КАФЕ ПАУЗА

Category: Патувања

  • Интересни факти за Непал

    Интересни факти за Непал

    Непал е една од ретките земји каде во голема мера се зачувани традицијата и културата и покрај глобализацијата и модерниот начин на живеење. Така, секоја година оваа мистична земја е дестинација на илјадници туристи. Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за земјата на Хималаите.rnrnИнтересни факти за Непал rn

    Дом на највисоката планина

    rn8 од 10-те највисоки планински врвови во светот се наоѓаат токму во Непал. Како што ви е добро познато, овде се наоѓа и највисоката планина, Еверест, висока 8848 метри.rn

    Дом на вториот најдлабок кањон во светот

    rnВообичаено, многумина ја асоцираат оваа држава со високите планини, но Непал е дом и на вториот најдлабок кањон, кањонот Кали Гандаки длабок 4375 метри кој се наоѓа на истоимената река.rn

    Оригиналното име на планината Еверест

    rnНајвисоката планина на светот е именувана како „Еверест“ од страна на западњаците, предложено од Сер Ендру Во во 1865 година. Тибетското име на планината е Qomolangma што во превод значи „мајка на универзумот“, а на непалски е Sagamartha или „кралица на небото“. Шерпасите, етничка група на Непал, ја нарекуваат планината Chomolungma или „божица на земјата“.rn

    Главниот град на Непал бил езеро

    rnСпоред научниците, постојат многу научни докази кои потврдуваат дека долината во која е сместен главниот град на Непал, Катманду, некогаш била езеро кое било исушено во период долг 15.000 години.rn

    Хиндуизмот е најважната религија во земјата на Буда

    rnИако непалското село Лумбини е родното место на Буда или Сидарта Гаутама, денес хиндуизмот има големо влијание врз непалското општество. До 2006 година, Непал била единствената држава во светот со хиндуизмот како официјална религија каде 80,6% од жителите се изјасниле како хиндуисти, 10,7% будисти, 4,2% муслимани и 3,5% припадници на други религии. Овие статистички податоци се дел од пописот извршен во 2001 година.rn

    Дом на ендемски видови

    rnНационалниот парк Chitwan во Непал е истовремено и резерват на разноразни животни како азиски носорог, гангски делфин, индиски питон, кралска кобра и црвена панда. Освен тоа, резерватот е и едно од неколкуте засолништа на бенгалскиот тигар.rnrnОткако прочитавте интересни факти за Непал, можеби ќе сакате да прочитате и за непалските ловци на див мед.rnrnИзвор: travelogyindia.com

  • Кои се најубавите водопади во светот?

    Кои се најубавите водопади во светот?

    Денес ве водиме на прошетка низ најубавите водопади во светот!rn

    Викториини водопади

    rnВодопадот се наоѓа во јужна Африка, на границата помеѓу Зимбабве и Замбија и е широк преку 1,5 километри со пад од 128 метри. Името го добил по англиската кралица Викторија и има просечен проток од 1 милион литри во секунда. Овој водопад се смета за едно од седумте природни светски чуда.rnrnКои се најубавите водопади во светот? rn

    Нијагарски водопади

    rnСтанува збор за низа водопади кои се наоѓаат на реката Нијагара, на границата помеѓу САД и Канада. Нијагарските водопади се најпознатите водопади во Северна Америка. Низ нив течат околу 110.000 метри кубни вода во минута. Несомнено, се работи за еден од најмоќните водопади не само на американскиот континент туку и во светот.rnrnКои се најубавите водопади во светот?rn

    Ангелски водопад

    rnАнгелскиот водопад е едно од најневеројатните природни чуда што морате да го посетите еден ден. Тој е највисокиот водопад во светот со висина од 979 метри и со слободен пад на водата од 807 метри. Се наоѓа во Венецуела, а интересен факт е дека силните ветрови ја разнесуваат водата при падот, па така таа се менува во магла пред да дојде до земјата. Тоа се должи на големата висина на водопадот.rnrnКои се најубавите водопади во светот?rn

    Плитвички водопади

    rnОва чудо на природата се наоѓа во националниот хрватски парк Плитвички езера и е формирано од низа помали и поголеми водопади кои поврзуваат 16 водопади. Смарагдната боја се должи на присуството на травертин кој настанал под дејство на мовта и алгите. Паркот е дел од листата на УНЕСКО на светско наследство и секоја година е посетуван од илјадници туристи.rnrnКои се најубавите водопади во светот?rnrn rnrnОткако прочитавте за најубавите водопади во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за импресивните водопади во Мароко – рај на планините Атлас, во предворјето на Сахара.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Дали знаевте дека овој замок е стар околу 1000 години?

    Дали знаевте дека овој замок е стар околу 1000 години?

    Откако за прв пат стапнале на територијата на денешниот град Камп Верде во американската сојузна држава Аризона, европските доселеници забележале огромна градба издлабена во карпите. Тоа бил замокот Монтезума.rnrnДали знаевте дека овој замок е стар околу 1000 години?rnrnОтпрвин сметале дека замокот бил изграден за време на владеењето на познатиот цар на Ацтеките, Монтезума. Деновите ги поминувале на ова место восхитувајќи му се на дворецот.rnrnИако името останало до денес, сепак археолошките истражувања покажале дека императорот Монтезума немал никаква врска со изградбата на замокот. Всушност, се работело за живеалиште на народот Синагва кое живеело на овој простор во периодот помеѓу 8 и 15 век, а замокот бил изграден околу 1100 година.rnrnКаменото живеалиште се состоело од 20 соби, а до него се стигнувало преку скали на стрмните варовнички карпи кои биле високи до 27 метри.rnrnИако наликува на замок, всушност се работи за антички станбен комплекс.rnrnЌе се согласите дека се работи за импресивен потфат, па така замокот бил прогласен за национален споменик во 20 век од страна на Теодор Рузвелт.rnrnОткако прочитавте за дворецот Монтезума, можеби ќе сакате да прочитате и за австрискиот замок во кој стотици сиромашни луѓе биле осудени на смрт без причина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Запознајте го ова мало шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото!

    Запознајте го ова мало шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото!

    Кловли, лоцирано во Југозападна Англија, е многу повеќе од обично приморско село. Една од необичните карактеристики на селото е дека единствениот начин за пристап е преку центарот за посетители каде се наплаќа билет од 8,50 фунти за возрасни и 4,95 фунти за деца. Втората особеност е отсуството на автомобили кои се заменети со санки секогаш кога локалното население оди на пазарување.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnЦентарот за посетители, отворен во 1988 година и санките кои ги замениле магарињата почнувајќи од 70-тите години на минатиот век се начините преку кои ова село со историја долга 1000 години се обидува да го следи текот на модерното време. Сепак, овде и понатаму продолжува да живее духот на минатото.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnСо оглед на стрмните патеки во селото, и денес во Кловли нема автомобили. Нема сообраќај ниту светлосно загадување, но затоа селото се одликува со калдрмисани патеки, мали колиби и чамци закотвени на кејот кој датира од 14-ти век.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnЗа локалното население, она што е убаво и уникатно за ова село не се должи само на слатките, мали калдрмисани патеки туку пред сè на фактот дека овде минатото сè уште живее.rnrnЗапознајте го ова мало, шармантно село кое сè уште живее во духот на минатото! rnrnСпоред историските извори, во 11 век селото било во сопственост на Вилијам I од Англија, познат како Вилијам Освојувачот. Подоцна, селото преминало во сопственост на сопругата на Вилијам I, Матилда од Фландрија, првата крунисана кралица на Англија.rnrnКловли со векови било инспирација на писателите и уметниците меѓу кои Вилијам Турнер и Чарлс Дикенс. Освен тоа, селото послужило и како една од главните локации за снимање на филмот „Разум и чувствителност“ во 2008 година.rnrnОткако прочитавте за ова мало англиско село, можеби сакате да прочитате и за најголемото село на вода, познато уште како и Венеција на истокот.rnrnИзвор: bbc.com

  • Ова е една од најстарите воени тврдини во светот која денес привлекува голем број туристи!

    Ова е една од најстарите воени тврдини во светот која денес привлекува голем број туристи!

    Тврдината Арк која се наоѓа во северозападниот дел на Бухара, главниот град на истоимената провинција во Узбекистан, денес претставува една од најпосетените туристички дестинации во оваа земја.rnrnОва е една од најстарите воени тврдини во светот која денес привлекува голем број туристи! rnrnБила изградена во 5 век како воена тврдина, но служела и како резиденција на локалните владетели, официјалните службеници, учители и уметници.rnrnЛегендата вели дека ја изградил народниот херој Сијавуша за својата сакана, при што тврдината го опкружувала целиот град во тогашно време. Тврдината се смета за најстарата градба во Бухара, а нејзините ѕидови се на висина од 16 до 20 метри.rnrnВо текот на својата долга историја, регионот бил честопати под опсада на непријателските војски, а како воена тврдина се користел сè до 1920 година кога бил освоен од страна на Русите.rnrnДенес на ова место се наоѓаат неколку музеи кои сведочат за долгата и богата историја на Бухара.rnrnОткако прочитавте за историјата на оваа тврдина, можеби ќе сакате да прочитате и за најубавите градови во светот опкружени со ѕидини.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Мистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни!

    Мистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни!

    Од пустината Атакама чиј состав на почва е најблизок до оној на Марс до најмоќната река во светот, Амазон, како и заборавениот град на Инките, убавините на Јужна Америка не можат да се споредат со никој друг континент.rn

    Пустината Атакама

    rnПустината Атакама се наоѓа на висорамнина во северниот дел на Чиле и претставува едно од најсушните места во светот. Бидејќи нејзината почва по состав е најблизу до онаа на Марс, НАСА ја користи за различни истражувања и тестови. Малкумина би помислиле дека се карактеризира со богата флора која брои околу 500 видови растенија, а по ретките дождливи периоди се јавува феномен на „цветна пустина“ кога пустината е покриена со шарени цветови.rnrnМистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни! rn

    Мачу Пикчу

    rnЛегендарниот град бил изграден во долината на реката Урубамба околу 1300-та година, но поради страв од напад на Шпанците, Инките го напуштиле во 16 век и ги уништиле сите траги кои водат до него. Тие изградиле импресивни градби без железни алатки, а со оглед на тоа дека Перу се протега на трусно подрачје, овие структури се отпорни на земјотреси. Голем дел од градот на Инките е сè уште неистражен, но доколку патот ве однесе натаму морате да ги посетите Храмот на Сонцето и Храмот на Месечината.rnrnМистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни! rn

    Амазон

    rnСо должина од 6.500 километри и повеќе од илјада притоки, Амазон носи една петтина од вкупното количество вода на сите речни текови во светот. Поради огромното богатство на растителни и животински видови, централното подрачје на реката е под заштита на УНЕСКО. Реката е дом на разноразни животни меѓу кои и алигатори, мајмуни, но и најголемата змија во светот – анакондата.rnrnМистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни! rn

    Национален парк Los Roques

    rnСтанува збор за венецуелски архипелаг со повеќе од 300 острови. Бројните плажи со бел песок и тиркизно море нема да ве остават рамнодушни. Сепак, со оглед на тоа дека Венецуела се карактеризира со висока стапка на криминал и сиромаштија, за ваша безбедност најдобро е да патувате со локална агенција.rnrnМистични локации во Јужна Америка кои нема да ве остават рамнодушни! rnrnОткако прочитавте за мистичните локации во Јужна Америка, можеби ќе сакате да ги прочитате и 7-те причини поради кои вреди да ја посетите Аргентина.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Излетнички места во близина на Лисабон каде можете да уживате во магично зајдисонце

    Излетнички места во близина на Лисабон каде можете да уживате во магично зајдисонце

    Ако патот ве однесе накај Лисабон, вреди да одвоите време за еднодневна екскурзија и да ја посетите Синтра, гратче во близина на португалската престолнина кое Лорд Бајрон го опишал како „прекрасна рајска градина“.rnrnИзлетнички места во близина на Лисабон каде можете да уживате во магично зајдисонцеrnrnЗамоци, палати, музеи се само дел од знаменитостите на овој магичен град. Синтра се наоѓа во истоимената општина и може да се пофали со богата туристичка понуда за сечиј вкус.rnrnИзлетнички места во близина на Лисабон каде можете да уживате во магично зајдисонцеrnrnНедалеку од Синтра се наоѓа и Кабо да Рока, најзападната точка на Европа, местото каде што завршува копното и започнува морето. Доколку сакате, можете да добиете и потврда како доказ дека сте го посетиле местото. Во близина, пак, се наоѓа и друг шармантен град, Азенхас до Мар, со карактеристични куќи во медитерански стил. Во средината на 20 век Азенхас до Мар било омиленото летувалиште на жителите на Лисабон и Синтра.rnrnИзлетнички места во близина на Лисабон каде можете да уживате во магично зајдисонцеrnrnГрадот изобилува со прекрасни плажи, а најпознатите се Praia da Aguda, Praia das Maçãs te Praia do Magoito кои се омилени меѓу локалното население. Освен тоа, во близина на една од овие плажи можете да посетите споменик со пештера и гробница. Кога ќе го видат за прв пат, многумина го поистоветуваат градот со италијанското гратче Cinque Terre.rnrnПокрај спектакуларниот поглед од врвот на карпата, рестораните со поглед кон океанот нудат специјалитети како катаплан (португалски специјалитет). Според многумина, најубавиот момент е зајдисонцето кога можете да уживате со чаша вино додека го набљудувате хоризонтот како се прелева во бои.rnrnОткако прочитавте за дел од преубавите излетнички места во близина на Лисабон, можеби ќе сакате да прочитате и за егзотичната дестинација која ги крие најубавите плажи во Португалија.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Љубљански замок – совршен спој на минатото и сегашното!

    Љубљански замок – совршен спој на минатото и сегашното!

    Доколку Љубљана е на вашата листа на патување, морате да го посетите интригантниот замок кој се издига високо над градот.rnrnЉубљански замок - совршен спој на минатото и сегашното!rnrnСтанува збор за средновековен замок кој е сведок на славното минато на градот, но и доказ за тоа како старото и новото можат да функционираат во совршена симбиоза.rnrnЉубљански замок - совршен спој на минатото и сегашното!rnrnОсвен тоа, замокот со својата грандиозност му пркоси на времето бидејќи успеал да опстане сè до денес и да стане симбол на градот.rnrnСепак, замокот во Љубљана не е само место каде можете да научите нешто повеќе за историјата на градот, туку и место кое ќе ви овозможи да фрлите поглед и кон секојдневието на локалните жители.rnrnДенес, замокот е место за средби, состаноци, па дури и за венчавки. Се чини дека замокот не останал само сведок на некои дамнешни времиња, туку тој одново и одново ја испишува историјата.rnrnЉубљански замок - совршен спој на минатото и сегашното!rnrnДолгата историја на замокот најверојатно се должи и на самата негова локација. Се смета дека местото на кое е лоциран порано било користено од страна на Римјаните како тврдина. Сепак, вистинскиот замок бил изграден во 1144 година и тоа како седиште на војводството Корушка. Целосно бил трансформиран во 15 век, кога бил проширен со големи ѕидини и кога биле изградени и кулите кои денес се издигаат на влезот на тврдината, а овде се наоѓал и подвижен мост.rnrnЉубљански замок - совршен спој на минатото и сегашното!rnrnКако и сите останати средновековни замоци, основната намена на љубљанскиот замок била одбраната од нападите на непријателот. За тоа сведочи и неговата позиција високо над градот.rnrnЉубљански замок - совршен спој на минатото и сегашното!rnrnВо текот на 19 век, пак, замокот се користел како воена болница, а потоа служел и како затвор. Сето тоа придонело за намалување на неговата популарност помеѓу населението. Но, во 1905 година, општина Љубљана го купила замокот, а подготовките за негово реновирање започнале во 1960 година и целиот процес траел околу 35 години.rnrnЉубљански замок - совршен спој на минатото и сегашното!rnrnОткако прочитавте за замокот во Љубљана. можеби ќе сакате да прочитате и за 9-те скриени културни богатства на Словенија.rnrnИзвор: roadtripsaroundtheworld.com

  • Ова магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушни

    Ова магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушни

    Препознатливиот изглед на селото се должи на фактот дека овде сите куќи се изградени од шкрилци.rnrnОва магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушниrnrnДоколку имате можност да го видите селото Таласнал од далечина, несомнено ќе добиете впечаток дека се работи за место од некои стари разгледници. Ова живописно село се издига на 500 метри во магичната околина на планината Луза и истоимената општина во централните делови на Португалија.rnrnОва магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушниrnrnОвде куќите се опкружени со бујна вегетација населена со елени, срни, диви свињи како и многу други животински видови.rnrnСтанува збор за најголемото од 27-те места кои се нарекуваат Aldeias do Xisto или села од шкрилци (материјалот од кој се изградени куќите).rnrnИако овде куќите изгледаат старомодно, сепак повеќето од нив се опремени со модерни уреди како резултат на заедничката акција на ЕУ и Португалија за заштита на одредени локации, но и за привлекување туристи како и жители во напуштените делови на државата.rnrnОва магично село со идиличен пејзаж нема да ве остави рамнодушниrnrn rnrnОвде, меѓу другото, ќе пронајдете ресторани и кафулиња кои служат традиционални специјалитети карактеристични за оваа област. Убавината на селото не може да остави никого рамнодушен, а како доказ служи и фактот дека станува сè популарна туристичка дестинација.rnrnОткако прочитавте за ова мало, идилично португалско село, можеби ќе сакате да прочитате и за швајцарското село во бујна зелена долина опкружено со дури 72 водопади.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Земјотресот го претворил овој град во рушевини, но благодарение на него бил откриен антички град

    Земјотресот го претворил овој град во рушевини, но благодарение на него бил откриен антички град

    Илјадагодишната историја на гратчето Конца дела Кампанија кој се наоѓа на југот на Апенинскиот Полуостров, била прекината на 23 октомври 1980 година.rnrnЗемјотресот го претворил овој град во рушевини, но открил и друг антички градrnrnВо земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала загинале речиси 3000 луѓе. Иако, честопати досега градовите биле обновувани на истото место по слични трагедии, овде штетата била преголема, па така веднаш до старата локација на градот бил изграден нов град со модерна инфраструктура.rnrnЗемјотресот го претворил овој град во рушевини, но открил и друг антички градrnrnУрнатините од стариот град се распослани на рид, но занимлив е фактот дека тука се наоѓаат и други рушевини од античкиот град Компса, откриени дури по раскопувањето по земјотресот. Факт е дека на ова место живеат три генерации од различни епохи што го прави градот необична туристичка дестинација.Компса бил населен во 6 век п.н.е., но зачувани се остатоци од римското владеење како форумот и амфитеатрот. Сепак, интересен е фактот како античкиот град бил откриен благодарение на земјотресот.rnrnЗемјотресот го претворил овој град во рушевини, но открил и друг антички градrnrnДенешните жители на гратчето не сакаат да се сеќаваат на трагедијата и затоа претпочитаат да зборуваат за она што им го донесе земјотресот.