Дали некогаш сте се запрашале кој е највисокиот град на светот? Се работи за Ла Ринконада, град кој се наоѓа на Андите во Перу. Овој мал планинско-рударски град се наоѓа на 5.100 метри надморска височина. И покрај тешките услови за живот, градот и до ден денес постои и го носи епитетот на „највисоката населена заедница“ на Земјата.rnrn
rnrnГрадот е опкружен со високи планини и огромни глечери што го прават да биде еден од најизолираните градови во светот. Перуанците честопати го нарекуваат како град над облаците. Единственото нешто што го поврзува градот со остатокот од светот се малите, тесни планински патишта кои се затворени во поголемиот дел од годината.rnrn
rnrnПред градот да биде населен, се верувало дека човечкиот организам не може да преживее на надморска височина од 5.000 метри пред сè поради значајните промени што треба да ги направи во начинот на функционирање. Сепак, Ла Ринконада покажува дека исклучоците се секогаш можни.rnrnНо, што е тоа што ги натерало луѓето да останат да живеат во такви услови?rnrnАндите отсекогаш биле дом на градови и заедници сместени на надморска височина од околу 3.500 до 4.000 метри. Сепак, тие не можат да се споредат со надморската височина на Ла Ринконада. Градот, всушност, бил населен како резултат на перуанската златна треска во периодот од 1990 до 2000-та година. Во тоа време бил откриен рудник за злато и многу луѓе продале сè што имаат за да се преселат на ова место и да се збогатат со ископување злато.rnrn
rnrnГрадот го забележал најголемиот раст на населението во периодот од 2001 и 2009 година кога бројот на жители изнесувал околу 30.000. Главна причина за тоа било покачувањето на цената на златото за 235%. Денес, златната треска е во опаѓање, па така бројот на жители е намален на 17.000.rnrn
rnrnГрадот е прилично сиромашен, а поголемиот дел од економијата зависи од нелегалните локални рудници за злато. Повеќето луѓе кои престојуваат овде, не работат за фиксна плата, но можат да го задржат целото злато што ќе го најдат во еден одреден ден секој месец.rnrnГрадот нема никакво урбанистичко планирање или инфраструктура. Покрај тоа, нема канализација, ниту пак механизми за отстранување на отпадот. Жителите го палат ѓубрето или го закопуваат надвор од градот.rnrnСето ова во комбинација со нелегалните рударски активности придонесува за сериозно загадување на градот со жива со чија помош рударите го вадат златото. Всушност, труењето со жива е една од најчестите причини за смрт во Ла Ринконада.rnrnОткако прочитавте за највисокиот град во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за најстариот град на светот.rnrnИзвор: passportsymphony.com
Тажната приказна на „највисокиот“ град во светот
