КАФЕ ПАУЗА

Дали знаевте дека делфините преку сетилото за вкус ги препознаваат своите пријатели?

Дали знаевте дека делфините преку сетилото за вкус ги препознаваат своите пријатели?

Луѓето се служат со разноразни знаци за да ги препознаат пријателите, како нивните насмевки, нивните гласови или начинот на одење. Но, како делфините ги препознаваат своите „пријатели“?rnrnДали знаевте дека делфините преку сетилото за вкус ги препознаваат своите пријатели?rnrnБиолозите пред неколку децении откриле дека делфините се пријателски настроени животни и дека се препознаваат еден со друг по својот свиреж кој е уникатен за секој од нив. Според најновите истражувања, делфините го користат своето сетило за вкус за да ја препознаат урината на своите пријатели од онаа на делфините со кои не се поврзани.rnrnВо текот на истражувањето, првичната цел на главниот научник Џејсон Брук била да открие дали делфините ги користат своите свирежи на ист начин како што луѓето се ослонуваат на имињата. За да дојде до повеќе сознанија, Брук се осврнал кон урината. Друг научник претходно забележал како група диви делфини намерно пливаат низ урината, а тоа било доволен доказ за Брук да се посомнева дека тие собираат информации од неа.rnrnТака, научникот и неговиот тим откриле дека делфините обраќаат повеќе внимание на урината и свирежите на нивните пријатели, а тоа наведува дека најверојатно им служат како знаци за препознавање на другите делфини.rnrnМеѓу другото, станува збор и за првиот наод дека животно може да ги идентификува другите членови од својот вид служејќи се со сетилото за вкус. Освен тоа, тоа е и доказ дека кај делфините е развиено чувството на припадност и поврзаност со семејството и пријателите, исто како и кај луѓето.rnrnОткако прочитавте за најновото истражување поврзано со делфините, можеби ќе сакате да прочитате и 7 интересни факти за делфините.rnrnИзвор: nationalgeographic.com