КАФЕ ПАУЗА

Дали знаете која е светската престолнина на сауната?

Дали знаете која е светската престолнина на сауната?

На туристичката мапа на Финска покрај Хелсинки, се наоѓа и градот Тампере, мал град кој нуди многу активности, а е честопати занемарен од страна на туристите. Иако се работи за индустриски град чиј приоритет е технолошкиот развој, сепак, може да им понуди на туристите многу забава, почнувајќи од убавата природа и идеалниот терен за пешачење околу езерата кои се наоѓаат тука. Шармот на градот е надополнет со дрвените куќички, кулинарските деликатеси и сауните кои буквално се наоѓаат на секој чекор.rnrnДали знаете која е светската престолнина на сауната?rn

Прошетка во природа

rnПатот околу езерото Хервантајерви е долг околу 5 километри, а е опкружен со шума која се протега до бреговите на самото езеро. Езерото е идеално за риболов, а овде можете да им се воодушевувате и на разноразните видови пеперутки. Доколку имате среќа, по пат можете и да наидете на бобинки.rnrnДали знаете која е светската престолнина на сауната?rnrnРутата Тамеркоски минува низ средишниот дел на Тампере и е долга 4,3 километри. Покрај патот се поставени информативни табли за птиците, вегетацијата, инсектите, рибите и лилјаците кои можат да се пронајдат овде. Тие го илустрираат и човечкото влијание врз животната средина. Сепак, имајте предвид дека прошетките во природа не се целосно достапни во текот на зимата.rnrnДали знаете која е светската престолнина на сауната?rn

Уживање во сауна

rnТампере го нарекуваат и „престолнина на сауните“, па затоа може да биде идеалниот избор за сите љубители на овој вид на релаксација. Овде се сместени и најголем дел од јавните сауни во земјата. Една од најпознатите и најстарите сауни е сауната Рајапорти, отворена во 1906 година. Доколку сакате сауна со поглед кон езерото, посетете ја сауната Рауханиеми или Каупиноја, а доколку сакате извонредна услуга, тогаш сауната Суоменсари е вистинскиот избор за вас.rnrnДали знаете која е светската престолнина на сауната?rn

Посета на катедралата во Темпере

rnКатедралата во Темпере е протестантска црква. Позната е по фреските насликани од страна на Хуго Симберг, еден од најпознатите фински претставници на симболизмот. Фреските се адаптација на „Ранетиот ангел“ и „Градината на смртта“, најпознатите дела на Симберг.rnrnДали знаете која е светската престолнина на сауната?rn

Посета на забавниот парк Серканиеми

rnЗабавниот парк Серканиеми се состои од повеќе атракции кои имаат за цел да понудат забава за целото семејство. Тука се наоѓа и аквариум со околу 200 видови риби, но и планетариум кој дефинитивно морате да го посетите. Најмладите посетители пак, сигурно ќе бидат најмногу воодушевени од посетата на светот на Angry Birds кој нуди околу десет различни атракции.rnrnДали знаете која е светската престолнина на сауната?rnrnОткако прочитавте за светската престолнина на сауната, можеби ќе сакате да прочитате и интересни факти за животот во Финска, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr