КАФЕ ПАУЗА

Category: Добро е да се знае

  • 5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет години

    5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет години

    Војните и природните катастрофи во последните дваесеттина години за жал уништиле места со големо историско значење. Денес можеме само да читаме за нив и да се служиме со фотографии и пишани извори за да видиме како изгледале.rn

    Алепо, Сирија

    rnВо граѓанската војна во Сирија животот го загубиле повеќе од половина милион луѓе. Иако војната денес е завршена, сепак еден од најстарите градови во светот, Алепо, е уништен засекогаш. УНЕСКО проценил дека дури 60% од оставнината на градот Алепо кој се наоѓа на листата на светско наследство е оштетена, а 30% се уништени засекогаш. Тука спаѓа и големата џамија изградена во периодот меѓу 8 и 13 век.rnrn5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет годиниrnrn rn

    Палмира, Сирија

    rnДруг град кој е дел од листата на светското наследство на УНЕСКО, Палмира, кој потекнува од 1 и 2 век, била уништена од страна на милитантите на ИСИС. Тие го уништиле храмот во Палмира стар околу 2000 години и триумфалната капија стара 1800 години.rnrn5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет годиниrn

    Долина Катманду, Непал

    rnПовеќе од 9000 луѓе ги загубиле своите животи за време на разорниот земјотрес што го погодил Непал во 2015 година. Земјотресот уништил и многубројни средновековни градби во долината која се протега меѓу градовите Катманду, Бактапур и Патан. Според УНЕСКО, во оваа природна катастрофа биле оштетени околу 690 историски објекти, од кои 130 целосно се урнале.rnrn5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет годиниrn

    Будистички статуи во Бамијан, Авганистан

    rnВо 2001 година Талибанците уништиле две будистички статуи во долината Бамијан во Авганистан. Станува збор за скулптури кои потекнуваат од 5-ти век, високи 55 и 38 метри. Преку нивното уништување, Талибанците сакале да избришат сите траги на авганистанската „предисламска историја“. Долината Бамијан во минатото била важен културен, верски и трговски центар на патот на свилата, а овие скулптури се сметале за дел од највисоките скулптури на Буда во светот.rnrn5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет годиниrn

    Национален музеј на Бразил

    rnВо 2018 година огромен пожар го зафатил бразилскиот национален музеј во Рио кој поседувал околу 20 милиони артефакти при што биле уништени дури 93% од нив. Денес сè уште трае неговата реставрација, но очигледно е дека најголем дел од предметите се изгубени засекогаш.rnrn5 значајни историски места кои се уништени во последните дваесет годиниrnrnОткако прочитавте за овие 5 историски места кои се уништени засекогаш, можеби ќе сакате да прочитате и за 11-те туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Најчудесната градба во историјата на ренесансата: Куполата на Брунелески

    Најчудесната градба во историјата на ренесансата: Куполата на Брунелески

    Во 1418 година градските власти во Фиренца конечно се одлучиле да го решат проблемот што го игнорирале со децении – огромната дупка на покривот на нивната катедрала. Нивните претходници ја започнале изградбата на оваа црква во 1296 година за да ја истакнат важноста на градот како една од европските економски и културни престолнини. Така, било одлучено катедралата во Фиренца да биде крунисана со најголемата купола во светот при што катедралата ќе постане „поубава, помоќна од која било друга катедрала изградена досега…rnrnНајчудесната градба во историјата на ренесансата: Куполата на БрунелескиrnrnСепак, никој немал идеја како да ја изгради куполата со внатрешен дијаметар од 45 метри. Освен тоа, надзорниците кои биле задолжени за катедралата ги одбегнувале сводовите кои биле карактеристични за готскиот стил и присутни во ривалските градови на север, како Милано.rnrnТака, во 1418 бил распишан конкурс за идејно решение на куполата со примамлива награда за добитникот која изнесувала 200 златни флорини. На конкурсот учествувале многубројни познати архитекти од Фиренца.rnrnМеѓу кандидатите бил и златарот Филипо Брунелески кој ветил дека ќе изгради не една туку две куполи без сложени и скапи скелиња. Поради страв дека неговите ривали би можеле да му ја украдат идејата, тој одбил да објасни како би можел да ја изгради куполата. Неговата тврдоглавост довела и до расправии со надзорниците.rnrnНајчудесната градба во историјата на ренесансата: Куполата на БрунелескиrnrnИмено, Брунелески имал широки познавања не само од областа на златарството туку и од сликарството и столарството. Освен тоа, нему му биле добро познати изработката на скулптури од сребро и бронза, работата со скапоцени камења и оптиката. Применувајќи ги своите знаења од областа на механиката, без ничија помош, ги смислил и правилата за линеарна перспектива.rnrnИдејата на Брунелески била куполата да се состои од два дела, внатрешна купола која би била видлива во катедралата, сместена во поширока и повисока надворешна купола. За да не дојде до пукнатини или колапс на целата катедрала што би можеле да бидат предизвикани од тежината на оваа огромна конструкција, ѕидовите биле зацврстени со железо, дрво и камен.rnrnБиле потребни 16 години за целосната изградба на куполата. Преку нејзината изградба, Брунелески го започнал процесот на културна и општествена трансформација на ренесансата благодарение на неговата креативност и оригиналност, но и храброто преобликување на класичното минато во согласност со потребите и аспирациите на модерното време.rnrnДенес, оваа купола не само што е симбол на градот туку е и симбол на човечкиот дух кој се стреми кон рајот.rnrnОткако прочитавте за куполата на Брунелески, можеби ќе сакате да прочитате и кои места во Фиренца морате да ги посетите.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Дали знаевте дека делфините преку сетилото за вкус ги препознаваат своите пријатели?

    Дали знаевте дека делфините преку сетилото за вкус ги препознаваат своите пријатели?

    Луѓето се служат со разноразни знаци за да ги препознаат пријателите, како нивните насмевки, нивните гласови или начинот на одење. Но, како делфините ги препознаваат своите „пријатели“?rnrnДали знаевте дека делфините преку сетилото за вкус ги препознаваат своите пријатели?rnrnБиолозите пред неколку децении откриле дека делфините се пријателски настроени животни и дека се препознаваат еден со друг по својот свиреж кој е уникатен за секој од нив. Според најновите истражувања, делфините го користат своето сетило за вкус за да ја препознаат урината на своите пријатели од онаа на делфините со кои не се поврзани.rnrnВо текот на истражувањето, првичната цел на главниот научник Џејсон Брук била да открие дали делфините ги користат своите свирежи на ист начин како што луѓето се ослонуваат на имињата. За да дојде до повеќе сознанија, Брук се осврнал кон урината. Друг научник претходно забележал како група диви делфини намерно пливаат низ урината, а тоа било доволен доказ за Брук да се посомнева дека тие собираат информации од неа.rnrnТака, научникот и неговиот тим откриле дека делфините обраќаат повеќе внимание на урината и свирежите на нивните пријатели, а тоа наведува дека најверојатно им служат како знаци за препознавање на другите делфини.rnrnМеѓу другото, станува збор и за првиот наод дека животно може да ги идентификува другите членови од својот вид служејќи се со сетилото за вкус. Освен тоа, тоа е и доказ дека кај делфините е развиено чувството на припадност и поврзаност со семејството и пријателите, исто како и кај луѓето.rnrnОткако прочитавте за најновото истражување поврзано со делфините, можеби ќе сакате да прочитате и 7 интересни факти за делфините.rnrnИзвор: nationalgeographic.com

  • Кои се придобивките од кундалини јогата?

    Кои се придобивките од кундалини јогата?

    Притисокот на модерното живеење влијае сè повеќе врз нашето здравје и благосостојба. Така, многумина од нас „излезот“ го бараат во традиционалните учења како јогата и медитацијата. Се обидувам да допреме до суштината на животот и самите нас преку древните мудрости.rnrnКои се придобивките од кундалини јогата? rnrnКундалини јогата или уште позната како јога на спознанието, била донесена од Индија на Запад 60-тите години од минатиот век од страна на Јоги Бхајан. Станува збор за моќна практика насочена кон зацврстување на еластичноста на телото, виталноста, радоста и енергијата. Ова, меѓу другото, се и неопходните елементи кои ни помагаат да го издржиме притисокот на модерното време.rnrnПреку овој тип јога можете да научите како да ја искористите моќта што ја поседувате во себе. Притоа, еден од нејзините основни принципи е поврзувањето со внатрешниот „компас“ или интуиција.rnrnПреку интуицијата, вие учите како да дојдете до мирот, насоката, фокусот и јасноста кои ве водат низ животот. Алатките кои ќе ви помогнат во процесот се умот, телото, душата, здивот и свеста.rnrnПреку кундалини јогата можете да ја зајакнете вашата врска со сите овие елементи при што ќе успеете да воспоставите контрола врз сопствениот живот. Ова можете да го постигнете благодарение на разноразните движења и медитации кои се дел од секојдневната практика позната како Садана.rnrnКундалини јогата може и да го зајакне вашиот нервен систем при што ќе останете смирени и трезвено ќе реагирате на секоја ситуација. Освен тоа, ќе ви го зголеми нивото на енергија при што ќе можете повеќе да уживате во физичката, менталната и емоционалната благосостојба.rnrnМеѓу другото, кундалини јогата може да ви го прочисти умот и да ве поврзе со вашата креативност.rnrnОткако прочитавте за кундалини јогата, можеби ќе сакате да прочитате и за едноставна јога поза што треба да ја правите по обилен оброк.rnrnИзвор: wander-mag.com

  • Килибарна соба: Каде се наоѓа денес осмото светско чудо?

    Килибарна соба: Каде се наоѓа денес осмото светско чудо?

    Легендарната килибарна соба честопати се нарекува и „осмо светско чудо“ и се сметала за најубавото уметничко дело во Русија сè додека не била ограбена од нацистите. Во продолжение прочитајте повеќе за историјата на оваа мистериозна соба.rnrnКилибарна соба: Каде се наоѓа денес осмото светско чудо? rnrnКилибарната соба била неколкупати преместена сè додека не „исчезнала“ за време на Втората светска војна. Советските власти во неколку наврати се обиделе да ја решат мистеријата за нејзиното исчезнување, но денес постојат само шпекулации и разноразни теории.rnrnПрвично, собата била дизајнирана од страна на скулпторот Андреас Шлутер за потребите на палатата Шарлотенбург во Берлин. Сепак, како сплет на околности, собата била сместена во градската палата на Берлин.rnrnСпоред историските извори, во 1716 година за време на државната посета, Петар Велики бил толку маѓепсан од убавината на килибарната соба што Фредерик Вилијам I решил да ја подари собата на руската империја и на тој начин дополнително да го зацврсти сојузот.rnrnВо текот на следните десет години, килибарната соба била реконструирана и сместена во летниот дворец на Катерина Велика. Собата била декорирана со околу 6 тони килибар, а било предвидено целата да биде покриена со огледала и садовите за јадење да бидат направени од килибар.rnrnСобата била изградена во барокен стил и била украсена со позлатени елементи, скапоцени камења и разноразни скулптури.rnrnСо почетокот на германската инвазија на Советскиот Сојуз, многу уметнички дела биле под закана од грабеж. Првобитниот план за спасување предвидувал демонтирање и пренесување на собата во Ленинград, но бил неуспешен. Сепак, кустосите, плашејќи се дека собата ќе падне во рацете на непријателот, одлучиле да ја покријат собата со обични тапети.rnrnОд друга страна, Адолф Хитлер сметал дека собата со германско потекло мора да биде пронајдена и вратена во нејзината татковина. За таа цел, тој испратил цел одред војници во палатата на Катерина Велика чија задача била да ја пронајдат килибарната соба.rnrnНа војниците не им требало многу време да ја пронајдат, па така, во следните две години, собата била преместена во замокот Кенизберг во денешен Калининград. Но, со оглед на понатамошните случувања за време на војната и напредокот на Советскиот Сојуз, Хитлер не сакал да ризикува и дал наредба за преместување на собата.rnrnОд тој момент се губи секоја трага на килибарната соба.rnrnСпоред многумина историчари, собата била најверојатно уништена за време на настаните од 1944 година кога палатата Кенизберг била бомбардирана. Во еден од извештаите се наведува дека во една од собите во подрумот биле откриени четири мозаици од кои три биле целосно изгорени и уништени. Според други докази, пак, се смета дека собата се наоѓа на дното на Балтичкото Море. Во моментов, мистеријата на килибарната соба сè уште не е решена.rnrnСоветската влада во 1979 година решила да направи реконструкција на килибарната соба врз основа на фотографии од оригиналната. Биле потребни околу 24 години да се реконструира легендарното уметничко дело.rnrnОткако прочитавте за историјата на килибарната соба, можеби ќе сакате да прочитате и за 9-те најубави тврдини во Русија.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Која е највисоката планина во Сончевиот Систем?

    Која е највисоката планина во Сончевиот Систем?

    Астрономите од крајот на 19 век се сомневале во постоењето на вулканот Олимп на Марс иако немале софистицирана технологија како, на пример, вселенски сонди, за да ги потврдат претпоставките.rnrnКоја е највисоката планина во Сончевиот Систем?rnrnМонт Еверест се издига на височина од 8848 метри и претставува највисоката планина на Земјата. Но, таа не е и највисоката планина во Сончевиот Систем. Оваа титула му припаѓа на вулканот Олимп (латински: Olympus Mons).rnrnСе работи за штитест вулкан во регионот Тарсис на Марс, чие име преведено од латински значи „планина Олимп“. Според податоците на вселенската агенција НАСА, вулканот има дијаметар од дури 624 километри што го прави најголемиот вулкан во Сончевиот Систем.rnrnВо центарот на вулканот се наоѓа калдера (пропаднат кратер) длабок околу 3 километри. Причината за големината на вулканот најверојатно се должи на силната вулканска активност на Марс, различниот тектонски состав и помалата гравитациска сила од онаа на Земјата.rnrnЦрвената планета се карактеризира и со други вулкани како Arsia Mons, Pavonis Mons и Ascreaus Mons кои се помали од Олимп, но сепак подеднакво грандиозни.rnrnНаучниците откриле дека некои делови на вулканот Олимп датираат од пред 2 милиони години, а некои, пак, дури од пред 115 милиони години.rnrnОткако прочитавте за највисоката планина во Сончевиот Систем, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Не е само мит: „бесмртниот костум“ во кинеската историја како гаранција за вечен живот

    Не е само мит: „бесмртниот костум“ во кинеската историја како гаранција за вечен живот

    Жадот бил отсекогаш еден од најскапоцените камења во историјата на Кина, а доказ за тоа се токму посмртните костуми изработени од жад. Познат уште како и „скапоцен кралски камен“, тој бил симбол на моќта и богатството во античка Кина. Неговите први производствени центри биле формирани по должината на реката Јангце.rnrnНе е само мит: „бесмртниот костум“ во кинеската историја како гаранција за вечен животrnrnЖадот бил високо ценет како за изработка на предмети чија намена била претежно од естетски карактер, така и за изработка на предмети кои се користеле за култни цели. Уште од времето на неолитот, каменот го имал истото значење како и златото во Европа, а својата најголема слава ја достигнал за време на владеењето на династијата Хан.rnrnТака, од 202 п.н.е., кога династијата Хан ја презела власта, жадот станал доминантен камен во изработката на предмети. Овие предмети познати по својата убавина и квалитетот на изработка, се карактеризирале со животински и геометриски мотиви.rnТокму поради цврстината и издржливоста, Кинезите го поврзуваат жадот со душата. Со векови кинеските митови и легенди го претставуваат како каменот на бесмртноста.rnrnСпоред религиозните верувања за време на владеењето на династијата Хан, душата на секој човек е составена од два дела, душа што патува во рајот и душа што останува на земјата и чека да се соедини со другиот дел благодарение на разноразните обреди и ритуали.rnrnСо текот на времето, меѓу владетелите на оваа династија станало популарно користењето посмртни костуми украсени со жад. Илјадниците каменчиња од кои биле изработувани костумите имале за цел да му „обезбедат“ бесмртност на владетелот во задгробниот живот. Според научниците, биле потребни повеќе од 10 години за изработка на овие костуми, а многу фактори зависеле и од статусот на самиот покојник.rnrnТака, на пример, царските костуми се шиеле со златен конец, а аристократите од понизок ранг се задоволувале и со свила. Се чини дека „правото на бесмртноста“ им припаѓало само на членовите на високата класа, додека за другите тоа било недостижно.rnrnОткако прочитавте за историјата на бесмртните костуми, можеби ќе сакате да прочитате и за чудни методи против стареење и начини на постигнување бесмртност од минатото.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Каде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?

    Каде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?

    Планината Хуа или на кинески Хуа Шан е една од петте свети планини во Кина и важно место за аџилак во една од најнаселените земји во светот. Се наоѓа во близина на градот Хуајин во северозападната провинција Шаншји.rnrnКаде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?rnrnНајопасната пешачка патека во светот која се нарекува Plank Walk или Changkong Walk придонела за популарноста на оваа планина. Станува збор за патека направена од штици кои се заковани на работ на висока карпа без заштитна ограда.rnrnКаде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?rnrnСе наоѓа на источната страна на највисокиот врв на планината Хуа, кој се издига на околу 2154 метри.rnrnПрвобитната патека била изградена од таоистички свештеник пред повеќе од 700 години со помош на камени клинци. Иако патот е долг само 130 метри и денес се чини навидум безбеден, сепак е многу стрмен, тесен и опасен по живот. Се претпоставува дека овде околку десетици луѓе го загубиле животот при што властите во 2019 година го затвориле за јавноста.rnrnКаде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?rnrnЛокалните власти имаат намера да ја отворат одново пешачката патека откако ќе бидат подобрени безбедносните услови. Но, не се знае кога и дали воопшто тоа ќе се случи.rnrnКаде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?rnrnОткако прочитавте за најопасната патека во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 11-те најопасни туристички дестинации.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Неверојатни факти за времето кои можеби и не сте ги знаеле

    Неверојатни факти за времето кои можеби и не сте ги знаеле

    Времето е релативен поим. Кога ни е здодевно на работа имаме чувство дека бавно минува, а од друга страна кога имаме краток рок за извршување важна задача, ни се чини дека времето лета како лудо. Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за времето.rnrnНеверојатни факти за времето кои можеби и не сте ги знаелеrn

    1. Живееме во минатото

    rnОва можеби звучи како некое сценарио од научно-фантастичен филм, но секој човек на Земјата живее „во минатото“. Нашиот мозок има моќ да ги перципира настаните приближно 80 милисекунди откако ќе се случат. Затоа, според физичарите не постои „сега“, а живеењето на сегашниот миг е целосна илузија.rn

    2. Денот порано траел 18 часа

    rnПред 1,4 милијарди години, еден ден на Земјата траел околу 18,7 часа. Нашите денови сега се подолги како резултат на гравитацијата на Месечината што ја забавува ротацијата на Земјата. Експертите пресметале дека на секои 100 години денот се продолжува за 0,002 секунди.rn

    3. Во некои делови на Кина Сонцето изгрева во 10 часот

    rnГолемите земји како Канада и САД имаат неколку временски зони. Кина, од друга страна, има само една. Најнаселената земја во светот го утврдила времето во Пекинг за стандардно време за да го поттикне единството меѓу нејзините граѓани. Сепак, ова води и до интересни детали. Два града во истата земја на речиси иста географска широчина можат да го дочекаат изгрејсонцето со временска разлика од неколку часа.rn

    4. Германците први ги поместиле часовниците

    rnГерманците биле првите кои го вовеле летното сметање на времето и тоа за време на Првата светска војна на 30 април 1916 година.rn

    5. Времето се смета околу 12.000 години

    rnНајстариот лунарен календар кој е пронајден досега датира од 10.000 година п.н.е., а е пронајден во близина на Рим, Италија.rn

    6. Часовниците на рекламите секогаш покажуваат исто време – 10 часот и 10 минути

    rnДоколку сте љубители на часовници, сигурно досега сте забележале дека во повеќето реклами и продавници часовниците покажуваат исто време – 10 часот и 10 минути. Ова не е никаква случајност, напротив. Кога стрелките на часовникот се наместени во оваа позиција, логото на брендот доаѓа најмногу до израз, а според истражувањата тоа е токму она што нè поттикнува да купуваме повеќе.rnrnОткако ги прочитавте овие занимливости за времето, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те факти што треба да ги знаете за времето за да можете да го контролирате.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Зошто ги „мразите“ другите?

    Зошто ги „мразите“ другите?

    Дали си велите себеси „ги мразам луѓето“ почесто отколку што би сакале? Но, дали некогаш сте се запрашале зошто е така? Еве што велат психолозите.rnrnЗошто ги „мразите“ другите?rn

    1. Имате големи очекувања

    rnЛуѓето кои имаат тенденција да ги мразат другите вообичаено имаат големи очекувања од луѓето околу нив. Тие можат да бидат реални и нереални, но во голема мера влијаат врз начинот на кој гледате кон другите. Така на пример, очекувате другите да ги разберат вашите чувства, мисли, расположенија и перцепции. Очекувате да се согласат со вашето мислење и да ги прават работите онака како што вие посакувате.rn

    2. Се плашите од другите

    rnЧестопати се плашите од луѓето кои се различни од вас. Иако можеби ретко си признавате себеси, сепак кога некој споделува различни перспективи, мислења и ставови, имате тенденција да ја мразите личноста. Зошто? Затоа што тие се различни од вас. Според психолозите, една од причините поради која мразиме нешто или некого е фактот дека се плашиме од нештата/луѓето кои се различни од нас. Во социјалната психологија, секој од нас припаѓа во група што ни дава чувство на припадност и идентитет. На тој начин, кога ќе почувствувате закана од некој кој не припаѓа во групата, ќе побарате поддршка во вашата заедница. Со други зборови, омразата претставува еден вид механизам за преживување.rn

    3. Се плашите од себе

    rnКога се чувствувате несигурно за тоа кои сте вие и не можете да ги прифатите сопствените мани и недостатоци, барате излез преку обвинувањата и омразата кон другите. Тоа што го мразите кај другите се оние работи од кои вие самите се плашите. Имате тенденција да ги идентификувате кај другите оние особини кои ги мразите кај себе, но не сакате да си признаете дека тоа се и ваши особини.rn

    4. Недостиг од емпатија

    rnЕмпатијата е способност да се ставиме себеси во нечија позиција. Кога имаме сопствена перцепција за тоа како треба да бидат поставени нештата, тогаш тешко ни е да го прифатиме туѓото мислење. Во тој случај не сме способни да го почувствуваме или да разбереме она што другите го доживуваат.rnrnОткако прочитавте зошто ги мразиме другите, можеби ќе сакате да прочитате и 13 причини зошто некои луѓе се толку среќни во животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com