КАФЕ ПАУЗА

Најчудесната градба во историјата на ренесансата: Куполата на Брунелески

Најчудесната градба во историјата на ренесансата: Куполата на Брунелески

Во 1418 година градските власти во Фиренца конечно се одлучиле да го решат проблемот што го игнорирале со децении – огромната дупка на покривот на нивната катедрала. Нивните претходници ја започнале изградбата на оваа црква во 1296 година за да ја истакнат важноста на градот како една од европските економски и културни престолнини. Така, било одлучено катедралата во Фиренца да биде крунисана со најголемата купола во светот при што катедралата ќе постане „поубава, помоќна од која било друга катедрала изградена досега…rnrnНајчудесната градба во историјата на ренесансата: Куполата на БрунелескиrnrnСепак, никој немал идеја како да ја изгради куполата со внатрешен дијаметар од 45 метри. Освен тоа, надзорниците кои биле задолжени за катедралата ги одбегнувале сводовите кои биле карактеристични за готскиот стил и присутни во ривалските градови на север, како Милано.rnrnТака, во 1418 бил распишан конкурс за идејно решение на куполата со примамлива награда за добитникот која изнесувала 200 златни флорини. На конкурсот учествувале многубројни познати архитекти од Фиренца.rnrnМеѓу кандидатите бил и златарот Филипо Брунелески кој ветил дека ќе изгради не една туку две куполи без сложени и скапи скелиња. Поради страв дека неговите ривали би можеле да му ја украдат идејата, тој одбил да објасни како би можел да ја изгради куполата. Неговата тврдоглавост довела и до расправии со надзорниците.rnrnНајчудесната градба во историјата на ренесансата: Куполата на БрунелескиrnrnИмено, Брунелески имал широки познавања не само од областа на златарството туку и од сликарството и столарството. Освен тоа, нему му биле добро познати изработката на скулптури од сребро и бронза, работата со скапоцени камења и оптиката. Применувајќи ги своите знаења од областа на механиката, без ничија помош, ги смислил и правилата за линеарна перспектива.rnrnИдејата на Брунелески била куполата да се состои од два дела, внатрешна купола која би била видлива во катедралата, сместена во поширока и повисока надворешна купола. За да не дојде до пукнатини или колапс на целата катедрала што би можеле да бидат предизвикани од тежината на оваа огромна конструкција, ѕидовите биле зацврстени со железо, дрво и камен.rnrnБиле потребни 16 години за целосната изградба на куполата. Преку нејзината изградба, Брунелески го започнал процесот на културна и општествена трансформација на ренесансата благодарение на неговата креативност и оригиналност, но и храброто преобликување на класичното минато во согласност со потребите и аспирациите на модерното време.rnrnДенес, оваа купола не само што е симбол на градот туку е и симбол на човечкиот дух кој се стреми кон рајот.rnrnОткако прочитавте за куполата на Брунелески, можеби ќе сакате да прочитате и кои места во Фиренца морате да ги посетите.rnrnИзвор: nationalgeographic.rs