КАФЕ ПАУЗА

Category: Добро е да се знае

  • Која билка може да преживее на Марс?

    Која билка може да преживее на Марс?

    Како што ни е добро познато, Црвената планета се карактеризира со сурови услови. Така, почвата речиси и да не содржи корисни микроби, таа е заситена со соли и минерали поради што повеќето растенија кои ни се познати на Земјата не би можеле овде да успеат. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека решението лежи во луцерката или позната под латинското име како Medica sativa.rnrnКоја билка може да преживее на Марс?rnrnНаучниците откриле дека луцерката не само што е способна да преживее туку може и да расте во вулканска почва со состав сличен на почвата на Марс. Така, научниците сметаат дека тоа може да биде добра основа како почетна култура.rnrnСо текот на времето луцерката би ја збогатила почвата каде се одгледува и таа би можела да се користи и за ѓубрење на земјиштето на кое подоцна би можеле да се одгледуваат репа, ротквици и зелена салата.rnrnПоради ниската содржина на хранливи материи во почвата и високата соленост на водата практично е невозможно одгледување на која било култура. Затоа, од големо значење е да се зголемат хранливите материи и да се намали соленоста на почвата.rnrnПретходните истражувања покажале дека екстремно издржливите култури кои растат на Земјата не можат успешно да се одгледуваат на Марс без дополнителни ѓубрива. Сепак, експертите утврдиле дека луцерката може да расте на марсовската почва и тоа без ѓубриво.rnrnОд друга страна, за одржување на културите потребна е и чиста вода. Според научниците, солената вода од Марс може да се третира со бактерии, а потоа да се филтрира со вулканската карпа за да се добие свежа вода за одгледување.rnrnОткако прочитавте која билка може да преживее на Марс, можеби ќе сакате да прочитате и како научниците пронашле езеро со течна вода на Марс.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Кое е најстарото езеро во светот?

    Кое е најстарото езеро во светот?

    Сместено на Сибир, Бајкалското Езеро е најголемото и најстарото езеро на светот. Сепак, во последните години се почести се предупредувањата на научниците кои тврдат дека неговиот опстанок е загрозен како резултат на климатските промени.rnrnКое е најстарото езеро во светот? rnrnНајголемата длабочина на Бајкалското Езеро изнесува 1.741 метар, а езерото е поголемо по волумен и од сите Големи езера во Северна Америка. Освен тоа, повеќето геолози се согласуваат дека тоа е старо најмалку 25 милиони години и е создадено како резултат на судирот меѓу сибирската платформа и тектонската плоча така што настанала пукнатина меѓу нив. Имено, и денес во овој регион се чувствуваат многубројни земјотреси.rnrnОпкружено со шуми, езерото го носи епитетот „Галапагос на Русија“. Од 2.000 растителни и животински видови кои го населуваат, речиси половина се ендемични. Од нив се издвојува прстенестата фока, единствениот слатководен вид фоки во светот. Друга карактеристика на ова езеро е тоа што под него има хидротермални отвори богати со минерали.rnrnЗа време на зимскиот период, површината на езерото се претвора во мраз чија дебелина може да достигне и до 2 метри. Поради неговата природна убавина и ефектите од различните природни феномени, Бајкалското Езеро со векови се нарекува „свето езеро“, а еден од неговите острови, островот Олкон претставува религиозен центар на племето Бурјат со бројни тотеми со шарени ленти.rnrnВо последните години научниците предупредуваат дека опстанокот на езерото е загрозен како резултат на климатските промени и прекумерниот риболов. Пресметките на метеоролозите покажуваат дека до 2100 година температурата на езерото ќе се зголеми за 4,5 степени, што ќе доведе до падот на нивото на кислород во водата и ќе го загрози опстанокот на неговите жители.rnrnОткако прочитавте за најстарото езеро во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 5-те најголеми езера во светот.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Каде се наоѓа најубавиот автопат во светот?

    Каде се наоѓа најубавиот автопат во светот?

    Кина е богата со пејзажи и преубави туристички дестинации. Така, според многумина, овде се наоѓа и најубавиот автопат во светот, автопатот Хепу-Напо кој се протега низ југозападниот регион Гуангшји.rnrnКаде се наоѓа најубавиот автопат во светот?rnrnБетонската конструкција на автопатот претставува силен контраст со густите шуми и ридови кои ја опкружуваат и на тој начин создаваат прекрасна глетка на која малкумина можат да ѝ одолеат.rnrnПритоа, светските медиуми го прогласија токму овој автопат кој минува во близина на границата со Виетнам, за еден од најубавите автопати во светот.rnrnОткако дознавте каде се наоѓа најубавиот автопат во светот, можеби ќе сакате да прочитате и за градот кој има толкав метеж што автопатот минува низ облакодер.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Бизарни навики од секојдневниот живот на Римјаните

    Бизарни навики од секојдневниот живот на Римјаните

    Денес многумина ја сметаат културата на старите Римјани за основа на западната цивилизација, но со сигурност може да кажеме дека многу од обичаите кои некогаш биле практикувани сигурно не би му се допаднале на современиот човек.rnrnБизарни навики од секојдневниот живот на РимјанитеrnrnКако главен град на една од најголемите империи во историјата на човештвото, Рим бил центар на различни култури и традиции. И додека и денес се пишува и истражува за одредени обичаи, повеќето од нив за жал се заборавени засекогаш.rn

    1. Маратонски гозби и повраќање

    rnПознатиот филозоф Сенека еднаш рекол дека Римјаните не биле срамежливи кога станува збор за повраќање, освен тоа, тие повраќале за повторно да јадат. Честопати раскошните гозби траеле и по неколку дена, а за време на тие прилики било консумирано огромно количество храна. Лесно можете да ги замислите богатите Римјани облечени во свилена облека кои лежат околу маса со разноразни јадења за време на празниците.rn

    2. Хранење на мртвите

    rnСо цел да не бидат прогонувани од духот на покојникот, старите Римјани им нуделе на своите мртви храна и пијалак. Така, користеле цевки од дрво, метал или теракота преку кои принесувале вино, пиво, вода, мед, млеко, житарки и разноразни семиња.rn

    3. Крвта на гладијаторите била лековита

    rnИсториските извори тврдат дека Римјаните не ги гледале гладијаторите само како обични борци во арените, туку и се верувало дека нивната крв има исцелителна моќ. По завршувањето на борбите, била продавана крвта на гладијаторите за која Римјаните верувале дека можела да послужи за „чистење на душата“. Но, со текот на времето, тие почнале да веруваат дека таа е чудотворен лек за многу болести.rn

    4. Урината се користела за сè и сешто

    rnПрвично, урината се користела за перење алишта и за ѓубрење на почвата, но со текот на времето Римјаните почнале да ја користат за избелување на забите. Фактот што за тоа пишувал поетот Катул кажува дека урината била особено популарна како средство за плакнење на устата. Така, на својот ривал Егнациј кој имал екстремно бели заби му рекол дека најверојатно се такви бидејќи ја пиел сопствената урина.rnrnОткако прочитавте за бизарните навики на старите Римјани, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те најважни градови во Римската Империја.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • 5-те најчести предрасуди за Иран

    5-те најчести предрасуди за Иран

    Покрај фактот дека иранската цивилизација е една од најстарите во светот, денес во очите на многумина Иран е мистична земја. Така, честопати се случува поради геополитичките конфликти и недоволната информираност многумина од нас да имаат погрешни идеи за една земја, а ова се најчестите предрасуди за Иран.rnrn5-те најчести предрасуди за Иранrn

    1. Иранците се Арапи

    rnОпшта перцепција е дека сите кои живеат на Блискиот Исток се муслимани или Арапи. Сепак, не сите Арапи се муслимани, ниту пак Иранците се Арапи иако тие имаат заедничка религија и се служат со арапското писмо.rn

    2. Иранците зборуваат арапски

    rnОфицијалниот јазик во Иран е персискиот, а постојат и регионални јазици како курдски или арапски кои се зборуваат во одредени делови од земјата.rn

    3. Иран е несигурна земја и ги мрази западњаците

    rnПоради дипломатските препукувања и историските настани како Иранската револуција, навикнати сме да гледаме на Иран како на земја уништена од војните, теророт и насилството. Денес, Иран е безбедна и стабилна земја, а многу туристи се враќаат воодушевени од гостопримливоста на оваа земја. Можеби и не се љубители на Западот, но Иранците се гостопримливи и љубезни кон обичниот човек.rn

    4. Жените немаат никаква права

    rnИако Иран е прилично конзервативна земја која се придржува до исламската вера, сепак тоа не значи дека ги запоставува правата на жените. Така, Иран има висок процент на жени кои се дел од науката, политиката и јавниот живот.rn

    5. Иран е еднолична земја

    rnСо површина од 1.648.195 километри квадратни, Иран не го заслужува епитетот на „еднолична земја“. Иако многумина го поистоветуваат Иран со суво копно, топла клима и многу џамии, сепак оваа земја изобилува со разновидна клима, обичаи, храна и музика.rnrnОткако прочитавте за најчестите предрасуди за Иран, можеби ќе сакате да прочитате и за модата на улиците во Иран која целосно ќе ви ги сруши стереотипите за оваа земја.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Која е најстарата библиотека во светот чии врати и денес се отворени за читателите?

    Која е најстарата библиотека во светот чии врати и денес се отворени за читателите?

    Сигурно сте слушнале за александриската библиотека, најголемата библиотека од античките времиња, лоцирана во египетскиот град Александрија. Меѓу најстарите библиотеки во светот се вбројува и библиотеката на Ашурбанипал од VII век која се наоѓала на територијата на денешен Ирак. Но, која е библиотеката што го носи епитетот „најстара“, а која работи и денес?rnrnКоја е најстарата библиотека во светот чии врати и денес се отворени за читателите? rnrnСпоред историчарите, библиотеката Ал-Каравијин е најстарата библиотека во светот која сè уште е во употреба. Библиотеката се одликува со историја долга 1.163 години и се наоѓа во мароканскиот град Фес.rnrnОснована е во 859 година како дел од универзитетот кој исто така е еден од најстарите универзитети во светот. Библиотеката и универзитетот се основани од страна на Фатима ал-Фихри, ќерка на богат трговец од Тунис во период кој е познат како „златната доба на исламот“. Самата Фатима студирала овде, а нејзината оригинална диплома е дел од архивата на универзитетот.rnrnКоја е најстарата библиотека во светот чии врати и денес се отворени за читателите? rnrnВо последните неколку децении голем дел од библиотеката бил затворен за јавноста поради големи оштетувања, па така само вработените и студентите на универзитетот имале пристап до неа.rnrnКоја е најстарата библиотека во светот чии врати и денес се отворени за читателите? rnrnСепак, во 2017 година по неколку години реставрација, библиотеката одново ги отвори вратите за посетителите.rnrnДенес, како и во минатото, нејзините ходници се покриени со ориентални теписи, мозаици и калиграфија, а дворовите се украсени со мали фонтани. Во библиотеката се чуваат околу 4.000 ракописи, а тука се наоѓаат и изданија на Куранот од 9 век како и записи на северноафрикански историчари од 14 век.rnrnОткако прочитавте за најстарата библиотека која работи и денес, можеби ќе сакате да прочитате и за магичната кинеска книжарница чиј надреалистичен дизајн нема да ве остави рамнодушни.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Необичен феномен: Дали сте слушнале за „пустинскиот снег“?

    Необичен феномен: Дали сте слушнале за „пустинскиот снег“?

    Дали знаете што означува шпанскиот термин „penitente“? Станува збор за необични снежни формации што можат да се пронајдат на големите надморски височини како и на глечерите.rnrnНеобичен феномен: Дали сте слушнале за „пустинскиот снег“?rnrnБескрајните купишта од бели формации кои наликуваат на карпи со шилести врвови или дијаманти честопати се насочени кон сонцето.rnrnТие го добиле името поради сличноста со религиозните ритуали на покајание (penitente – покајник) кога луѓето клекнуваат или поради свештениците со зашилени качулки кои се дел од поворката за време на шпанската Света недела.rnrnЗа прв пат биле опишани во научната литература од страна на Чарлс Дарвин кога ги видел во 1839 година за време на неговото патување од Чиле во Аргентина. Тој напишал дека локалните жители верувале дека овие формации се создадени под влијание на силните ветрови од Андите.rnrnВсушност, оваа теорија е присутна и денес, надополнета со повеќе елементи како ниската температура и сувиот воздух. Можете да ги сретнете во пустината Атакама и тоа во разни големини, од неколку сантиметри до дури осум метри.rnrnОткако прочитавте за необичниот феномен, можеби ќе сакате да прочитате и за најдоброто место во светот за набљудување виножита.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Која е највисоката температура што човечкото тело може да ја поднесе?

    Која е највисоката температура што човечкото тело може да ја поднесе?

    Високите температури за време на летниот период можат да бидат крајно непријатни и за среќа бројот на денови со екстремни температури е ограничен, иако нивниот број се зголемува како резултат на климатските промени.rnrnКоја е највисоката температура што човечкото тело може да ја поднесе? rnrnЕдно истражување на НАСА во 1958 година ја воспоставило т.н. комфорна зона на температура која се движи помеѓу 4 и 35 степени целзиусови. Така, прашањето кое сме сигурни дека си го поставувате во моментот е: која е највисоката температура што човечкото тело може да ја издржи?rnrnИ покрај бројните истражувања, научниците сè уште не дошле до конечниот одговор. Голем удел во тоа колку човечкото тело е подготвено да ги издржи екстремните температури имаат облеката, физичките активности, протокот и влажноста на воздухот, но и можноста за засолнување од сонцето. При висока влажност на воздухот, човекот е изложен на ризик дури и на температура од 36 степени целзиусови, а во пустините каде воздухот е сув, луѓето можат да преживеат 10 минути на температура од 60 степени.rnrnЗа да ја одржи телесната температура на 37 степени, организмот за време на високи температури го ослободува вишокот топлина преку испарување, односно потење. Но, ако релативната влажност е висока, потењето е побавно и лицето забележува дека надворешната температура е повисока од онаа која ја покажуваат термометрите.rnrnЗатоа, за утврдување на временската прогноза се користи т.н. индекс на топлина кој го користат американските и повеќето европски метеоролошки организации, почнувајќи од 1978 година.rnrnСе смета дека на температура повисока од 54 степени целзиусови човечкото тело е потенцијална жртва на топлотен удар. Оваа форма на хипертемија може да се појави и на многу пониски температури, а може да биде предизвикана како резултат на употреба на дрога и алкохол. Меѓу другото, спортистите кои се натпреваруваат на отворено за време на високите температури можат да бидат изложени на ризик, а жртви на топлотен удар можат да бидат и децата кои се оставени во автомобили без клима уреди.rnrnТоплотниот удар доведува до зголемување на телесната температура за само неколку минути, вртоглавица, крварење, колапс на кардиоваскуларниот систем, кома, а во најтешкиот случај и смрт.rnrnСепак, нема причини за страв сè додека консумирате доволно течности и избегнувате директно изложување на сонце за време на најтоплиот дел од денот.rnrnОткако прочитавте за издржливоста на човечкото тело на високите температури, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за витаминска вода за освежување и полесно справување со летните горештини.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Кои биле најзначајните египетски богови и каква била нивната улога?

    Кои биле најзначајните египетски богови и каква била нивната улога?

    Египетската митологија се засновува врз верувањето во светите животни. Повеќето од древните египетски божества биле прикажани со човечки тела и глави на животни. Еве дел од нив кои се познати и денес:rnrnКои биле најзначајните египетски богови и каква била нивната улога? rnrnАмон – првично бил бог на градот Теба и бил почитуван како бог на плодноста. За време на владеењето на 18-та династија, Амон станал врховен бог на целиот Египет и почнал да се идентификува со богот на сонцето, Ра, но истовремено и задржал посебен култ.rnrnРа – богот на сонцето чиј културен центар бил Хелиополис. Станува збор за божество кое умира секоја вечер, патува низ подземјето, се бори со својот заколнат непријател и одново се раѓа секое утро. Претставен е со сончев диск и со глава на сокол или овен.rnrnАпеп – преставен е со змија која симболизира хаос и уништување. Станува збор за непријателот на богот Ра кого го напаѓа секој ден.rnrnНун – персонификација на водениот амбис кој постоел уште на почетокот на времето, кога се родил богот Амон Ра.rnrnНут – божица на небото. Нејзиниот близнак и сопруг е Геб, а нејзините деца се Озирис, Сет, Изида, Нефтис и според некои верзии, Хорус.rnrnГеб – бог на земјата. Сопруг и брат на Нут, честопати бил нарекуван и „татко на боговите“. Ова не му се допаднало на Ра кој му наредил на Шу да ги раздели при што биле создадени просторот и светлината.rnrnШу – богот на ветерот и воздухот. Тој бил син на богот Амон Ра и брат близнак на божицата Тефнут. Се сметал за еден од најмоќните богови.rnrnТефнут – божица на водата, дождот и влагата. Ќерка на Амон и сестра на Шу со која како мала се изгубила во водите на Нун. Нивниот татко го испратил своето око кое кога ги пронашло плачело од среќа, а според друга верзија на старите Египќани од тие солзи се родиле првите луѓе.rnrnОзирис – најпрвин се сметал за бог на вегетацијата и земјоделството, а потоа за бог на подземјето. Тој е син на Геб и Нут како и сопруг и брат на Изида која со помош на Нефтис ги пронашла неговите расфрлани делови од телото и му вдахнала живот.rnrnСет – бог на пустините, хаосот и бурите. Најчесто е претставен со глава на волк или шакал, а неговата сопруга била Нефтис. Секогаш бил љубоморен на својот брат Озирис, па во една прилика го убил.rnrnИзида – божица на љубовта, медицината и плодноста. Освен тоа, таа се смета и за врховно божество на древниот Египет. Се појавува како моќна волшебничка во многу приказни, а Египќаните најчесто ја претставувале со хиероглифски знак на главата. Таа е сопруга и мајка на Озирис, но и на Хорус. Била толку ценета што нејзиниот култ се проширил во Грција и Рим.rnrnХорус – бог на небото и син на Изида и Озирис. Се смета за едно од најстарите египетски божества. Старите Египќани го прикажувале со глава на сокол. Според митологијата, тој морал да се одмазди за убиството на својот татко, па така се борел со Сет и го победил.rnrnНефтис – заштитничка на мртвите и задолжена за погребните ритуали. Нејзиното име значело „господарка на домот“. Честопати е прикажувана заедно со нејзината сестра Изида бидејќи и двете биле заштитнички на мумиите.rnrnОткако прочитавте за најважните египетски богови, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те изуми на древните Египќани без кои не можеме денес.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs

  • Еднорогот не е само митско суштество туку и национален симбол на оваа држава!

    Еднорогот не е само митско суштество туку и национален симбол на оваа држава!

    Еднорозите се измислени, митски суштества кои честопати се среќаваат во детските книги и приказни како симбол на невиност и моќ. Се верува дека тие се благородни животни кои не можат да се скротат. Верувале или не, тие се и симбол на држави.rnrnЕднорогот не е само митско суштество туку и национален симбол на оваа држава!rnrnДали знаевте дека еднорогот е национално животно во Шкотска? Во средината на 16 век еднорогот бил воведен како симбол на шкотските кралски грбови. Во тоа време, два еднорога го краселе грбот на Кралството Шкотска. Во 1603 година, пак, кога кралот Џејмс VI од Шкотска постанал крал Џејмс I на Англија, Шкотска и Ирска, на грбот на новото кралство биле обединети еден еднорог и англиски лав како симбол за обединувањето на овие земји. Друг интересен факт е дека овие животни во приказните биле отсекогаш во ривалство, а сега за прв пат биле обединети.rnrnЕднорогот не е само митско суштество туку и национален симбол на оваа држава!rnrnЛесно можете да го препознаете шкотскиот еднорог и тоа благодарение на неговите златни синџири. Се верува дека тие се симбол на моќта на шкотските кралеви, односно дека тие поседувале толку голема моќ што можеле да ги оковат и овие животни.rnrnСо векови луѓето верувале дека еднорозите постојат сè до почетокот на 19 век кога францускиот биолог Жорж Кувие почнал да објаснува дека на животно од овој вид било невозможно да му израсне еден рог на челото. Сепак, покрај научните докази и тврдења, луѓето и понатаму продолжиле да веруваат во ова митско суштество, па така денес се слави Денот на еднорогот на 9 април.rnrnОткако прочитавте за националниот симбол на Шкотска, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те туристички локации во Шкотска кои не смеете да ги пропуштите.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr