во 17 век, а се наоѓа пред базиликата Свети Петар. Нуди прекрасен поглед на базиликата но и на Сикстинската капела над која штрчи бел чад како сигнал за изборот на нов папа.rnrnrnrnОткако ги прочитавте занимливостите за Ватикан, можеби ќе сакате да прочитате и занимливости за животот на познатиот италијански сликар Рафаело Санти.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
На туристичката мапа на Финска покрај Хелсинки, се наоѓа и градот Тампере, мал град кој нуди многу активности, а е честопати занемарен од страна на туристите. Иако се работи за индустриски град чиј приоритет е технолошкиот развој, сепак, може да им понуди на туристите многу забава, почнувајќи од убавата природа и идеалниот терен за пешачење околу езерата кои се наоѓаат тука. Шармот на градот е надополнет со дрвените куќички, кулинарските деликатеси и сауните кои буквално се наоѓаат на секој чекор.rnrnrn
Прошетка во природа
rnПатот околу езерото Хервантајерви е долг околу 5 километри, а е опкружен со шума која се протега до бреговите на самото езеро. Езерото е идеално за риболов, а овде можете да им се воодушевувате и на разноразните видови пеперутки. Доколку имате среќа, по пат можете и да наидете на бобинки.rnrnrnrnРутата Тамеркоски минува низ средишниот дел на Тампере и е долга 4,3 километри. Покрај патот се поставени информативни табли за птиците, вегетацијата, инсектите, рибите и лилјаците кои можат да се пронајдат овде. Тие го илустрираат и човечкото влијание врз животната средина. Сепак, имајте предвид дека прошетките во природа не се целосно достапни во текот на зимата.rnrnrn
Уживање во сауна
rnТампере го нарекуваат и „престолнина на сауните“, па затоа може да биде идеалниот избор за сите љубители на овој вид на релаксација. Овде се сместени и најголем дел од јавните сауни во земјата. Една од најпознатите и најстарите сауни е сауната Рајапорти, отворена во 1906 година. Доколку сакате сауна со поглед кон езерото, посетете ја сауната Рауханиеми или Каупиноја, а доколку сакате извонредна услуга, тогаш сауната Суоменсари е вистинскиот избор за вас.rnrnrn
Посета на катедралата во Темпере
rnКатедралата во Темпере е протестантска црква. Позната е по фреските насликани од страна на Хуго Симберг, еден од најпознатите фински претставници на симболизмот. Фреските се адаптација на „Ранетиот ангел“ и „Градината на смртта“, најпознатите дела на Симберг.rnrnrn
Посета на забавниот парк Серканиеми
rnЗабавниот парк Серканиеми се состои од повеќе атракции кои имаат за цел да понудат забава за целото семејство. Тука се наоѓа и аквариум со околу 200 видови риби, но и планетариум кој дефинитивно морате да го посетите. Најмладите посетители пак, сигурно ќе бидат најмногу воодушевени од посетата на светот на Angry Birds кој нуди околу десет различни атракции.rnrnrnrnОткако прочитавте за светската престолнина на сауната, можеби ќе сакате да прочитате и интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Станува збор за станбената зграда Bosco Verticale што во превод значи „вертикална шума“ која се наоѓа во Милано. Не само што е естетски привлечна, туку како што може да се забележи на фотографиите, зградата се карактеризира и со еколошки дизајн.rnrnrnrnВи се верува или не, зградата содржи онолку дрвја колку што можат да се соберат во еден хектар шума и според тоа, обезбедува тони чист воздух. Зградата е совршена комбинација на одржливост и стил.rnrnrnrnДали знаевте дека можете да престојувате во зградата со оглед на тоа што еден од становите во комплексот е достапен за изнајмување преку Airbnb? Се работи за стан со елегантен дизајн, со една спална соба, наменет за две лица. Станот располага и со клима уред, пристап до Wi-Fi, шик мебел, но и пристап до теретана.rnrnrnrnПо изградбата на Bosco Verticale во 2014 година, биле изградени и други слични згради ширум светот. Таа содржи вкупно 20.000 дрвја кои се полеваат со филтрирана отпадна вода, а становите првенствено ја користат сончевата енергија.rnrnrnrnЕдинствен недостаток е што станот е резервиран сè до февруари 2025 година. Но, доколку навистина сакате да преноќите овде, ви препорачуваме редовно да ја проверувате страната на Airbnb и да се надевате дека некој ќе ја откаже резервацијата.rnrnОткако прочитавте за најзелената зграда во светот и можноста да изнајмите еден од нејзините станови, можеби ќе сакате да прочитате и за 9 згради ширум светот што ќе ве остават без зборови.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Кога посетувате некој град за прв пат, покрај туристичките атракции, обидете се да ги посетите и местата кои им се омилени на мештаните. На тој начин ќе добиете поцелосна слика за градот. Во продолжение прочитајте кои места може да ги посетите во Амстердам кои сепак не се дел од неговите главни туристички знаменитости.rnrnrn
Истражете ја градината Hortus Botanicus
rnСтанува збор за ботаничка градина која е сместена во областа Плантаџ. Имено, градината изобилува со цвеќиња, разноразни билки, палми и егзотични растенија. Тука се наоѓа и кафуле доколку сакате да се одморите од посетата, а кое може да се изнајми и за приватна забава.rnrnrn
Посетете го киното Tuschinski
rnКиното Tuschinski е едно од најстарите кина во Амстердам и е прогласено за најубавото кино во Холандија благодарение на неговата Арт Деко фасада и прекрасниот внатрешен дизајн.rnrnrn
Не пропуштајте го пазарот на книги Oudemanhuispoort
rnИдеално место за секој патник вљубеник во уметноста и литературата бидејќи овде целото шеталиште е преполно со тезги на кои се продаваат книги на старо. Покрај тоа, местото има посебна атмосфера со оглед на тоа дека некогаш и Винсент ван Гог шетал токму на ова пазарче, па кружи легендата дека неговиот дух сè уште лебди овде…rnrnrn
Посетете ја населбата Joordan
rnJoordan е една од најпопуларните населби во градот. Се работи за место каде малите улички се заменети со канали, а овде ќе наидете и на многу продавници, кафулиња, ресторани и галерии. На секој турист му се препорачува да го посети местото и навечер кога уличното осветлување е вклучено при што му дава посебна магија.rnrnrnrnОткако прочитавте за дел од локациите во Амстердам кои и не се толку познати но вредат да се посетат, можеби ќе сакате да прочитате и зошто секоја жена би требало да го посети Амстердам барем еднаш во животот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Дали за неколку години ќе можеме да поминеме толкаво растојание за толку кратко време? Според кинеската компанија, Space Transportation, ова ќе биде можно во блиска иднина!rnrnrnrnИмено, според веб-порталот news.com.au, кинеската компанија го претставила планот за изградба на хиперсоничен авион кој би можел да ја помине рутата од Пекинг до Њујорк во времетраење од само еден час. Авионот претставува еден вид „ракета со крила“ и е дизајниран да лета 12.000 километри на час. Следната година ќе се вршат тестирања, а компанија се надева дека летовите официјално ќе започнат во 2024 година.rnrnНа видеото објавено од кинеската компанија се гледа како авионот се одвојува од крилата по полетувањето кои се враќаат на лансирната рампа.rn
„Развиваме ракета со крила за брз транспорт од една до друга дестинација, побрза од традиционалните авиони, а чија цена ќе биде пониска од ракетите што носат сателити“, изјавиле од компанијата.
rnВо поглед на технолошкиот развој, хиперсоничните авиони и нивното усовршување се меѓу главните приоритети на Кина, при што земјата продолжува да инвестира големи суми во овој сектор. Предложениот хиперсоничен авион е поголем од Боинг 737, а дали патувањето од Кина до САД ќе трае еден час ќе дознаеме во блиска иднина.rnrnОткако прочитавте за најновите технолошки достигнувања во поглед на воздушниот сообраќај, можеби ќе сакате да прочитате и за првиот подземен хотел во светот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Планинарењето во близина на активен вулкан можеби и не се совпаѓа со начинот на кој го замислувате вашиот одмор, но за многумина очигледно вреди да се ризикува. Вулканот Фуего во Гватемала е најактивниот вулкан во Средна Америка кој привлекува илјадници туристи годишно. Со цел да можат да ги видат одблизу неговите ерупции, туристите мораат да се искачат на соседниот врв Акатенанго кој е неактивен вулкан.rnrnrnrnЕкскурзијата до вулканот започнува од градот Антигва кој го краси барокна архитектура и е дел од листата на светското наследство на УНЕСКО. Пред пандемијата, градот привлекувал два милиони туристи годишно. Сепак, се очекува нов прилив на туристи со оглед на значителното намалување на мерките.rnrnСпоред туристичките водичи, вулканот дневно го посетуваат околу 300-400 луѓе. Вулканот Акатенанго се наоѓа на речиси четири илјади метри надморска височина, а за искачување од почетната точка потребни се околу пет часа. Вулканот Фуего е постојано активен и на секои 15-20 минути испушта чад.rnrnВулканот е далеку од безбеден со оглед на тоа дека неговата ерупција во 2018 година го избришала селото Сан Мигел Лос Лотес од лицето на Земјата, при што загинале 159 луѓе, а биле повредени повеќе од 300 луѓе.rnrnОткако прочитавте за вулканот Фуего во Гватемала, можеби ќе сакате да прочитате и за најголемиот вулкан на светот кој е скриен под океанот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr