Иако се протега на површина од само половина квадратен километар, Ватикан е дефинитивно една од најзанимливите земји во светот, но и една од најрелигиозните. Преубавите градби и фактот дека ова место е и седиштето на римокатоличката црква се доволни причини за посета. Сепак, и покрај верскиот аспект, за многумина Ватикан е „кул“ дестинација, особено доколку сте вљубени во историјата и уметноста. Доколку патот ве однесе натаму, не пропуштајте ги овие знаменитости.rnrn
rn
Ватикански музеи
rnДоколку Ватикан се најде на вашата мапа, задолжително посетете ги Музеите на Ватикан. Музејската установа е сместена во ватиканската палата и со своите 1400 соби претставува исклучително важен музејски комплекс. Тоа се должи не само на бројот на артефакти туку и самата вредност на ремек- делата кои со векови биле собирани од страна на папите. Друг фасцинантен детаљ е и самата големина на музејот. Еден од поинтересните оддели е Галерија на картите каде се изложени стари карти, а во музејот Кијарамонти можете да видите над 800 примероци од антички ремек-дела. Покрај уметничките, археолошките и етноантрополошките артефакти како египетски мумии, артефакти од етрурска бронза, во музеите на Ватикан се наоѓаат и дел од просториите каде сликале Рафаело и Микеланџело. Музејот располага со колекција од дури 70.000 слики и скулптури, изложени во повеќе од 54 галерии. Тука ќе ги најдете и делата на ренесансните и барокните сликари како Леонардо да Винчи, Бернини и Караваџо. Освен тоа, ќе најдете и колекција на модерна уметност со делата на Гоген, Пикасо, Дали и Ван Гог.rnrn
rn
Сикстинска капела
rnСекако, доколку сте во посета на Ватикан, ви препорачуваме да ја посетите една од најубавите капели во светот – Сикстинската капела. Капелата е изградена од архитектот Џовани де Долчи помеѓу 1475 и 1483 година, по наредба на папата Сикст IV. Како што е познато, фреските на Микеланџело го красат таванот на капелата.rnrn
rn
Базилика Свети Петар
rnЦрквата е изградена во ренесансен-барокен стил, а се верува дека овде се наоѓа и гробот на Свети Петар, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос и првиот епископ. Не пропуштајте го олтарот на Свети Петар како и познатата скулптура на Микеланџело, Пиета (Pietà – милост) која претставува и неговото прво потпишано дело.rnrn
rn
Една од најстарите војски во светот
rnИнтересен факт за Ватикан е тоа дека ја поседува најмалата, но една од најстарите војски во светот – швајцарската гарда основана од папата Јулиј II во 1506 година која денес брои 110 членови.rnrn
rn
Банкомати на латински јазик
rnОфицијална валута во земјата била ватиканската лира сè до 2002 година кога била заменета со еврото. Она што е занимливо е тоа дека банкоматите имаат и мени на латински јазик.rnrn
rn
Плоштад Свети Петар
rnОва е најголемиот плоштад во Ватикан, изграден во 17 век, а се наоѓа пред базиликата Свети Петар. Нуди прекрасен поглед на базиликата но и на Сикстинската капела над која штрчи бел чад како сигнал за изборот на нов папа.rnrn
rnrnОткако ги прочитавте занимливостите за Ватикан, можеби ќе сакате да прочитате и занимливости за животот на познатиот италијански сликар Рафаело Санти.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr