Што е тоа што ги прави островите толку романтични? Плажите меки како кашмир, кристалната вода, прекрасните зајдисонца и магичните ѕвездени ноќи? Во продолжение прочитајте ја листата со нашите омилени острови!rn
1. Бора Бора
rnСтанува збор за група острови кои се дел од Француска Полинезија. Познат по луксузните одморалишта, Бора Бора се одликува со кристално чисти сини води и преубави лагуни. Една од најпопуларните активности на островот е кајакарството.
rn
2. Санторини
rnСместен во јужниот дел на Егејското Море, славниот грчки остров кој е познат и под името Тера, го произведува едно од најдобрите грчки вина. Островот е она што останало од една голема вулканска експлозија. Неговата неприкосновена убавина и плажите во бела и црвена боја се она што го прават една од најпривлечните туристички дестинации во Европа.
rn
3. Бали
rnСтанува збор за индонезиски остров, кој е под силно влијание на Кина и Индија. Доколку сте ја читале книгата „Јади, моли се, уживај“ (и сте го гледале филмот) ќе се сетите дека делот „Љубов“ се одвиваше токму во ова мистично место. Овој преубав остров со вкусната храна, културата и традицијата сигурно и вам ќе ве воодушеви исто како што ја воодушеви и Џулија Робертс.
rn
4. Малдиви
rnОваа островска земја е најмалата и најмалубројната земја во Азија. Малдивите се состојат од 1.192 островчиња, од кои 280 се населени. Волшебните подводни корални пејзажи се главната причина поради која Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачи во светот.
rn
5. Капри
rnСместен на јужната страна на Неаполскиот Залив, Капри бил една од омилените туристички дестинации уште од времето на Римската Република. Покрај тоа, островот и до ден-денес е инспирација за уметниците и писателите. Покрај природните убавини, историјата и преубавиот пејзаж, не заборавајте дека во Капри ќе ги најдете и највкусните равиоли!
rn
6. Сејшели
rnСејшелите се островска држава која се состои од 115 острови сместени во Индискиот Океан. Дефинитивно ќе ве освојат на прв поглед пејзажите, дивиот свет, природната убавина, тропската клима и одморалиштата!
rn
7. Фиџи
rnФиџи е држава во Тихиот Океан која се состои од околу 300 острови, но само една третина од нив е населена, а еден од нив е особено познат. Се работи за островот Таваруа кој е во облик на срце! Лесно можете да претпоставите дека одморалиштата на овој како и на останатите острови кои се делови од Фиџи се синоним за идеалната дестинација за меден месец!
Откако ја прочитавте нашата листа со најромантичните острови во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најубавите скриени острови во Европа.
Извор: travel.allwomenstalk.com

