Како што ни е добро познато, Црвената планета се карактеризира со сурови услови. Така, почвата речиси и да не содржи корисни микроби, таа е заситена со соли и минерали поради што повеќето растенија кои ни се познати на Земјата не би можеле овде да успеат. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека решението лежи во луцерката или позната под латинското име како Medica sativa.rnrn
rnrnНаучниците откриле дека луцерката не само што е способна да преживее туку може и да расте во вулканска почва со состав сличен на почвата на Марс. Така, научниците сметаат дека тоа може да биде добра основа како почетна култура.rnrnСо текот на времето луцерката би ја збогатила почвата каде се одгледува и таа би можела да се користи и за ѓубрење на земјиштето на кое подоцна би можеле да се одгледуваат репа, ротквици и зелена салата.rnrnПоради ниската содржина на хранливи материи во почвата и високата соленост на водата практично е невозможно одгледување на која било култура. Затоа, од големо значење е да се зголемат хранливите материи и да се намали соленоста на почвата.rnrnПретходните истражувања покажале дека екстремно издржливите култури кои растат на Земјата не можат успешно да се одгледуваат на Марс без дополнителни ѓубрива. Сепак, експертите утврдиле дека луцерката може да расте на марсовската почва и тоа без ѓубриво.rnrnОд друга страна, за одржување на културите потребна е и чиста вода. Според научниците, солената вода од Марс може да се третира со бактерии, а потоа да се филтрира со вулканската карпа за да се добие свежа вода за одгледување.rnrnОткако прочитавте која билка може да преживее на Марс, можеби ќе сакате да прочитате и како научниците пронашле езеро со течна вода на Марс.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs
Која билка може да преживее на Марс?
