КАФЕ ПАУЗА

6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџет

6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџет

Иако патувањето може понекогаш значително да влијае врз вашиот буџет, реалноста е дека ако одите на евтина дестинација и се задржите таму подолго време, всушност ќе заштедите. Веројатно токму поради тоа и терминот „дигитален номад“ стана познат во последните години, а се однесува на оние кои можат да работат од каде било во светот. Во продолжение ви предлагаме неколку такви евтини дестинации.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrn

1. Камбоџа

rnВо Камбоџа можете да најдете сместување за само 10 евра и тоа во туристичките градови како Сием Реап. Единствено што ќе ве чини повеќе е посетата на Ангкор Ват. Храната се состои од тестенини и пржени специјалитети кои се продаваат на улица како и свежо овошје, а нивната цена е повеќе од прифатлива.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrn

2. Индија

rnХотелот Хари Пиорко во Делхи е еден од најпознатите хотели во цела Индија, а овде преноќевањето чини околу 3 евра. Покрај тоа, уличната храна е евтина и вкусна, така што единственото нешто што навистина ќе ве чини би била авионската карта.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrn

3. Мароко

rnДоколку сте љубител на зачини и производи од текстил, кожа и керамика, морате да посетите марокански пазар. Градовите како Маракеш и Есаоиура се познати не само по нивните феноменални пазари, туку и по евтиното сместување.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrn

4. Непал

rnВо главниот град на Непал, Катманду, цените за сместување почнуваат од 4 евра за ноќевање, а патувањето со автобус од еден до друг град ќе ве чини околу 8 евра. Доколку патот ве однесе накај Непал, морате да ги пробате традиционалните пелмени кои се нарекуваат „момо“. Една порција ќе ве чини околу 1 евро.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrn

5. Лаос

rnДоколку погледнете на мапа, ќе видите дека територијата на Лаос наликува на палма. Овде дефинитивно ќе уживате при посетата на будистичките манастири и водопадот Куанг Си. Секако, додека сте во Лаос не пропуштајте ја и традиционалната масажа која ќе ве чини околу 5 евра.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrn

6. Либан

rnЗа жал, Либан се соочува со голема економска криза и инфлација, па може да се каже дека е една од поевтините дестинации за оние кои носат долари и евра со себе. Тука можете да најдете фалафел сендвич (улична храна, типична за Средниот Исток) за само половина евро, а максималната цена што може да ја платите за такси е 4 евра.rnrn6 фантастични дестинации за кои не ви е потребен голем буџетrnrnОткако прочитавте за овие неверојатни дестинации, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 10-те најевтини европски градови за викенд патување.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr