Дали знаете каде се наоѓа „најзелената“ зграда во светот?

Сподели

Станува збор за станбената зграда Bosco Verticale што во превод значи „вертикална шума“ која се наоѓа во Милано. Не само што е естетски привлечна, туку како што може да се забележи на фотографиите, зградата се карактеризира и со еколошки дизајн.

Реклама

Ви се верува или не, зградата содржи онолку дрвја колку што можат да се соберат во еден хектар шума и според тоа, обезбедува тони чист воздух. Зградата е совршена комбинација на одржливост и стил.

Дали знаевте дека можете да престојувате во зградата со оглед на тоа што еден од становите во комплексот е достапен за изнајмување преку Airbnb? Се работи за стан со елегантен дизајн, со една спална соба, наменет за две лица. Станот располага и со клима уред, пристап до Wi-Fi, шик мебел, но и пристап до теретана.

По изградбата на Bosco Verticale во 2014 година, биле изградени и други слични згради ширум светот. Таа содржи вкупно 20.000 дрвја кои се полеваат со филтрирана отпадна вода, а становите првенствено ја користат сончевата енергија.

Единствен недостаток е што станот е резервиран сè до февруари 2025 година. Но, доколку навистина сакате да преноќите овде, ви препорачуваме редовно да ја проверувате страната на Airbnb и да се надевате дека некој ќе ја откаже резервацијата.

Откако прочитавте за најзелената зграда во светот и можноста да изнајмите еден од нејзините станови, можеби ќе сакате да прочитате и за 9 згради ширум светот што ќе ве остават без зборови.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Популарно

Може ќе ве интересира