КАФЕ ПАУЗА

Category: Добро е да се знае

  • Бамбус или памук: Кој материјал е подобар за животната средина?

    Бамбус или памук: Кој материјал е подобар за животната средина?

    Се одлучивте за етичко и одржливо купување и затоа сакате да ги одбегнете производите кои претставуваат потенцијална опасност по животната средина? Сепак, кога треба да избирате меѓу производи од памук и бамбус, ве мачи прашањето кој е поодржлив и подобар материјал? Ние ќе се обидеме да ви го дадеме одговорот!rnrnБамбус или памук: Кој материјал е подобар за животната средина?rn

    На што се должи одржливоста на материјалот?

    rnСпоред најновите истражувања направени во Велика Британија, околу 350.000 тони користена облека завршува на депониите секоја година. Самиот овој податок ни кажува дека производството, употребата и фрлањето облека сериозно влијаат врз животната средина.rnrnЗатоа, голем дел од модните брендови се насочени кон користење материјали од природни, обновливи извори кои имаат минимално влијание врз животната средина. Одржливите ткаенини се дизајнирани да траат со години, но и да можат да се рециклираат.rn

    На што се должи одржливоста на бамбусот?

    rnКога ќе помислиме на бамбусот, најверојатно првото нешто што ни паѓа на ум се пандите. Сепак, освен како храна за овие животни, бамбусот веќе подолго време се употребува и како одлична замена за пластиката и другите небиоразградливи материјали, почнувајќи од производство на четки за заби до тоалетна хартија. Бамбусот е растение за чие производство не се потребни пестициди и ѓубрива и преставува силен и цврст материјал поради што е одлична опција за производство на мебел.rnrnСепак, сè уште постојат прашалници во поглед на тоа колку се етички производството и примената на бамбусот во индустријата. Со оглед на тоа дека поголемиот дел од бамбус се набавува од Кина, а потоа се испраќа во целиот свет, растојанието што треба да го помине производот во голема мера влијае врз средината преку неговиот јаглероден отпечаток. Згора на тоа, за да се претвори грубиот материјал во фина, мека ткаенина, потребен е сложен, хемиски процес.rn

    На што се должи одржливоста на памукот?

    rnЛесен за носење, памукот ни е еден од омилените материјали, особено за време на летото. За разлика од синтетичките влакна како вискоза и полиестер, памукот е целосно природно и биоразградливо влакно. Но, и кај памукот постојат прашалници во поглед на етичкото производство. Одгледувањето памук бара значителна употреба на пестициди и токсични хемикалии кои навлегуваат во почвата и резервите со вода. Во процесот на производство се троши и значително количество вода – за производство на едноставна бела маица и пар фармерки се трошат околу 20.000 литри вода!rn

    Бамбус или памук?

    rnИ бамбусот и памукот имаат добри и лоши страни кога станува збор за одржливоста. Сепак, се чини дека бамбусот е етички поодржлив материјал во споредба со памукот. Освен тоа, бамбусовата ткаенина е многу поевтина за производство за разлика од памучната. Но, бамбусовите производи не се толку достапни како памучните…rnrnОткако прочитавте за особеностите на бамбусот и памукот како одржливи материјали, можеби ќе сакате да прочитате и нешто повеќе за „најзелената“ зграда во светот.rnrnИзвор: myimperfectlife.com

  • Каде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот?

    Каде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот?

    Скај 721 е највисокиот пешачки мост во светот. Бројката 721 се однесува на должината на мостот кој се наоѓа во селото Долни Морава во Чешка.rnrnКаде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот?rnrnМостот е широк само 1,2 метри, а на највисоката точка се издига до 95 метри. Затоа, нека не ве чуди фактот дека не е наменет за оние кои се плашат од височина.rnrnКаде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот?rnrnОсвен тоа, мостот е опкружен со прекрасна природа и нуди спектакуларен поглед кон планината Кралицки Снежник.rnВо непосредна близина на мостот се наоѓа видиковец, висок 55 метри, а тука е и патеката позната како Bridge of Time (Мостот на времето), каде се наведени историските атракции во овој крај.rnrnСкај 721 ја доби титулата највисок пешачки мост, а досегашниот рекордер беше мостот Баглун Парбат, долг 567 метри на реката Кали Гандаки во Непал.rnrnМостот ќе биде официјално отворен за јавноста во мај оваа година.rnrnОткако прочитавте каде се наоѓа највисокиот пешачки мост во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 стари европски мостови треба да ги видите барем еднаш во животот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Дали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал?

    Дали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал?

    Третиот по големина град во Шпанија, Валенсија, е познат по плажите, историјата и архитектурата. Сепак, дали знаевте дека во градската катедрала на Валенсија се наоѓа артефакт за кој многумина веруваат дека е светиот грал?rnrnДали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал?rnrnСветиот грал е чаша, пехар или сад од кој Исус Христос пиел вино за време на Тајната вечера. Некои луѓе сметаат дека ова е еден од најсветите артефакти на земјата, другите пак, го поврзуваат со магија и веруваат дека се работи за обичен мит. Низ историјата, многумина се обидувале да го пронајдат, од витезите на кралот Артур па сè до војниците на Хитлер, но, колку што е познато, никој не го пронашол досега. Според бројни историски извори, светиот грал во Валенсија бил откриен кон крајот на 12 век и многубројни докази укажуваат дека тој е всушност оригиналниот пехар.rnrnДали катедралата во Валенсија е домот на светиот грал?rnrnСе смета дека Апостол Петар прв ја однел чашата во Рим по смртта на Христос, каде останала сè до 250-тата година кога императорот Валеријан започнал да ги прогонува христијаните. Според историчарите, оваа реликвија била преместена во Хуеска бидејќи не била безбедна во Рим и неговата околина. Се верува дека тука останала сè до 8 век.rnrnСепак, патувањата на гралот меѓу 1 и 14 век не се докрај потврдени. Познато е дека кон крајот на 14 век реликвијата станала сопственост на кралот Мартин од Арагон. Еден од неговите наследници, Алфонсо Величествениот, ја пренел реликвијата во Валенсија, а подоцна и во катедралата каде се наоѓа и денес.rnrnШпанската историчарка на уметност, Ана Мафе Гарсија, во едно нејзино истражување се обидела да докаже дека постои голема можност светиот грал во Валенсија да е вистинскиот грал. Според истражувањето, реликвијата потекнува од еврејско семејство и датира од времето на кралот Ирод Велики, таткото на Ирод. Покрај тоа, материјалот од кој е изработен пехарот може да се најде само во близина на територијата на денешен Израел. Освен тоа, постојат и гласини дека реликвијата дошла во Шпанија заедно со писмо кое ја гарантирало нејзината автентичност.rnrnДа не заборавиме дека ширум светот постојат повеќе реликвии кои се „борат“ за епитетот свет грал. Иако можеби никогаш нема да дознаеме каде е вистинскиот свет грал, ние ќе продолжиме да уживаме во мистичните легенди и преданија за овој свет предмет и да се надеваме дека еден ден сигурно ќе биде пронајден.rnrnОткако прочитавте за овој необичен артефакт, можеби ќе сакате да прочитате и за морничавиот град полн со стари монети од кој никој не смеел да излезе.rnrnИзвор: passportsymphony.com

  • Зачини – совршена алатка за истражување на историјата на човештвото!

    Зачини – совршена алатка за истражување на историјата на човештвото!

    Дали знаевте дека уште во 3500 година п.н.е. старите Египќани ги користеле зачините во исхраната, козметиката, па дури и за балсамирање на мртвите? Во текот на историјата, трговците ги сметале зачините за една од најважните трговски стоки. Тие често патувале од едниот до другиот крај на светот за на крајот да го дефинираат вкусот на одредена култура.rnrnЗачини - совршена алатка за истражување на историјата на човештвото!rnrnОд антрополошки аспект познато е дека човекот еволуирал заедно со билките околу него. Така, најраните докази сугерираат дека ловците го завиткувале месото во лисја за да не се расипе, а потоа случајно откриле дека тој процес го подобрува вкусот и мирисот на дотогаш невкусното сирово месо.rnrnПознато е и дека античките цивилизации ги користеле зачините во медицината, а потоа откриле дека тие можат и да го подобрат вкусот на храната.rn

    Во гробницата на Тутанкамон е пронајден лук

    rnВо Папирус Еберс, медицински прирачник кој потекнува од древниот Египет, се наведува дека тогашните медицински третмани вклучувале употреба на ким, коријандер, морач, лук, нане и кромид. Прирачникот, исто така, го содржи податокот дека работниците кои работеле на изградбата на Кеопсовата пирамида, консумирале кромид и лук за да бидат здрави и издржливи. Покрај тоа, Египќаните верувале дека ќе имаат мир во задгробниот живот ако бидат погребани со лук. Затоа, не е воопшто чудно тоа што археолозите пронашле неколку чешниња лук во гробницата на Тутанкамон.rn

    Мускатното оревче и каранфилчето потекнуваат од Кина

    rnВо „Книга за билките“ (Ben Cao Jing), античките кинески текст за класичните билки се наведува дека кинеските дворјани носеле каранфилче во устата за да им здивот сладок кога му се обраќаат на императорот.rnrnВо античките ракописи со клинесто писмо кои потекнуваат од подрачјето помеѓу реките Еуфрат и Тигар, е откриен долг список на зачини кои се користеле во Месопотамија. Од оваа област потекнуваат сусамот, кардамонот, мајчината душица, анасонот, шафранот, кимот, афионот, куркумата, копарот и смирната.rn

    Црвениот бибер како „оружје“ во граѓанска војна

    rnСтарите Грци носеле круни од магдонос и мајоран за време на гозбите за да го спречат пијанството, а во Рим се користеле слични зачини во виното кои ние ги користиме денес во џинот.rnrnНа крајот на 18 век, Американците ги разменувале продуктите како брашно, говедско месо, тутун, сапун и путер за зачини како бибер, цимет, каранфилче и ѓумбир. За време на граѓанската војна, зачините биле од огромно значење како за здравјето на војниците така и за борбата против непријателот. Имено, писмото пронајдено во брошурата на американскиот конгрес покажува дека војниците носеле мелен црвен бибер и си го фрлале в очи. Иако честопати се поврзува за унгарската кујна, црвениот бибер потекнува од Мексико.rn

    Ванилата e поскапа од среброто, а црниот пипер се користел за плаќање кирија

    rnНајскапиот зачин во светот е шафранот. Цвета само еднаш годишно, а сосема мал дел од растението се користи за производство на зачинот. Секој цвет мора да се бере рачно, а ливчињата кои изгледаат како тенки, жолти нишки, треба внимателно да се отстранат. Заради деликатноста на целиот процес, еден грам квалитетен шафран чини околу 60 евра.rnrnВториот најскап зачин во светот е ванилата. Занимлив факт е што свежите мешунки на ванилата немаат ниту мирис ниту вкус. Вкусот се добива преку сушењето на сонце при што зачинот ја добива својата препознатлива кафена боја. Еден килограм ванила чини околу 2600 евра, што значи дека овој зачин е поскап од среброто.rnrnЦрниот бибер е зачинот кој најмногу се користел за трговска размена. Овој зачин се нарекува и „црно злато“ или „крал на зачините“, а во античко време бил толку многу популарен што се користел за плаќање данок и кирија.rnrnСолта, најкористениот зачин во светот всушност не е зачин туку засилувач на вкусот. Солта била толку популарна во антички Рим што ја разменувале за војници. Англискиот збор за плата „salary“ доаѓа од латинскиот збор „sal“ што значи сол.rnrnОткако прочитавте за кратката историја на зачините, можеби ќе сакате да прочитате и за најважните трговски патишта во историјата.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Средновековниот „инфлуенсер“ кој го убеди светот дека чајот не се јаде туку се пие

    Средновековниот „инфлуенсер“ кој го убеди светот дека чајот не се јаде туку се пие

    Ви се верува дека порано кинеската култура на консумирање чај сосема се разликувала од денешната? Наместо во форма на пијалак, Кинезите го приготвувале чајот како супа, па дури и сос, со состојки како ѓумбир, лушпи од цитрус, бобинки, нане и млад кромид. Тоа било така сè дури Лу Ју, познат и како „мудрецот на чајот“, не се залагал за консумирање на пијалак кој е сварен од листовите чај, без никаков друг вкус. Општопознато е дека Азијците со векови ги јаделе листовите чај, пред да помислат дека може да се пие.rnrnСредновековниот „инфлуенсер“ кој го убеди светот дека чајот не се јаде туку се пиеrnrnСпоред Џорџ ван Дрием, автор на „Приказна за чајот: сеопфатна историја на чајот – од праисториско време па сè до денес“, древниот обичај на јадење чај потекнува од регионот на западна Кина до границата со Мјанмар. Познат како Источни Хималаи, овој раскошен предел изобилувал со диви чајни билки.rnrnПред илјадници години, тамошните жители ги откриле енергетските својства на чајот и го консумирале така што џвакале сирови листови. Подоцна научиле како да ги ферментираат листовите кои дотогаш ги џвакале како бетел или ги додавале во супи.rnrnКинезите ја стекнале навиката за консумирање чај откако нивните владетели ја прошириле државата кон Источните Хималаи. Тие почнале да ја користат оваа билка за подобра концентрација. Така, на пример, Хуа Туо, познат лекар од вториот век од нашата ера, напишал: „Јадењето горчливи лисја е добро за изострување на умот, особено ако се консумираат подолг временски период“. Покрај тоа, Кинезите го користеле чајот и за готвење. Во летните месеци била особено популарна каша од ориз со листови чај бидејќи се верувало дека помага при „исфрлување на топлината од телото“ (многу модерни култури веруваат дека пиењето чај помага да се олади телото).rnrnНа денешното кинеско мени нема да најдете супа од чај, а за тоа можете да му се заблагодарите на Лу Ју. Кога не пишувал трактати, талкал низ шумите и ги барал најдобрите листови чај. Средновековниот љубител на чајот имал голема улога во трансформацијата на чајот од супена храна до оној освежителен пијалак кој ни е познат денес.rnrnЛу не бил првиот кој ги варел листовите чај во топла вода. Будистичките монаси со векови го подготвувале чајот на овој начин. Тие сметале дека овој пијалак можел да ги држи будни, особено за време на долгите сесии за медитација кои најчесто ги правеле на празен стомак.rnrnТака, Лу ја стекнал навиката да пие чај од будистичкиот монах кај кого бил згрижен (Лу бил сирак). Во 760 година од нашата ера, Лу напишал трактат за чајот насловен како „Книга за чајот“ кој бил првиот сеопфатен труд за одгледување, производство и консумирање чај.rnrnСредновековниот „инфлуенсер“ кој го убеди светот дека чајот не се јаде туку се пиеrnrnСпоред Лу, чајот бил еден вид еликсир чии магични својства можеле да се намалат доколку се измеша со обични состојки како оризот. Затоа, инсистирал чајот да се консумира само со вода и малку сол (за да се подобри вкусот на водата).rnrnДелото му донело голема слава на Лу кој станал дури и еден вид светец-заштитник на продавачите на чај.rnrnОткако прочитавте за Лу Ју и неговото дело, можеби ќе сакате да прочитате и кој чај е најдобар за вас според вашата крвна група.rnrnИзвор: atlasobscura.com

  • Какви тајни крие симболот за бесконечност?

    Какви тајни крие симболот за бесконечност?

    Симболот на бесконечноста е еден од најпознатите и најраспространетите симболи во науката и окултната уметност. Која е неговата тајна? Зошто е толку посебен? Тој е навидум обичен, но сепак, мистериозно убав. Во продолжение прочитајте за неговото значење.rnrnКакви тајни крие симболот за бесконечност?rn

    1. Ја симболизира божествената моќ

    rnОна што малкумина го знаат е дека симболиката на знакот на бесконечноста потекнува од Уреј, симбол на божицата Ваџет во Стар Египет. Урејот бил симбол на авторитет и божество, и фараонот бил признат како владетел само доколку го носел урајот кој е често претставен како кобра. Крунисувањето на фараоните со уреј било симболичен чин според кој се верувало дека човек никогаш нема да биде моќен додека не стане свесен за божествената моќ во себе.rn

    2. Се работи за Уроборос

    rnСимболот на бесконечноста претставува и уроборос, антички симбол кој прикажува змија како си ја гризе сопствената опашка. Го претставува циклусот на животот (раѓање – смрт – повторно раѓање) и произлегува од тајното учење дека ние сме обврзани да ги повторуваме нашите реинкарнации сè додека цврсто се држиме за ова Царство. Оние кои се просветлени сфаќаат дека животот нуди безброј искуства кои треба да послужат како лекции за будењето и просветлувањето. Откако ќе се разбудиме ќе го прекинеме кругот на бесконечни инкарнации, токму како што учат древните религии како хиндуизмот и будизмот.rn

    3. Го носи божествениот благослов на Нил

    rnКако што на сите ни е познато, Нил не била обична река во древниот Египет, туку симбол на сите божествени благослови. Ваџет, пак, се сметала за божица на Нил. Покрај тоа, Нил бил и „огледалото“ на Млечниот Пат, што ги ширел благословите и надвор од ова Царство. Затоа реката се поврзувала со вселената но и со задгробниот живот.rn

    4. Потекнува од последната буква во грчката азбука, омега

    rnНесомнено, симболот на бесконечноста е изведен од буквата омега која е последната буква од грчката азбука. Од друга страна, во христијанската иконографија, Исус Христос е прикажан како алфа и омега, односно како симбол за почеток и крај на времето. Сепак, бидејќи Бог и времето се бесконечни, буквата омега станала симбол за бесконечноста кој го означува континуитетот надвор од Крајот.rnrnОткако прочитавте за тајните на симболот на бесконечност, можеби ќе сакате да прочитате и за лапис лазули – мистичниот камен на мудроста и небесата.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто вашата кожа „позеленува“ кога носите одреден накит?

    Зошто вашата кожа „позеленува“ кога носите одреден накит?

    Сигурно ви се случило кожата да ви позелени како резултат на носење одреден вид накит. Прочитајте во продолжение зошто е тоа така и како може да го спречите тоа.rnrnЗошто вашата кожа „позеленува“ кога носите одреден накит?rn

    Зошто вашата кожа станува зелена при носење накит?

    rnБакарот е најчестиот виновник кога станува збор за позеленување на кожата како резултат на носење накит. Доколку накитот е изработен од бакар, тој може да реагира со производите кои претходно сте ги нанеле на вашата кожа, но и со потта, и да оксидира. Кога бакарот оксидира, тој минува низ одреден тип хемиски реакции и како резултат на тоа, остава зелена трага врз кожата.rn

    Дали исчезнува зелената трага?

    rnДа, исчезнува. Сè додека се потите (што е неизбежно), големи се шансите вашата кожа да реагира со бакарот во вашиот накит. Доколку пак имате чувство на чешање по носење на накитот, тоа може да биде знак за алергија.rn

    Како да го спречите овој несакан ефект?

    rnЗа среќа, сè уште можете да го носите вашиот бакарен накит без да имате зелена кожа како несакан ефект. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа:rn

      rn 011

    • Нанесете слој проѕирен лак на местото каде што накитот ја допира вашата кожа за да има еден вид бариера.
    • rn 011

    • Редовно чистете го вашиот накит за да ги отстраните вишокот лосион, потта и нечистотијата.
    • rn 011

    • Чувајте го вашиот накит на суво место.
    • rn 011

    • Нека кожата ви биде сува кога носите накит.
    • rn 011

    • Не носете накит во топлите денови бидејќи е поголема веројатноста да се испотите.
    • rn 011

    • Не носете го накитот кога пливате или чистите.
    • rn

    rnОткако прочитавте зошто вашата кожа позеленува кога носите одреден вид накит, можеби ќе сакате да дознаете и кои 4 работи го уништуваат вашиот омилен накит.rnrnИзвор: rd.com

  • 6 неверојатни шпански навики и обичаи

    6 неверојатни шпански навики и обичаи

    На сите нам ни е добро познато дека обичаите ширум светот се разликуваат, па така на пример, кај нас е сосема нормално да оставите бакшиш во ресторан, но Јапонците никогаш не би го направиле тоа. Овој пат решивме да ѕирнеме накратко во шпанските обичаи…rnrn6 неверојатни шпански навики и обичаиrnrn rn

    Излегување со мокра коса

    rnКолкупати родителите ве предупредиле да не се шетате со мокра коса? Па, во Шпанија одамна се откажале од тоа бидејќи Шпанците (како и луѓето од други земји) имаат навика да ја мијат косата наутро, а не навечер. Така, како резултат на навиката да ги правите нештата „мањана“ (утре), миењето на косата честопати се одложува сè до последен момент пред Шпанците да одат на училиште или работа. Тоа важи буквално за сите, од 7 до 77 години.rn

    Повторување на придавките безброј пати

    rnКога ќе видите убава девојка, сосема е нормално да кажете: „Колку е убава девојкава“. Шпанците пак, барем три пати ќе го истакнат тоа, па очекувајте реченица од типот: „Колку е убава, убава, убава девојкава.“rn

    Излегување во кафуле/бар со децата

    rnВо Шпанија е сосема во ред да одите во бар со целото семејство. Навечер, па дури и доцна во ноќта, можете да ги видите родителите како се забавуваат, а на масата до нив – спијат нивните деца! Ова се смета за сосема нормално, а можеби и поради тоа Шпанците добро се справуваат со бучавата, со оглед на тоа дека се навикнати уште од детството…rn

    Го лупат речиси секое овошје

    rnНе само што лупат портокали, лимони и мандарини туку Шпанците го лупат речиси секое овошје, а за тоа има едноставно објаснување. Луѓето во руралните средини немале секогаш пристап до чиста вода, па за да се заштитат од штетните бактерии редовно го лупеле секое овошје. Ќе се согласите дека е навистина тешко да се ослободите од некои навики.rn

    Поделба на сметката на еднакви делови

    rnЗа разлика од германскиот модел на плаќање каде секој си плаќа она што си нарачал – кај Шпанците тоа е поинаку. Тие ја делат сметката на еднакви делови. Така, ако сте петмина, а сметката изнесува 100 евра, се очекува секој да плати по 20 евра, без разлика колку и да чини она што сте нарачале.rn

    Страв од вторник

    rnСпоред постарите Шпанци, луѓето во вторник не треба да организираат венчавки, да патуваат или да се селат. Се верува дека вторник е ден на богот на војната (Арес или Марс), па затоа е подобро да не се прави ништо тогаш…rnrnОткако прочитавте за дел од необичните шпански навики и обичаи, можеби ќе сакате да прочитате и зошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странците.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Кои знаци укажуваат дека сте амбиверт?

    Кои знаци укажуваат дека сте амбиверт?

    Доколку понекогаш покажувате знаци на интровертност, а понекогаш на екстровертност, но не можете да се дефинирате себеси како интроверт или екстроверт, тогаш најверојатно сте амбиверт. Тоа значи дека има денови кога би сакале да се забавувате и дружите со сите ваши пријатели и познајници, но има моменти и кога сакате да останете сами. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со знаци преку кои ќе одредите дали и вие припаѓате во оваа група или не.rnrnКои знаци укажуваат дека сте амбиверт?rn

    Не сте ниту изразени интроверти ниту изразени екстроверти

    rnДоколку се идентификувате и со двете опции, тогаш сигурно сте амбиверт. Постојат моменти кога сакате да го минувате времето сами, размислувајќи за себе и за луѓето околу вас што ве прави и добар слушател, но од друга страна пак, има моменти кога сакате да бидете опкружени со луѓе и да ги развивате сопствените социјални вештини.rn

    Понекогаш посакувате да бидете сами, а понекогаш пак сакате да има некој до вас

    rnИма денови кога сакате да останете во вашиот внатрешен свет, но има денови и кога сакате да бидете заедно со пријателите. Сето тоа зависи од вашето моментално расположение.rn

    Сакате да зборувате, но не постојано

    rnИнтровертите претпочитаат да бидат тивки или да разговараат само кога сметаат дека е вистинското време за разговор. Од друга страна, екстровертите не знаат кога да престанат со зборување. Доколку немате тешкотии околу тоа да го одредите моментот кога треба да зборувате, а кога да слушате, тогаш можеби сте амбиверт.rn

    Вие сте одличен слушател

    rnМожете да воспоставите совршена рамнотежа меѓу зборувањето и слушањето. Сакате да разговарате со другите, но знаете и кога да молчите и трпеливо да го ислушате соговорникот.rn

    Честите средби со пријателите можат да ве исцрпат

    rnИако обожавате да се среќавате со пријателите и да поминувате време со нив, сепак тоа понекогаш може да ве исцрпи. Кај амбивертите клучниот збор е рамнотежата, така што честите средби ќе направат да копнеете по тоа да бидете некој период сами што ќе ви помогне да ги „наполните батериите“.rn

    Здодевно ви е ако голем дел од времето го поминувате сами

    rnИсто како што премногу дружење ве разочарува по одреден момент, така и премногу време сами може да ве направи очајни. Интровертите можат без проблем да го поминуваат времето сами ако им се укаже можноста за тоа, но за разлика од нив, вие копнеете за човечко друштво секогаш кога ќе ви биде доста од вашиот свет.rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со знаци кои укажуваат на фактот дека сте амбиверт, можеби ќе сакате да прочитате и дека според една интересна студија постојат само 4 видови луѓе.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Факти за планината Фуџи кои ќе ве фасцинираат

    Факти за планината Фуџи кои ќе ве фасцинираат

    Планината Фуџи е симбол на јапонската нација. Нејзината конусна форма покриена со снег е добропозната слика што може честопати да се види во уметничките дела од укијо-е стилот (вид на јапонски дрворез). Јапонскиот уметник Кацушика Хокусај ја овековечил нејзината убавина во неговата збирка „Триесет и шест погледи на Фуџи“ каде се наоѓа и познатото дело „Големиот бран на Канагава“. Со висина од 3. 776,24 метри, Фуџи е највисоката планина во Јапонија, а втора највисока планина во Азија. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со факти за Фуџи за кои сме сигурни дека ќе ве импресионираат.rnrnФакти за планината Фуџи кои ќе ве фасцинираатrn

    Фуџи е и стратовулкан

    rnПланината Фуџи не е само планина, туку е и активен стратовулкан, познат и под називот композитен вулкан. Тоа значи дека нејзината конусна форма настанала како резултат на слоевите лава и тефра, слични на планината Везув над Помпеја.rn

    Фуџи е света планина

    rnПланината Фуџи се смета за свето место на шинтоистичката религија уште од античко време. Принцезата Коноханасакуја се смета за божица на планината, а на падините и врвот на планината постојат неколку светилишта кои ѝ се посветени. Фуџи се вбројува и во „трите свети планини“ на Јапонија, заедно со Хаку и Тете.rn

    Планината прв ја искачил монах

    rnСпоред запишаните сведоштва, прв кој ја искачил планината бил непознат монах во 663 година. Првиот странец кој ја искачил планината бил Радерфорд Олкок во септември 1868 година за приближно осум часа.rn

    Фуџи последен пат еруптирал во 1707 година

    rnПоследната ерупција на вулканот се случил во 1707 година, пред повеќе од 300 години. Како активен вулкан, постои опасност од повторно еруптирање. Сепак, податоците сугерираат дека е низок ризикот од ерупција.rn

    Планината е опкружена со 5 езера

    rnПланината Фуџи не е единствената природна убавина во оваа област. Таа е опкружена и со пет езера – Кавагучико, Јаманакако, Саико, Шојико, Мотосуко, како и неколку топли извори.rn

    Планината Фуџи е прикажана и на јапонскиот јен

    rnНа задната страна од 1000 јени е прикажана ретка слика на планината Фуџи од фотографот Којо Окада и нејзиниот одраз во езерото Мотосу.rn

    Секоја година на планината се одржува фестивал на огнот

    rnСекоја година на 26 и 27 август што се смета за крај на сезоната за искачување, се одржува фестивалот на огнот Јошида во градот Фуџијошида кој се наоѓа во подножјето на планината. За време на фестивалот локалните жители палат илјадници факели за да го смират бесот на планината Фуџи.rnrnОткако ги прочитавте занимливостите поврзани со планината Фуџи, можеби ќе сакате да прочитате и за 10 планински предели што докажуваат дека природата создала рај на Земјата.rnrnИзвор: mymodernmet.com