Еднорозите се измислени, митски суштества кои честопати се среќаваат во детските книги и приказни како симбол на невиност и моќ. Се верува дека тие се благородни животни кои не можат да се скротат. Верувале или не, тие се и симбол на држави.rnrn
rnrnДали знаевте дека еднорогот е национално животно во Шкотска? Во средината на 16 век еднорогот бил воведен како симбол на шкотските кралски грбови. Во тоа време, два еднорога го краселе грбот на Кралството Шкотска. Во 1603 година, пак, кога кралот Џејмс VI од Шкотска постанал крал Џејмс I на Англија, Шкотска и Ирска, на грбот на новото кралство биле обединети еден еднорог и англиски лав како симбол за обединувањето на овие земји. Друг интересен факт е дека овие животни во приказните биле отсекогаш во ривалство, а сега за прв пат биле обединети.rnrn
rnrnЛесно можете да го препознаете шкотскиот еднорог и тоа благодарение на неговите златни синџири. Се верува дека тие се симбол на моќта на шкотските кралеви, односно дека тие поседувале толку голема моќ што можеле да ги оковат и овие животни.rnrnСо векови луѓето верувале дека еднорозите постојат сè до почетокот на 19 век кога францускиот биолог Жорж Кувие почнал да објаснува дека на животно од овој вид било невозможно да му израсне еден рог на челото. Сепак, покрај научните докази и тврдења, луѓето и понатаму продолжиле да веруваат во ова митско суштество, па така денес се слави Денот на еднорогот на 9 април.rnrnОткако прочитавте за националниот симбол на Шкотска, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те туристички локации во Шкотска кои не смеете да ги пропуштите.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Еднорогот не е само митско суштество туку и национален симбол на оваа држава!
