КАФЕ ПАУЗА

Кои се придобивките од кундалини јогата?

Кои се придобивките од кундалини јогата?

Притисокот на модерното живеење влијае сè повеќе врз нашето здравје и благосостојба. Така, многумина од нас „излезот“ го бараат во традиционалните учења како јогата и медитацијата. Се обидувам да допреме до суштината на животот и самите нас преку древните мудрости.rnrnКои се придобивките од кундалини јогата? rnrnКундалини јогата или уште позната како јога на спознанието, била донесена од Индија на Запад 60-тите години од минатиот век од страна на Јоги Бхајан. Станува збор за моќна практика насочена кон зацврстување на еластичноста на телото, виталноста, радоста и енергијата. Ова, меѓу другото, се и неопходните елементи кои ни помагаат да го издржиме притисокот на модерното време.rnrnПреку овој тип јога можете да научите како да ја искористите моќта што ја поседувате во себе. Притоа, еден од нејзините основни принципи е поврзувањето со внатрешниот „компас“ или интуиција.rnrnПреку интуицијата, вие учите како да дојдете до мирот, насоката, фокусот и јасноста кои ве водат низ животот. Алатките кои ќе ви помогнат во процесот се умот, телото, душата, здивот и свеста.rnrnПреку кундалини јогата можете да ја зајакнете вашата врска со сите овие елементи при што ќе успеете да воспоставите контрола врз сопствениот живот. Ова можете да го постигнете благодарение на разноразните движења и медитации кои се дел од секојдневната практика позната како Садана.rnrnКундалини јогата може и да го зајакне вашиот нервен систем при што ќе останете смирени и трезвено ќе реагирате на секоја ситуација. Освен тоа, ќе ви го зголеми нивото на енергија при што ќе можете повеќе да уживате во физичката, менталната и емоционалната благосостојба.rnrnМеѓу другото, кундалини јогата може да ви го прочисти умот и да ве поврзе со вашата креативност.rnrnОткако прочитавте за кундалини јогата, можеби ќе сакате да прочитате и за едноставна јога поза што треба да ја правите по обилен оброк.rnrnИзвор: wander-mag.com